цигари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cigari/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 16:34:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цигари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cigari/ 32 32 Се најавува ново поскапување на цигарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-najavuva-novo-poskapuvane-na-tsigarite/ Mon, 30 Sep 2024 16:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=821144

Со новите мерки на Владата, цената на цигарите повторно ќе се зголеми за 5 денари, што предизвика големо незадоволство меѓу пушачите.

Ова поскапување е дел од стратешкиот план на Министерството за финансии, кое предвидува дека секој октомври до 2030 година, цената на цигарите ќе расте за истата сума.

Оваа одлука има за цел да се зачува здравјето на луѓето, да се намали потрошувачката на тутун и да се зголемат државните приходи, но реакциите од јавноста, особено од пушачите, се исклучително негативни.

The post Се најавува ново поскапување на цигарите appeared first on Република.

]]>

Со новите мерки на Владата, цената на цигарите повторно ќе се зголеми за 5 денари, што предизвика големо незадоволство меѓу пушачите. Ова поскапување е дел од стратешкиот план на Министерството за финансии, кое предвидува дека секој октомври до 2030 година, цената на цигарите ќе расте за истата сума. Оваа одлука има за цел да се зачува здравјето на луѓето, да се намали потрошувачката на тутун и да се зголемат државните приходи, но реакциите од јавноста, особено од пушачите, се исклучително негативни.

The post Се најавува ново поскапување на цигарите appeared first on Република.

]]>
Цигари, тутун, филтри, петарди: Приведен тетовец со голема количина стока без документација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsigari-tutun-filtri-petardi-priveden-tetovets-so-golema-kolichina-stoka-bez-dokumentatsija/ Thu, 08 Aug 2024 15:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=804664

Во тетовското село Мала Речица, во 7.30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од тетовско Долно Палчиште.

При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари, соопштија од МВР.

Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.

The post Цигари, тутун, филтри, петарди: Приведен тетовец со голема количина стока без документација appeared first on Република.

]]>

Во тетовското село Мала Речица, во 7.30 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.С.(44) од тетовско Долно Палчиште.
При преглед во патничкото возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека без соодветна документација превезува 204 штеки цигари од различни брендови, 24 кутии со тутун од еден килограм и 145 кутии со тутун од 500 грама, пиротехнички средства, 20 машинки за правење цигари и 36 кутии со вкупно 18.000 филтри за цигари, соопштија од МВР.
Возилото било одземено и заедно со лицето биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278Б од Кривичниот законик.

The post Цигари, тутун, филтри, петарди: Приведен тетовец со голема количина стока без документација appeared first on Република.

]]>
Царинските службеници спречиле обиди за криумчарење на цигари, пури и облека https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinskite-sluzhbenitsi-sprechile-obidi-za-kriumcharene-na-tsigari-puri-i-obleka/ Wed, 31 Jul 2024 08:40:01 +0000 https://republika.mk/?p=801913

Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничен премин Богородица, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничен премин Табановце за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за криумчарење на цигари, пури и облека, и тоа:

 

Цигари

- 69 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia,  Ome и Parliament Aqua Blue, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. По завршување на чекирањето патникот се упатил на царинска,пасошка и безбедносна контрола за излез без да пријави и да декларира нешто, но при преглед на неговиот куфер царинските службеници пронашле 69 штеки непријавени цигари без акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.

 

Пури

- 100 пури од марките Cohiba, Bolivar, Trinidad и Montecristo, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со странски регистарски таблички, на граничен премин Деве Баир на влез во државата. При преглед на автобусот, позади возачкото седиште во кеси со храна и во ранец со гардероба на возачот, пронајдени се непријавените 100 пури. Стоката е задржана, а против лицето е започната соодветна постапка.

 

Облека

- 413 парчиња облека (фустани, женски пантолони, маици и кошули), откриени на влез во државта на граничен премин Табановце при контрола на автобус со македонски  регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на автобусот изјавил дека нема ништо за пријавување. При царинска контрола на автобусот, во задна гума и во багажниот простор помеѓу торби и куфери на патници, замотани во најлонски кеси и торби излепени со леплива трака, била пронајдена  непријавената стока. Текстилните производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

The post Царинските службеници спречиле обиди за криумчарење на цигари, пури и облека appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничен премин Богородица, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничен премин Табановце за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за криумчарење на цигари, пури и облека, и тоа:   Цигари - 69 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia,  Ome и Parliament Aqua Blue, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. По завршување на чекирањето патникот се упатил на царинска,пасошка и безбедносна контрола за излез без да пријави и да декларира нешто, но при преглед на неговиот куфер царинските службеници пронашле 69 штеки непријавени цигари без акцизни маркички. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.   Пури - 100 пури од марките Cohiba, Bolivar, Trinidad и Montecristo, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со странски регистарски таблички, на граничен премин Деве Баир на влез во државата. При преглед на автобусот, позади возачкото седиште во кеси со храна и во ранец со гардероба на возачот, пронајдени се непријавените 100 пури. Стоката е задржана, а против лицето е започната соодветна постапка.   Облека - 413 парчиња облека (фустани, женски пантолони, маици и кошули), откриени на влез во државта на граничен премин Табановце при контрола на автобус со македонски  регистарски таблички. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот на автобусот изјавил дека нема ништо за пријавување. При царинска контрола на автобусот, во задна гума и во багажниот простор помеѓу торби и куфери на патници, замотани во најлонски кеси и торби излепени со леплива трака, била пронајдена  непријавената стока. Текстилните производи се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка.

The post Царинските службеници спречиле обиди за криумчарење на цигари, пури и облека appeared first on Република.

]]>
Jaпонците не простуваат цигари и алкохол кај спортистите https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/japontsite-ne-prostuvaat-tsigari-i-alkohol-kaj-sportistite/ Sat, 20 Jul 2024 06:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=798595

Капитенот на јапонската женска репрезентација во гимнастика, Шоко Мијата (19), се повлече од тимот за Олимписките игри во Париз, откако ги прекрши правилата поврзани со пушење и алкохол, соопшти денеска Јапонската гимнастичарска асоцијација (ЈГА).

Мијата во четвртокот го напушти тренинг кампот на репрезентацијата во Монако и се врати во Токио по истрагата која го потврди дека ги прекршила правилата.
Младата девојка признала дека во јуни еднаш испила алкохолен пијалак и запалила цигара откако се вратила во Токио од базата во Монако. Пушењето и пиењето се забранети во Јапонија за лица помлади од 20 години.

 Се извинуваме од сè срце за ова, рече претседателот на ЈГА Тадаши Фуџита, длабоко поклонувајќи се заедно со другите официјални лица, вклучувајќи го и тренерот на Мијата, Муцуми Харада.

Тренерот Харада изјави дека однесувањето на Мијата било непромислено, но и дека била под голем притисок пред ОИ.

 Деновите ги помина навистина оптоварена со толку голем притисок. Би ги замолил луѓето да го разберат тоа, рече тој, бришејќи ги солзите.

Мијата е актуелна јапонска шампионка. На Светското првенство во 2022 година во Ливерпул, таа освои бронза на греда и го освои петтото место во повеќебој.
Гимнастиката е еден од најпопуларните спортови на Летните игри и натпреварувањата ќе се одржуваат од 27 јули до 5 авгус

The post Jaпонците не простуваат цигари и алкохол кај спортистите appeared first on Република.

]]>

Капитенот на јапонската женска репрезентација во гимнастика, Шоко Мијата (19), се повлече од тимот за Олимписките игри во Париз, откако ги прекрши правилата поврзани со пушење и алкохол, соопшти денеска Јапонската гимнастичарска асоцијација (ЈГА). Мијата во четвртокот го напушти тренинг кампот на репрезентацијата во Монако и се врати во Токио по истрагата која го потврди дека ги прекршила правилата. Младата девојка признала дека во јуни еднаш испила алкохолен пијалак и запалила цигара откако се вратила во Токио од базата во Монако. Пушењето и пиењето се забранети во Јапонија за лица помлади од 20 години.
 Се извинуваме од сè срце за ова, рече претседателот на ЈГА Тадаши Фуџита, длабоко поклонувајќи се заедно со другите официјални лица, вклучувајќи го и тренерот на Мијата, Муцуми Харада.
Тренерот Харада изјави дека однесувањето на Мијата било непромислено, но и дека била под голем притисок пред ОИ.
 Деновите ги помина навистина оптоварена со толку голем притисок. Би ги замолил луѓето да го разберат тоа, рече тој, бришејќи ги солзите.
Мијата е актуелна јапонска шампионка. На Светското првенство во 2022 година во Ливерпул, таа освои бронза на греда и го освои петтото место во повеќебој. Гимнастиката е еден од најпопуларните спортови на Летните игри и натпреварувањата ќе се одржуваат од 27 јули до 5 авгус

The post Jaпонците не простуваат цигари и алкохол кај спортистите appeared first on Република.

]]>
На ултра-процесираната храна треба да стои предупредување како на цигарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-ultra-protsesiranata-hrana-treba-da-stoi-predupreduvane-kako-na-tsigarite/ Thu, 27 Jun 2024 12:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=791289

Ултра-процесираната храна (Ultra-processed foods – UPF), треба да се продава со предупредувања во истиот стил како оние на тутунот, но и да подлежи на потешко оданочување поради влијанието врз здравјето и смртноста, смета професорот Карлос Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло.

Овие намирници ја поттикнуваат пандемијата на дебелина и други хронични болести поврзани со исхраната, како што е дијабетесот, вели тој.

Острото предупредување доаѓа во услови на брзо растечка глобална потрошувачка на УПФ, како што се житарици, протеински барови, газирани пијалаци, готови оброци и брза храна.

Ултра преработената храна е директно поврзана со 32 штетни ефекти по здравјето, вклучително и поголем ризик од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2, лошо ментално здравје и рана смрт.

The post На ултра-процесираната храна треба да стои предупредување како на цигарите appeared first on Република.

]]>

Ултра-процесираната храна (Ultra-processed foods – UPF), треба да се продава со предупредувања во истиот стил како оние на тутунот, но и да подлежи на потешко оданочување поради влијанието врз здравјето и смртноста, смета професорот Карлос Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло.
Овие намирници ја поттикнуваат пандемијата на дебелина и други хронични болести поврзани со исхраната, како што е дијабетесот, вели тој.
Острото предупредување доаѓа во услови на брзо растечка глобална потрошувачка на УПФ, како што се житарици, протеински барови, газирани пијалаци, готови оброци и брза храна. Ултра преработената храна е директно поврзана со 32 штетни ефекти по здравјето, вклучително и поголем ризик од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2, лошо ментално здравје и рана смрт.

The post На ултра-процесираната храна треба да стои предупредување како на цигарите appeared first on Република.

]]>
Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kako-da-se-otstrani-neprijatniot-miris-na-tsigarite-od-domot/ Wed, 12 Jun 2024 16:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=786990

Постојат трикови кои можат да помогнат успешно да се елиминираат непријатните мириси од вашиот дом и облека.

Од непријатниот мирис на чадот од цигарите е тешко да се ослободите, а проветрувањето на просторијата навистина не помага многу. Чадот влегува буквално во сè: мебел, теписи, ѕидови, облека итн. Но, постојат начини кои можат да помогнат успешно да ги елиминирате непријатните мириси од вашиот дом и облека.

Есенцијални масла

Есенцијалните масла ќе внесат прекрасен мирис и ќе ги неутрализираат непријатните мириси што ги создаваат цигарите. Може да се додадат во електронските навлажнувачи на воздух или пак, доволно е да капнете неколку капки масло на памук и да го ставите во просторијата.

Сода бикарбона

Позната како неутрализатор на мирис, сода бикарбона може да се испрска на мебелот и теписите, да се остави преку ноќ и потоа да се исчисти со правосмукалка. Доколку сè уште е присутен непријатниот мирис, постапката може да се повтори.

Алтернативи без чад

Доколку не сакате да се откажете од пушењето, едно од решенијата за се ослободите од непријатниот мирис на чад од цигари е да изберете подобра алтернатива, односно уреди кои го загреваат, а не согоруваат тутунот - како што е IQOS. Бидејќи IQOS не создава чад, не остава непријатен мирис што се задржува на облеката, мебелот и просториите. Новата генерација IQOS ILUMA со технологијата на индукциско загревање, покрај тоа што го загрева тутунот, без согорување, не создава пепел и катран, повеќе нема потреба уредот да се чисти, со што значајно се унапредува корисничкото искуство. Сепак, треба да се напомене дека IQOS не е без ризик и дека е наменет само за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат цигари.

Јаболка

Помалку е познато дека јаболката имаат голема моќ да го апсорбираат чадот од тутунот. Доволно е да ги преполовите, да ги поставите на местата каде што најмногу се собира чадот и да ги оставите да го освежат просторот со пријатен мирис.

Свеќи

Не заборавајте дека украсните и миризливи свеќи, делумно ќе го апсорбираат чадот од цигарите и можат да придонесат мирисот делумно да се намали.

 

 

The post Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот appeared first on Република.

]]>

Постојат трикови кои можат да помогнат успешно да се елиминираат непријатните мириси од вашиот дом и облека. Од непријатниот мирис на чадот од цигарите е тешко да се ослободите, а проветрувањето на просторијата навистина не помага многу. Чадот влегува буквално во сè: мебел, теписи, ѕидови, облека итн. Но, постојат начини кои можат да помогнат успешно да ги елиминирате непријатните мириси од вашиот дом и облека. Есенцијални масла Есенцијалните масла ќе внесат прекрасен мирис и ќе ги неутрализираат непријатните мириси што ги создаваат цигарите. Може да се додадат во електронските навлажнувачи на воздух или пак, доволно е да капнете неколку капки масло на памук и да го ставите во просторијата. Сода бикарбона Позната како неутрализатор на мирис, сода бикарбона може да се испрска на мебелот и теписите, да се остави преку ноќ и потоа да се исчисти со правосмукалка. Доколку сè уште е присутен непријатниот мирис, постапката може да се повтори. Алтернативи без чад Доколку не сакате да се откажете од пушењето, едно од решенијата за се ослободите од непријатниот мирис на чад од цигари е да изберете подобра алтернатива, односно уреди кои го загреваат, а не согоруваат тутунот - како што е IQOS. Бидејќи IQOS не создава чад, не остава непријатен мирис што се задржува на облеката, мебелот и просториите. Новата генерација IQOS ILUMA со технологијата на индукциско загревање, покрај тоа што го загрева тутунот, без согорување, не создава пепел и катран, повеќе нема потреба уредот да се чисти, со што значајно се унапредува корисничкото искуство. Сепак, треба да се напомене дека IQOS не е без ризик и дека е наменет само за возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат цигари. Јаболка Помалку е познато дека јаболката имаат голема моќ да го апсорбираат чадот од тутунот. Доволно е да ги преполовите, да ги поставите на местата каде што најмногу се собира чадот и да ги оставите да го освежат просторот со пријатен мирис. Свеќи Не заборавајте дека украсните и миризливи свеќи, делумно ќе го апсорбираат чадот од цигарите и можат да придонесат мирисот делумно да се намали.    

The post Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот appeared first on Република.

]]>
Бројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/brojot-na-aktivni-pushachi-vo-makedonija-e-45-4-otsto-nizok-protsent-na-onie-koi-se-otkazhale-od-tutun/ Fri, 31 May 2024 08:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=783424

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај – Светски ден против употреба на тутун.

Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот.

Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун.

За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.

И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ.

Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата.

Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи

Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD – European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS – Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени.

Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ.

Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа.

Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот.

Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун.

Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ.

The post Бројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун appeared first on Република.

]]>

Употребата на тутун кај нас е многу висока. Последните истражувања покажуваат дека процентуалната застапеност на население кое употребува тутун, нѐ става меѓу земјите во светот со најголеми стапки на граѓани – активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години. Овие податоци ги споделија од ИЈЗ по повод 31 мај – Светски ден против употреба на тутун. Во советувалиштата за откажување од пушење, што функционираат во склоп на центрите за јавно здравје низ целата држава, има многу мала посетеност. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење се јавиле само 43 луѓе, што е многу мала бројка. Односно, нема голема заинтересираност за откажување од пушењето кај населението, потенцираат од Институтот. Оттаму нагласуваат дека како еден од најголемите и најзастапените ризик фактори кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања, може да се јават како последица од редовна употреба на тутун. За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес. И покрај сите релевантни институции во државата што работат на намалување на употребата на тутун, вклучително со континуираната едукација на населението, за жал нема голем напредок во обидите да се намали преваленцата на пушењето во државата. Иако Република Македонија во 2006 година ја ратификуваше Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) на Светската здравствена организација и низ годините имало напори за да се зајакне здравствената регулатива поврзана со употребата на тутун, во последните години има застој на ова поле, со укинување на забраните за пушење во терасите од угостителските локали, а дополнително се дозволи употреба на електронските уреди што го загреваат, а не го горат тутунот (HTTP) во јавни затворени локали, додаваат од ИЈЗ. Тутунската индустрија, како што наведуваат, со сите свои ресурси успешно се бори против напорите за зајакнување на законската легислатива, која всушност е еден од условите за пристап кон Европската Унија, па така потреба од прилагодување на законите со оние од ЕУ е неопходна за напредокот на земјата. Младите сѐ повеќе изложени на привлечноста на тутунските производи Годинава, ИЈЗ учествува во две истражувања поврзани со употреба на тутун кај младите лица. Станува збор за ЕСПАД (ESPAD – European school survey project on alcohol and other drugs) и ГИТС (GYTS – Global youth tobacco survey). Резултатите од овие истражувања ќе бидат објавени и достапни кон крајот на годината, информираат од ИЈЗ, кога истражувањата ќе бидат целосно завршени. Светскиот ден без тутун во 2024 година ќе им даде платформа на младите луѓе ширум светот, кои ги повикуваат владите да ги заштитат од предаторските тактики за маркетинг на тутунската индустрија. Индустријата е насочена кон младите за цел живот на профит, создавајќи нов бран на зависност. Децата користат е-цигари со стапки повисоки од возрасните во сите региони, додаваат од ИЈЗ. Темата на Светскиот ден без тутун, годинава е „Заштита на децата од влијанието на тутунската индустрија“, за да се заштитат идните генерации и да се осигура дека употребата на тутун ќе продолжи да опаѓа. Годинава вниманието е насочено кон алармантниот тренд на насочениот маркетинг на тутунската индустрија кон младите. Преку опсежни кампањи за социјални медиуми и стриминг платформи, младите сѐ повеќе се изложени на привлечноста на тутунските производи, што претставува значителна закана за нивното здравје и благосостојба. Истражувањата во земјите постојано покажуваат дека децата на возраст од 13 до 15 години во повеќето земји користат тутун и никотински производи, појаснуваат од Институтот. Пушењето меѓу младите останува распространето и се зголемува во одредени нации. Според достапните информации, над 38 милиони млади луѓе на возраст меѓу 13 и 15 години користат некаков облик на тутун. Во 2022 година, сцените со тутун се зголемија за 110 отсто во популарните неодамнешни емисии кај младите од 15 до 24 години, често прикажувајќи го пушењето како гламурозно и „кул“. Според „Иницијативата за вистина“, младите имаат до трипати поголема веројатност да почнат да пушат кога се изложени на слики за пушење на екранот, наведуваат од ИЈЗ.

The post Бројот на активни пушачи во Македонија е 45.4 отсто, низок процент на оние кои се откажале од тутун appeared first on Република.

]]>
На ГП Табановце жена се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-gp-tabanovtse-zhena-se-obidela-da-proshvertsuva-nad-1-700-kutii-tsigari-od-makedonija/ Mon, 18 Mar 2024 13:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=755951

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари во автобус од Македонија за Австрија на граничниот премин Прешево-Табановце, соопшти денеска Царинската управа на Србија.

Цариниците го откриле прекршокот на 16. март во соработка со полицијата. Патничката се обидела во нејзините чанти да прошверцува цигари вредни половина милион динари.

Случајот бил откриен кога автобус кој сообраќал од  Македонија кон Австрија бил издвоен за детален преглед на влез во Србија.

Иако возачите и патниците претходно изјавиле дека носат само личен багаж, при контролата во просторот за багаж биле пронајдени три големи торби полни само со цигари.

Во торбите, за кои една од патничките се пријавила дека е сопственик биле пронајдени 1.730 кутии цигари „Честерфилд“ со акцизни маркички од Македонија,.

Цигарите, чија вредност се проценува на речиси половина милион динари, со судска одлука се трајно одземени, додека за сторен прекршок на патничката и е изречена парична казна.

The post На ГП Табановце жена се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари од Македонија appeared first on Република.

]]>

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари во автобус од Македонија за Австрија на граничниот премин Прешево-Табановце, соопшти денеска Царинската управа на Србија. Цариниците го откриле прекршокот на 16. март во соработка со полицијата. Патничката се обидела во нејзините чанти да прошверцува цигари вредни половина милион динари. Случајот бил откриен кога автобус кој сообраќал од  Македонија кон Австрија бил издвоен за детален преглед на влез во Србија. Иако возачите и патниците претходно изјавиле дека носат само личен багаж, при контролата во просторот за багаж биле пронајдени три големи торби полни само со цигари. Во торбите, за кои една од патничките се пријавила дека е сопственик биле пронајдени 1.730 кутии цигари „Честерфилд“ со акцизни маркички од Македонија,. Цигарите, чија вредност се проценува на речиси половина милион динари, со судска одлука се трајно одземени, додека за сторен прекршок на патничката и е изречена парична казна.

The post На ГП Табановце жена се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари од Македонија appeared first on Република.

]]>
Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/graganite-vo-makedonija-pushat-najmnogu-vo-jugoistochna-evropa-a-tsenite-na-kutija-tsigari-se-najevtini-vo-evropa/ Wed, 06 Dec 2023 14:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=720364

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста.

Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”.

Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот.

Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење.

За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет.

Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето.

М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.

Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.

М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%.

Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години.

Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели.

Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење.

Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.

Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.

Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.

„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.

Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>

Граѓаните во Македонија се најголеми конзуматори на тутун во споредба со жителите од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Високи 48,40% од македонските граѓани пушат цигари, а во ЈИЕ  тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на фискалните и здравствените политики до намалени смртни случаи, спречување на пушење кај младите и зголемени буџетски приходи во Македонија“, ги презентираше резултатите и препораките од претходните две студии на кои работеше, а тоа се: „Влијанието на оданочувањето на цигарите врз намалување на пушење и зголемување на буџетски приходи” и „Влијанието на цените на цигарите и политиките на контрола на тутун врз иницијацијата со пушење кај адолесцентите: Докази од Македонија”. Негативен тренд за достапноста на цигарите е домашната акциза која е за 36 евра под потребниот минимум во земјите членки на ЕУ каде акцизата изнесува 90 евра на 1 000 цигари, како и нелегалната трговија со цигари која во Македонија е најниска споредбено со земјите од регионот. Својствено на овие бројки „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зема предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. Од здравствен аспект студиите покажуваат дека зголемување на акцизата носи здравствени придобивки, намалување на бројот на пушачи од 3000 до 48000 пушачи и сериозно намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето. М-р Бојана Мијовиќ Христовска која ги презентираше трите сценарија како најопштимално го издвојува зголемувањето на специфичната стапка на акцизата за 30%.
Зголемување на приходите од акциза за 30% покрај тоа што значи прилив од 276 милиони евра во буџетот, носи големи бенефити односно намалување на потрошувачка на цигари за 16%, намалување на број на пушачи за приближно 25000, намалување на бројот на смртни случаи поврзани со пушењето за околу 7000 и намалување на интензитет на пушење на околу 300 цигари годишно. Тоа воедно значи намалување на интензитетот на пушење по број на цигари на жител, подобрено здравје кај граѓаните и секако намалување на смртноста поврзана со пушење и спасени животи“, рече Христовска.
М-р Тамара Мијовиќ Спасова, од „Аналитика“ тинк тенк истакна дека Македонија е една од првите 10 држави во светот по испушени цигари по пушач, а статистиките за младите пушачи од 12 до 15 години изнесуваат 12,4%. Мијовиќ Спасова потенцира дека иако навидум бројките се мали тие се сериозно високи ако се земе опсег возрата на децата. Таа ги претстави резултатите за адолесцентите кои покажуваат дека речиси 30% од нив обично започнуваат со пушење на возраст од 14 години. Затоа наведува Мијовиќ Спасова ценовната политика сама нема да доведе намалување на овие бројки затоа потребни се низа алатки за намалување на овој тренд. Истражувањето исто така покажува дека 79% од младите имаат поголема веројатност да почнат да пушат доколку нивниот родител пуши од причина што цигарите им се достапни дома и 62% можат да почнат да пушат доколку пушат и нивните пријатели. Според истражувањето 80% од младите пушачи не биле спречени да купуваат цигари поради возраста односно поради достапноста на цигарите и не-ценовните политики во државата како и дека цената на цигарите има влијание врз одлуката на младите да започнат со пушење. Статистиките на „Аналитика“ велат дека зголемувањето на цените на цигарите за 10% ја намалува веројатноста за започнување со пушење кај младите за 3%. Токму поради овие статистики Мијовиќ Спасова посочува дека државата мора да изнајде мерки кои ќе ги ублажат истите.
Анализите за контрола на тутунот на кои работеше „Аналитика“ бележат навистина поразителни бројки за нашите граѓани особено за младите. Затоа неопходно е државата да најде инструмент кој дестимулативно ќе влијае врз пушењето. Неколку од нив се зголемување на акцизите и на цената на цигарите, затоа што ќе послужат како ефикасна мерка во борба против пушењето, намалување на достапноста која може да придонесе за намалување на преваленцата на пушење, зајакнување на имплементацијата на политиките за контрола на тутунот кои го забрануваат пушењето, на јавни места, и кои ќе го ограничат пристапот до тутунски производи за малолетните ученици, но и медиумски кампањи за едукација на родителите за штетните ефекти од пушењето и важноста да се биде здрав пример за своите деца, едукативни и здравствени предавања во наставните програми во училиштата за едукација на младите за негативните ефекти од пушењето, и масовни медиумски кампањи на владата кои ја нагласуваат важноста за живеење здрав живот и живот без чад за целото општество“, посочува Мијовиќ Спасова.
Консумирањето тутун предизвикува срцева слабост и зголемен ризик од срцев и мозочен удар како и серија други здравствени проблеми посочи заменик министерката за здравство Маја Манолева која зема учество во презентирањето на резултатите од спроведените истражувања. Таа рече дека употребата на тутунот е штетно по здравјето на сите граѓани независно дали тие се активни или пасивни пушачи.
„Во сите 10 Центри за јавно здравје во државата функционираат индивидуални и групни советувалишта за откажување од пушење. На годишно ниво во овие центри совети бараат повеќе од 200 граѓани, сепак радува фактот што населението е свесно за негативните последици и бара начини на одвикнување од неговото користење, кажа Манолева.
Настанот кој го организираше „Аналитика“ е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход" финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

The post Граѓаните во Македонија пушат најмногу во Југоисточна Европа, а цените на кутија цигари се најевтини во Европа appeared first on Република.

]]>
Царинска управа: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinska-uprava-sprechen-shverts-na-50-shteki-tsigari-kupeni-vo-fri-shop-na-bogoroditsa/ Fri, 13 Oct 2023 09:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=690815

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во РС Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари.
Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин.
Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.
Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.

The post Царинска управа: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица appeared first on Република.

]]>

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во РС Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари. Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин. Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава. Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.

The post Царинска управа: Спречен шверц на 50 штеки цигари купени во фри-шоп на Богородица appeared first on Република.

]]>
Цигарите нема да поскапат од денес, туку од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsigarite-nema-da-poskapat-od-denes-tuku-od-1-januari/ Fri, 13 Oct 2023 07:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=690743

Од денеска нема да поскапат цигарите за пет денари, туку спаува во сила одлуката за промена на акцизата, но поскапувањето нема да се случи сега, туку од први јануари идната годин. Станува збор за недоразбирање во толкувањето на законските измени, поради што и беше објавено наводно поскапување на цигарите од денешниот ден.

Се очекува надлежните набргу да излезат и со прецизни информации во текот на денот со соопштение.

Инаку, всушност во членот кој се додава со Измените на Законот за акцизите, кој од Собранието е донесен на 3 октомври годинава, односно член 124- а, се наведува дека од први јануари 2024 година заклучно со први јануари 2030 година, износот на специфичната и минималната акциза на цигарите од член 84-а (став 1) од овој закон се зголемуваат за 0,23 денари по парче на први јануари, секоја година.

На први јануари 2024 година износот на специфичната акциза на пури од член 85-а (став 1) од овој Закон, се големува за 4 денари.

The post Цигарите нема да поскапат од денес, туку од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Од денеска нема да поскапат цигарите за пет денари, туку спаува во сила одлуката за промена на акцизата, но поскапувањето нема да се случи сега, туку од први јануари идната годин. Станува збор за недоразбирање во толкувањето на законските измени, поради што и беше објавено наводно поскапување на цигарите од денешниот ден. Се очекува надлежните набргу да излезат и со прецизни информации во текот на денот со соопштение. Инаку, всушност во членот кој се додава со Измените на Законот за акцизите, кој од Собранието е донесен на 3 октомври годинава, односно член 124- а, се наведува дека од први јануари 2024 година заклучно со први јануари 2030 година, износот на специфичната и минималната акциза на цигарите од член 84-а (став 1) од овој закон се зголемуваат за 0,23 денари по парче на први јануари, секоја година. На први јануари 2024 година износот на специфичната акциза на пури од член 85-а (став 1) од овој Закон, се големува за 4 денари.

The post Цигарите нема да поскапат од денес, туку од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Поскапуваат цигарите и пурите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poskapuvaat-tsigarite-i-purite/ Tue, 10 Oct 2023 10:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=689844

Со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година.

Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина.

Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи:

Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.”

Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите

The post Поскапуваат цигарите и пурите appeared first on Република.

]]>

Со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година. Со овој закон, се ставаат на терет увозниците со нови давачки при увозот на цигари, пури и цигарилоси, со што дополнително се оптоварува буџетот на граѓаните на цена на државата, а ќе влијае и на увозниците во иднина. Во делот за цигари се додава нов член 84-а кој гласи: Акцизата на цигари од член 78 став (1) од овој закон изнесува 3.253 денари по парче и 9% од малопродажната цена по кутија. Ако комбинираната акциза е пониска од 3,453 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,453 денари за таа количина.” Според јавно објавениот документ, со одлуката на владата на членот 85 се додава дополнителен член 85-а со кој се утврдува акцизата на пурите и цигарилосите

The post Поскапуваат цигарите и пурите appeared first on Република.

]]>
Со една билка откажувањето од цигарите е многу полесно https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/so-edna-bilka-otkazhuvaneto-od-tsigarite-e-mnogu-polesno/ Sat, 16 Sep 2023 09:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=682376

Пушењето цигари е еден од главните проблеми на овој век. Тоа го уништува здравјето на суров начин, особено дишењето. Затоа, неопходно е веднаш човек да ги прочисти белите дробови. Ова треба да го стори секој, без разлика дали пуши цигари или не. Бидејќи е познато дека штетата на пасивните пушачи е исто така огромна. Кога човек не пуши, а само стои крај пушач, тој вдишува барем половина од она што самиот пушач го вдишува. Исто така, може да се развие рак на белите дробови.

Еве како да се направи лекот:

Наберете неколку лисја тегавец и ставете ги во тегла. Прелијте врз билката 1/2 л врела вода. Затворете ја теглата и оставете ја 2 часа. Не оставајте ја во фрижидер. По 120 минути, отворете ја теглата, прецедете и почнете да пиете. Вие сами ја одредувате дозата и колку често ќе ја земате. Важно е да знаете само дека подготвеното количество треба да се испие цело до крајот на денот. Следниот што ќе го правите е нов. Ова напивка може да се пие до 3 последователни месеци. Потоа, треба да се направи пауза.

За време на оваа пауза, нема да е лошо доколку разговарате со лекарот за тоа каков е ефектот од вашиот домашен лек. Најдобро да направите ренген снимка на белите дробови. Оваа билка не само што пречистува, туку и го тера човек сам да се откаже од цигарите. Тоа го прави нетолерантен кон никотинот, па затоа потребата за пушење останува во историјата. Другата предност на напивката е дека ја потиснува гладта. За време на третманот, не ви треба многу храна. Може да јадете и малку. Ова резултира со губење на тежината и по 3 месеци не само што ќе имате подобро дишење, туку исто така и потенка половина. Направете го ова прочистување на белите дробови и ќе се чувствувате како повторно да сте родени!

The post Со една билка откажувањето од цигарите е многу полесно appeared first on Република.

]]>

Пушењето цигари е еден од главните проблеми на овој век. Тоа го уништува здравјето на суров начин, особено дишењето. Затоа, неопходно е веднаш човек да ги прочисти белите дробови. Ова треба да го стори секој, без разлика дали пуши цигари или не. Бидејќи е познато дека штетата на пасивните пушачи е исто така огромна. Кога човек не пуши, а само стои крај пушач, тој вдишува барем половина од она што самиот пушач го вдишува. Исто така, може да се развие рак на белите дробови. Еве како да се направи лекот: Наберете неколку лисја тегавец и ставете ги во тегла. Прелијте врз билката 1/2 л врела вода. Затворете ја теглата и оставете ја 2 часа. Не оставајте ја во фрижидер. По 120 минути, отворете ја теглата, прецедете и почнете да пиете. Вие сами ја одредувате дозата и колку често ќе ја земате. Важно е да знаете само дека подготвеното количество треба да се испие цело до крајот на денот. Следниот што ќе го правите е нов. Ова напивка може да се пие до 3 последователни месеци. Потоа, треба да се направи пауза. За време на оваа пауза, нема да е лошо доколку разговарате со лекарот за тоа каков е ефектот од вашиот домашен лек. Најдобро да направите ренген снимка на белите дробови. Оваа билка не само што пречистува, туку и го тера човек сам да се откаже од цигарите. Тоа го прави нетолерантен кон никотинот, па затоа потребата за пушење останува во историјата. Другата предност на напивката е дека ја потиснува гладта. За време на третманот, не ви треба многу храна. Може да јадете и малку. Ова резултира со губење на тежината и по 3 месеци не само што ќе имате подобро дишење, туку исто така и потенка половина. Направете го ова прочистување на белите дробови и ќе се чувствувате како повторно да сте родени!

The post Со една билка откажувањето од цигарите е многу полесно appeared first on Република.

]]>
Се враќа шверцот на цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-vraka-shvertsot-na-tsigarite-vo-makedonija-ovojpat-od-grchkite-frishopovi/ Mon, 28 Aug 2023 09:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=676543

Цигари „винстон“, „марлборо“, „вест“, „оме карелиа“ и други, без бандероли, со написи на англиски, сѐ почесто лесно се наоѓаат во малопродажни места во Скопје, Тетово, Битола, Гостивар, Кичево… Тоа значи дека за нив не е платена акцизата, а на тезгите не доаѓаат од редовните канали за снабдување со цигари.

Сомневањата се дека „изворот“ на овие цигари на македонскиот пазар се грчките фришопови на граничните премини Евзони (Богородица), Дојран и Ники (Меџитлија), пишува МКД.мк.

На фришоповите во Грција редовни се промотивните цени на цигарите од познатите светски брендови, во стилот купи две штеки за помала сума. Така, цената на една кутија цигари доаѓа во просек меѓу 60 и 80 денари. Истите тие брендови на тутунски производи цигари во Македонија се продаваат по безмалку двојно поголема цена. На пример„ оме карелиа“ кај нас се продава по 150 денари за една кутија, а со промотивните цени по фришоповите цената на единечното пакување е 60 денари. Истиот однос на цената доаѓа и за другите брендови, како „марлборо“, „винстон“, „вест“…

До лани, овие цигари по таа цена се наоѓаа по одредени малопродажни места во пограничниот регион. Но од пред 4-5 месеци, според дистрибутерите на овие брендови, бројот на малопродажните места е зголемен и проширен во речиси половина Македонија – Тетово, Кичево, Охрид, Скопје (Чаир, Север, Бутел), Сарај, Батинци, Студеничани и околните села. Објавените фотографии се од тие малопродажни места.

Еве уште еден пример. Цигарите вест во грчки фришоп чинaт 69 денари за една кутија, а во едно од овие малопродажни места штека цигари од овој бренд се продава за 1.000 или 1.100 денари. Штека цигари вест во легална продажба, а тоа значи со платена македонска акцизна маркица, чини 1.400 денари.

Заработувачката е очигледна, а со тоа и интересот за „развој“ на овој бизнис и проширување на каналите за продажба на овие цигари.

Според локални извори на МКД.мк, секој обид на граѓанин на Грција да купи цигари од фришоп и да ги внесе во Грција, брзо е спречен од полицијата, која редовно ги добива информациите од шефовите на фришоповите. Така Грција си ја штити сопствената економија. Како ние ја штитиме нашата?

The post Се враќа шверцот на цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови appeared first on Република.

]]>

Цигари „винстон“, „марлборо“, „вест“, „оме карелиа“ и други, без бандероли, со написи на англиски, сѐ почесто лесно се наоѓаат во малопродажни места во Скопје, Тетово, Битола, Гостивар, Кичево… Тоа значи дека за нив не е платена акцизата, а на тезгите не доаѓаат од редовните канали за снабдување со цигари. Сомневањата се дека „изворот“ на овие цигари на македонскиот пазар се грчките фришопови на граничните премини Евзони (Богородица), Дојран и Ники (Меџитлија), пишува МКД.мк. На фришоповите во Грција редовни се промотивните цени на цигарите од познатите светски брендови, во стилот купи две штеки за помала сума. Така, цената на една кутија цигари доаѓа во просек меѓу 60 и 80 денари. Истите тие брендови на тутунски производи цигари во Македонија се продаваат по безмалку двојно поголема цена. На пример„ оме карелиа“ кај нас се продава по 150 денари за една кутија, а со промотивните цени по фришоповите цената на единечното пакување е 60 денари. Истиот однос на цената доаѓа и за другите брендови, како „марлборо“, „винстон“, „вест“… До лани, овие цигари по таа цена се наоѓаа по одредени малопродажни места во пограничниот регион. Но од пред 4-5 месеци, според дистрибутерите на овие брендови, бројот на малопродажните места е зголемен и проширен во речиси половина Македонија – Тетово, Кичево, Охрид, Скопје (Чаир, Север, Бутел), Сарај, Батинци, Студеничани и околните села. Објавените фотографии се од тие малопродажни места. Еве уште еден пример. Цигарите вест во грчки фришоп чинaт 69 денари за една кутија, а во едно од овие малопродажни места штека цигари од овој бренд се продава за 1.000 или 1.100 денари. Штека цигари вест во легална продажба, а тоа значи со платена македонска акцизна маркица, чини 1.400 денари. Заработувачката е очигледна, а со тоа и интересот за „развој“ на овој бизнис и проширување на каналите за продажба на овие цигари. Според локални извори на МКД.мк, секој обид на граѓанин на Грција да купи цигари од фришоп и да ги внесе во Грција, брзо е спречен од полицијата, која редовно ги добива информациите од шефовите на фришоповите. Така Грција си ја штити сопствената економија. Како ние ја штитиме нашата?

The post Се враќа шверцот на цигарите во Македонија, овојпат од грчките фришопови appeared first on Република.

]]>
Од два до четири денари ќе поскапат цигарите следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-dva-do-chetiri-denari-ke-poskapat-tsigarite-slednata-godina/ Fri, 18 Aug 2023 11:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=673397

Од два до четири денари ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи следната година поради измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со него се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ, пишува Фактор.мк

Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот.

Целиот текст овде.

The post Од два до четири денари ќе поскапат цигарите следната година appeared first on Република.

]]>

Од два до четири денари ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи следната година поради измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со него се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ, пишува Фактор.мк
Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот.
Целиот текст овде.

The post Од два до четири денари ќе поскапат цигарите следната година appeared first on Република.

]]>
Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pushachite-vo-makedonija-pushat-po-edna-kutija-tsigari-na-den-skoro-polovina-od-vozrasnite-pushat-redovno/ Fri, 26 May 2023 11:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=644877

Макекдонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во Европа, покажаа најновите истражувања, презентирани денеска од канцеларијата на регион на Светската здравствена оганизација (СЗО).

Скоро половина од возрасната популација во Македонија пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по едно пакетче. И покрај одамнешната ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) во 2006 година, напредокот во спроведувањето на мерките за контрола на тутунот во Македонија сè уште не е на задоволително ниво.

Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) одржа национална презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во Македонија, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија. Настанот се организира во Скопје, на 26 мај 2023 година, во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај.

Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно.

Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјави Меџити.

Употребата на тутун е главен фактор за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести. Сите редовни и повремени корисници на тутун се изложени на ризик од различни негативни здравствени исходи во текот на животот. Европскиот регион на СЗО е еден од регионите на СЗО со најголема преваленца на употреба на тутун, имено, 26,3% од луѓето на возраст од 15 години и постари користеле тутун во 2018 година.

Д-р Ане Јохансен, ја оцени Националната презентација како „исклучително значајна активност во правец на ефикасна и ефективна контрола, регулација, спроведување и де-нормализација на пушењето во  Македонија, којашто ќе помогне на државата да позиционира во групата европски држави кои имаат забележителни резултати во намалувањето на бројот на пушачи и уживатели на тутун.

Како резултат на соодветните мерки, многукратно се намалуваат и притисоците врз здравствениот систем од што директна полза имаат не само уживателите на тутун, туку сите граѓани на државата.

При оценката за досега направеното, д-р Јохансен ја потврди посветеноста на Светската здравствена организација кон поддршката на Министерството за здравство и на другите релевантни национални институции од областа на здравствената заштита и кон натамошната партнерска соработка.

 

 

The post Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно appeared first on Република.

]]>

Макекдонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во Европа, покажаа најновите истражувања, презентирани денеска од канцеларијата на регион на Светската здравствена оганизација (СЗО). Скоро половина од возрасната популација во Македонија пуши редовно цигари, а 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – речиси по едно пакетче. И покрај одамнешната ратификација на Рамковната конвенција за контрола на тутунот (FCTC) во 2006 година, напредокот во спроведувањето на мерките за контрола на тутунот во Македонија сè уште не е на задоволително ниво. Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) одржа национална презентација на резултатите од Студиите за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажувањето од тутунот во Македонија, како и презентација на Случајот со инвестициите во тутунот во Македонија. Настанот се организира во Скопје, на 26 мај 2023 година, во пресрет на Светскиот ден без тутун, 31 мај. Mинистерот за здравство, Фатмир Меџити, рече дека пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, односно половина од населението пуши цигари секојдневно.
Во таа насока, со нашите партнери, разгледуваме и креирање нови, специфични активности за поддршка на спроведувањето на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, врз основа на ставовите на здравствените работници и на населението, изјави Меџити.
Употребата на тутун е главен фактор за морбидитетот и морталитетот од незаразни болести. Сите редовни и повремени корисници на тутун се изложени на ризик од различни негативни здравствени исходи во текот на животот. Европскиот регион на СЗО е еден од регионите на СЗО со најголема преваленца на употреба на тутун, имено, 26,3% од луѓето на возраст од 15 години и постари користеле тутун во 2018 година. Д-р Ане Јохансен, ја оцени Националната презентација како „исклучително значајна активност во правец на ефикасна и ефективна контрола, регулација, спроведување и де-нормализација на пушењето во  Македонија, којашто ќе помогне на државата да позиционира во групата европски држави кои имаат забележителни резултати во намалувањето на бројот на пушачи и уживатели на тутун. Како резултат на соодветните мерки, многукратно се намалуваат и притисоците врз здравствениот систем од што директна полза имаат не само уживателите на тутун, туку сите граѓани на државата. При оценката за досега направеното, д-р Јохансен ја потврди посветеноста на Светската здравствена организација кон поддршката на Министерството за здравство и на другите релевантни национални институции од областа на здравствената заштита и кон натамошната партнерска соработка.    

The post Пушачите во Македонија пушат по една кутија цигари на ден, скоро половина од возрасните пушат редовно appeared first on Република.

]]>
Производите за намалување на штети се можност за поздрав живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/proizvodite-za-namaluvane-na-shteti-se-mozhnost-za-pozdrav-zhivot/ Thu, 18 May 2023 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=642152

Концептот за намалување на штетите (Harm Reduction) по дефиниција претставува стратегија која се користи за да се минимизира штетата на поединците и/или поширокото општество од опасни однесувања или практики кои не можат целосно да се избегнат или спречат. Концепт за намалување на штети од користење на тутунот се појави како пристап кој може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од употребата на тутунот, а е во согласност со активностите за унапредување на јавното здравје. Концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е зависноста од тутун, не може да се спречи, затоа што поединците не се откажуваат од пушењето, тогаш е потребно да се побараат алтернативни решенија со кои ќе се намалат негативните ефекти.

Професорот Рувен Зимлихман од Израелското лекарско здружение, кој е директор на Институтот за квалитет во медицината се осврна на факторите на ризик и го истакна и стресот како битен и променлив фактор, а говорејќи за факторите на ризик како причини за смрт, како главни причини ги наведе високиот крвен притисок и пушењето. Тој нагласи и дека ризикот од повторен срцев удар кај пушачите кои имале срцев удар се намалил за 50 отсто во првата година по откажувањето од пушењето, додека во рок од две години се нормализирал на нивото на непушачите.

„Сепак, дури и со дијагноза на кардиоваскуларни заболувања, 49 отсто од пушачите продолжиле да пушат, а дури 57 отсто од нив продолжиле со пушење и по срцев удар, истакна Зимлихман. Тој ги спомена и трендовите на смртност од кардиоваскуларни заболувања во последните 40 години. Од 1980 до 2000 година имало голем пад на морталитетот, но потоа следувала стагнација.

„Тоа е знак дека ни треба нов пристап за намалување на штетите за да дојде до промени. Намалувањето на штетата се заснова на премисата дека одредено ниво на нездраво однесување е неизбежно и затоа има за цел да ја намали штетата што ќе ја имаат луѓето како последица“ - тој посочи и дека луѓето со дијабетес ќе продолжат да јадат премногу, пушачите со хронична опструктивна белодробна болест и натаму ќе пушат и слично.

Зимлихман посочува дека веќе имаме иновативни пристапи за намалување на штетите во различни области, како што се заштитните шлемови и појаси во областа на сообраќајот, креми за сончање за оние кои поминуваат премногу време на сонце или замени за шеќер за оние кои јадат многу слатки.

„Зошто тогаш да немаме такви пристапи и кај пушењето?, запраша Зимлихман и потенцираше дека престанокот со пушење е најдобрата опција, но дека СЗО проценува дека повеќе од милијарда луѓе сепак ќе пушат во блиска иднина.

Тој ги наведе и различните пристапи на земјите низ светот кои веќе имаат усвоено некои ставови кон производите со намален ризик. Англиската канцеларија за јавно здравје објави извештај во кој биле анализирани 400 студии за употреба на производи без чад, во кои заклучуваат дека „употребата на овие уреди во споредба со пушењето цигари, претставува многу мал ризик“. Сепак, нагласено е дека користењето електронски цигари не е без ризици, особено за оние кои никогаш не пушеле. Дури и FDA го класифицираше еден од поновите производи за загревањето на тутунот, IQOS, како производ со модифициран ризик кој може позитивно да влијае на јавното здравје.

The post Производите за намалување на штети се можност за поздрав живот appeared first on Република.

]]>

Концептот за намалување на штетите (Harm Reduction) по дефиниција претставува стратегија која се користи за да се минимизира штетата на поединците и/или поширокото општество од опасни однесувања или практики кои не можат целосно да се избегнат или спречат. Концепт за намалување на штети од користење на тутунот се појави како пристап кој може да помогне во намалувањето на штетните ефекти од употребата на тутунот, а е во согласност со активностите за унапредување на јавното здравје. Концептот е резултат на прагматичен и рационален пристап, заснован врз логиката дека ако една појава, како што е зависноста од тутун, не може да се спречи, затоа што поединците не се откажуваат од пушењето, тогаш е потребно да се побараат алтернативни решенија со кои ќе се намалат негативните ефекти. Професорот Рувен Зимлихман од Израелското лекарско здружение, кој е директор на Институтот за квалитет во медицината се осврна на факторите на ризик и го истакна и стресот како битен и променлив фактор, а говорејќи за факторите на ризик како причини за смрт, како главни причини ги наведе високиот крвен притисок и пушењето. Тој нагласи и дека ризикот од повторен срцев удар кај пушачите кои имале срцев удар се намалил за 50 отсто во првата година по откажувањето од пушењето, додека во рок од две години се нормализирал на нивото на непушачите. „Сепак, дури и со дијагноза на кардиоваскуларни заболувања, 49 отсто од пушачите продолжиле да пушат, а дури 57 отсто од нив продолжиле со пушење и по срцев удар, истакна Зимлихман. Тој ги спомена и трендовите на смртност од кардиоваскуларни заболувања во последните 40 години. Од 1980 до 2000 година имало голем пад на морталитетот, но потоа следувала стагнација. „Тоа е знак дека ни треба нов пристап за намалување на штетите за да дојде до промени. Намалувањето на штетата се заснова на премисата дека одредено ниво на нездраво однесување е неизбежно и затоа има за цел да ја намали штетата што ќе ја имаат луѓето како последица“ - тој посочи и дека луѓето со дијабетес ќе продолжат да јадат премногу, пушачите со хронична опструктивна белодробна болест и натаму ќе пушат и слично. Зимлихман посочува дека веќе имаме иновативни пристапи за намалување на штетите во различни области, како што се заштитните шлемови и појаси во областа на сообраќајот, креми за сончање за оние кои поминуваат премногу време на сонце или замени за шеќер за оние кои јадат многу слатки. „Зошто тогаш да немаме такви пристапи и кај пушењето?, запраша Зимлихман и потенцираше дека престанокот со пушење е најдобрата опција, но дека СЗО проценува дека повеќе од милијарда луѓе сепак ќе пушат во блиска иднина. Тој ги наведе и различните пристапи на земјите низ светот кои веќе имаат усвоено некои ставови кон производите со намален ризик. Англиската канцеларија за јавно здравје објави извештај во кој биле анализирани 400 студии за употреба на производи без чад, во кои заклучуваат дека „употребата на овие уреди во споредба со пушењето цигари, претставува многу мал ризик“. Сепак, нагласено е дека користењето електронски цигари не е без ризици, особено за оние кои никогаш не пушеле. Дури и FDA го класифицираше еден од поновите производи за загревањето на тутунот, IQOS, како производ со модифициран ризик кој може позитивно да влијае на јавното здравје.

The post Производите за намалување на штети се можност за поздрав живот appeared first on Република.

]]>
Од маркет украл 663 кутии цигари: Струмичанец уапсен за тешка кражба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-market-ukral-663-kutii-tsigari-strumichanets-uapsen-za-teshka-krazhba/ Sat, 22 Apr 2023 16:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=633050

Полициски службеници од СВР Струмица го успасиле струмичанецот Г.П. (40) поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица.

Од МВР информираат дека при претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот.

Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Од маркет украл 663 кутии цигари: Струмичанец уапсен за тешка кражба appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Струмица го успасиле струмичанецот Г.П. (40) поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица. Од МВР информираат дека при претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот. Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Од маркет украл 663 кутии цигари: Струмичанец уапсен за тешка кражба appeared first on Република.

]]>
Цигарите поскапи за 10 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/tsigarite-poskapi-za-10-denari/ Fri, 24 Mar 2023 14:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=623272

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза.

Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока.

Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично.

Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак.

Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи.

 

The post Цигарите поскапи за 10 денари appeared first on Република.

]]>

Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза. Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе. Од 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемува за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, оваа стапка за цигарите се зголемува за 0,20 денари за кутија. Ако се земе предвид дека во едно пакување сега има 20 цигари, тоа значи дека во просек, секоја година цената на една кутија цигари се зголемувала во просек по 4 денари. Математички, ако една кутија цигари во 2014 година чинела 50 денари, последната година од поскапувањето нејзината цена ќе биде повеќе од двојно повисока. Поради новиот Закон за тутун од 2019 година, од ноември 2020 година, сите пакувања сега содржат по 20 цигари, наместо 19 цигари. Според Законот, од продажба беа повлечени малите пакувања со по 10 цигари, а на кутиите не смее да пишува дека се лајт или слично. Освен стандардните пораки за штетноста кои и сега стојат на амбалажата, пушачите на цигари кои се виткаат се предупредени и дека чадот содржи повеќе од 70 супстанци за кои се знае дека предизвикуваат рак. Според последните истражувања, Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач, додека 40 отсто од населението се пушачи.  

The post Цигарите поскапи за 10 денари appeared first on Република.

]]>
Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/makedontsite-lideri-vo-regionot-spored-potroshuvachka-na-tsigari-po-najniska-tsena/ Fri, 20 Jan 2023 09:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=598986

Република  Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти.

Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика.

Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa.

Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите.

Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот.

Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот.

Бојана Христовска од „Аналитика“ објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6 проценти) и во рестораните (44,2 отсто). Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти).

Таа додава дека вкупно 58,1 процент од возрасните во Република Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето.

Од „Аналитика“ препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места.

Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи, наведува „Аналитика“ во соопштението.

Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика.

The post Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена appeared first on Република.

]]>

Република  Македонија е меѓу првите 10 земји во светот врз основа на преваленца на пушење и вкупниот број испушени цигари дневно по пушач. Според истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“, преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4 отсто, додека во европските земји е далеку пониска или ЕУ просекот е 29 проценти. Во Шведска преваленцата изнесува 8,7 отсто, а во Грција и Бугарија 27 проценти. Анализите покажуваат дека речиси половина од возрасните луѓе во Република Македонија (48,4 проценти) во моментов користат тутун. Преваленцата на пушење е 57,9 проценти кај мажите и 39,0 проценти кај жените. Преваленцата на пушење се зголемува со возраста на пушачи, достигнувајќи го својот врв на 45-54 години (60,1 процент за пушачи на дневна основа), објаснува Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика. Таа додаде дека нашата држава е лидер во регионот по потрошувачка на цигари по најниска цена и многу малку се прави за надминување на проблемот со пушењето, без разлика дали станува збор за законски решенија, покачување на акцизите или за кампањи за подигнување на јавната свест, покажува истражувањето на „Аналитика тинк-тенк“ спроведено заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa. Станува збор за регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот кое е една од првите студии во Македонија што дава сеопфатни информации за употребата на тутунот, односно цигарите. Податоците покажуваат дека просечната цена на кутија цигари во Македонија е 1,7 евра, во регионот на ЈИЕ е околу 2,1 евро, додека европското ниво е 4,9 евра, што го потврдува фактот дека сме држава со најниски цени на цигари во регионот. Оданочувањето на тутунот е една од најефикасните алатки за намалување на потрошувачката на тутун (зголемената акциза резултира во намалување на конзумирањето тутун во сите земји од ЈИЕ) и ќе резултира во силно зголемување на јавните приходи во Буџетот. Бојана Христовска од „Аналитика“ објаснува дека само 11,9 отсто од пушачите се изјасниле дека пушењето е забрането во нивниот дом (не пушат дома), а пак кај 42,9 отсто од непушачите не се пуши во домот. Најголем степен на изложеност на пасивно пушење има во баровите, ноќните клубови (73,6 проценти) и во рестораните (44,2 отсто). Скоро сите пушачи (97 отсто) потврдуваат дека барем еднаш им било потенцирано дека пушењето цигари им пречи на другите луѓе. Според возраста, младите се најмногу изложени на чад од тутун во баровите или ноќните клубови (83,8 проценти). Воедно оваа возрасна група (од 18 до 24 години) е релативно повеќе од другите возрасни групи изложени на чад во владини институции (20,2 проценти) и во универзитетите и училиштата (13,4 проценти). Таа додава дека вкупно 58,1 процент од возрасните во Република Македонија сметаат дека пушењето ќе се намали ако продажбата на тутунски производи и пушењето се забранат со закон, а 55,7 отсто од возрасните сметаат дека со покачување на цената на цигарите ќе се намали пушењето. Од „Аналитика“ препорачуваат подигање на свеста за штетните ефекти врз здравјето од користење на тутун и воведување на сеопфатни програми за контрола на тутунот со цел да се намали пушењето и кај младите и кај возрасните преку организирање јавни кампањи во медиумите, како и во училиштата, болниците и работните места. Покрај тоа, штетните ефекти на тутунот треба да се воведат како тема во наставната образовна програма, почнувајќи од основните училишта, а особено во средните училишта. Развивање на ефикасни услуги за откажување од пушење и да се направат достапни и овозможени за сите пушачи. Услугите за откажување во форма на консултации со медицински професионалци по телефон или лично треба да бидат широко достапни во училиштата, колеџите, ординациите на општите лекари и болниците. Да се врати примената за Законот за заштита од пушење во 2010 година, бидејќи кога беше воведена забрана за пушење во сите јавни затворени простории, значително негативно влијаело врз потрошувачката на цигари, односно истата се намалила, при сите други фактори непроменети. Ова го потврдува фактот дека политиките за контрола на тутунот се важни детерминанти на потрошувачката на тутунски производи, наведува „Аналитика“ во соопштението. Регионалното истражување е во рамките на проектот„Унапредување на даночните политики за тутун во земјите со низок и среден доход, финансиски поддржан од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) – Институт за истражување и здравствена политика.

The post Македонците лидери во регионот според потрошувачка на цигари по најниска цена appeared first on Република.

]]>