чорба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chorba/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 17:27:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чорба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chorba/ 32 32 Време е за чорба од тиква, совршена за есенска диета https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vreme-e-za-chorba-od-tikva-sovrshena-za-esenska-dieta/ Wed, 25 Oct 2023 17:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=695012

Есента е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини за нејзино приготвување, како што постојат и голем број разни видови тикви. Тие може да се поделат во две групи, зимски и летни тикви. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како однадвор така и однатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства.

Меѓу зеленчукот тиквата е шампион по содржината на железо, бакар и флуор, а содржи и калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц, Е, витамини од групата Б, каротин. По содржината на каротин тиквата е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна, кои лесно се апсорбираат во организмот. И за крај, тиквата е нискокалорична.

Искористете ја предноста на сезоната на тикви и користете ја во облик на супа, како главен оброк за појадок, ручек или вечера. За време на диетата може да користите свеж зеленчук како грицки или како ужина и задолжително треба да пиете два литри вода дневно.

За рецептот за супата, која е вашето единствено главно јадење, потребни ви се следниве состојки:

2 јаболка
450 г зеленчук по желба
1 кг тиква
1 главица кромид, средна големина
2 лажици билно масло
малку павлака за готвење со ниска масленост
зачини по желба

Приготвување:

Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Истото тоа направете го и со тиквата.
Во големо тенџере ставете ги двете лажици масло и на нив пропржете го кромидот. Врз него додајте ги зеленчукот и овошјето, зачинете и ставете 2 чаши вода.
Смесата треба да зовре, па потоа на умерена температура варете уште 20-25 минути со постојано мешање.
Меко сварениот зеленчук ставете го во блендер.
Добиеното пире вратете го во садот за варење, ставете малку павлака за готвење и проварете неколку минути со постојано мешање.
Супата може да ја консумирате кога сакате, во колкаво количество и да сакате.

The post Време е за чорба од тиква, совршена за есенска диета appeared first on Република.

]]>

Есента е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини за нејзино приготвување, како што постојат и голем број разни видови тикви. Тие може да се поделат во две групи, зимски и летни тикви. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како однадвор така и однатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства. Меѓу зеленчукот тиквата е шампион по содржината на железо, бакар и флуор, а содржи и калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините Ц, Е, витамини од групата Б, каротин. По содржината на каротин тиквата е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна, кои лесно се апсорбираат во организмот. И за крај, тиквата е нискокалорична. Искористете ја предноста на сезоната на тикви и користете ја во облик на супа, како главен оброк за појадок, ручек или вечера. За време на диетата може да користите свеж зеленчук како грицки или како ужина и задолжително треба да пиете два литри вода дневно.

За рецептот за супата, која е вашето единствено главно јадење, потребни ви се следниве состојки:

2 јаболка 450 г зеленчук по желба 1 кг тиква 1 главица кромид, средна големина 2 лажици билно масло малку павлака за готвење со ниска масленост зачини по желба Приготвување: Излупете ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на парчиња. Истото тоа направете го и со тиквата. Во големо тенџере ставете ги двете лажици масло и на нив пропржете го кромидот. Врз него додајте ги зеленчукот и овошјето, зачинете и ставете 2 чаши вода. Смесата треба да зовре, па потоа на умерена температура варете уште 20-25 минути со постојано мешање. Меко сварениот зеленчук ставете го во блендер. Добиеното пире вратете го во садот за варење, ставете малку павлака за готвење и проварете неколку минути со постојано мешање. Супата може да ја консумирате кога сакате, во колкаво количество и да сакате.

The post Време е за чорба од тиква, совршена за есенска диета appeared first on Република.

]]>
Кремаста и вкусна – турска пилешка чорба https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/kremasta-i-vkusna-turska-pileshka-chorba/ Fri, 19 May 2023 13:52:47 +0000 https://republika.mk/?p=642609

Иако е мај, времето не ни дава ни да помислиме на собирање на јакните. Затоа, ви предлагаме да си ја подготвите оваа вкусна кремаста чорба, по стар турски рецепт.

Потребно е:

1 пилешки стек
сол, бибер, сув рузмарин
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 стапчиња целер
1 праз
1 морков
1 црвена пиперка
Малку брашно
Масло
Вода
100 грама фиде

Подготовка:

Во длабоко тенџере се динстаат кромидот, ренданиот морков, и ситно сечканите целер, црвена пиперка и праз. Додадете сол и бибер. Додадете го ситно сечканиот лук и 2 лажици брашно. Промешајте, па истурете вода и варете додека сè убаво не се измеша.

За тоа време пилешкото исецкајте го на ситни парчиња, извалкајте го во брашно, сол, бибер и сув рузмарин. Пржете го додека не порумени, па процедете го и додадете го во готовата супа. Во тенџерето додадете го фидето, неколку ловорови листови и свеж магдонос.

The post Кремаста и вкусна – турска пилешка чорба appeared first on Република.

]]>

Иако е мај, времето не ни дава ни да помислиме на собирање на јакните. Затоа, ви предлагаме да си ја подготвите оваа вкусна кремаста чорба, по стар турски рецепт.

Потребно е:

1 пилешки стек сол, бибер, сув рузмарин 1 главица кромид 2 чешниња лук 2 стапчиња целер 1 праз 1 морков 1 црвена пиперка Малку брашно Масло Вода 100 грама фиде

Подготовка:

Во длабоко тенџере се динстаат кромидот, ренданиот морков, и ситно сечканите целер, црвена пиперка и праз. Додадете сол и бибер. Додадете го ситно сечканиот лук и 2 лажици брашно. Промешајте, па истурете вода и варете додека сè убаво не се измеша. За тоа време пилешкото исецкајте го на ситни парчиња, извалкајте го во брашно, сол, бибер и сув рузмарин. Пржете го додека не порумени, па процедете го и додадете го во готовата супа. Во тенџерето додадете го фидето, неколку ловорови листови и свеж магдонос.

The post Кремаста и вкусна – турска пилешка чорба appeared first on Република.

]]>