чоколада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chokolada/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 09:02:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чоколада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chokolada/ 32 32 Чоколадо: да се јаде или не? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/chokolado-da-se-jade-ili-ne/ Mon, 14 Oct 2024 09:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=826437

Децата од три години може да јадат по 10 г природно чоколадо на ден еднаш-двапати неделно, а младите и возрасните по 20–25 г два-три пати неделно или дури и поретко.

Научниците сметаат дека со умерена употреба на природно чоколадо се спречуваат исхемиска болест на срцето, артериска хипертензија, стенокардија, па дури и срцев и мозочен удар.

Чоколадото исти така ја подобрува состојбата на кожата, косата и на ноктите – поради минерално-витаминската разновидност го хармонизира коскеното ткиво, особено кај младите, а маските и бањите од чоколадо на изглед ги прават кожата и косата здрави.

МАНИ

* Обичните чоколади од продавница содржат многу калории, а чоколадните бонбончиња се едни од најштетните производи.

* На трудници и на доилки чоколадо и какао не им се препорачуваат поради тоа што се силни алергени.

* Овие намирници може да предизвикаат ждригавица, болести на зглобовите, да го засилат создавањето камен во бубрег, да предизвикаат главоболка и вознемиреност.

* Какао-напивката е корисна за нервно-мускулниот тонус и коскеното ткиво само кога ќе се приготви од нерастворлив супстрат, кој се вари како кафе.

* Растворливиот какао-прав го стимулира нервниот систем и може да го засили либидото, што за децата не е умесно.

* Напивката од какао-прав треба да се разблажи со поголемо количество млеко и да се пие само еднаш неделно.

* Топлото чоколадо што се прави од какао е вкусна напивка, но не е корисно за здравјето.

ПОТСЕТНИК

ВНИМАВАЈТЕ! Ако на прво место во составот на чоколадото е наведен шеќер, не ни помислувајте дека е корисна намирница.

КОНСУМИРАЈТЕ…

… природно чоколадо од Белгија и Швајцарија. Таму навистина е реална гаранцијата дека ќе добиете максимално квалитетна намирница.

The post Чоколадо: да се јаде или не? appeared first on Република.

]]>

Децата од три години може да јадат по 10 г природно чоколадо на ден еднаш-двапати неделно, а младите и возрасните по 20–25 г два-три пати неделно или дури и поретко. Научниците сметаат дека со умерена употреба на природно чоколадо се спречуваат исхемиска болест на срцето, артериска хипертензија, стенокардија, па дури и срцев и мозочен удар. Чоколадото исти така ја подобрува состојбата на кожата, косата и на ноктите – поради минерално-витаминската разновидност го хармонизира коскеното ткиво, особено кај младите, а маските и бањите од чоколадо на изглед ги прават кожата и косата здрави. МАНИ * Обичните чоколади од продавница содржат многу калории, а чоколадните бонбончиња се едни од најштетните производи. * На трудници и на доилки чоколадо и какао не им се препорачуваат поради тоа што се силни алергени. * Овие намирници може да предизвикаат ждригавица, болести на зглобовите, да го засилат создавањето камен во бубрег, да предизвикаат главоболка и вознемиреност. * Какао-напивката е корисна за нервно-мускулниот тонус и коскеното ткиво само кога ќе се приготви од нерастворлив супстрат, кој се вари како кафе. * Растворливиот какао-прав го стимулира нервниот систем и може да го засили либидото, што за децата не е умесно. * Напивката од какао-прав треба да се разблажи со поголемо количество млеко и да се пие само еднаш неделно. * Топлото чоколадо што се прави од какао е вкусна напивка, но не е корисно за здравјето. ПОТСЕТНИК ВНИМАВАЈТЕ! Ако на прво место во составот на чоколадото е наведен шеќер, не ни помислувајте дека е корисна намирница. КОНСУМИРАЈТЕ… … природно чоколадо од Белгија и Швајцарија. Таму навистина е реална гаранцијата дека ќе добиете максимално квалитетна намирница.

The post Чоколадо: да се јаде или не? appeared first on Република.

]]>
Експлозија во фабрика за чоколада во Пенсилванија, петмина загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksplozija-vo-fabrika-za-chokolada-vo-pensilvanija-petmina-zaginati/ Sat, 25 Mar 2023 17:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=623651

Во експлозија којашто одекнала во фабрика за чоколада во американската сојузна држава Пенсилванија загинале најмалку пет луѓе, а шестмина се водат за исчезнати додека спасувачите ги пребаруваат урнатините, објави во саботата тамошната служба за итни случаи.

Началникот на полицијата Вејн Холбен изјави дека експлозијата уништила една зграда и го оштетила соседниот објект. Според него, експлозијата била толку силна, што некои соседни полесни објекти биле отфрлени за четири метри.

Експлозијата се случила во петокот околу 17 часот по локално време, во фабричкиот дел на компанијата „R.M Palmer“ во Вест Ридинг, на 97 километри северозападно од Филаделфија, објави агенцијата за итни ситуации на Пенсилванија (PEMA).

Агенцијата објави дека по завршувањето на спасувачката операција ќе биде спроведена истрага поради утврдување на причините за експлозијата. Во прелиминарниот извештај за инцидентот се споменува истекување гас.

Во локалните болници се пренесени седум повредни. Од PEMA не објавија поединости за потрагата по исчезнатите и спасувањето на настраданите.

На снимките објавени во локалните медиуми и на социјалните мрежи се забележуваат голем облак црн чад. Се истакнува дека компанијата и производствениот комплекс се наоѓаат во центарот на градот.

Компанијата „R.M Palmer“ е основан во 1948 година. Вработува околу 850 луѓе и произведува 500 различни производи од чоколада и сдруги видови слатки.

 

The post Експлозија во фабрика за чоколада во Пенсилванија, петмина загинати appeared first on Република.

]]>

Во експлозија којашто одекнала во фабрика за чоколада во американската сојузна држава Пенсилванија загинале најмалку пет луѓе, а шестмина се водат за исчезнати додека спасувачите ги пребаруваат урнатините, објави во саботата тамошната служба за итни случаи. Началникот на полицијата Вејн Холбен изјави дека експлозијата уништила една зграда и го оштетила соседниот објект. Според него, експлозијата била толку силна, што некои соседни полесни објекти биле отфрлени за четири метри. Експлозијата се случила во петокот околу 17 часот по локално време, во фабричкиот дел на компанијата „R.M Palmer“ во Вест Ридинг, на 97 километри северозападно од Филаделфија, објави агенцијата за итни ситуации на Пенсилванија (PEMA). Агенцијата објави дека по завршувањето на спасувачката операција ќе биде спроведена истрага поради утврдување на причините за експлозијата. Во прелиминарниот извештај за инцидентот се споменува истекување гас. Во локалните болници се пренесени седум повредни. Од PEMA не објавија поединости за потрагата по исчезнатите и спасувањето на настраданите. На снимките објавени во локалните медиуми и на социјалните мрежи се забележуваат голем облак црн чад. Се истакнува дека компанијата и производствениот комплекс се наоѓаат во центарот на градот. Компанијата „R.M Palmer“ е основан во 1948 година. Вработува околу 850 луѓе и произведува 500 различни производи од чоколада и сдруги видови слатки.  

The post Експлозија во фабрика за чоколада во Пенсилванија, петмина загинати appeared first on Република.

]]>