Conservative.mk Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/conservative-mk/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 20:56:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Conservative.mk Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/conservative-mk/ 32 32 Конзерватив.мк: Наш активист неправедно е уапсен за бомбашките закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/konzervativ-mk-nash-aktivist-nepravedno-e-uapsen-za-bombashkite-zakani/ Wed, 02 Nov 2022 20:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=568945

Од идеолошкиот и аналитички центар Конзеватив.мк (Conservative.mk) пишуваат дека осомничениот во врска со анонимните закани за поставени бомби во скопски средни училишта е Никола Николовски, нивни активист, кој на веб-страницата е наведен и како уредник. Според нив, Николовски нема никаква врска со овој случај.

„Како во најцрните денови од комунизмот, со над 10 службеници е приведен повеќе од четири часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје“, се вели во објавата.

„Никола е пред сѐ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент“, велат од Conservative.mk.

„Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“, велат од центарот.

МВР попладнето соопшти дека е уапсен осомничен во врска со заканите за бомби, со иницијали Н.Н.

The post Конзерватив.мк: Наш активист неправедно е уапсен за бомбашките закани appeared first on Република.

]]>