човечки фактор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chovechki-faktor/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:35:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png човечки фактор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chovechki-faktor/ 32 32 Човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на висорамнината Љубаш https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chovechki-faktor-e-najverojatno-prichinata-za-pozharot-na-visoramninata-lubash/ Sat, 13 Jul 2024 12:35:50 +0000 https://republika.mk/?p=796400

Пожар на четири места бил предизвикан на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно е човечки фактор, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Нашите пожарникари од рано утринава се на терен и интервенираа на четири локации. Благодарение на брзата интервенција пожарите се локализирани и изгаснати. Според првичните информации, човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на четирите места на висорамнината. Се работи на терен за утврдување на точниот причинител, истовремено се контролира целиот терен, нагласуваат од Противпожарната единица.

Оттаму упатуваат апел за внимателност до сите, со цел превентивно да се влијае и да се спречи појавата на пожари. Особено во услови на многу топло време.

The post Човечки фактор е најверојатно причината за пожарот на висорамнината Љубаш appeared first on Република.

]]>

Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sarafov-chovechka-greshka-e-vodechka-verzija-za-nesrekjata-so-srpskiot-avtobus-na-avtopatot-trakija/ Mon, 15 Aug 2022 08:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=540424

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, во која српски автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Сарафов, ова е водечката верзија – за човечка грешка.

Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал.

Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето, рече и Сарафов.

Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.

Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште, истакна и Борислав Сарафов.

The post Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија appeared first on Република.

]]>

Водечката верзија за несреќата со српскиот автобус синоќа на автопатот Тракија е човечка грешка, во која српски автобус излета од патот на делот меѓу Нова Загора и Стара Загора, соопшти заменик-јавниот обвинител и директор на Националната истражна служба на Бугарија Борислав Сарафов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Сарафов, ова е водечката верзија – за човечка грешка. Нема нерамнини на патот ниту на автопатот Тракија во Бугарија, немаше други пречки поради кои автобусот скршнал.
Нема техничка неисправност што се случила ненадејно при движењето, рече и Сарафов.
Според него, водечката верзија останува само човечка грешка, за која се собрани директни сведоштва од оние кои се возеле во автобусот.
Возачот го сврти вниманието обидувајќи се да му помогне на еден од патниците да крене седиште, истакна и Борислав Сарафов.

The post Сарафов: Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија appeared first on Република.

]]>
Човечки фактор или испад на далноводот е причина зошто Скопје остана без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/chovechki-faktor-ili-ispad-na-dalnovodot-e-prichina-zoshto-skopje-ostana-bez-struja/ Sun, 13 Feb 2022 21:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=458098

Човечки фактор или искрење од далноводите како причина за пожарот поради кој Скопје, делови од Штип, Свети Николе и други населени места останаа без струја. МВР веќе ги проверува снимките од безбедносите камери поставени во близина на местата каде што се случија дефектите, објави „Телма“.

Според официјалните информации од МЕПСО до прекинот со снабдување со електрична енергија дојде поради испад на далноводот од трафостаницата „Скопје 4“ во населбата Пинтија која го снабдува со струја поголемиот дел од градот, но и трафостаницата Бунарџик преку која се снабдуваат градовите во овчеполскиот регион. Оттаму додаваат дека диспечерите го вратиле напонот во поголемиот дел од мрежата и дека се работи на отстранување на изолирани дефекти поради што можни се краткотрајни прекини во снабдувањето.

Пожарот кој избувна на само сто метри од клучната 400 киловатна трафостаница „Скопје 4“ и точно под далноводот кој води кон трафостаницата Бунарџик бил локализиран брзо од скопските пожарникари. Не се исклучува можноста дека е прдизвикан од искра од далноводот, а експлозијата на трафостаницата во Бунарџик била пријавена неколку моменти подоцна.

Според информациите на „Телма“, на трансфоматорот кај Бунарџик дошло до оштетување на осигурачите, што укажува на фактот дека заштитниот ланец бил пробиен, автоматската заштита не реагирала навремено и поради тоа се случила експлозија.

The post Човечки фактор или испад на далноводот е причина зошто Скопје остана без струја appeared first on Република.

]]>

Човечки фактор или искрење од далноводите како причина за пожарот поради кој Скопје, делови од Штип, Свети Николе и други населени места останаа без струја. МВР веќе ги проверува снимките од безбедносите камери поставени во близина на местата каде што се случија дефектите, објави „Телма“. Според официјалните информации од МЕПСО до прекинот со снабдување со електрична енергија дојде поради испад на далноводот од трафостаницата „Скопје 4“ во населбата Пинтија која го снабдува со струја поголемиот дел од градот, но и трафостаницата Бунарџик преку која се снабдуваат градовите во овчеполскиот регион. Оттаму додаваат дека диспечерите го вратиле напонот во поголемиот дел од мрежата и дека се работи на отстранување на изолирани дефекти поради што можни се краткотрајни прекини во снабдувањето. Пожарот кој избувна на само сто метри од клучната 400 киловатна трафостаница „Скопје 4“ и точно под далноводот кој води кон трафостаницата Бунарџик бил локализиран брзо од скопските пожарникари. Не се исклучува можноста дека е прдизвикан од искра од далноводот, а експлозијата на трафостаницата во Бунарџик била пријавена неколку моменти подоцна. Според информациите на „Телма“, на трансфоматорот кај Бунарџик дошло до оштетување на осигурачите, што укажува на фактот дека заштитниот ланец бил пробиен, автоматската заштита не реагирала навремено и поради тоа се случила експлозија.

The post Човечки фактор или испад на далноводот е причина зошто Скопје остана без струја appeared first on Република.

]]>