црногорци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crnogorci/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Jun 2022 13:24:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црногорци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crnogorci/ 32 32 Тројца Црногорци повредени при експлозија на брод во Средоземното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojca-crnogorci-povredeni-pri-eksplozija-na-brod-vo-sredozemnoto-more/ Wed, 22 Jun 2022 13:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=518485

Тројца црногорски државјани се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија на контејнерскиот брод „MСЦ Рејчел“, во близина на пристаништето Тулон во Франција, јавува РТЦГ.

Регионалниот оперативен центар за набљудување и спасување на Медитеранот е предупреден за брод во тешкотија кај францускиот брег - пишува „Франс 3“.

Според првичните информации, во машинскиот простор се случила експлозија, која предизвикала пожар на бродот, при што се повредени три лица, од кои две потешко. Француската морнарица ги префрлила сите повредени на брегот.

Контејнерскиот брод „MСЦ Рејчел“, кој плови под панамско знаме, е товарен брод долг 334 метри со голем капацитет и носивост од околу 100.000 тони.

The post Тројца Црногорци повредени при експлозија на брод во Средоземното Море appeared first on Република.

]]>

Тројца црногорски државјани се повредени, од кои двајца потешко, во експлозија на контејнерскиот брод „MСЦ Рејчел“, во близина на пристаништето Тулон во Франција, јавува РТЦГ.
Регионалниот оперативен центар за набљудување и спасување на Медитеранот е предупреден за брод во тешкотија кај францускиот брег - пишува „Франс 3“.
Според првичните информации, во машинскиот простор се случила експлозија, која предизвикала пожар на бродот, при што се повредени три лица, од кои две потешко. Француската морнарица ги префрлила сите повредени на брегот. Контејнерскиот брод „MСЦ Рејчел“, кој плови под панамско знаме, е товарен брод долг 334 метри со голем капацитет и носивост од околу 100.000 тони.

The post Тројца Црногорци повредени при експлозија на брод во Средоземното Море appeared first on Република.

]]>
Црногорци фатени со 5,6 тони кокаин: „Паднаа“ во Зеленортските Острови на рибарски брод https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crnogorci-fateni-so-5-6-toni-kokain-padnaa-vo-zelenortskite-ostrovi-na-ribarski-brod/ Sat, 09 Apr 2022 19:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=485955

Директорот на Националната полиција на Зеленортските острови, Рикардо Гонкалвес, соопшти дека во пристаништето Праја биле откриени 5,6 тони дрога. Во акцијата се уапсени двајца црногорски државјани заедно со пет Бразилци за шверц на 5.668 килограми кокаин на рибарски брод.

Гонкалвес, за медиумите додаде дека списите за случајот се тајни, јавуваат подгоричките медиуми.

Директорот на полицијата, соопшти дека операцијата се одвивала на отворено море од 1 април. Според него, акцијата била спроведена од страна на полицијата, преку Централното одделение за истраги за трговија со наркотици, а била спроведена во соработка со вооружените сили, преку крајбрежната стража, во координација со Поморскиот аналитички и оперативен центар.

Имавме релевантна соработка со бразилската федерална полиција, Администрацијата за борба против дрогата, американската морнарица и Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство - додаде Гонкалвес.

Од средата наутро, брод на американската морнарица во служба на Африканската команда на вооружените сили на САД е закотвен во близина на градот Праја.

Нема други детали за акцијата, ниту пак дестинацијата или знамето на рибарскиот брод од Бразил кој превезувал кокаин, ниту имињата на уапсените.

https://www.youtube.com/watch?v=pM5owd2VGNs&feature=emb_title

The post Црногорци фатени со 5,6 тони кокаин: „Паднаа“ во Зеленортските Острови на рибарски брод appeared first on Република.

]]>

Директорот на Националната полиција на Зеленортските острови, Рикардо Гонкалвес, соопшти дека во пристаништето Праја биле откриени 5,6 тони дрога. Во акцијата се уапсени двајца црногорски државјани заедно со пет Бразилци за шверц на 5.668 килограми кокаин на рибарски брод. Гонкалвес, за медиумите додаде дека списите за случајот се тајни, јавуваат подгоричките медиуми. Директорот на полицијата, соопшти дека операцијата се одвивала на отворено море од 1 април. Според него, акцијата била спроведена од страна на полицијата, преку Централното одделение за истраги за трговија со наркотици, а била спроведена во соработка со вооружените сили, преку крајбрежната стража, во координација со Поморскиот аналитички и оперативен центар.
Имавме релевантна соработка со бразилската федерална полиција, Администрацијата за борба против дрогата, американската морнарица и Националната агенција за криминал на Обединетото Кралство - додаде Гонкалвес.
Од средата наутро, брод на американската морнарица во служба на Африканската команда на вооружените сили на САД е закотвен во близина на градот Праја. Нема други детали за акцијата, ниту пак дестинацијата или знамето на рибарскиот брод од Бразил кој превезувал кокаин, ниту имињата на уапсените. https://www.youtube.com/watch?v=pM5owd2VGNs&feature=emb_title

The post Црногорци фатени со 5,6 тони кокаин: „Паднаа“ во Зеленортските Острови на рибарски брод appeared first on Република.

]]>