цртај на македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crtaj-na-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Thu, 05 May 2022 21:47:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цртај на македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crtaj-na-makedonski-jazik/ 32 32 „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/crtaj-na-makedonski-jazik-kje-ja-osovremeni-i-razdvizi-kulturnata-ponuda/ Thu, 05 May 2022 19:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=498340

Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена.

Од Министерството посочуваат дека целта на конкурсот е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и раздвижи културната понуда.

Според конкурсот, предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби.

Предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.

Конкурсот ќе трае од денеска па до 5 јуни, а манифестацијата ќе се одвива од 15-ти јуни до 15-ти јули.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов ЛИНК.

The post „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Од Министерството посочуваат дека целта на конкурсот е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и раздвижи културната понуда. Според конкурсот, предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби. Предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик. Конкурсот ќе трае од денеска па до 5 јуни, а манифестацијата ќе се одвива од 15-ти јуни до 15-ти јули. Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов ЛИНК.

The post „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда appeared first on Република.

]]>