цртежи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crtezi/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 11:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цртежи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crtezi/ 32 32 Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-tsrtezhi-i-printovi-od-suire-magali-simone-i-sergej-jordanovski-vo-kits/ Tue, 25 Jun 2024 11:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=790652

Културно-информативниот центар – Скопје најавува отворање на изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија).

Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници.

На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје.

ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија.

Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.

 

The post Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Културно-информативниот центар – Скопје најавува отворање на изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне (Франција) и Сергеј Јордановски (Македонија). Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа „КРЕАРТ – Уметник во престој“ подржана од градот Скопје како еден од градовите учесници. На изложбата авторите ќе се претстават со 20 дела создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ Скопје. ЈУ КИЦ Скопје веќе петта година го организира овој меѓународен проект во кој до сега учествуваа уметници од Хрватска, Италија, Латвија и Македонија. Изложбата ќе биде отворена до 10.07.2024 година.  

The post Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Детска уметничка галерија на отворено по повод Светскиот ден на уметноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/detska-umetnichka-galerija-na-otvoreno-po-povod-svetskiot-den-na-umetnosta/ Fri, 15 Apr 2022 10:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=488896

Боемската улица во Дебар Маало во Скопје беше претворена во уметничка галерија на отворено. На неа се изложени двесте детски цртежи кои пристигнаа на конкурсот „Пролетните авантури на Халки“, а е организирана по повод одбележувањето на 15 Април - Светскиот ден на уметноста.

Еднодневната изложба потсетува дека креативноста е темел за здраво општество, а уметноста има високо и значајно место во него. Децата преку цртеж праќаат клучни пораки кои возрасните треба да се потрудат да ги прочитаат. Тие се идните творци и уметници, тие се и публиката која ќе знае да ги цени вистинските вредности. Создавањето услови и слобода за детското креативно изразување, значи и градење почит кон уметноста.

Изложбата за сите случајни минувачи во срцето на градот е вистинско пролетно изненадување. Пријатна музичка поддршка даде дуото виолини Петар Поповски и Олгица Шундиќ, а Арта Ќаили од студиото Dancers United изведе модерен балет во слободна импровизација.

15 Април низ светот се одбележува од 2012 година со најразлични изложби, претстави, перформанси и трибини на кои се истакнува значењето на уметноста и во зачувувањето на мирот и слободата.

The post Детска уметничка галерија на отворено по повод Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>

Боемската улица во Дебар Маало во Скопје беше претворена во уметничка галерија на отворено. На неа се изложени двесте детски цртежи кои пристигнаа на конкурсот „Пролетните авантури на Халки“, а е организирана по повод одбележувањето на 15 Април - Светскиот ден на уметноста. Еднодневната изложба потсетува дека креативноста е темел за здраво општество, а уметноста има високо и значајно место во него. Децата преку цртеж праќаат клучни пораки кои возрасните треба да се потрудат да ги прочитаат. Тие се идните творци и уметници, тие се и публиката која ќе знае да ги цени вистинските вредности. Создавањето услови и слобода за детското креативно изразување, значи и градење почит кон уметноста. Изложбата за сите случајни минувачи во срцето на градот е вистинско пролетно изненадување. Пријатна музичка поддршка даде дуото виолини Петар Поповски и Олгица Шундиќ, а Арта Ќаили од студиото Dancers United изведе модерен балет во слободна импровизација. 15 Април низ светот се одбележува од 2012 година со најразлични изложби, претстави, перформанси и трибини на кои се истакнува значењето на уметноста и во зачувувањето на мирот и слободата.

The post Детска уметничка галерија на отворено по повод Светскиот ден на уметноста appeared first on Република.

]]>