црковен спор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crkoven-spor/ За подобро да се разбереме Fri, 20 May 2022 09:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црковен спор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/crkoven-spor/ 32 32 Mицкоски за црковното прашање: Потребно е време да се искристализираат намерите и позициите на СПЦ и би бил претпазлив во давањето на финални квалификации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-crkovnoto-prashanje-potrebno-e-vreme-da-se-iskristaliziraat-namerite-i-poziciite-na-spc-i-bi-bil-pretpazliv-vo-davanjeto-na-finalni-kvalifikacii/ Fri, 20 May 2022 10:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=504718

Потребно е време да се искристализираат намерите и позициите на СПЦ во односот кон нашата Македонска православна црква-Охридска Архиепископија и тука би бил претпазлив во давањето на финални квалификации, воздржувајќи се до моментот кога ќе имаме јасни позиции од нивна страна. Добро е тоа што има зближување на меѓусебните релации и што отворено се зборува на оваа тема, го коменетира црковниот спор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Дојче Веле“.

Тој смета дека е од  историско значење за нашата света православна црква е одлуката на Вселенската Патријашрија, водена од неговата светост Вартоломеј, бидејќи таквата одлука значи тргање на децениската шизма кон МПЦ и нејзино целосно признавање и вбројување во редот на признатите православни цркви во светот.

Таквиот статус на канонско единство со останатите православни цркви значи признавање на статусот дека сме еднакви со другите. Историската тежина на таквата одлука е дотолку поголема зашто се однесува на името ОА  овозможувајќи повеќевековен историски континуитет на нашата Македонска православна црква, вбројувајќи ја во една од најстарите цркви во овој дел на регионот и светот. МПЦ, пресликана во континуитетот на Охридска Архиеписикопија, е еден од најсилните бастиони и упоришта на постоењето на македонскиот народ, кој е различен од бугарскиот, српскиот и околни народи. Со таквата одлука на Вселенската Патријаршија овој факт се потврдува. Впрочем, ОА е браникот на тој духовен и културен идентитет околу кој се граделе и слободарските идеи за постоењето и формирањето на националните идеи, традиции, верувања. МПЦ-ОА, Синодот и поглаварот г.г. Стефан одиграа значајна улога во овој историски контекст. Почитувајќи ги одредбите за секуларна држава, но зачувувајќи го природното право, ВМРО-ДПМНЕ, како демохристијанска партија негува блиски врски со црквата и ја чувствува меѓу другото за природен сентимент во своето делување, во тоа име повикувам на единство и мудрост во овие времиња. Најважно е Синодот, владиците во него да го сочуваат единството и да останат посветени на верниот народ, и обединети со мудроста која сите луѓе во Синодот неспорно ја поседуваат, да издејствуваат целосно етаблирање и реализација на вековната борба за призната црква и нејзино прифаќање од сите останати православни цркви. Верувам дека г.г. Стефан со Синодот ќе донесат одлуки најдобри за нашиот народ и црква.

The post Mицкоски за црковното прашање: Потребно е време да се искристализираат намерите и позициите на СПЦ и би бил претпазлив во давањето на финални квалификации appeared first on Република.

]]>

Потребно е време да се искристализираат намерите и позициите на СПЦ во односот кон нашата Македонска православна црква-Охридска Архиепископија и тука би бил претпазлив во давањето на финални квалификации, воздржувајќи се до моментот кога ќе имаме јасни позиции од нивна страна. Добро е тоа што има зближување на меѓусебните релации и што отворено се зборува на оваа тема, го коменетира црковниот спор лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Дојче Веле“. Тој смета дека е од  историско значење за нашата света православна црква е одлуката на Вселенската Патријашрија, водена од неговата светост Вартоломеј, бидејќи таквата одлука значи тргање на децениската шизма кон МПЦ и нејзино целосно признавање и вбројување во редот на признатите православни цркви во светот.