црвено светло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crveno-svetlo/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Jun 2022 07:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црвено светло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crveno-svetlo/ 32 32 Се казнуваат возачи што минуваат на црвено и зборуваат на мобилен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-kaznuvaat-vozachi-shto-minuvaat-na-crveno-i-zboruvaat-na-mobilen/ Fri, 03 Jun 2022 07:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=510454

На територија на град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Од МВР денеска информираат дека се изречени девет мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за непрописно престигнување

The post Се казнуваат возачи што минуваат на црвено и зборуваат на мобилен appeared first on Република.

]]>

На територија на град Скопје вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Од МВР денеска информираат дека се изречени девет мерки за користење мобилен телефон, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за непрописно престигнување

The post Се казнуваат возачи што минуваат на црвено и зборуваат на мобилен appeared first on Република.

]]>
Кривична за возачот кој помина на црвено додека ги пренесуваше Бесими и Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-vozachot-koj-pomina-na-crveno-dodeka-gi-prenesuvashe-besimi-i-bekteshi/ Wed, 09 Feb 2022 14:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=456298

Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 7.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул Илинден удрил во патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје, велат од МВР.

Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

The post Кривична за возачот кој помина на црвено додека ги пренесуваше Бесими и Бектеши appeared first on Република.

]]>

Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 7.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул Илинден удрил во патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје, велат од МВР.
Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

The post Кривична за возачот кој помина на црвено додека ги пренесуваше Бесими и Бектеши appeared first on Република.

]]>
Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвено, удрил две возила кои тргнале на зелено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozachot-na-bekteshi-i-besimi-pominal-na-crveno-udril-dve-vozila-koi-trgnale-na-zeleno/ Tue, 08 Feb 2022 10:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=455632

Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши. Според сведочењето на соговорниците, до незгодата дошло во моментот кога возила „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на „Илинденска“, тргнале на вклучено зелено светло на семафорот, во правец кон Центар. Само што тргнале, службена „шкода“ поминала на црвен семафор и од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила, пренесува СДК.мк.

„Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот „Свети Климент Охридски“, се движела кон Владата, т.е. кон владините гаражи. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Синдикатот за покачување на минималната плата.

Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди.

МВР освен потврда за настанот и известување за општо познатите работи: час, време, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, нема сè уште детали како се случила сообраќајката, додава порталот.

The post Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвено, удрил две возила кои тргнале на зелено appeared first on Република.

]]>

Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши. Според сведочењето на соговорниците, до незгодата дошло во моментот кога возила „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на „Илинденска“, тргнале на вклучено зелено светло на семафорот, во правец кон Центар. Само што тргнале, службена „шкода“ поминала на црвен семафор и од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила, пренесува СДК.мк. „Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот „Свети Климент Охридски“, се движела кон Владата, т.е. кон владините гаражи. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Синдикатот за покачување на минималната плата. Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди. МВР освен потврда за настанот и известување за општо познатите работи: час, време, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, нема сè уште детали како се случила сообраќајката, додава порталот.

The post Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвено, удрил две возила кои тргнале на зелено appeared first on Република.

]]>
Како сцена од неговите фолмови: Шварценегер поминал на црвено и предизвикал карамбол во Лос Анџелес https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-scena-od-negovite-folmovi-shvarceneger-pominal-na-crveno-i-predizvikal-karambol-vo-los-andzeles/ Sat, 22 Jan 2022 08:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=448029

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер беше дел од тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол. Локалната полиција соопшти дека четири возила се судриле на раскрсница во Брентвуд во петокот попладне и дека едно лице е повредено.

На фотографиите од местото на настанот се гледа теренец кој се судрил со уште најмалку две возила, а на сликата се гледа и Шварценегер кој стои во близина. Неговиот портпарол потврди дека Шварценегер бил зад воланот на теренецот во моментот на несреќата.

image

Засега никој не е приведен, а полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол.

image

Според полицискиот извештај до кој дојде Си-Би-Ес, возачот на теренецот во близина на крстосницата меѓу булеварот Сансет и авенијата Аленфорд се судрил со црвен „приус“ кој во тој момент вртел,. Шварценегер поминал на црвено светло и свртел лево, по што „приусот“ се нашол под теренецот, а во судирот се оштетени уште две возила, од кои едното „порше“. Очевидци велат дека сцената изгледала „лудо“, како сцена од акционен филм.

image

Повредена е една жена, возач на „приусот“, која со возило на Брза помош е пренесена во болница, но не е во животна опасност. Таа наводно обилно крварела од расекотина на главата. Портпаролот на Шварценегер изјави дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со припадниците на итната помош и со повредената.

Полицијата започна истрага за околностите на несреќата.

The post Како сцена од неговите фолмови: Шварценегер поминал на црвено и предизвикал карамбол во Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер беше дел од тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол. Локалната полиција соопшти дека четири возила се судриле на раскрсница во Брентвуд во петокот попладне и дека едно лице е повредено. На фотографиите од местото на настанот се гледа теренец кој се судрил со уште најмалку две возила, а на сликата се гледа и Шварценегер кој стои во близина. Неговиот портпарол потврди дека Шварценегер бил зад воланот на теренецот во моментот на несреќата. image Засега никој не е приведен, а полицијата соопшти дека никој од учесниците не бил под дејство на дрога или алкохол. image Според полицискиот извештај до кој дојде Си-Би-Ес, возачот на теренецот во близина на крстосницата меѓу булеварот Сансет и авенијата Аленфорд се судрил со црвен „приус“ кој во тој момент вртел,. Шварценегер поминал на црвено светло и свртел лево, по што „приусот“ се нашол под теренецот, а во судирот се оштетени уште две возила, од кои едното „порше“. Очевидци велат дека сцената изгледала „лудо“, како сцена од акционен филм. image Повредена е една жена, возач на „приусот“, која со возило на Брза помош е пренесена во болница, но не е во животна опасност. Таа наводно обилно крварела од расекотина на главата. Портпаролот на Шварценегер изјави дека актерот не е повреден и дека на лице место разговарал со припадниците на итната помош и со повредената. Полицијата започна истрага за околностите на несреќата.

The post Како сцена од неговите фолмови: Шварценегер поминал на црвено и предизвикал карамбол во Лос Анџелес appeared first on Република.

]]>