црвен крст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crven-krst/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 09:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црвен крст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crven-krst/ 32 32 Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-do-24-noemvri-vo-skopje-merene-na-krven-pritisok-i-sheker-vo-krvata-frizerski-i-kozmetichki-uslugi-po-povod-nedelata-na-grizha-za-stari-litsa/ Mon, 18 Nov 2024 09:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=839038

Црвен крст на град Скопје од 18 до 24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”.

Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје - автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс. Ќе има и хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст - Струмица, соопшти Црвен крст на град Скопје.

Овие активности се поддржани од Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

The post Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица appeared first on Република.

]]>

Црвен крст на град Скопје од 18 до 24 ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица, која се организира преку социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење”. Во рамките на неделата, се организираат повеќе активности и тоа: информативни пунктови - мерење на крвен притисок и гликемија во крвта на три локации во Скопје - автобуска постојка Зелен пазар, пазар Буњаковец и плоштад Сарај; фризерски и козметички услуги во Дневните центри за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз“, ООЦК Чаир и Сарај во соработка со средното училиште СУГС „Димитар Влахов” и Малена козметикс. Ќе има и хуманитарен есенски базар во Веро Центар, посета и заедничко дружење со штитениците од Дом за стари лица „Мајка Тереза”, посета и предавање во Здружение на пензионери Шуто Оризари и Здружение на пензионери Карпош; посета на дневниот престој за стари лица во Чаир од страна на корисниците од Дневен престој за стари лица за активно стареење во Турново – Општинска организација Црвен крст - Струмица, соопшти Црвен крст на град Скопје. Овие активности се поддржани од Град Скопје, Албиз Фондација и Министерство за социјална политика, демографија и млади. Целта на социјалната услуга е развој на вонинституционални форми на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење. Преку програмата, во активностите се вклучени повеќе од 1.500 лица на месечна основа во дневни центри за стари лица.

The post Од денеска до 24 ноември во Скопје мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, фризерски и козметички услуги по повод Неделата на грижа за стари лица appeared first on Република.

]]>
Црвен крст Кавадарци ја одбележа Неделата на млади https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrven-krst-kavadartsi-ja-odbelezha-nedelata-na-mladi/ Sat, 05 Oct 2024 20:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=823294

Под мотото „Иницирај дела, иницирај промени“, Општинската организација на Црвен крст Кавадарци вечерва организираше настан, во рамките на Неделата на млади, што се одбележува од први до седми октомври.

Целта е промоција на работата на младите на Црвен крст на Република Македонија, како активни лидери кои придонесуваат за ширење на хумани вредности и делување за позитивни промени во заедницата. Оваа година Неделата на младите ја одбележуваме преку активности за зајакнување и вмрежување на волонтерите во рамки на клубовите на млади, како и со завршни промотивни активности, преку користење на дигитални алатки за пренос и вклучување во живо од различни настани, беше посочено на средбата во домот на културата „Иван Мазов - Климе“.

Пред присутните се обрати претседателот на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев.

Младите се движечка сила во општеството. Младите како двигатели и промотори на вредностите во животот, се вклучени во многубројни активности на Црвениот крст. Расте интересот за нивно активно учество во проектите од хуманитарен карактер, подвлече Каракулев.

Различните екипи на хуманитарни волонтери, како и поединци, ги презентираа своите активности, од хуманата мисија што ја извршуваат.

The post Црвен крст Кавадарци ја одбележа Неделата на млади appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Иницирај дела, иницирај промени“, Општинската организација на Црвен крст Кавадарци вечерва организираше настан, во рамките на Неделата на млади, што се одбележува од први до седми октомври.
Целта е промоција на работата на младите на Црвен крст на Република Македонија, како активни лидери кои придонесуваат за ширење на хумани вредности и делување за позитивни промени во заедницата. Оваа година Неделата на младите ја одбележуваме преку активности за зајакнување и вмрежување на волонтерите во рамки на клубовите на млади, како и со завршни промотивни активности, преку користење на дигитални алатки за пренос и вклучување во живо од различни настани, беше посочено на средбата во домот на културата „Иван Мазов - Климе“.
Пред присутните се обрати претседателот на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев.
Младите се движечка сила во општеството. Младите како двигатели и промотори на вредностите во животот, се вклучени во многубројни активности на Црвениот крст. Расте интересот за нивно активно учество во проектите од хуманитарен карактер, подвлече Каракулев.
Различните екипи на хуманитарни волонтери, како и поединци, ги презентираа своите активности, од хуманата мисија што ја извршуваат.

The post Црвен крст Кавадарци ја одбележа Неделата на млади appeared first on Република.

]]>
Тројца работници на Црвениот крст загинаа во руско гранатирање во источна Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-rabotnitsi-na-tsrveniot-krst-zaginaa-vo-rusko-granatirane-vo-istochna-ukraina/ Thu, 12 Sep 2024 16:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=815816

Во руското гранатирање денеска загинаа тројца Украинци кои работеле за Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), а други двајца се ранети во едно село во регионот на Доњецк, објавија британските медиуми, повикувајќи се на украинските власти.

Уште едно руско воено злосторство. Денеска окупаторот нападна возила на хуманитарна мисија на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во регионот на Доњецк, напиша претседателот Володимир Зеленски во објава на „Х“.

Селото Вирољувка е гранатирано, напиша шефот на локалната администрација Вадим Филашкин во публикација на „Телеграм“ во која известува за жртвите.

Украинското државно обвинителство на „Телеграм“ напиша дека вработените во МКЦК им доставувале брикети на локалните жители за да имаат греење пред зимата. Тие истоварувале помош кога почнал нападот, објаснуваат од обвинителството.

Двајца вработени се хоспитализирани, а еден од нив е во тешка состојба, соопшти обвинителството.

Регионот Доњецк, кој е делумно окупиран од руски трупи, редовно е под руско гранатирање и воздушни напади. Москва негира дека таргетирала цивили или цивилна инфраструктура, иако во нејзините напади во Украина досега загинаа илјадници луѓе, наведуваат британските медиуми.

The post Тројца работници на Црвениот крст загинаа во руско гранатирање во источна Украина appeared first on Република.

]]>

Во руското гранатирање денеска загинаа тројца Украинци кои работеле за Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), а други двајца се ранети во едно село во регионот на Доњецк, објавија британските медиуми, повикувајќи се на украинските власти. Уште едно руско воено злосторство. Денеска окупаторот нападна возила на хуманитарна мисија на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во регионот на Доњецк, напиша претседателот Володимир Зеленски во објава на „Х“. Селото Вирољувка е гранатирано, напиша шефот на локалната администрација Вадим Филашкин во публикација на „Телеграм“ во која известува за жртвите. Украинското државно обвинителство на „Телеграм“ напиша дека вработените во МКЦК им доставувале брикети на локалните жители за да имаат греење пред зимата. Тие истоварувале помош кога почнал нападот, објаснуваат од обвинителството. Двајца вработени се хоспитализирани, а еден од нив е во тешка состојба, соопшти обвинителството. Регионот Доњецк, кој е делумно окупиран од руски трупи, редовно е под руско гранатирање и воздушни напади. Москва негира дека таргетирала цивили или цивилна инфраструктура, иако во нејзините напади во Украина досега загинаа илјадници луѓе, наведуваат британските медиуми.

The post Тројца работници на Црвениот крст загинаа во руско гранатирање во источна Украина appeared first on Република.

]]>
Десет нови лиценцирани негуватели во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deset-novi-litsentsirani-neguvateli-vo-struga/ Tue, 03 Sep 2024 18:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=812819

Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга.

Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 лиценцирани треба да бидат ангажирани.

Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.

Црвен крст веќе трета година ја дава услугата, а од организацијата нагласуваат дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.

Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.

The post Десет нови лиценцирани негуватели во Струга appeared first on Република.

]]>

Десет лица добија сертификат за негувател по успешно завршената тримесечна обука на Општинската организација на Црвен крст Струга. Секретарот на Струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, за МИА информира дека во моментот 53 лица во Струга и струшко добиваат помош и нега во домот од 20 лиценцирани негуватели, но оти интересот бил голем и новите 10 лиценцирани треба да бидат ангажирани.
Во рамките на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика 53 стружани, пред се возрасни лица над 65 години, кои немаат кој да се грижи за нив, добиваат помош и нега во домот, истакна Даути.
Црвен крст веќе трета година ја дава услугата, а од организацијата нагласуваат дека интерес кај населението има со оглед на фактот дека старосната граница расте.
Старите лица добиваат квалитетна нега преку нашите лиценцирани негователи. Им овозможуваме во нивниот дом да имаат квалитетен живот. Негователите ги посетуваат секојдневно и им ја пружаат потребната помош, вели Даути.

The post Десет нови лиценцирани негуватели во Струга appeared first on Република.

]]>
Крводарителска акција во Домот на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/krvodaritelska-aktsija-vo-domot-na-armijata/ Wed, 28 Aug 2024 08:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=810772

Црвениот крст - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина денеска по 22-ви пат организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција се спроведува во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот.

Како што соопшти Црвениот крст, целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг од крв и крвни деривати.

Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Почнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупен број од 4509 единици крв или во просек 214 крводарители по акција, информираат од Црвениот крст.

The post Крводарителска акција во Домот на Армијата appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина денеска по 22-ви пат организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција се спроведува во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот. Како што соопшти Црвениот крст, целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини крв во летниот период поради можноста од недостиг од крв и крвни деривати.
Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Почнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, денеска, по 21 реализирана акција, се зборува за вкупен број од 4509 единици крв или во просек 214 крводарители по акција, информираат од Црвениот крст.

The post Крводарителска акција во Домот на Армијата appeared first on Република.

]]>
Хуманитарна помош од Црвениот крст за настарадното население од пожарите во Свети Николе и Македонски Брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/humanitarna-pomosh-od-tsrveniot-krst-za-nastaradnoto-naselenie-od-pozharite-vo-sveti-nikole-i-makedonski-brod/ Mon, 05 Aug 2024 14:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=803608

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе достави хуманитарна помош - храна, средства за хигиена, душеци, ќебиња и вода за потребите на настраданото население зафатено од пожарите во земјава, за 40 семејства од неколку села во Свети Николе и девет семејства од село Брезница, општина Македонски Брод.

Како што информираат од Црвениот крст, хуманитарната помош ќе се достави врз основа на направена проценка од општинските организации на Црвениот крст Свети Николе и Македонски Брод, во соработка со општините и институциите на кризниот менаџмент.

Од организацијата посочуваат дека ја следат состојбата со пожарите и додаваат оти се подготвени во наредниот период итно да интервенираат и да ги покријат потребите на настраданото население. Упатуваат благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои досега се вклучија во хуманитарната акција за помош за справување со последиците од пожарите.

Црвениот крст отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите. Тоа се обезбедува од оспособени волонтери од Црвениот крст. Секое лице погодено под пожарите, како што наведуваат, може да поставува прашања и да добива совети и одговори за справување со ситуацијата.

Отворени телефонски линии за прва психолошка помош се: Скопски регион 072/271 -048, Пелагониски регион 047/ 236-019, Југозападен и Полошки регион 072/239-051 и 072/239-077, Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691 и Вардарски регион 043/231 - 537.

Сите заинтересирани правни субјекти и грѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст и 100 денари со повик на 143-400.

The post Хуманитарна помош од Црвениот крст за настарадното население од пожарите во Свети Николе и Македонски Брод appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе достави хуманитарна помош - храна, средства за хигиена, душеци, ќебиња и вода за потребите на настраданото население зафатено од пожарите во земјава, за 40 семејства од неколку села во Свети Николе и девет семејства од село Брезница, општина Македонски Брод. Како што информираат од Црвениот крст, хуманитарната помош ќе се достави врз основа на направена проценка од општинските организации на Црвениот крст Свети Николе и Македонски Брод, во соработка со општините и институциите на кризниот менаџмент. Од организацијата посочуваат дека ја следат состојбата со пожарите и додаваат оти се подготвени во наредниот период итно да интервенираат и да ги покријат потребите на настраданото население. Упатуваат благодарност за досегашната поддршка на компаниите кои досега се вклучија во хуманитарната акција за помош за справување со последиците од пожарите. Црвениот крст отвори СОС телефонски линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите. Тоа се обезбедува од оспособени волонтери од Црвениот крст. Секое лице погодено под пожарите, како што наведуваат, може да поставува прашања и да добива совети и одговори за справување со ситуацијата. Отворени телефонски линии за прва психолошка помош се: Скопски регион 072/271 -048, Пелагониски регион 047/ 236-019, Југозападен и Полошки регион 072/239-051 и 072/239-077, Источен, североисточен и југоисточен регион 071/223-691 и Вардарски регион 043/231 - 537. Сите заинтересирани правни субјекти и грѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст и 100 денари со повик на 143-400.

The post Хуманитарна помош од Црвениот крст за настарадното население од пожарите во Свети Николе и Македонски Брод appeared first on Република.

]]>
Утре на градскиот базен во Крива Паланка започнува курсот за спасители на затворени води https://arhiva3.republika.mk/zivot/utre-na-gradskiot-bazen-vo-kriva-palanka-zapochnuva-kursot-za-spasiteli-na-zatvoreni-vodi/ Sun, 04 Aug 2024 18:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=803299

Сите заинтересирани кандидати за полагање курс за спасители на затворени води до утре можат да се пријават за стекнување со сертификат од националниот курс во организација на Црвен крст на град Скопје - Центар. Курсот ќе започне утре на градскиот базен во Крива Паланка, во соработка со ватерполо клубот „Крива Река“, концесионер на базенот.

-Црвениот крст на град Скопје - Центар за безбедност на вода согласно своите програмски активности стартува со организирање курс за спасители на затворени води. Курсот ќе започне утре, во Крива Паланка. Теоретскиот и практичниот  дел на курсот ќе се спроведат во Крива Паланка на градскиот базен, а заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба, потврда од матичен лекар или потврда од спортска медицина, велат организаторите.

Пријавувањето на кандидатите, посочуваат, се врши исклучиво  по електронски пат  на адресата skopje.katastrofi@redcross.org.mk, а сите што ќе го поминат успешно курсот ќе се стекнат со интернационален сертификат. Пријавувањето ќе се врши сѐ до пред почетокот на курсот.

The post Утре на градскиот базен во Крива Паланка започнува курсот за спасители на затворени води appeared first on Република.

]]>

Сите заинтересирани кандидати за полагање курс за спасители на затворени води до утре можат да се пријават за стекнување со сертификат од националниот курс во организација на Црвен крст на град Скопје - Центар. Курсот ќе започне утре на градскиот базен во Крива Паланка, во соработка со ватерполо клубот „Крива Река“, концесионер на базенот.
-Црвениот крст на град Скопје - Центар за безбедност на вода согласно своите програмски активности стартува со организирање курс за спасители на затворени води. Курсот ќе започне утре, во Крива Паланка. Теоретскиот и практичниот  дел на курсот ќе се спроведат во Крива Паланка на градскиот базен, а заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат лекарска потврда за здравствена состојба, потврда од матичен лекар или потврда од спортска медицина, велат организаторите.
Пријавувањето на кандидатите, посочуваат, се врши исклучиво  по електронски пат  на адресата skopje.katastrofi@redcross.org.mk, а сите што ќе го поминат успешно курсот ќе се стекнат со интернационален сертификат. Пријавувањето ќе се врши сѐ до пред почетокот на курсот.

The post Утре на градскиот базен во Крива Паланка започнува курсот за спасители на затворени води appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-poseta-na-tsrveniot-krst/ Fri, 26 Jul 2024 13:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=800506

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска, по повод 26 јули - денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, престојуваше во посета на Црвениот крст.

За време на посетата претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на презентација - Активностите на Црвениот крст за време на земјотресот во Скопје 1963 и одржа средба со волонтери и раководството на оваа хуманитарна организација. Преку видео врска проследи дел од нивните активности во Центарот за дарување крв, Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и во Нега центарот.

Раководството на Црвениот крст ја информираше претседателката за капацитетите на организацијата, за растечката тенденција на волонтерските активности, како и за иницијативите и посветеноста во промовирањето на солидарноста и хуманитарното волонтерство, како одржлив модел со бројни индивидуални и колективни придобивки.

Волонтерите на Црвениот крст ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со редовните ангажмани во поддршка на ранливите групи, заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на севкупната социјална состојба во општеството, а во разговорот хуманите активисти ги споделија нивните лични заложби што биле поттик и инспирација да се вклучат во Црвениот крст.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова го сподели своето сеќавање од скопскиот земјотрес и деновите потоа, нагласувајќи ја непроценливата вредност на солидарноста и придонесот на волонтерите, обединети во силната желба за помош и поддршка. Во таа насока, посочи дека граѓанското општество најмногу се зајакнува преку волонтерска работа, оценувајќи дека волонтерството треба да се вгради и во образовниот систем.

За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова потпиша пристапница за членство во Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајни волонтерски организации и притоа ја нагласи нејзината натамошна безрезервна поддршка на хуманизмот како највозвишена човекова вредност и врвен приоритет на секое општество.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска, по повод 26 јули - денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, престојуваше во посета на Црвениот крст. За време на посетата претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на презентација - Активностите на Црвениот крст за време на земјотресот во Скопје 1963 и одржа средба со волонтери и раководството на оваа хуманитарна организација. Преку видео врска проследи дел од нивните активности во Центарот за дарување крв, Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и во Нега центарот. Раководството на Црвениот крст ја информираше претседателката за капацитетите на организацијата, за растечката тенденција на волонтерските активности, како и за иницијативите и посветеноста во промовирањето на солидарноста и хуманитарното волонтерство, како одржлив модел со бројни индивидуални и колективни придобивки. Волонтерите на Црвениот крст ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со редовните ангажмани во поддршка на ранливите групи, заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на севкупната социјална состојба во општеството, а во разговорот хуманите активисти ги споделија нивните лични заложби што биле поттик и инспирација да се вклучат во Црвениот крст. На средбата, претседателката Сиљановска Давкова го сподели своето сеќавање од скопскиот земјотрес и деновите потоа, нагласувајќи ја непроценливата вредност на солидарноста и придонесот на волонтерите, обединети во силната желба за помош и поддршка. Во таа насока, посочи дека граѓанското општество најмногу се зајакнува преку волонтерска работа, оценувајќи дека волонтерството треба да се вгради и во образовниот систем. За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова потпиша пристапница за членство во Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајни волонтерски организации и притоа ја нагласи нејзината натамошна безрезервна поддршка на хуманизмот како највозвишена човекова вредност и врвен приоритет на секое општество.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст appeared first on Република.

]]>
Топлотен бран во Македонија, екипи на Црвен крст ќе патролираат низ центарот на градот и на автбуските станици меѓу 11 и 16 часот, ќе делат вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/toploten-bran-vo-makedonija-ekipi-na-tsrven-krst-ke-patroliraat-niz-tsentarot-na-gradot-i-na-avtbuskite-stanitsi-megu-11-i-16-chasot-ke-delat-voda/ Thu, 20 Jun 2024 07:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=789208

Црвениот крст на град Скопје презема мерки за заштита на граѓаните за време на најавените екстремни температури преку изготвување на акционен план. Планот вклучува теренски активности кои целат на справување со топлотните бранови, базирани на претходни искуства.

Мобилни тимови, составени од лекари или парамедици, ќе обиколуваат низ градот, дистрибуирајќи вода и флаери со совети за справување со жештините. Исто така, ќе се мери крвен притисок на граѓаните кои изразат здравствени проблеми, со обезбедување транспорт до медицински установи кога е потребно.

Во наредните денови, 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе учествуваат во овие активности, со шест возила кои ќе патролираат низ централните делови на градот и кај автобуски станици. Овие активности ќе се спроведуваат меѓу 11 и 16 часот и ќе продолжат во зависност од временските услови.

Дополнително, Црвениот крст ќе се грижи и за здравствената состојба на бездомниците, преку осигурување на контактен телефон за дојави за лица погодени од топлотниот бран. Финансиската поддршка за овие активности е обезбедена од Државна лотарија, што овозможува поефикасно извршување на планираните мерки.

 

The post Топлотен бран во Македонија, екипи на Црвен крст ќе патролираат низ центарот на градот и на автбуските станици меѓу 11 и 16 часот, ќе делат вода appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на град Скопје презема мерки за заштита на граѓаните за време на најавените екстремни температури преку изготвување на акционен план. Планот вклучува теренски активности кои целат на справување со топлотните бранови, базирани на претходни искуства. Мобилни тимови, составени од лекари или парамедици, ќе обиколуваат низ градот, дистрибуирајќи вода и флаери со совети за справување со жештините. Исто така, ќе се мери крвен притисок на граѓаните кои изразат здравствени проблеми, со обезбедување транспорт до медицински установи кога е потребно. Во наредните денови, 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи ќе учествуваат во овие активности, со шест возила кои ќе патролираат низ централните делови на градот и кај автобуски станици. Овие активности ќе се спроведуваат меѓу 11 и 16 часот и ќе продолжат во зависност од временските услови. Дополнително, Црвениот крст ќе се грижи и за здравствената состојба на бездомниците, преку осигурување на контактен телефон за дојави за лица погодени од топлотниот бран. Финансиската поддршка за овие активности е обезбедена од Државна лотарија, што овозможува поефикасно извршување на планираните мерки.  

The post Топлотен бран во Македонија, екипи на Црвен крст ќе патролираат низ центарот на градот и на автбуските станици меѓу 11 и 16 часот, ќе делат вода appeared first on Република.

]]>
Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zhivko-mukaetov-proglasen-za-premium-partner-na-manifestatsijata-oskar-na-humanosta-na-tsrven-krst/ Tue, 28 May 2024 09:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=782388

Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении.

„Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи поттик на индивидуално ниво, која потоа мотивира, и колективно развивање на општествената одговорност во ’Алкалоид’ АД Скопје. Како личност препознаена во заедницата во која несебично дава помош и поддршка преку повеќе програми и активности на Црвениот крст, г. Мукаетов се истакнува како позитивен пример и во својата лична, но и во професионалната агенда, па Црвениот крст го поставува на високо место не само како поддржувач на нашите активности, туку и како партнер и пријател на хуманоста“, истакнуваат од  Црвен крст на Град Скопје.

Манифестацијата „Оскар на хуманоста“ се одржа во склоп на повеќето активности посветени на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај).

Покрај премиум Оскарот за хуманост, беа доделени и награди во неколку селектирани категории: корпоративен сектор, образовни институции, единици на локалната самоуправа и медиуми.

„За нас како компанија и за мене како поединец Црвениот крст е синоним за хуманост, солидарност, човечност и поддршка. Место од каде се подава рака на секого кому му е потребна помош, отворена врата за најранливите општествени слоеви и стартна позиција на секој поединец или компанија кои сакаат да бидат општествено одговорни“, истакна Мукаетов.

Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на Град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, а само во последните година и половина „Алкалоид“ организираше три крводарителски акции, во чии рамки беа собрани повеќе од 400 единици крв. Покрај тоа, во 2013 година „Алкалоид“ помогна за реновирање и за ребрендирање на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во неговото тековно функционирање. Во рамките на компанијата неодамна беа спроведени и неколку масовни акции за донирање облека и храна на собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“.

На глобално ниво, Оскарот на хуманоста на Црвен крст ги акцентира заложбите за зачувување на хуманоста, како и тенденцијата да се поттикне хуманоста кај секој поединец во заедницата во која живее и дејствува. Низ симболиката на солидарните заложби му се оддава почит на основоположникот на идејата за формирање на Црвениот крст, Анри Динан, но и се упатува благодарност до 16-те милиони волонтери во 191 земја во рамките на Движењето на Црвениот крст и на Црвената полумесечина низ светот, кои го посветуваат своето драгоцено време за доброволна служба, секогаш подготвени за вклучување во локална хуманитарна акција за глобално добро.

Комерцијален текст

The post Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ на г. Живко Мукаетов. Неговата лична ангажираност значи поттик на индивидуално ниво, која потоа мотивира, и колективно развивање на општествената одговорност во ’Алкалоид’ АД Скопје. Како личност препознаена во заедницата во која несебично дава помош и поддршка преку повеќе програми и активности на Црвениот крст, г. Мукаетов се истакнува како позитивен пример и во својата лична, но и во професионалната агенда, па Црвениот крст го поставува на високо место не само како поддржувач на нашите активности, туку и како партнер и пријател на хуманоста“, истакнуваат од  Црвен крст на Град Скопје. Манифестацијата „Оскар на хуманоста“ се одржа во склоп на повеќето активности посветени на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај). Покрај премиум Оскарот за хуманост, беа доделени и награди во неколку селектирани категории: корпоративен сектор, образовни институции, единици на локалната самоуправа и медиуми. „За нас како компанија и за мене како поединец Црвениот крст е синоним за хуманост, солидарност, човечност и поддршка. Место од каде се подава рака на секого кому му е потребна помош, отворена врата за најранливите општествени слоеви и стартна позиција на секој поединец или компанија кои сакаат да бидат општествено одговорни“, истакна Мукаетов. Изминативе години „Алкалоид“ има спроведено повеќе активности во соработка со Црвен крст на РСМ и со Црвен крст на Град Скопје, како во делот на социјално-хуманитарната дејност така и на полето на крводарителството. Во рамките на компанијата повеќе од 50 години активно функционира Друштвото на крводарители, а само во последните година и половина „Алкалоид“ организираше три крводарителски акции, во чии рамки беа собрани повеќе од 400 единици крв. Покрај тоа, во 2013 година „Алкалоид“ помогна за реновирање и за ребрендирање на Дневниот центар за дарување крв и континуирано дава придонес во неговото тековно функционирање. Во рамките на компанијата неодамна беа спроведени и неколку масовни акции за донирање облека и храна на собирни пунктови на трите локалитети на „Алкалоид“. На глобално ниво, Оскарот на хуманоста на Црвен крст ги акцентира заложбите за зачувување на хуманоста, како и тенденцијата да се поттикне хуманоста кај секој поединец во заедницата во која живее и дејствува. Низ симболиката на солидарните заложби му се оддава почит на основоположникот на идејата за формирање на Црвениот крст, Анри Динан, но и се упатува благодарност до 16-те милиони волонтери во 191 земја во рамките на Движењето на Црвениот крст и на Црвената полумесечина низ светот, кои го посветуваат своето драгоцено време за доброволна служба, секогаш подготвени за вклучување во локална хуманитарна акција за глобално добро. Комерцијален текст

The post Живко Мукаетов прогласен за Премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст appeared first on Република.

]]>
Хуманитарна акција на Црвен Крст Делчево – „Вашиот прилог, значајна помош“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/humanitarna-aktsija-na-tsrven-krst-delchevo-vashiot-prilog-znachajna-pomosh/ Sat, 20 Apr 2024 12:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=768437

Организацијата на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста. Оваа година акцијата се одвива под мотото „Вашиот прилог - значајна помош“, а за таа цел волонтери од Црвен крст Делчево имаат поставено свој штанд на градскиот пазар во Делчево.

Во акцијата може да се донира храна, средства за хигиена, облека, обувки и слично. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на население, истакнаа од Црвен Крст Делчево.

Акцијата годинава се одбележува од 15 до 21 април 2024 година.

Со собраните средства ќе се набават пакети со храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик. Со секој обезбеден пакет со храна овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна, додадоа од Црвен Крст Делчево.

Оттаму апелираа и упатија повик до граѓаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост со масовно вклучување во оваа акција.

The post Хуманитарна акција на Црвен Крст Делчево – „Вашиот прилог, значајна помош“ appeared first on Република.

]]>

Организацијата на Црвен крст Делчево се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста. Оваа година акцијата се одвива под мотото „Вашиот прилог - значајна помош“, а за таа цел волонтери од Црвен крст Делчево имаат поставено свој штанд на градскиот пазар во Делчево.
Во акцијата може да се донира храна, средства за хигиена, облека, обувки и слично. Целта на оваа акција е да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и да се обезбеди соодветна помош за најранливата категорија на население, истакнаа од Црвен Крст Делчево.
Акцијата годинава се одбележува од 15 до 21 април 2024 година.
Со собраните средства ќе се набават пакети со храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик. Со секој обезбеден пакет со храна овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна, додадоа од Црвен Крст Делчево.
Оттаму апелираа и упатија повик до граѓаните, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост со масовно вклучување во оваа акција.

The post Хуманитарна акција на Црвен Крст Делчево – „Вашиот прилог, значајна помош“ appeared first on Република.

]]>
Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-alkaloid-doniraa-krv-sobraa-ton-hrana-i-ton-obleka-pomagaat-kade-shto-e-najpotrebno/ Mon, 27 Nov 2023 12:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=716786

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат.

Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување.

Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.

Комерцијален текст

The post Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно appeared first on Република.

]]>

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување. Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата. Комерцијален текст

The post Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно appeared first on Република.

]]>
Меџити: Важна е соработката со Црвениот крст како наш партнер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-vazhna-e-sorabotkata-so-tsrveniot-krst-kako-nash-partner/ Sat, 21 Oct 2023 16:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=693678

Обезбедувањето квалитетни услуги на итната медицинска помош во кризни и вонредни состојби е една од најважните стратегии за намалување на морбидитетот и морталитетот за време на кој било критичен настан, рече министерот за здравство Фатмир Меџити на промоцијата на развојна рамка на Црвен крст на Република Македонија, Трансформација-28.

Според Меџити, посебно важна соработката со Црвениот крст како партнер на здравствениот систем за брз одговор при управување со кризи и катастрофи.

На настанот, како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), беа прeзентирани заложбите за сеопфатни промени во 24 области од делокругот на работењето на Црвениот крст кои имаат за цел да се зајакнат капацитетите на Црвениот крст, да ја унапредат партнерската соработка со разни чинители, како и да развијат услуги и сервиси за подобрување на животот на населението во локалните заедници.

Службите за итна медицинска помош и болниците го поседуваат неопходниот капацитет и инфраструктура за брз одговор на итните медицински потреби на населението и тие се првата инстанца за обезбедување тријажа на повредено лице при итни состојби. Изработени се и државни планови за одговор при кризна/вонредна состојба. Во плановите се опфатени ресурсите и кадарот на јавните здравствени установи (здравствени домови, центри за јавно здравје, службите за итна медицинска помош, болници, клиники, како и сите релевантни чинители), потенцира Меџити.

Како што наведува МЗ, во Планот за подготовка на здравството за одговор при кризни состојби како важен сегмент се вклучени грижата за мајки и новороденчиња, родово-базирано насилство и семејното планирање, а посебно значајна улогата на мобилните гинеколошки амбуланти, кои обезбедуваат услуги за репродуктивно здравје при кризни состојби.

Темите се „Градење здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици’’, како и Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби’’.

The post Меџити: Важна е соработката со Црвениот крст како наш партнер appeared first on Република.

]]>

Обезбедувањето квалитетни услуги на итната медицинска помош во кризни и вонредни состојби е една од најважните стратегии за намалување на морбидитетот и морталитетот за време на кој било критичен настан, рече министерот за здравство Фатмир Меџити на промоцијата на развојна рамка на Црвен крст на Република Македонија, Трансформација-28. Според Меџити, посебно важна соработката со Црвениот крст како партнер на здравствениот систем за брз одговор при управување со кризи и катастрофи. На настанот, како што соопшти Министерството за здравство (МЗ), беа прeзентирани заложбите за сеопфатни промени во 24 области од делокругот на работењето на Црвениот крст кои имаат за цел да се зајакнат капацитетите на Црвениот крст, да ја унапредат партнерската соработка со разни чинители, како и да развијат услуги и сервиси за подобрување на животот на населението во локалните заедници.
Службите за итна медицинска помош и болниците го поседуваат неопходниот капацитет и инфраструктура за брз одговор на итните медицински потреби на населението и тие се првата инстанца за обезбедување тријажа на повредено лице при итни состојби. Изработени се и државни планови за одговор при кризна/вонредна состојба. Во плановите се опфатени ресурсите и кадарот на јавните здравствени установи (здравствени домови, центри за јавно здравје, службите за итна медицинска помош, болници, клиники, како и сите релевантни чинители), потенцира Меџити.
Како што наведува МЗ, во Планот за подготовка на здравството за одговор при кризни состојби како важен сегмент се вклучени грижата за мајки и новороденчиња, родово-базирано насилство и семејното планирање, а посебно значајна улогата на мобилните гинеколошки амбуланти, кои обезбедуваат услуги за репродуктивно здравје при кризни состојби. Темите се „Градење здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици’’, како и Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби’’.

The post Меџити: Важна е соработката со Црвениот крст како наш партнер appeared first on Република.

]]>
Хумана традиција на скопјани – 21. крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/humana-traditsija-na-skopjani-21-krvodaritelska-aktsija-po-povod-praznikot-golema-bogoroditsa/ Thu, 24 Aug 2023 08:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=675242

Црвениот крст на Република Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2023 година, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.

Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

The post Хумана традиција на скопјани – 21. крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на Република Македонија - Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, на 28.08.2023 година, традиционално, по 21-ви пат, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот. Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 20 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

The post Хумана традиција на скопјани – 21. крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица appeared first on Република.

]]>
Црвен крст Дебар распиша конкурс за бесплатна обука на негувател/ка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tsrven-krst-debar-raspisha-konkurs-za-besplatna-obuka-na-neguvatel-ka/ Thu, 29 Jun 2023 20:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=656655

Врз основа на верификувана посебна програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација-Дебар распиша конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Конкурсот е во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од  Министерство за труд и социјална политика на Австрија и во соработка со австрискиот Црвен крст.

- Отпочнуваме уште една исклучително важна активност. Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Дебар, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат до 10 следниот месец, информираше за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.

Според него, кандидатите треба да се државјани на РС Македонија, да се постари од 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, завршено минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и да по обуката  бидат вклучени како негуватели во сервисот за нега во домашни услови.

Обуката е бесплатна а предност ќе имаат невработени лица и лица од ранливи категории, а можат да се пријават на е-маил: debar@redcross.org.mk и на телефон 071/223-990 или директно во просториите на општинската организација.

Според Телќиу, секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

The post Црвен крст Дебар распиша конкурс за бесплатна обука на негувател/ка appeared first on Република.

]]>

Врз основа на верификувана посебна програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација-Дебар распиша конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица. Конкурсот е во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе“, поддржан од  Министерство за труд и социјална политика на Австрија и во соработка со австрискиот Црвен крст. - Отпочнуваме уште една исклучително важна активност. Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Дебар, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, да аплицираат до 10 следниот месец, информираше за МИА, Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен крст. Според него, кандидатите треба да се државјани на РС Македонија, да се постари од 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, завршено минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и да по обуката  бидат вклучени како негуватели во сервисот за нега во домашни услови. Обуката е бесплатна а предност ќе имаат невработени лица и лица од ранливи категории, а можат да се пријават на е-маил: debar@redcross.org.mk и на телефон 071/223-990 или директно во просториите на општинската организација. Според Телќиу, секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

The post Црвен крст Дебар распиша конкурс за бесплатна обука на негувател/ка appeared first on Република.

]]>
Зеленски со критика за ОН и Црвениот крст: Шокиран сум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-so-kritika-za-on-i-tsrveniot-krst-shokiran-sum/ Wed, 07 Jun 2023 20:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=648984

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е шокиран од неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на огромната брана Каховка, додека неговиот премиер повика на итна помош од меѓународните хуманитарни организации.

Зеленски: Не добивме одговор

„Иако катастрофата се случи пред неколку часа, тие не се тука. Не добивме одговор. Шокиран сум“, изјави Зеленски за германските весници Билд и Ди Велт и Политико.

Премиерот Денис Шмихал ги повика меѓународните хуманитарни организации да обезбедат итна помош.

„Руските окупатори не се ни обидуваат да им помогнат на овие луѓе, тие ги оставија да умрат. Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуација на луѓето од регионот Херсон под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои беа осудени на смрт од окупаторите“, рече Шмихал.

Зеленски разговараше со Макрон
Зеленски во интервјуто рече дека руските војници пукале од далечина додека спасувачките напори биле во тек.

„Штом нашите луѓе се обидат да спасуваат, пукаат врз нив“, рече украинскиот претседател, кој со својот француски колега Емануел Макрон разговараше за еколошката и хуманитарната ситуација во регионот Керсон.

„Ги наведов општите потреби на Украина во справувањето со катастрофата. Разговаравме за можноста за вклучување на меѓународни механизми за истрага на нејзините причини. Разговаравме и за можноста МААЕ (чувар на нуклеарно оружје на ОН) и (шефот) Рафаел Гроси да ја зајакнат контролата врз Нуклеарната централа Запорожје“, рече Зеленски.

МААЕ објави дека базенот за ладење на реакторот во централата е полн и има снабдување со вода неколку месеци.

The post Зеленски со критика за ОН и Црвениот крст: Шокиран сум appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е шокиран од неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на огромната брана Каховка, додека неговиот премиер повика на итна помош од меѓународните хуманитарни организации. Зеленски: Не добивме одговор
„Иако катастрофата се случи пред неколку часа, тие не се тука. Не добивме одговор. Шокиран сум“, изјави Зеленски за германските весници Билд и Ди Велт и Политико.
Премиерот Денис Шмихал ги повика меѓународните хуманитарни организации да обезбедат итна помош.
„Руските окупатори не се ни обидуваат да им помогнат на овие луѓе, тие ги оставија да умрат. Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуација на луѓето од регионот Херсон под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои беа осудени на смрт од окупаторите“, рече Шмихал.
Зеленски разговараше со Макрон Зеленски во интервјуто рече дека руските војници пукале од далечина додека спасувачките напори биле во тек.
„Штом нашите луѓе се обидат да спасуваат, пукаат врз нив“, рече украинскиот претседател, кој со својот француски колега Емануел Макрон разговараше за еколошката и хуманитарната ситуација во регионот Керсон. „Ги наведов општите потреби на Украина во справувањето со катастрофата. Разговаравме за можноста за вклучување на меѓународни механизми за истрага на нејзините причини. Разговаравме и за можноста МААЕ (чувар на нуклеарно оружје на ОН) и (шефот) Рафаел Гроси да ја зајакнат контролата врз Нуклеарната централа Запорожје“, рече Зеленски.
МААЕ објави дека базенот за ладење на реакторот во централата е полн и има снабдување со вода неколку месеци.

The post Зеленски со критика за ОН и Црвениот крст: Шокиран сум appeared first on Република.

]]>
Црвен крст на Град Скопје организира Оскар на хуманоста https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsrven-krst-na-grad-skopje-organizira-oskar-na-humanosta/ Tue, 09 May 2023 09:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=638684

Црвен крст на Град Скопје вечерва организира Оскар на хуманоста во ресторан „Парк-ведингс анд ивентс“-Градски парк, со почеток во 20:00 часот.

На настанот ќе бидат доделени награди за наши партнери, поддржувачи од корпоративниот сектор, но и на поединци кои со својата лична ангажираност многупати покажеле дека тие се оние кои прават позитивни промени во заедницата, преку нивната хуманитарна заложба, велат од Црвен крст.

Оттаму известуваат дека вчера, по повод 8 мај - Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, хуманитарната организација организирала неколку јавни настани преку кои биле истакнати хуманитарните заложби на поединците во заедницата, кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е потреба помош.

The post Црвен крст на Град Скопје организира Оскар на хуманоста appeared first on Република.

]]>

Црвен крст на Град Скопје вечерва организира Оскар на хуманоста во ресторан „Парк-ведингс анд ивентс“-Градски парк, со почеток во 20:00 часот.
На настанот ќе бидат доделени награди за наши партнери, поддржувачи од корпоративниот сектор, но и на поединци кои со својата лична ангажираност многупати покажеле дека тие се оние кои прават позитивни промени во заедницата, преку нивната хуманитарна заложба, велат од Црвен крст.
Оттаму известуваат дека вчера, по повод 8 мај - Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, хуманитарната организација организирала неколку јавни настани преку кои биле истакнати хуманитарните заложби на поединците во заедницата, кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е потреба помош.

The post Црвен крст на Град Скопје организира Оскар на хуманоста appeared first on Република.

]]>
Црвен крст ја заокружи кампањата со 1 милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrven-krst-ja-zaokruzhi-kampanata-so-1-milion-evra-za-nastradanite-podrachja-vo-turtsija-i-sirija/ Mon, 20 Mar 2023 16:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=621694

Црвениот крст на РСМ со свечен чин ја заокружи кампањата за помош и поддршка за настраданото население во Турција и Сирија на одбележувањето на 78-годишнината од постоењето.

На настанот шшто се одржа во „Холидеј ин“ се обрати генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити. Саити рече дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува.

Нашите граѓани докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија. Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во наредниот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка, рече Саити.

Покровител на настанот беше премиерот Димитар Ковачевски, кој истакна дека продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија.

Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.

Турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок му се заблагодари на македонскиот народ.

Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони. Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училишта, рече Секизќок.

На настанот се донираа средства од компанијата Алма М, со што се заокружи целта на настанот со вкупно 61.000.000 денари.

The post Црвен крст ја заокружи кампањата со 1 милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Црвениот крст на РСМ со свечен чин ја заокружи кампањата за помош и поддршка за настраданото население во Турција и Сирија на одбележувањето на 78-годишнината од постоењето. На настанот шшто се одржа во „Холидеј ин“ се обрати генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити. Саити рече дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува.
Нашите граѓани докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Турција и Сирија. Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во наредниот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка, рече Саити.
Покровител на настанот беше премиерот Димитар Ковачевски, кој истакна дека продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Турција и Сирија.
Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Турција и Сирија.
Турскиот амбасадор во земјава Хасан Мехмет Секизќок му се заблагодари на македонскиот народ.
Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони. Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училишта, рече Секизќок.
На настанот се донираа средства од компанијата Алма М, со што се заокружи целта на настанот со вкупно 61.000.000 денари.

The post Црвен крст ја заокружи кампањата со 1 милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Македонија досега собрала 30.378.353 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-dosega-sobrala-30-378-353-denari-za-nastradanite-vo-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ Fri, 17 Feb 2023 20:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=610363

Заклучно со 16.02.2023 година преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени вкупно 30.378.353 денари.

Црвениот крст на Република Македонија по апелот на Меѓународната дедерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, како и 20.000 евра на сметката на Турската Црвена полумесечина.

Од Црвениот крст информираат дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

· Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.

· како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.

· За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош).

Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња, соопшти Црвениот крст.

The post Македонија досега собрала 30.378.353 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Заклучно со 16.02.2023 година преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени вкупно 30.378.353 денари. Црвениот крст на Република Македонија по апелот на Меѓународната дедерација на Црвен крст и Црвена полумесечина од сопствени средства уплати 3.000 евра како првична помош за настраданото население во Турција и Сирија, како и 20.000 евра на сметката на Турската Црвена полумесечина. Од Црвениот крст информираат дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: · Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија. · како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. · За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228 Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош). Задолжително сите донирани артикли да бидат нови. Приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња, соопшти Црвениот крст.

The post Македонија досега собрала 30.378.353 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Oд Македонија се префрлени 1 милион евра парична помош на Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-makedonija-se-prefrleni-1-milion-evra-parichna-pomosh-na-turtsija/ Tue, 14 Feb 2023 18:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=609047

Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на  Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња.

Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, од друга страна, информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

До минатиот петок од Македонија се префрлени 1 милион евра пари од граѓани, стопански комори и компании во Република Турција изјави Турскиот амбасадор Секизкок.

Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на Република Македонија. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња, истакна Саити на денешната прес-конференција.

Додаде дека ова е првичната хуманитарна помош и изрази надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош.

Тој апелираше хуманитарната помош којашто се донира согласно потребите на луѓето што се таму коишто според консултативните состаноци со турската Полумесечина, како што рече, повторно била истакната потребата од собирање на материјална хуманитарна помош пред се во ќебиња, шатори и вреќи за спиење, газиени лампи итн.

Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат намирници (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно стандардите за хуманитарна работа кои ние ги нарекуваме минимум стандарди затоа што останатото видовте овие денови – сведоци бевте на многу иницијативи, но за жал квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати, рече Саити.

Амбасадорот Секизкок, истакна дека во координација со Амбасадата на Турција овде во Скопје преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со нашите браќа и пријатели од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

Изразувам во оваа прилика благодарност до Македонија која стои рамо до рамо со Турција за надминување на овие тешки денови, рече Секизкок.

The post Oд Македонија се префрлени 1 милион евра парична помош на Турција appeared first on Република.

]]>

Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на  Македонија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија. Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња. Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, од друга страна, информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати. До минатиот петок од Македонија се префрлени 1 милион евра пари од граѓани, стопански комори и компании во Република Турција изјави Турскиот амбасадор Секизкок. Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на Република Македонија. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња, истакна Саити на денешната прес-конференција. Додаде дека ова е првичната хуманитарна помош и изрази надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош. Тој апелираше хуманитарната помош којашто се донира согласно потребите на луѓето што се таму коишто според консултативните состаноци со турската Полумесечина, како што рече, повторно била истакната потребата од собирање на материјална хуманитарна помош пред се во ќебиња, шатори и вреќи за спиење, газиени лампи итн. Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат намирници (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно стандардите за хуманитарна работа кои ние ги нарекуваме минимум стандарди затоа што останатото видовте овие денови – сведоци бевте на многу иницијативи, но за жал квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати, рече Саити. Амбасадорот Секизкок, истакна дека во координација со Амбасадата на Турција овде во Скопје преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со нашите браќа и пријатели од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати. Изразувам во оваа прилика благодарност до Македонија која стои рамо до рамо со Турција за надминување на овие тешки денови, рече Секизкок.

The post Oд Македонија се префрлени 1 милион евра парична помош на Турција appeared first on Република.

]]>