црна река Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crna-reka/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 06:35:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црна река Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crna-reka/ 32 32 ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsuk-spasen-ovchar-zaglaven-na-rechen-ostrov-vo-vodite-na-tsrna-reka/ Sun, 21 Apr 2024 06:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=768673

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.

Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.

– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката – соопштија од Центарот.

Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.

– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа – информираа од ЦУК.

The post ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река appeared first on Република.

]]>

Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи. Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.
– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката – соопштија од Центарот.
Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.
– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа – информираа од ЦУК.

The post ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река appeared first on Република.

]]>
Mостoт на Црна Река е во многу лоша состојба, министерот ветува санација во наредните 60 дена или градење нов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mostot-na-tsrna-reka-e-vo-mnogu-losha-sostojba-ministerot-vetuva-sanatsija-vo-narednite-60-dena-ili-gradene-nov/ Mon, 20 Nov 2023 15:25:29 +0000 https://republika.mk/?p=714488

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изгардба на нов, траен мост.

Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба.

Она што го добив како информација по увидот, е дека темелот е во многу очајна и лоша состојба и таму ќе биде потребна поголема и потемелна санација што ќе ја утврди проектантот и секако, Градежниот факултет, со цел да влеземе веднаш во постапка и очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност и реализација на комплетно нов мост што ќе биде траен, за да не ни се случуваат вакви пункнатин во една од главните транзитни точки на Коридорот 10, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески”.

Ги чекаме анализите од експертите и стручните лица за потоа, појасни Бочварски, Владата, а секако и Министерството и Јавното претпријатие да донесат заедничка одлука во кој правец ќе одиме, која реконструкција ќе ја почнеме за да се операционализира овој проект и да се врати сообраќајот во нормала и во движење.

Бочварски во Прилеп беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Mостoт на Црна Река е во многу лоша состојба, министерот ветува санација во наредните 60 дена или градење нов appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изгардба на нов, траен мост. Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба.
Она што го добив како информација по увидот, е дека темелот е во многу очајна и лоша состојба и таму ќе биде потребна поголема и потемелна санација што ќе ја утврди проектантот и секако, Градежниот факултет, со цел да влеземе веднаш во постапка и очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност и реализација на комплетно нов мост што ќе биде траен, за да не ни се случуваат вакви пункнатин во една од главните транзитни точки на Коридорот 10, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески”.
Ги чекаме анализите од експертите и стручните лица за потоа, појасни Бочварски, Владата, а секако и Министерството и Јавното претпријатие да донесат заедничка одлука во кој правец ќе одиме, која реконструкција ќе ја почнеме за да се операционализира овој проект и да се врати сообраќајот во нормала и во движење. Бочварски во Прилеп беше заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

The post Mостoт на Црна Река е во многу лоша состојба, министерот ветува санација во наредните 60 дена или градење нов appeared first on Република.

]]>
Нуркачи утрврдуваат каква е состојбата на столбовите на мостот на Црна Река https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nurkachi-utrvrduvaat-kakva-e-sostojbata-na-stolbovite-na-mostot-na-tsrna-reka/ Fri, 17 Nov 2023 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=702396

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Македонски железници, утринава информира дека покрај експертите од Градежен факултет, ангажирани биле и нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна кај Стоби каде има напукнат столб.

Поради тоа веќе два дена не се одвива товарниот железнички сообраќај до Гевгелија, а патничкиот сообраќај се одвива бавно со пренесување на патниците со автобуси кај Градско односно Криволак.

The post Нуркачи утрврдуваат каква е состојбата на столбовите на мостот на Црна Река appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Македонски железници, утринава информира дека покрај експертите од Градежен факултет, ангажирани биле и нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна кај Стоби каде има напукнат столб. Поради тоа веќе два дена не се одвива товарниот железнички сообраќај до Гевгелија, а патничкиот сообраќај се одвива бавно со пренесување на патниците со автобуси кај Градско односно Криволак.

The post Нуркачи утрврдуваат каква е состојбата на столбовите на мостот на Црна Река appeared first on Република.

]]>
Водостојот на Вардар и Црна Река е висок, предупредува УХМР https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vodostojot-na-vardar-i-tsrna-reka-e-visok-predupreduva-uhmr/ Sun, 18 Jun 2023 16:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=652833

Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање.

О УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

The post Водостојот на Вардар и Црна Река е висок, предупредува УХМР appeared first on Република.

]]>

Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање. О УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

The post Водостојот на Вардар и Црна Река е висок, предупредува УХМР appeared first on Република.

]]>