црвено море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crveno-more/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 20:19:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црвено море Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crveno-more/ 32 32 Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-zapaden-voen-brod-se-povlekuva-od-tsrvenoto-more/ Tue, 23 Apr 2024 14:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=769476

Уште еден воен брод на западната коалиција која има за цел да ја одржува безбедноста на морскиот транспорт низ Црвеното Море го напушта регионот.

Овој пат германската фрегата „Хесен“ се повлекува од европската операција „Ауспис“ чија цел е да ја обезбеди безбедноста во услови на напнатост поради активностите на Хутите во Јемен и нивното противење на израелските напади во Газа. Како што соопштија од германската морнарица, бродот се повлекува затоа што наишол на технички проблеми.

Редоследот на бродовите во близина на брегот на Јемен значително се разреди. Прво, фрегатата „Ивер Хуитфелд“ се врати во Данска, бидејќи нејзините системи за противвоздушна одбрана не функционираа, а потоа и францускиот „Алзас“ го напушти Црвеното Море.

https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/

Исто така, неодамна се дозна дека Белгијците го откажале распоредувањето на фрегатата „Луиз Мари“ поради откриени проблеми со фрлачите Мк48 за РИМ-7 „Морско врапче“. Германците, пак, ветија дека ќе ја испратат фрегатата „Хамбург“ како замена, но не пред август.

The post Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Уште еден воен брод на западната коалиција која има за цел да ја одржува безбедноста на морскиот транспорт низ Црвеното Море го напушта регионот. Овој пат германската фрегата „Хесен“ се повлекува од европската операција „Ауспис“ чија цел е да ја обезбеди безбедноста во услови на напнатост поради активностите на Хутите во Јемен и нивното противење на израелските напади во Газа. Како што соопштија од германската морнарица, бродот се повлекува затоа што наишол на технички проблеми. Редоследот на бродовите во близина на брегот на Јемен значително се разреди. Прво, фрегатата „Ивер Хуитфелд“ се врати во Данска, бидејќи нејзините системи за противвоздушна одбрана не функционираа, а потоа и францускиот „Алзас“ го напушти Црвеното Море. https://republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/ Исто така, неодамна се дозна дека Белгијците го откажале распоредувањето на фрегатата „Луиз Мари“ поради откриени проблеми со фрлачите Мк48 за РИМ-7 „Морско врапче“. Германците, пак, ветија дека ќе ја испратат фрегатата „Хамбург“ како замена, но не пред август.

The post Уште еден западен воен брод се повлекува од Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuski-voen-brod-izbega-od-tsrvenoto-more-ne-ochekuvale-tolku-razorni-napadi-od-hutite/ Tue, 16 Apr 2024 15:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=765121

Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили.

Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.

Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.

Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.

Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.

Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема - од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте.

По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода - „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата.

Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море.

Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод - фрегатата „Ивер Хуитфелд“.

The post Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите appeared first on Република.

]]>

Фрегатата „Алзас“ на француската армија се повлекла од водите на Црвеното Море во близина на Јемен кон Суецкиот канал, по првата пресметка со ракетите и беспилотните летала на јеменските вооружени сили. Командантот на фрегатата, во интервју за францускиот весник „Фигаро“ зборува за причините за одлуката за повлекување на бродот.
Повлекувањето на нашиот воен брод се должи на високото ниво на закана од Хутите (движењето Ансар Алах). Долго време не сме се занимавале со вакво ниво на војна и не очекувавме да се соочиме со вакво ниво на закани и неограничено насилство во Црвеното Море и Аденскиот Залив“, вели тој.
Францускиот командант, додава дека „Хутите се исклучително вешти и одлучни во нивната употреба на беспилотни летала и балистички ракети“.
Тие се вешти во својата техника и колку повеќе пукаат, толку се попрецизни“, додава францускиот командант.
Тој, исто така, нагласува дека француската фрегата ја користела сета своја воена опрема - од ракети „Астер“ вредни два милиони долари до митралези за време на пресметката со нападите на Хутитте. По одлуката на Европската Унија да распореди воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив во февруари 2023 година, француската морнарица испрати два воени брода - „Алзас“ и „Лангедок“ во водите во близина на Јемен. Фрегатата „Алзас“ е опремена со систем за противвоздушна одбрана, а „Лангедок“ е противподморничка фрегата. Француската војска тврди дека во овој период фрегатата „Лангедок“ соборила две беспилотни летала камикази, а воениот брод „Алзас“ уништил три балистички ракети на движењето Ансар Алах при две операции во Црвеното Море. Воениот брод „Алзас“ е вториот европски воен брод што го напушти Црвеното Море и се повлече, по данскиот воен брод - фрегатата „Ивер Хуитфелд“.

The post Француски воен брод избега од Црвеното Море – не очекувале толку разорни напади од Хутите appeared first on Република.

]]>
Американската морнарица во Црвеното Море соборила 15 дронови истрелани од Хутите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-mornaritsa-vo-tsrvenoto-more-soborila-15-dronovi-istrelani-od-hutite/ Sat, 09 Mar 2024 10:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=752916

Американската морнарица утрово соборила 15 беспилотни летала лансирани од јеменските Хути во Црвеното Море.

Американската војска одговори на нападот од големи размери на Хутите поддржани од Иран што се случи во Црвено Море и Аденски Залив помеѓу четири и шест часот и 30 минути по локално време, се наведува во соопштението на Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

Според ЦЕНТКОМ, соборените беспилотни летала претставувале „непосредна закана за трговски брод, американските поморски сили и бродовите на американските сојузници во регионот“.

The post Американската морнарица во Црвеното Море соборила 15 дронови истрелани од Хутите appeared first on Република.

Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-soopshtija-deka-pogodile-dva-amerikanski-razurnuvachi-vo-tsrvenoto-more/ Wed, 06 Mar 2024 08:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=751752

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.

Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.

Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“.

Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море.

Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион.

САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути објавија дека извршиле напади врз два американски разурнувачиво Црвеното Море користејќи противбродски ракети и беспилотни летала.
Јеменската морнарица, воздухопловните сили и ракетните сили изведоа уникатна воена операција во која беа нападнати два американски разурнувачи во Црвеното Море. Операцијата беше изведена со помош на неколку противбродски проектили и беспилотни летала“, во објава на социјалната мрежа Х соопшти Јахја Шарија, воениот портпарол на Хутите.
Тој додаде дека Хутите би можеле да ги прошират операциите против цели што ги сметаат за непријателски, нагласувајќи дека воените дејствија на Хутите ќе продолжат се додека „агресијата (против Палестинците) не биде запрена и опсадата на Палестинците во Појасот Газа не заврши“. Хутите, кои контролираат голем дел од јеменскиот брег на Црвеното Море, претходно предупредија дека ќе ги напаѓаат сите бродови поврзани со Израел, повикувајќи ги другите земји да не се приближуваат до територијата. Поради тоа, некои од светските бродски компании решија да го запрат транспортот преку Црвеното Море. Хутите истакнуваат дека нивните акции во Црвеното Море имаат за цел да им помогнат на Палестинците во Појасот Газа и тврдат дека тие не се мешаат во слободата на пловидба во регионот. Арапските и муслиманските земји често ги предупредуваат САД дека безусловната поддршка за акциите на Израел во Појасот Газа ќе доведе до ширење на конфликтот во целиот регион. САД и Велика Британија вршат напади врз цели на Хутите од средината на јануари, нарекувајќи го „одговор на заканите за слободата на пловидба во Црвеното Море“.

The post Хутите соопштија дека погодиле два американски разурнувачи во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Хутите најавија воени „изненадувања“ во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-najavija-voeni-iznenaduvana-vo-tsrvenoto-more/ Thu, 29 Feb 2024 16:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=749743

Јеменските Хути денеска се заканија дека ќе воведат воени „изненадувања“ во нивните операции на Црвеното Море, јави Скај њуз.

Водачот на групата поддржана од Иран, Абдул Малик ал Хути рече дека групата има планови кои „нашите непријатели воопшто нема да ги очекуваат“.

Милитантите Хути постојано лансираат беспилотни летала и проектили против меѓународни комерцијални бродови од средината на ноември, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

The post Хутите најавија воени „изненадувања“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути денеска се заканија дека ќе воведат воени „изненадувања“ во нивните операции на Црвеното Море, јави Скај њуз. Водачот на групата поддржана од Иран, Абдул Малик ал Хути рече дека групата има планови кои „нашите непријатели воопшто нема да ги очекуваат“. Милитантите Хути постојано лансираат беспилотни летала и проектили против меѓународни комерцијални бродови од средината на ноември, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

The post Хутите најавија воени „изненадувања“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен го поздрави почетокот на операцијата на ЕУ „Аспид“ во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-go-pozdravi-pochetokot-na-operatsijata-na-eu-aspid-vo-tsrvenoto-more/ Mon, 19 Feb 2024 11:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=745689

Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ја поздрави денешната одлука за започнување на операцијата „Аспид“ на поморските сили на ЕУ во Црвеното Море.

- Европа ќе обезбеди слобода на пловидба во Црвеното Море, работејќи заедно со нашите меѓународни партнери. Како одговорот на кризата, тоа е чекор кон посилно европско присуство за заштита на нашите европски интереси, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Советот на ЕУ донесе одлука за воспоставување на воена поморска безбедносна операција на Унијата за заштита на слободата на пловидба во Црвеното Море, која ќе придонесе за поддршка на сигурноста на главните поморски рути во регионот.

Операцијата „Аспид“ ќе ги опфаќа теснецот Бааб ал-Мандаб и Ормускиот теснец, како и меѓународните води во Црвеното Море, Аденскиот Залив, Арапското Море, Оманскиот Залив и Персискиот Залив.

Стратешката цел на операцијата е да обезбеди поморско присуство на Унијата во регионот со цел да се обезбеди слобода на пловидбата, да ги придружува трговските бродови во областа, заштитувајќи ги од напади со целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на нужност и пропорционалност.

Седиштето на оперативниот штаб на операцијата ќе биде во грчкиот град Лариса, а за нејзин командант е именуван комодорот Василеос Грипарис.

The post Фон дер Лајен го поздрави почетокот на операцијата на ЕУ „Аспид“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ја поздрави денешната одлука за започнување на операцијата „Аспид“ на поморските сили на ЕУ во Црвеното Море.
- Европа ќе обезбеди слобода на пловидба во Црвеното Море, работејќи заедно со нашите меѓународни партнери. Како одговорот на кризата, тоа е чекор кон посилно европско присуство за заштита на нашите европски интереси, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Советот на ЕУ донесе одлука за воспоставување на воена поморска безбедносна операција на Унијата за заштита на слободата на пловидба во Црвеното Море, која ќе придонесе за поддршка на сигурноста на главните поморски рути во регионот. Операцијата „Аспид“ ќе ги опфаќа теснецот Бааб ал-Мандаб и Ормускиот теснец, како и меѓународните води во Црвеното Море, Аденскиот Залив, Арапското Море, Оманскиот Залив и Персискиот Залив. Стратешката цел на операцијата е да обезбеди поморско присуство на Унијата во регионот со цел да се обезбеди слобода на пловидбата, да ги придружува трговските бродови во областа, заштитувајќи ги од напади со целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на нужност и пропорционалност. Седиштето на оперативниот штаб на операцијата ќе биде во грчкиот град Лариса, а за нејзин командант е именуван комодорот Василеос Грипарис.

The post Фон дер Лајен го поздрави почетокот на операцијата на ЕУ „Аспид“ во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Јеменските Хути подготвени за долга војна со Велика Британија и САД во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jemenskite-huti-podgotveni-za-dolga-vojna-so-velika-britanija-i-sad-vo-tsrvenoto-more/ Wed, 31 Jan 2024 08:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=738824

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата.

Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“.

Централната команда на американската војска синоќа соопшти дека американската војска соборила противбродска крстосувачка ракета истрелана од Јемен кон Црвеното Море, додавајќи дека не е пријавена никаква штета.

Командантот на силите на јеменските Хути, Мохамед ал-Атифи синоќа рече дека исламистичката организација е подготвена за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија.

Тој на вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот.

The post Јеменските Хути подготвени за долга војна со Велика Британија и САД во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, ќе продолжат да ги гаѓаат американските и британските воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана, изјави воениот портпарол на групата. Во изјавата, која ја пренесе јеменската телевизија „Ал Масира“, се додава дека оваа исламистичка организација истрелала проектили врз американскиот воен брод „Ју-Ес-Ес Гравели“. Централната команда на американската војска синоќа соопшти дека американската војска соборила противбродска крстосувачка ракета истрелана од Јемен кон Црвеното Море, додавајќи дека не е пријавена никаква штета. Командантот на силите на јеменските Хути, Мохамед ал-Атифи синоќа рече дека исламистичката организација е подготвена за „долгорочна конфронтација“ со САД и Велика Британија. Тој на вонредната средба со командантите на воените сили изјави дека продолжувањето на американско-британската агресија е јасно нарушување на суверенитетот на Јемен, што ја дестабилизира безбедноста и стабилноста на регионот.

The post Јеменските Хути подготвени за долга војна со Велика Британија и САД во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-planira-da-isprati-fregata-za-novata-misija-na-eu-protiv-hutite-vo-tsrvenoto-more/ Sun, 28 Jan 2024 08:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=737644

Холандија планира да и стави на располагање една своја фрегата на новата мисија на ЕУ во Црвеното Море за заштита на бродовите од напади на Хутите.

Се уште ја разгледуваме идејата, а ќе разговараме и со Парламентот. Меѓутоа, владата многу позитивно гледа на учеството во новата мисија, изјави холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, за холандското радио БНР.

Сепак, според неа, пред да ја донесе конечната одлука за испраќање своја фрегата во Црвеното Море, Холандија ќе сака јасно да го види и придонесот на другите земји членки на ЕУ.

Ако сите во исто време отпловат кон Црвеното Море, тоа нема да биде ефикасно. Треба да се најде одржливо решение, бидејќи конфликтот може да трае подолго, додаде Олонгред.

Најавата на Олонгрен следи откако земјите членки на Унијата начелно дадоа првична поддршка на идејата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за создавање посебна европска мисија за заштита на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути.

Холандија со двајца штабни офицери веќе учествува во мисијата во Црвеното Море „Заштитник на просперитетот“, предводена од САД, која почна минатиот месец, а со еден штабен офицер и во американско-британската мисија за напади врз цели на Хутите во Јемен.

Според најавите, новата европска мисија треба да се базира на операцијата за мониторинг во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и во дел од Арапското Море, наречена „Аженор“, со која раководи Франција, а во која учествуваат и Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Португалија и Холандија.

The post Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Холандија планира да и стави на располагање една своја фрегата на новата мисија на ЕУ во Црвеното Море за заштита на бродовите од напади на Хутите.
Се уште ја разгледуваме идејата, а ќе разговараме и со Парламентот. Меѓутоа, владата многу позитивно гледа на учеството во новата мисија, изјави холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, за холандското радио БНР.
Сепак, според неа, пред да ја донесе конечната одлука за испраќање своја фрегата во Црвеното Море, Холандија ќе сака јасно да го види и придонесот на другите земји членки на ЕУ.
Ако сите во исто време отпловат кон Црвеното Море, тоа нема да биде ефикасно. Треба да се најде одржливо решение, бидејќи конфликтот може да трае подолго, додаде Олонгред.
Најавата на Олонгрен следи откако земјите членки на Унијата начелно дадоа првична поддршка на идејата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за создавање посебна европска мисија за заштита на трговските бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути. Холандија со двајца штабни офицери веќе учествува во мисијата во Црвеното Море „Заштитник на просперитетот“, предводена од САД, која почна минатиот месец, а со еден штабен офицер и во американско-британската мисија за напади врз цели на Хутите во Јемен. Според најавите, новата европска мисија треба да се базира на операцијата за мониторинг во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и во дел од Арапското Море, наречена „Аженор“, со која раководи Франција, а во која учествуваат и Белгија, Германија, Грција, Данска, Италија, Норвешка, Португалија и Холандија.

The post Холандија планира да испрати фрегата за новата мисија на ЕУ против Хутите во Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-unishtile-protivbrodska-raketa-na-hutite-vo-jemen-nasochena-kon-tsrvenoto-more/ Sat, 27 Jan 2024 09:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=737404

Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.

Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.

Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич).

The post САД уништиле противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море appeared first on Република.

Американски брод погоден со проектил во Црвено Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-brod-pogoden-so-proektil-vo-tsrveno-more/ Mon, 15 Jan 2024 15:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=733344

Британската агенција за поморски трговски операции УКМТО извести за нов тежок инцидент во Црвено Море.

Се наведува дека брод е погоден со проектил од воздух во близина на јеменскиот пристанишен град Аден.

Британската компанија за поморска безбедност Амбреј јави дека погодениот брод е товарен и е во американска сопственост.

Се истакнува дека избил пожар на бродот кој носи товар под американска сопственост, под знаме на Маршаловите Острови, но дека е и понатаму способен за плевење и дека нема повредени. Се истакнува дека бродот не е поврзан со Израел.

The post Американски брод погоден со проектил во Црвено Море appeared first on Република.

]]>

Британската агенција за поморски трговски операции УКМТО извести за нов тежок инцидент во Црвено Море. Се наведува дека брод е погоден со проектил од воздух во близина на јеменскиот пристанишен град Аден. Британската компанија за поморска безбедност Амбреј јави дека погодениот брод е товарен и е во американска сопственост. Се истакнува дека избил пожар на бродот кој носи товар под американска сопственост, под знаме на Маршаловите Острови, но дека е и понатаму способен за плевење и дека нема повредени. Се истакнува дека бродот не е поврзан со Израел.

The post Американски брод погоден со проектил во Црвено Море appeared first on Република.

]]>
Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/huti-brodovite-vo-tsrvenoto-more-nema-da-bidat-napadnati-dokolku-nemaat-vrska-so-izrael/ Mon, 08 Jan 2024 13:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=730849

Членот на Врховниот политички совет на јеменската милитантна група Хути, Мухамед Али Ел Хути, предложи денеска меѓународните бродски компании и министерствата за транспорт да објават дека бродовите кои минуваат низ теснецот Баб Ел Мандеб во Црвеното Море немаат врска со Израел за да не бидат нападнати од Хутите.

Тој истакна дека овој предлог е „едноставно и евтино решение“ за деескалација на тензиите во Црвеното Море.

Ова е лесен чекор кој ве штити од уцените на Америка и Велика Британија и трошоците за транспортно осигурување, рече Али Ел Хути на „Х“, додавајќи дека за овој чекор не е потребна милитаризација на Црвеното Море и нема да му наштети на меѓународниот превоз.

Според него, на овој начин се зајакнува довербата на јеменските вооружени сили дека бродовите дејствуваат транспарентно и ги спречува САД и нивните сојузници да го искористат морето и да го милитаризираат.

Бродовите ќе продолжат безбедно да пловат без никакви пречки и ќе ја избегнат маката да се вртат околу Кејп Добра Надеж. Тоа е лесен и евтин начин, рече претставникот на движењето Хути.

Ако бродот даде соодветна изјава, но сепак се упати кон израелско пристаниште, ќе биде на „црната листа“ и ќе биде заробен следниот пат кога ќе се обиде да го премине Црвеното Море, предупреди Ел Хути.

Тој повтори дека јеменските вооружени сили работат во Црвеното Море за да ја запрат „криминалната терористичка израелска агресија и да ја укинат опсадата на Газа“

The post Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел appeared first on Република.

]]>

Членот на Врховниот политички совет на јеменската милитантна група Хути, Мухамед Али Ел Хути, предложи денеска меѓународните бродски компании и министерствата за транспорт да објават дека бродовите кои минуваат низ теснецот Баб Ел Мандеб во Црвеното Море немаат врска со Израел за да не бидат нападнати од Хутите. Тој истакна дека овој предлог е „едноставно и евтино решение“ за деескалација на тензиите во Црвеното Море. Ова е лесен чекор кој ве штити од уцените на Америка и Велика Британија и трошоците за транспортно осигурување, рече Али Ел Хути на „Х“, додавајќи дека за овој чекор не е потребна милитаризација на Црвеното Море и нема да му наштети на меѓународниот превоз. Според него, на овој начин се зајакнува довербата на јеменските вооружени сили дека бродовите дејствуваат транспарентно и ги спречува САД и нивните сојузници да го искористат морето и да го милитаризираат. Бродовите ќе продолжат безбедно да пловат без никакви пречки и ќе ја избегнат маката да се вртат околу Кејп Добра Надеж. Тоа е лесен и евтин начин, рече претставникот на движењето Хути. Ако бродот даде соодветна изјава, но сепак се упати кон израелско пристаниште, ќе биде на „црната листа“ и ќе биде заробен следниот пат кога ќе се обиде да го премине Црвеното Море, предупреди Ел Хути. Тој повтори дека јеменските вооружени сили работат во Црвеното Море за да ја запрат „криминалната терористичка израелска агресија и да ја укинат опсадата на Газа“

The post Хути: Бродовите во Црвеното Море нема да бидат нападнати доколку немаат врска со Израел appeared first on Република.

]]>
Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-brodska-kompanija-objavi-deka-go-suspendira-minuvaneto-na-brodovite-niz-tsrvenoto-more/ Tue, 02 Jan 2024 19:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=729103

Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови.
„Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек.

Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат.

„Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск.

The post Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море appeared first on Република.

]]>

Данската бродска компанија „Маерск“ денеска објави дека го суспендира минувањето на своите бродови низ стратешки важниот теснец во Црвеното Море, по напад на хутите врз еден од нивните бродови. „Одлучивме да ги запреме сите транзити низ Црвеното Море и Аденскиот Залив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на превозникот, додавајќи дека истрагата е во тек. Во неделата, контејнерски брод во сопственост на компанијата пријави дека бил погоден од проектил додека минувал низ теснецот Баб ал-Мандеб, а потоа бил нападнат од четири бунтовнички бродови кои им припаѓале на хутите кои се обидувале да го преземат. „Во иднина, бродовите ќе се пренасочуваат преку Ртот добра надеж“, на самиот југ на Африка, соопштија од Маерск.

The post Данска бродска компанија објави дека го суспендира минувањето на бродовите низ Црвеното Море appeared first on Република.

]]>
Данска ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да го поддржи воениот сојуз на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-ke-isprati-fregata-vo-tsrvenoto-more-za-da-go-poddrzhi-voeniot-sojuz-na-sad/ Fri, 29 Dec 2023 20:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=728059

Данското министерство за одбрана соопшти дека Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од САД за заштита на бродовите во Црвеното Море и за таа цел ќе испрати своја фрегата во регионот.

Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилни бродови, изјави министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.

Данската влада има намера во јануари да го достави предлогот до Парламентот на гласање.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродови во Црвеното Море постојано се цел на напади напаѓани од јеменските Хути, како знак на револт за израелското бомбардирање на Газа.

Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, САД формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.

The post Данска ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да го поддржи воениот сојуз на САД appeared first on Република.

]]>

Данското министерство за одбрана соопшти дека Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од САД за заштита на бродовите во Црвеното Море и за таа цел ќе испрати своја фрегата во регионот.
Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилни бродови, изјави министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен.
Данската влада има намера во јануари да го достави предлогот до Парламентот на гласање. Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродови во Црвеното Море постојано се цел на напади напаѓани од јеменските Хути, како знак на револт за израелското бомбардирање на Газа. Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, САД формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.

The post Данска ќе испрати фрегата во Црвеното Море за да го поддржи воениот сојуз на САД appeared first on Република.

]]>
САД распореди илјадници војници во Црвеното Море по тензиите со Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-rasporedi-iljadnitsi-vojnitsi-vo-tsrvenoto-more-po-tenziite-so-iran/ Mon, 07 Aug 2023 20:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=669778

Повеќе од 3.000 американски воени лица пристигнаа на два воени брода како дел од засилениот одговор на САД, откако Иран заплени танкери во Црвеното Море, соопшти американската морнарица.

Таквиот потег го натера официјален Техеран да ги обвини САД дека ја поттикнуваат регионалната нестабилност. Како што се наведува во иранското соопштение, „распоредувањето придонесува на растечкото американско воено трупање во напнатите водни патишта во Заливот кои се клучни за глобалната трговија со нафта“.

Американската војска соопшти дека Иран или запленил или се обидел да ја преземе контролата над 20 бродови со меѓународно знаме во регионот во последните две години.

Американските морнари и маринци пристигнаа во Црвеното Море во неделата откако минаа низ Суецкиот канал по однапред објавен распоред. Тие пристигнаа на воените бродови, обезбедувајќи поголема флексибилност и поморска способност на Петтата флота“, се вели во соопштението на командата на Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин.

Портпарол на Петтата флота, Тим Хокинс, додаде дека „Рраспоредувањето придонесува за напорите за одвраќање на дестабилизирачките активности и деескалација на регионалните тензии предизвикани од вознемирувањето и запленувањето на трговските бродови од Иран“.

The post САД распореди илјадници војници во Црвеното Море по тензиите со Иран appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3.000 американски воени лица пристигнаа на два воени брода како дел од засилениот одговор на САД, откако Иран заплени танкери во Црвеното Море, соопшти американската морнарица. Таквиот потег го натера официјален Техеран да ги обвини САД дека ја поттикнуваат регионалната нестабилност. Како што се наведува во иранското соопштение, „распоредувањето придонесува на растечкото американско воено трупање во напнатите водни патишта во Заливот кои се клучни за глобалната трговија со нафта“. Американската војска соопшти дека Иран или запленил или се обидел да ја преземе контролата над 20 бродови со меѓународно знаме во регионот во последните две години.