Цитроен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/citroen/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 12:43:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Цитроен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/citroen/ 32 32 Вработен во „Сејф сити“ ја откри локацијата на „цитроенот“: Oд Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, па по „Орце Николов“, кај Машински факултет и врти кај МИДА https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-sejf-siti-ja-otkri-lokatsijata-na-tsitroenot-od-partizanska-vrti-nakaj-ruzveltova-pa-po-ortse-nikolov-kaj-mashinski-fakultet-i-vrti-kaj-mida/ Mon, 25 Nov 2024 12:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=841578

На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје.

- Вршевме пребарување на подрачје на Град Скопје, потоа пребарувавме по дојави, сѐ додека понатамошната истрага не го поврза возилото Цитроен што беше запалено во Бразда, исчезнатото лице од Велес, со девојчето, рече Мирчевски.

Мирчевски објасни дека го следеле движењето на Цитроенот на 24 ноември, од Маџари Триангла до местото каде што живеело девојчето.

- Од Маџари Триангла оди на посоченото место каде што живееше девојчето и потоа си оди, и истиот по пребарување на 27 ноември, го наоѓаме како доаѓа од Бутел и од таму оди на местото на грабнување на девојчето, потоа го наоѓаме на Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, потоа „Орце Николов“, и од сервисната улица излегува кај Машински факултет и врти кај МИДА, после Александар Палас ни се губи, појасни тој.

 

Сведокот истакна дека целата истрага ја водел началникот Дејан Димовски со неговите колеги, додека, како што рече, „ние дававме сугестии и ги проверувавме информациите од терен“. Тој посочи дека во возилото „Рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети.

- Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице, рече сведокот. На вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, тој одговори дека не е надлежен да одговори дали треба во возилата да има ДНК на лицата кои ги возеле. Прашан дали учествувал на составување на фото-албумот во врска со сомнителните ПМВ, одговори дека помагаат во сето она што придонесува за расчистување на кривични дела. Прашан дали неговиот денешен исказ соодветствува со исказот даден во Обвинителството, особено во делот со забележаните силуети, одговори дека не е сигурен.

На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот одговори дека возилото Цитроен на 27 ноември е следено по барање на началникот на СВР Велес.

- На 27 ноември го следиме возилото Цитроен по барање на началник на СВР Велес бидејќи е на исчезнато лице сопственик на тоа возило. На 27 возилото е најдено запалено и по барање на началникот се доставени снимки на СВР Велес.

Прашан дали е тоа причината што возилото го следеле и пред 27 ноември, одговори да. Одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо по завршувањето на сослушувањето на даде приговор за, според нив, невистинитост на исказот на сведокот Мирчевски. На следното рочиште е предвидено да сведочи сведокот Гоце Трајковски и уште двајца сведоци.

Претходно на денешното судење за двојното убиство сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Сведокот Игор Јанушев, службено лице ангажирано за настанот изјави дека според кажувањата на Велибор Манев, тие се движеле накај Велес, каде што Велибор изјавил: „Тука е местото, тука има закопано човек.“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-prvpat-objavi-imame-materijalni-dokazi-koi-go-povrzuvaat-palcho-so-ubistvata/

Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи, сведочеше дека на 3.12.2023 бил ангажиран за преземање службени дејствија за пренос на лице од едно на друго место.

Воедно, обвинетиот Влатко Кешишов денеска изјави дека изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството не е негова, односно дека бил принуден од Палчо да ја напише.

Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска  изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства.

- Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие.

Во однос на тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишов, кој го смени првичниот исказ и тврди дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата, обвинителките рекоа дека оваа изјава на Кешишов нема доказна вредност.

На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 16 декември

The post Вработен во „Сејф сити“ ја откри локацијата на „цитроенот“: Oд Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, па по „Орце Николов“, кај Машински факултет и врти кај МИДА appeared first on Република.

]]>

На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје. - Вршевме пребарување на подрачје на Град Скопје, потоа пребарувавме по дојави, сѐ додека понатамошната истрага не го поврза возилото Цитроен што беше запалено во Бразда, исчезнатото лице од Велес, со девојчето, рече Мирчевски. Мирчевски објасни дека го следеле движењето на Цитроенот на 24 ноември, од Маџари Триангла до местото каде што живеело девојчето. - Од Маџари Триангла оди на посоченото место каде што живееше девојчето и потоа си оди, и истиот по пребарување на 27 ноември, го наоѓаме како доаѓа од Бутел и од таму оди на местото на грабнување на девојчето, потоа го наоѓаме на Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, потоа „Орце Николов“, и од сервисната улица излегува кај Машински факултет и врти кај МИДА, после Александар Палас ни се губи, појасни тој.   Сведокот истакна дека целата истрага ја водел началникот Дејан Димовски со неговите колеги, додека, како што рече, „ние дававме сугестии и ги проверувавме информациите од терен“. Тој посочи дека во возилото „Рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети. - Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице, рече сведокот. На вкрстени прашања од одбраната на обвинетите, тој одговори дека не е надлежен да одговори дали треба во возилата да има ДНК на лицата кои ги возеле. Прашан дали учествувал на составување на фото-албумот во врска со сомнителните ПМВ, одговори дека помагаат во сето она што придонесува за расчистување на кривични дела. Прашан дали неговиот денешен исказ соодветствува со исказот даден во Обвинителството, особено во делот со забележаните силуети, одговори дека не е сигурен. На дополнителни прашања од обвинителството, сведокот одговори дека возилото Цитроен на 27 ноември е следено по барање на началникот на СВР Велес. - На 27 ноември го следиме возилото Цитроен по барање на началник на СВР Велес бидејќи е на исчезнато лице сопственик на тоа возило. На 27 возилото е најдено запалено и по барање на началникот се доставени снимки на СВР Велес. Прашан дали е тоа причината што возилото го следеле и пред 27 ноември, одговори да. Одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо по завршувањето на сослушувањето на даде приговор за, според нив, невистинитост на исказот на сведокот Мирчевски. На следното рочиште е предвидено да сведочи сведокот Гоце Трајковски и уште двајца сведоци. Претходно на денешното судење за двојното убиство сведочеа службени лица кои биле назначени да го спроведат обвинетиот Велибор Манев до местото каде што било закопано телото на Жежовски. Сведокот Игор Јанушев, службено лице ангажирано за настанот изјави дека според кажувањата на Велибор Манев, тие се движеле накај Велес, каде што Велибор изјавил: „Тука е местото, тука има закопано човек.“. https://republika.mk/vesti/makedonija/ojo-prvpat-objavi-imame-materijalni-dokazi-koi-go-povrzuvaat-palcho-so-ubistvata/ Зоран Абаз, вработен во Министерството за внатрешни работи, сведочеше дека на 3.12.2023 бил ангажиран за преземање службени дејствија за пренос на лице од едно на друго место.
Воедно, обвинетиот Влатко Кешишов денеска изјави дека изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството не е негова, односно дека бил принуден од Палчо да ја напише.
Пред денешното рочиште, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска  изјавија дека има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо со двете убиства. - Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, изјавија тие. Во однос на тврдењето на обвинетиот Влатко Кешишов, кој го смени првичниот исказ и тврди дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата, обвинителките рекоа дека оваа изјава на Кешишов нема доказна вредност. На изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. Беше сослушано семејството на таткото на Вања, како и повеќе познаници на обвинетиот Палчо. На првото одржано рочиште, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 16 декември

The post Вработен во „Сејф сити“ ја откри локацијата на „цитроенот“: Oд Партизанска, врти накај „Рузвелтова“, па по „Орце Николов“, кај Машински факултет и врти кај МИДА appeared first on Република.

]]>
Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-kade-im-se-snimkite-od-tsitroenot-na-panche-na-kiratsa-i-sinot/ Fri, 15 Nov 2024 13:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=838113

Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Таа ги повторно ги споила нејзниот син Гоце и Александар, таткото на Вања, инаку стари кумови кои се немале видено повеќе од десет години.

Гоце по наговор на мајката се вклучил во потрагата по Вања бидејќи како што рече Александар бил мирен и повлечен.

Гоце, а потоа и Кираца обезбедиле снимките од околните објекти кај зградата каде беше грабната Вања.

Го забележале и Цитроенот, но отпрвин не знаеле дека е на Панче ниту дека е поврзан со грабнувањето на девојчата. Кој е сопственикот на возилото Кираца разбрала подоцна откако се распрашала кај некои луѓе во Велес.

[caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption]

Од каде им се снимките Кираца денеска не кажа. Можеби ќе каже нејзниот син на следните рочишта откако денеска не дојде бидејќи имал панични напади.

Кираца проговори и за нејзниот однос со Палевски. Тој бил сопруг на втора братучетка на Трајковска и им одел муабетот.

Во тој контекст Палевски денеска ја праша дали верува дека тој може да ја убие Вања.

Таа одговори не, особено не ако во прашање се пари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kiratsa-trajkovska-ne-veruvam-deka-palcho-ja-ubil-vana-osobeno-ne-ako-prichina-bile-pari/

The post Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот? appeared first on Република.

]]>

Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таа ги повторно ги споила нејзниот син Гоце и Александар, таткото на Вања, инаку стари кумови кои се немале видено повеќе од десет години. Гоце по наговор на мајката се вклучил во потрагата по Вања бидејќи како што рече Александар бил мирен и повлечен. Гоце, а потоа и Кираца обезбедиле снимките од околните објекти кај зградата каде беше грабната Вања. Го забележале и Цитроенот, но отпрвин не знаеле дека е на Панче ниту дека е поврзан со грабнувањето на девојчата. Кој е сопственикот на возилото Кираца разбрала подоцна откако се распрашала кај некои луѓе во Велес. [caption id="attachment_729763" align="alignnone" width="514"] foto Srgan Nogo[/caption] Од каде им се снимките Кираца денеска не кажа. Можеби ќе каже нејзниот син на следните рочишта откако денеска не дојде бидејќи имал панични напади. Кираца проговори и за нејзниот однос со Палевски. Тој бил сопруг на втора братучетка на Трајковска и им одел муабетот. Во тој контекст Палевски денеска ја праша дали верува дека тој може да ја убие Вања. Таа одговори не, особено не ако во прашање се пари. https://republika.mk/vesti/makedonija/kiratsa-trajkovska-ne-veruvam-deka-palcho-ja-ubil-vana-osobeno-ne-ako-prichina-bile-pari/

The post Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот? appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Немаше пријава за украдено возило, туку „исчезнато е лицето, а возилото не било тука“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-nemashe-prijava-za-ukradeno-vozilo-tuku-ischeznato-e-litseto-a-voziloto-ne-bilo-tuka/ Fri, 15 Dec 2023 10:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=723234

Неоснованите и неаргументирани тврдења за текот на истрагата извршуваат уште еднаш убиство врз жртвите, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, одговарајќи на прашањето кога и на кој начин е дојдено до сознанија за осомничените како извршители за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој потенцира и дека постапувањата за двата случаи почнале од моментот на пријавувањето.

Се постапува врз основа на пријавите и тоа веднаш од моментот кога се пријавува. Не сакам шпекулациите да бидат на преден план. Бевте сведоци на шпекулации дека убиствата биле извршени од лица од една или друга етничка припадност, дека им е дозволено да избегаат во Косово, па дека се наоѓа девојчето во некоја џамија во Косово итн. Тоа беа најгнасните лаги и невистини, тоа беше нешто најдолно што може да се случува. Ова се тврдења кои што можат да ги направат само десни екстремистички групи кои што апсолутно не соодветствуваат со реалноста и сакаат да се предизвика некаква недоверба, страв итн., и покрај брзината и ефикасноста со која работеше полицијата. Прво, во однос на случајот со велешанецот, во однос на пријавата, мора да кажеме дека шпекулации се дека од 22-ри, па дека не се постапувало итн. Значи, пријавувањето на исчезнување на лицето е извршено на 24-ти вечерта и тоа за исчезнување на лице кое што живеело само, кое што фамилијата, семејството го бара и не го наоѓа и пријавува дека исчезнува лицето. Секако дека нема пријава во која што се вели дека е украдено моторно возило итн., туку исчезнато е лицето, а возилото не било тука, па се претпоставува дека лицето заминало со возилото некаде, објасни Спасовски, посочувајќи дека од тој момент започнуваат и сите постапки во однос на истрагата во Велес, од страна на СВР Велес, а за случајот во Скопје, веднаш после првата пријава на телефонскиот број, се активираат сите механизми во однос на пронаоѓањето на девојчето.

The post Спасовски: Немаше пријава за украдено возило, туку „исчезнато е лицето, а возилото не било тука“ appeared first on Република.

]]>

Неоснованите и неаргументирани тврдења за текот на истрагата извршуваат уште еднаш убиство врз жртвите, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“, одговарајќи на прашањето кога и на кој начин е дојдено до сознанија за осомничените како извршители за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој потенцира и дека постапувањата за двата случаи почнале од моментот на пријавувањето.
Се постапува врз основа на пријавите и тоа веднаш од моментот кога се пријавува. Не сакам шпекулациите да бидат на преден план. Бевте сведоци на шпекулации дека убиствата биле извршени од лица од една или друга етничка припадност, дека им е дозволено да избегаат во Косово, па дека се наоѓа девојчето во некоја џамија во Косово итн. Тоа беа најгнасните лаги и невистини, тоа беше нешто најдолно што може да се случува. Ова се тврдења кои што можат да ги направат само десни екстремистички групи кои што апсолутно не соодветствуваат со реалноста и сакаат да се предизвика некаква недоверба, страв итн., и покрај брзината и ефикасноста со која работеше полицијата. Прво, во однос на случајот со велешанецот, во однос на пријавата, мора да кажеме дека шпекулации се дека од 22-ри, па дека не се постапувало итн. Значи, пријавувањето на исчезнување на лицето е извршено на 24-ти вечерта и тоа за исчезнување на лице кое што живеело само, кое што фамилијата, семејството го бара и не го наоѓа и пријавува дека исчезнува лицето. Секако дека нема пријава во која што се вели дека е украдено моторно возило итн., туку исчезнато е лицето, а возилото не било тука, па се претпоставува дека лицето заминало со возилото некаде, објасни Спасовски, посочувајќи дека од тој момент започнуваат и сите постапки во однос на истрагата во Велес, од страна на СВР Велес, а за случајот во Скопје, веднаш после првата пријава на телефонскиот број, се активираат сите механизми во однос на пронаоѓањето на девојчето.

The post Спасовски: Немаше пријава за украдено возило, туку „исчезнато е лицето, а возилото не било тука“ appeared first on Република.

]]>
Документи дека Спасовски и МВР знаеле дека возилото на Панче е исчезнато четири дена и ништо не презеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dokumenti-deka-spasovski-i-mvr-znaele-deka-voziloto-na-panche-e-ischeznato-chetiri-dena-i-nishto-ne-prezele/ Tue, 12 Dec 2023 11:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=722138

Доколку МВР водено од Оливер Спасовски ги преземеше сите мерки за пронаѓање на сега убиениот Панче и неговото возило, убиството на Вања можело да се спречи.Наместо инаетење, Спасовски и власта треба да преземат одговорност.

Со денови прашуваме, а Спасовски бега и манипулира. Сега ќе ја обелодениме вистината. На 4 декември, кога Спасовски држи заедничка прес конференција со Гаврил Бубевски, за возилото на Панче рече: -Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“, обвини Драган Ковачки

Тој смета дека Спасовски го излажа народот.

Вистината е следна. МВР знаело на 24 ноември, дека возилото на сега убиениот а тогаш исчезнат Панче, е исчезнато уште од 22 ноември односно 5 дена пред убиството на Вања.Ова е телеграма од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември.Оваа телеграма е доказ дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на Панче е исчезнато уште од 22 ноември, но за жал не преземаат ништо. Напротив, полицијата по однос на овој случај презема акција 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма.

По оваа прес конференција очекуваме врвот на МВР да преземе одговорност, затоа што доколку навреме реагирале уште на 24 ноември и објавиле централна објава по возилото, убијците на Панче ќе биле пронајдени, а Вања можеби ќе беше спасена.

https://www.youtube.com/watch?v=qIhbTybVpxU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Спасовски и врвот на МВР мора да преземат одговорност, за случаи како овој никогаш да не се повторат. Криењето на овој податок има само за цел амнестија на Спасовски и врвот на МВР од политичка одговорност и ништо друго.

The post Документи дека Спасовски и МВР знаеле дека возилото на Панче е исчезнато четири дена и ништо не презеле appeared first on Република.

]]>

Доколку МВР водено од Оливер Спасовски ги преземеше сите мерки за пронаѓање на сега убиениот Панче и неговото возило, убиството на Вања можело да се спречи.Наместо инаетење, Спасовски и власта треба да преземат одговорност. Со денови прашуваме, а Спасовски бега и манипулира. Сега ќе ја обелодениме вистината. На 4 декември, кога Спасовски држи заедничка прес конференција со Гаврил Бубевски, за возилото на Панче рече: -Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“, обвини Драган Ковачки Тој смета дека Спасовски го излажа народот.
Вистината е следна. МВР знаело на 24 ноември, дека возилото на сега убиениот а тогаш исчезнат Панче, е исчезнато уште од 22 ноември односно 5 дена пред убиството на Вања.Ова е телеграма од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември.Оваа телеграма е доказ дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на Панче е исчезнато уште од 22 ноември, но за жал не преземаат ништо. Напротив, полицијата по однос на овој случај презема акција 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма.
По оваа прес конференција очекуваме врвот на МВР да преземе одговорност, затоа што доколку навреме реагирале уште на 24 ноември и објавиле централна објава по возилото, убијците на Панче ќе биле пронајдени, а Вања можеби ќе беше спасена. https://www.youtube.com/watch?v=qIhbTybVpxU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Спасовски и врвот на МВР мора да преземат одговорност, за случаи како овој никогаш да не се повторат. Криењето на овој податок има само за цел амнестија на Спасовски и врвот на МВР од политичка одговорност и ништо друго.

The post Документи дека Спасовски и МВР знаеле дека возилото на Панче е исчезнато четири дена и ништо не презеле appeared first on Република.

]]>
Дали е точно дека „Цитроенот“ на Панче три дена бил подготвуван за убиството на Вања? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-tochno-deka-tsitroenot-na-panche-tri-dena-bil-podgotvuvan-za-ubistvoto-na-vana/ Thu, 07 Dec 2023 10:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=720657

Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември во МВР, а веќе на 24-ти веќе е во Скопје, во пресот во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор.

Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот Панче Жежовски, му го земал возилото и со денови шетал слободно, по што извршил уште едно убиство и избегал.

Зошто, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ

https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vana-mozheshe-da-bide-spasena-dokolku-nemashe-propusti-vo-istragata/

Затоа што МВР направило серија на пропусти со ненавремено и непрофесионално расветлување на случајот со исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски. МВР по пријавувањето на исчезнувањето на Панче од самиот почеток НЕ преземале конкретни и сеопфатни оперативни мерки.

https://www.youtube.com/watch?v=5JbKhCsezKM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Легитимно се поставуваат прашања за кои, повторувам,  искажуваме сомнеж дека МВР направило пропусти во постапувањето и бараме МВР да одговори:

1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие КАДЕ имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури после четири дена?

2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад?

3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ?

4. Дали е точно ВНИМАВАЈТЕ – дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22-ри ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче?

5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22-ри, дури и на веб-портал на 25-ти е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое повторувам – министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче?

6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања било уште во петокот, односно три дена пред убиството, на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство?

Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на  исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!

The post Дали е точно дека „Цитроенот“ на Панче три дена бил подготвуван за убиството на Вања? appeared first on Република.

]]>

Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22-ри ноември во МВР, а веќе на 24-ти веќе е во Скопје, во пресот во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор. Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот Панче Жежовски, му го земал возилото и со денови шетал слободно, по што извршил уште едно убиство и избегал. Зошто, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vana-mozheshe-da-bide-spasena-dokolku-nemashe-propusti-vo-istragata/
Затоа што МВР направило серија на пропусти со ненавремено и непрофесионално расветлување на случајот со исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски. МВР по пријавувањето на исчезнувањето на Панче од самиот почеток НЕ преземале конкретни и сеопфатни оперативни мерки.
https://www.youtube.com/watch?v=5JbKhCsezKM&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Легитимно се поставуваат прашања за кои, повторувам,  искажуваме сомнеж дека МВР направило пропусти во постапувањето и бараме МВР да одговори: 1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие КАДЕ имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури после четири дена? 2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад? 3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ? 4. Дали е точно ВНИМАВАЈТЕ – дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22-ри ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче? 5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22-ри, дури и на веб-портал на 25-ти е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое повторувам – министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче? 6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања било уште во петокот, односно три дена пред убиството, на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство? Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на  исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!

The post Дали е точно дека „Цитроенот“ на Панче три дена бил подготвуван за убиството на Вања? appeared first on Република.

]]>
Снимка открива дека „цитроенот“ гори веќе во 9:37 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/snimka-otkriva-deka-tsitroenot-gori-veke-vo-9-37-chasot/ Thu, 07 Dec 2023 08:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=720574

Споделувајќи снимки од Визбегово утрото кога 14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирања, новинарот Фуркан Салиу на „ПорталиX“ објави видео на кое се гледа украдениот „цитроен“ на Панче Жежовски, кој вози кон Бразда.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/

Во видеото се гледаат возач и совозач со црни капи во „цитроенот“, како и нешто што наликува на бела вреќа во задниот дел од возилото. Заедно со „цитроенот“ е снимено и другото возило „рено“.

Според снимките на Салиу, се гледа оган од пожар на местото каде што подоцна е пронајдено опожареното возило, но и закопаното тело на убиеното девојче. Тоа гори веќе во 9:37 часот.

The post Снимка открива дека „цитроенот“ гори веќе во 9:37 часот appeared first on Република.

]]>

Споделувајќи снимки од Визбегово утрото кога 14-годишната Вања Ѓорчевска е киднапирања, новинарот Фуркан Салиу на „ПорталиX“ објави видео на кое се гледа украдениот „цитроен“ на Панче Жежовски, кој вози кон Бразда. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/ Во видеото се гледаат возач и совозач со црни капи во „цитроенот“, како и нешто што наликува на бела вреќа во задниот дел од возилото. Заедно со „цитроенот“ е снимено и другото возило „рено“. Според снимките на Салиу, се гледа оган од пожар на местото каде што подоцна е пронајдено опожареното возило, но и закопаното тело на убиеното девојче. Тоа гори веќе во 9:37 часот.

The post Снимка открива дека „цитроенот“ гори веќе во 9:37 часот appeared first on Република.

]]>
Дали е ова телото на Вања? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-e-ova-teloto-na-vana/ Thu, 07 Dec 2023 08:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=720551

ПорталиX“ и новинарот Фуркан Салиу објави видео на кој се гледа „Цитроенот“ со кој е грабната Вања и однесена во селото Бразда.Возилото е снимено во селото Визбегово во време кое одговара на периодот кога девојчето е земено од пред нејзиниот дом.

[caption id="attachment_720561" align="aligncenter" width="640"] Фото порталиикс[/caption]

На снимката се гледа дека во возилото се две лица со капи и дека позади во багажникот се гледа нешто што наликува на бела вреќа.

[caption id="attachment_720559" align="aligncenter" width="584"] фото Порталиикс[/caption]

Токму полицијата објави дека Вања била ставена во вреќа и пиканата во автомобилот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/snimka-otkriva-deka-tsitroenot-gori-veke-vo-9-37-chasot/

Исто така на снимката се гледа густ чад кој најверојатно потекнува од запаленото возило.

[caption id="attachment_720567" align="aligncenter" width="578"] порталиикс[/caption]

The post Дали е ова телото на Вања? appeared first on Република.

]]>

ПорталиX“ и новинарот Фуркан Салиу објави видео на кој се гледа „Цитроенот“ со кој е грабната Вања и однесена во селото Бразда.Возилото е снимено во селото Визбегово во време кое одговара на периодот кога девојчето е земено од пред нејзиниот дом. [caption id="attachment_720561" align="aligncenter" width="640"] Фото порталиикс[/caption] На снимката се гледа дека во возилото се две лица со капи и дека позади во багажникот се гледа нешто што наликува на бела вреќа. [caption id="attachment_720559" align="aligncenter" width="584"] фото Порталиикс[/caption] Токму полицијата објави дека Вања била ставена во вреќа и пиканата во автомобилот. https://republika.mk/vesti/makedonija/snimka-otkriva-deka-tsitroenot-gori-veke-vo-9-37-chasot/ Исто така на снимката се гледа густ чад кој најверојатно потекнува од запаленото возило. [caption id="attachment_720567" align="aligncenter" width="578"] порталиикс[/caption]

The post Дали е ова телото на Вања? appeared first on Република.

]]>