чувари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chuvari/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 15:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чувари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chuvari/ 32 32 Пандов: Нема чувари по затворите, се плашат за својата безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pandov-nema-chuvari-po-zatvorite-se-plashat-za-svojata-bezbednost/ Sat, 07 Sep 2024 15:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=814154

Директорот на Управата за извршувае на санкции, Александар Пандов, сака да вработи неколку стотини лица во македонските затвори во текот на наредната 2025 година. Во интервју за МИА, вели дека во моментов недостасуваат околу 300 до 400 вработени во затворскиот систем.

Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година, вели Пандов.

Но освен намерата да вработи 300 до 400 луѓе во затворите, Пандов во интервјуто вели дека несостасуваат чувари бидејќи се плашеле за својата безбедност.

Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци. Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив, посочува Пандов.

 

The post Пандов: Нема чувари по затворите, се плашат за својата безбедност appeared first on Република.

]]>

Директорот на Управата за извршувае на санкции, Александар Пандов, сака да вработи неколку стотини лица во македонските затвори во текот на наредната 2025 година. Во интервју за МИА, вели дека во моментов недостасуваат околу 300 до 400 вработени во затворскиот систем.
Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година, вели Пандов.
Но освен намерата да вработи 300 до 400 луѓе во затворите, Пандов во интервјуто вели дека несостасуваат чувари бидејќи се плашеле за својата безбедност.
Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци. Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив, посочува Пандов.
 

The post Пандов: Нема чувари по затворите, се плашат за својата безбедност appeared first on Република.

]]>
Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bekim-memeti-so-vrzani-ratse-ne-ednash-tuku-dva-pati-pukal-vo-kombeto-zatvorskite-chuvari-negiraat-deka-mu-pomognale-da-izbega/ Sun, 15 Jan 2023 14:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=597145

Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак, објави телевизијата „Телма“.

Според сознанијата на „Телма“ што навистина се случило во комбето кое со четворица затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата.

Во првичните изјави, петмината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале.

Целиот текст тука

The post Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега appeared first on Република.

]]>

Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак, објави телевизијата „Телма“. Според сознанијата на „Телма“ што навистина се случило во комбето кое со четворица затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата. Во првичните изјави, петмината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале. Целиот текст тука

The post Беким Мемети, со врзани раце, не еднаш туку два пати пукал во комбето – затворските чувари негираат дека му помогнале да избега appeared first on Република.

]]>
Чуварки имале односи со затвореници: „Влегла во неговата ќелија на Божик и го задоволила“ https://arhiva3.republika.mk/intima/chuvarki-imale-odnosi-so-zatvorenitsi-vlegla-vo-negovata-kelija-na-bozhik-i-go-zadovolila/ Thu, 05 Jan 2023 20:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=593978

Три чуварки во најголемиот британски затвор беа затворени поради афера со затвореници, а над 500 вработени во затворот во Рексам, каде се случи инцидентот, сега минуваат низ антикорупциска обука за да не се повтори.

Поранешните чуварки во затворот Рексам во Северен Велс, Џенифер Гаван (27), Ајшеа Ган (27) и Емили Вотсон (26), добија затворски казни поради врски со затвореници, пишува Daily Mail.

Гаван беше притворена на осум месеци во декември, откако од зад решетки шверцуваше мобилен телефон за затвореникот Алекс Коксон (25). Таа ги испрати своите фотографии и стапи во врска со него во 2020 година, а на суд се изјасни за виновна за недолично однесување.

Таа влезе во неговата ќелија на Божик
– Го изразувам моето изненадување што вработените во HMP Berwyn пишуваат во знак на нејзина поддршка и ги критикуваат другите вработени во Berwyn. Ова е нешто што мислам дека треба да им се стави на внимание на затворските власти – изјави судијата Никлас Пари.

24sata

Џенифер Гаван (27) призна дека меѓу април и јуни 2020 година имала врска со затвореникот Алекс Коксон. Таа добила и 150 фунти за да прошверцува мобилен телефон во неговата ќелија и преку него комуницирале. | Фото: полиција во Велс

Една година претходно, чуварката Ган се заљубила во затвореникот Курам Разаком (29).

Претресот во нејзината спална соба откри видео снимки од парот како се бакнуваат и гушкаат, како и слики направени на мобилен телефон во ќелијата на Разаком.

24sata

Во 2019 година, Ајшеа Ган (27) имала врска со затвореникот Курам Разак, кој отслужувал 12-годишна затворска казна за грабеж. | Фото: полиција во Велс

Колешката чуварка Емили Вотсон беше осудена на една година затвор од истиот суд затоа што влегла во ќелијата на затвореник и го задоволувала на Божик.

24sata

Емили Вотсон – на сликата подолу лево, била во врска со затвореникот Џон Мекги, осуден на осум години затвор за убиство на некого во сообраќај. Емили влезе во ќелијата на Мекги на Божик 2019 година и го задоволи. | Фото: полиција во Велс.

– Огромното мнозинство од персоналот на затворската служба се вредни и посветени и нема да се двоумиме да ги казниме оние што ги прекршуваат правилата – рече портпаролот на затворот.

– Над 500 членови на персоналот добија обука за антикорупција во последните 18 месеци, а нашата зголемена безбедност го штити затворот од обиди за шверц на нелегални предмети внатре – додаде тој.

The post Чуварки имале односи со затвореници: „Влегла во неговата ќелија на Божик и го задоволила“ appeared first on Република.

]]>

Три чуварки во најголемиот британски затвор беа затворени поради афера со затвореници, а над 500 вработени во затворот во Рексам, каде се случи инцидентот, сега минуваат низ антикорупциска обука за да не се повтори. Поранешните чуварки во затворот Рексам во Северен Велс, Џенифер Гаван (27), Ајшеа Ган (27) и Емили Вотсон (26), добија затворски казни поради врски со затвореници, пишува Daily Mail. Гаван беше притворена на осум месеци во декември, откако од зад решетки шверцуваше мобилен телефон за затвореникот Алекс Коксон (25). Таа ги испрати своите фотографии и стапи во врска со него во 2020 година, а на суд се изјасни за виновна за недолично однесување.
Таа влезе во неговата ќелија на Божик – Го изразувам моето изненадување што вработените во HMP Berwyn пишуваат во знак на нејзина поддршка и ги критикуваат другите вработени во Berwyn. Ова е нешто што мислам дека треба да им се стави на внимание на затворските власти – изјави судијата Никлас Пари. 24sata Џенифер Гаван (27) призна дека меѓу април и јуни 2020 година имала врска со затвореникот Алекс Коксон. Таа добила и 150 фунти за да прошверцува мобилен телефон во неговата ќелија и преку него комуницирале. | Фото: полиција во Велс Една година претходно, чуварката Ган се заљубила во затвореникот Курам Разаком (29). Претресот во нејзината спална соба откри видео снимки од парот како се бакнуваат и гушкаат, како и слики направени на мобилен телефон во ќелијата на Разаком. 24sata Во 2019 година, Ајшеа Ган (27) имала врска со затвореникот Курам Разак, кој отслужувал 12-годишна затворска казна за грабеж. | Фото: полиција во Велс Колешката чуварка Емили Вотсон беше осудена на една година затвор од истиот суд затоа што влегла во ќелијата на затвореник и го задоволувала на Божик. 24sata Емили Вотсон – на сликата подолу лево, била во врска со затвореникот Џон Мекги, осуден на осум години затвор за убиство на некого во сообраќај. Емили влезе во ќелијата на Мекги на Божик 2019 година и го задоволи. | Фото: полиција во Велс. – Огромното мнозинство од персоналот на затворската служба се вредни и посветени и нема да се двоумиме да ги казниме оние што ги прекршуваат правилата – рече портпаролот на затворот. – Над 500 членови на персоналот добија обука за антикорупција во последните 18 месеци, а нашата зголемена безбедност го штити затворот од обиди за шверц на нелегални предмети внатре – додаде тој.

The post Чуварки имале односи со затвореници: „Влегла во неговата ќелија на Божик и го задоволила“ appeared first on Република.

]]>
Чуварите во Идризово попладнево на протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chuvarite-vo-idrizovo-popladnevo-na-protest/ Thu, 16 Jun 2022 15:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=516055

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците.

Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово.

Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово.

Поради настанот денес во 17 часот затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот, како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

The post Чуварите во Идризово попладнево на протест appeared first on Република.

]]>

Вистинска драма утринава се случуваше во затворот Идризово откако вчера полицијата влезе во затворот и заплени огромна количина на дрога, ладно оружје како и мобилни апарати од затворениците. Од непознат сторител утринава беше запалено возилото на командирот на затворската чуварска служба во КПУ Идризово. Пожарот бил подметнат во 1:50 часот по полноќ, а возилото било паркирано во кругот на затворот покрај управната зграда на Идризово. Поради настанот денес во 17 часот затворските чувари во Идризово излегуваат на протест пред затворот, како поддршка за колегата кој остана без својот автомобил.

The post Чуварите во Идризово попладнево на протест appeared first on Република.

]]>
Затвореник во ќелија имал над илјада евра, десетпати повеќе од дозволеното- се проверуваат и телефоните на затворениците дали се слушале со чуварите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorenik-vo-kjelija-imal-nad-iljada-evra-desetpati-povekje-od-dozvolenoto-se-proveruvaat-i-telefonite-na-zatvorenicite-dali-se-slushale-so-chuvarite/ Wed, 15 Jun 2022 14:41:37 +0000 https://republika.mk/?p=515617

Вчерашната е прва голема акција со претреси во затворот Идризово откако лани Управата за извршување санкции и МВР потпишаа договор за соработка. Во акцијата учествувале 65 специјалци од ЕБР, уште 30 полицајци од крим-техника и над 40 затворски чувари и полицајци од други затвори.

Слична операција со помали размери имало лани истотака во Идризово.

Претресите се вршени со налог од судија, со конкретно име и презиме на осуденик, келија и затворско крило. Обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ги упатил барањата за претрес и раководел со операцијата.

Биле претресени келии и затвореници и во затворнеиот дел и меѓу осудениците со доживотни казни за Диво Насеље, но и кај затвореници во полуотвореното одделение.

Кај еден затвореник биле најдени три ножа, додека друг имал над илјада евра иако според правилниците било дозволено да имаат најмногу 6.000 денари за цел месец, објаснува за Телма извор од истрагата.

Парите на затворениците им користат освен за производи во затворската кантина истотака за услуги од други затвореници кои им наплаќаат за местење кревети, чистење наместо оној осуденик што плаќа, за подготовка на храна или дури и за замена кога се вршат прекршоци.

Поради тоа, при прекршок, посиромашните затвореници ги заменуваат побогатите и дури и ги преземаат нивните казни, а на тој начин заработуваат за да имаат за низ затвор. Од друга страна, со повеќе пари може да се обезбедат и услуги од затворските чувари.

Одземените телефони се вештачат за да се провери дали затворениците контактирале со припадници на затворската служба. За сите кривични дела ќе бидат поднесени пријави против затворениците, но доколку се најдат докази и за затворски службеници.

 

The post Затвореник во ќелија имал над илјада евра, десетпати повеќе од дозволеното- се проверуваат и телефоните на затворениците дали се слушале со чуварите appeared first on Република.

]]>

Вчерашната е прва голема акција со претреси во затворот Идризово откако лани Управата за извршување санкции и МВР потпишаа договор за соработка. Во акцијата учествувале 65 специјалци од ЕБР, уште 30 полицајци од крим-техника и над 40 затворски чувари и полицајци од други затвори. Слична операција со помали размери имало лани истотака во Идризово. Претресите се вршени со налог од судија, со конкретно име и презиме на осуденик, келија и затворско крило. Обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ги упатил барањата за претрес и раководел со операцијата. Биле претресени келии и затвореници и во затворнеиот дел и меѓу осудениците со доживотни казни за Диво Насеље, но и кај затвореници во полуотвореното одделение. Кај еден затвореник биле најдени три ножа, додека друг имал над илјада евра иако според правилниците било дозволено да имаат најмногу 6.000 денари за цел месец, објаснува за Телма извор од истрагата. Парите на затворениците им користат освен за производи во затворската кантина истотака за услуги од други затвореници кои им наплаќаат за местење кревети, чистење наместо оној осуденик што плаќа, за подготовка на храна или дури и за замена кога се вршат прекршоци. Поради тоа, при прекршок, посиромашните затвореници ги заменуваат побогатите и дури и ги преземаат нивните казни, а на тој начин заработуваат за да имаат за низ затвор. Од друга страна, со повеќе пари може да се обезбедат и услуги од затворските чувари. Одземените телефони се вештачат за да се провери дали затворениците контактирале со припадници на затворската служба. За сите кривични дела ќе бидат поднесени пријави против затворениците, но доколку се најдат докази и за затворски службеници.  

The post Затвореник во ќелија имал над илјада евра, десетпати повеќе од дозволеното- се проверуваат и телефоните на затворениците дали се слушале со чуварите appeared first on Република.

]]>