црна дупка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crna-dupka/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 07:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црна дупка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crna-dupka/ 32 32 Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-32-izdanie-na-megunarodniot-festival-na-kameren-teatar-risto-shishkov/ Sun, 08 Sep 2024 07:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=814260

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски.

Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов.

Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“.

Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

The post Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>

Триесет и второто издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува вечер, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања од земјава, Бугарија и Србија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од струмичкиот театар со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, кое се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланскиот лауреат Јордан Симонов. Во рамките на Фестивалот ќе се одржи промоција на списанието за култура и уметност „СУМ“, со разговор на тема „Благој Стефановски-лик и дело“. Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

The post Почнува 32.издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ за 75-от роденден на Театарот „Антон Панов“ од Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/izlozhba-na-fotografii-i-premiera-na-tsrna-dupka-za-75-ot-rodenden-na-teatarot-anton-panov-od-strumitsa/ Fri, 19 Apr 2024 08:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=767892

Театарот „Антон Панов“ од Струмица вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 75 години постоење, со премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. На премиерата, во 19.30 часот ќе претходи изложба на фотографии од Сречко Гунчев, насловена „75 години НТ „Антон Панов“.

Режисерот на претствата Љупчо Ѓоргиевски и актерската екипа на прес-конфренцијата говореа за претставата, која од нејзиното објавување во осумдесеттите години на минатиот век по четврти пат се поставува на сцена на професионален театар.

Како што истакна режисерот, претставата е истражување на тоа што како изведбен потенцијал го содржи текстот на Горан, на можностите што ги нуди неговата необична и зачудна драматуршка структура. Затоа, кога се разговарало што да се избере за јубилејот, тој ја предложил пиесата на Стефановски.

Се определивме за „Црна дупка“ бидејќи на некоја начин сметам дека е многу актуелна во овој момент за состојбата во која се наоѓаме.Кога велиме „Црна дупка“ не се однесува на термин од нашата галаксија и универзумот како појава, туку се однесува на една црна дупка во нашето живеење.Во таа смисла оваа пиеса спаѓа во постмодернистичиот период на Горан Стефановски, по „Диво месо“, по „Лет во место“ и други и бара еден поинаков пристап, рече режисерот Ѓоргиевски.

Актерот Васил Михаил, кој ја толкува улогата на Силјан, смета дека претставата е многу модерна, современа и пулсира со денешницата.

Овој текст од наша гледна точка не е воопшто лесен за поставување и затоа малку е поставуван на сцените на професионалните театри во државата. Беше предизвик да се работи овој текст и се надевам дека публиката ќе го прифати и претставата ќе комуницира со неа, рече Михаил.

Во преставата освен Васил Михаил, настапуваат Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

 

 

The post Изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ за 75-от роденден на Театарот „Антон Панов“ од Струмица appeared first on Република.

]]>

Театарот „Антон Панов“ од Струмица вечерва ќе го одбележи големиот јубилеј – 75 години постоење, со премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски. На премиерата, во 19.30 часот ќе претходи изложба на фотографии од Сречко Гунчев, насловена „75 години НТ „Антон Панов“. Режисерот на претствата Љупчо Ѓоргиевски и актерската екипа на прес-конфренцијата говореа за претставата, која од нејзиното објавување во осумдесеттите години на минатиот век по четврти пат се поставува на сцена на професионален театар. Како што истакна режисерот, претставата е истражување на тоа што како изведбен потенцијал го содржи текстот на Горан, на можностите што ги нуди неговата необична и зачудна драматуршка структура. Затоа, кога се разговарало што да се избере за јубилејот, тој ја предложил пиесата на Стефановски.
Се определивме за „Црна дупка“ бидејќи на некоја начин сметам дека е многу актуелна во овој момент за состојбата во која се наоѓаме.Кога велиме „Црна дупка“ не се однесува на термин од нашата галаксија и универзумот како појава, туку се однесува на една црна дупка во нашето живеење.Во таа смисла оваа пиеса спаѓа во постмодернистичиот период на Горан Стефановски, по „Диво месо“, по „Лет во место“ и други и бара еден поинаков пристап, рече режисерот Ѓоргиевски.
Актерот Васил Михаил, кој ја толкува улогата на Силјан, смета дека претставата е многу модерна, современа и пулсира со денешницата.
Овој текст од наша гледна точка не е воопшто лесен за поставување и затоа малку е поставуван на сцените на професионалните театри во државата. Беше предизвик да се работи овој текст и се надевам дека публиката ќе го прифати и претставата ќе комуницира со неа, рече Михаил.
Во преставата освен Васил Михаил, настапуваат Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.    

The post Изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ за 75-от роденден на Театарот „Антон Панов“ од Струмица appeared first on Република.

]]>
Струмички театар одбележува 75 години од постоењето со изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ од Горан Стефановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strumichki-teatar-odbelezhuva-75-godini-od-postoeneto-so-izlozhba-na-fotografii-i-premiera-na-tsrna-dupka-od-goran-stefanovski/ Wed, 17 Apr 2024 12:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=767146

Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето.

Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии е со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

Инаку, Струмичкиот народен театар почнал официјално со работа на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставен на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.

 

The post Струмички театар одбележува 75 години од постоењето со изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Со изложба на театарски фотографии и преимера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица в петок ќе одбележи 75 години од постоењето. Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии е со наслов „75 години НТ „Антон Панов“ од Сречко Гунчев, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов. Инаку, Струмичкиот народен театар почнал официјално со работа на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставен на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.  

The post Струмички театар одбележува 75 години од постоењето со изложба на фотографии и премиера на „Црна дупка“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>