членство во ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chlenstvo-vo-eu/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Nov 2023 11:23:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png членство во ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chlenstvo-vo-eu/ 32 32 Орбан: Украина е светлосни години далеку од членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ukraina-e-svetlosni-godini-daleku-od-chlenstvo-vo-eu/ Sun, 19 Nov 2023 11:23:08 +0000 https://republika.mk/?p=703135

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина е „светлосни години“ оддалечена од пристапувањето кон Европската унија.

Говорејќи на конгресот на неговата партија „Фидес“, Орбан порача дека тој и неговата влада ќе се спротивстават на разговорите во ЕУ кон средината на декември за тоа дали официјален Киев треба формално да ги почне преговорите за пристапување во европскиот блок.

За прием на нова земја во ЕУ потребна е согласност од сите членки на Унијата, а Орбан може да стави вето.

Орбан, на партискиот конгрес во Будимпешта по 11 пат беше реизбран за претседател на Фидес.

Притоа тој кажа дека еден од приоритетите на неговата нова влада ќе биде да го запре патот на Украина кон ЕУ.

Нашата задача е да го исправиме погрешното ветување, дека преговорите со Украина ќе почнат, бидејќи Киев сега е светлосни години оддалечен од ЕУ, изјави унгарскиот премиер.

https://republika.mk/vesti/svet/orban-reizbran-za-lider-na-vladejachkata-fides/

Орбан посочува дека преговорите за членство не можат да почнат со земја во војна и дека членството на Украина ќе го промени системот на распределба на средствата за земјите-членки на ЕУ.

Европската комисија претходно овој месец предложи почеток на пристапните преговори со Украина, велејќи дека владата во Киев „покажала исклучително ниво на институционална сила, решителност и способност да функционира“.

The post Орбан: Украина е светлосни години далеку од членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина е „светлосни години“ оддалечена од пристапувањето кон Европската унија. Говорејќи на конгресот на неговата партија „Фидес“, Орбан порача дека тој и неговата влада ќе се спротивстават на разговорите во ЕУ кон средината на декември за тоа дали официјален Киев треба формално да ги почне преговорите за пристапување во европскиот блок. За прием на нова земја во ЕУ потребна е согласност од сите членки на Унијата, а Орбан може да стави вето. Орбан, на партискиот конгрес во Будимпешта по 11 пат беше реизбран за претседател на Фидес. Притоа тој кажа дека еден од приоритетите на неговата нова влада ќе биде да го запре патот на Украина кон ЕУ.
Нашата задача е да го исправиме погрешното ветување, дека преговорите со Украина ќе почнат, бидејќи Киев сега е светлосни години оддалечен од ЕУ, изјави унгарскиот премиер.
https://republika.mk/vesti/svet/orban-reizbran-za-lider-na-vladejachkata-fides/ Орбан посочува дека преговорите за членство не можат да почнат со земја во војна и дека членството на Украина ќе го промени системот на распределба на средствата за земјите-членки на ЕУ. Европската комисија претходно овој месец предложи почеток на пристапните преговори со Украина, велејќи дека владата во Киев „покажала исклучително ниво на институционална сила, решителност и способност да функционира“.

The post Орбан: Украина е светлосни години далеку од членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Макрон ги сруши надежите за членство до 2030 година: ЕУ можеби треба да еволуира кон Унија со „повеќе брзини“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makron-gi-srushi-nadezhite-za-chlenstvo-do-2030-godina-eu-mozhebi-treba-da-evoluira-kon-unija-so-poveke-brzini/ Mon, 28 Aug 2023 15:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=676644

Францускиот претседател Емануел Макрон  рече дека ЕУ „можеби“ треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. Макрон рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и мора да изгради консензус со повеќе од 30 земји-членки.

„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно“, рече тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.  „Ќе ни треба смелост, да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, рече Макрон.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-optimist-rama-pesimist-deka-e-mozhno-chlenstvo-vo-eu-do-2030-godina/

The post Макрон ги сруши надежите за членство до 2030 година: ЕУ можеби треба да еволуира кон Унија со „повеќе брзини“ appeared first on Република.

Koвачевски оптимист, Рама песимист дека е можно членство во ЕУ до 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-optimist-rama-pesimist-deka-e-mozhno-chlenstvo-vo-eu-do-2030-godina/ Mon, 28 Aug 2023 15:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=676641

Членството во Европската Унија во 2030 година е остварлива цел. Треба да дадеме се од себе во смисла на реформите,  а очекувам дека ЕУ ќе најде и смогне сили да го стави проширувањето на својата приоритетна листа, порача премиерот Димитар Ковачевски на лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум што вчера и денеска се одржува на Блед под мотото „Солидарност за глобална безбедност“, јави известувачот на МИА.

-Уверен сум дека Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја. Од старите земји кандидатки, сме најдобри во многу аспекти во смисла на имлементирањето на европското законодавство, микро финансиската стабилност што е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 е остварлива како цел, рече Ковачевски.

Посочи дека земјава стана кандидат за членство во ЕУ уште пред Солунскиот процес во 2003 година.

-Во тоа време не бевме Македонија, туку Македонија. Црна Гора не беше независна и Косово не беше независно. Ете колку долго траеше процесот, и кога велите 50 отсто во земјата се за ЕУ, тогаш јас би рекол дека ова е голем оптимизам, по 20 години. Има многу фрустрација. Има други истражувања на јавното мислење кои велат дека 80 отсто од граѓаните на Македонија се за европска интеграција и проевропски ориентирани, а истовремено 80 отсто од граѓаните се против блокадите кои доаѓаат една по друга. Овие блокади доаѓаат од земји членки на ЕУ во бранови кои што се користат главно за нивната домашна политика, а не за меѓународната сцена, рече Ковачевски.

Членството во ЕУ, како што рече, е единствената алтернатива за земјите од Западен Балкан, затоа што нивните економии се поврзани.

-Имав можност да ги видам моите Македонци кои живеат и работат во Копер, но исто така забележав кога одите долж ривиерата како да се наоѓате во БиХ, затоа што сите келнери доаѓаат од БиХ. Зошто? За повисоки плати. И кога ги прашувам како ви е, тогаш велат не може полошо, затоа што работиме на 50 степени на сонце, на терасите. Потоа видов неколку македонски студенти кои работат во кафетериите, знаете што ми кажаа – „Ве молиме направете се, да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на ЕУ, но дома, не овде, во Словенија“, истакна Ковачевски.

За албанскиот премиер Еди Рама, пак, не е реално во 2030 година земјите од Западен Балкан да бидат полноправни членки на Унијата, но посочи, дека е добро до тогаш да се видат конкретни потези и чекори што ги презема ЕУ.

За премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ 2030 година е многу далеку и смета дека неговата земја, која прва во регионот уште во 2012 година ги почна преговорите за членство, треба многу побрзо да се интегрира бидејќи нема никакви отворени прашања со соседите и постојано работи на подобрување на судството и борбата против корупција.

-Ние политичарите од Западен Балкан знаеме што сакаме – полноправно членство во ЕУ веднаш, а европските политичари се уште не знаат што сакаат, рече Абазовиќ

The post Koвачевски оптимист, Рама песимист дека е можно членство во ЕУ до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Членството во Европската Унија во 2030 година е остварлива цел. Треба да дадеме се од себе во смисла на реформите,  а очекувам дека ЕУ ќе најде и смогне сили да го стави проширувањето на својата приоритетна листа, порача премиерот Димитар Ковачевски на лидерскиот панел на Бледскиот стратешки форум што вчера и денеска се одржува на Блед под мотото „Солидарност за глобална безбедност“, јави известувачот на МИА. -Уверен сум дека Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја. Од старите земји кандидатки, сме најдобри во многу аспекти во смисла на имлементирањето на европското законодавство, микро финансиската стабилност што е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 е остварлива како цел, рече Ковачевски. Посочи дека земјава стана кандидат за членство во ЕУ уште пред Солунскиот процес во 2003 година.
-Во тоа време не бевме Македонија, туку Македонија. Црна Гора не беше независна и Косово не беше независно. Ете колку долго траеше процесот, и кога велите 50 отсто во земјата се за ЕУ, тогаш јас би рекол дека ова е голем оптимизам, по 20 години. Има многу фрустрација. Има други истражувања на јавното мислење кои велат дека 80 отсто од граѓаните на Македонија се за европска интеграција и проевропски ориентирани, а истовремено 80 отсто од граѓаните се против блокадите кои доаѓаат една по друга. Овие блокади доаѓаат од земји членки на ЕУ во бранови кои што се користат главно за нивната домашна политика, а не за меѓународната сцена, рече Ковачевски.
Членството во ЕУ, како што рече, е единствената алтернатива за земјите од Западен Балкан, затоа што нивните економии се поврзани.
-Имав можност да ги видам моите Македонци кои живеат и работат во Копер, но исто така забележав кога одите долж ривиерата како да се наоѓате во БиХ, затоа што сите келнери доаѓаат од БиХ. Зошто? За повисоки плати. И кога ги прашувам како ви е, тогаш велат не може полошо, затоа што работиме на 50 степени на сонце, на терасите. Потоа видов неколку македонски студенти кои работат во кафетериите, знаете што ми кажаа – „Ве молиме направете се, да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на ЕУ, но дома, не овде, во Словенија“, истакна Ковачевски.
За албанскиот премиер Еди Рама, пак, не е реално во 2030 година земјите од Западен Балкан да бидат полноправни членки на Унијата, но посочи, дека е добро до тогаш да се видат конкретни потези и чекори што ги презема ЕУ. За премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ 2030 година е многу далеку и смета дека неговата земја, која прва во регионот уште во 2012 година ги почна преговорите за членство, треба многу побрзо да се интегрира бидејќи нема никакви отворени прашања со соседите и постојано работи на подобрување на судството и борбата против корупција.
-Ние политичарите од Западен Балкан знаеме што сакаме – полноправно членство во ЕУ веднаш, а европските политичари се уште не знаат што сакаат, рече Абазовиќ

The post Koвачевски оптимист, Рама песимист дека е можно членство во ЕУ до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znachitelno-e-namalen-optimizmot-kaj-graganite-od-pred-chetiri-godini-deka-nato-ke-pomogne-na-drzhavata-za-integratsiite-vo-eu-pokazha-anketata-na-detektor/ Sun, 18 Jun 2023 14:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=652811

Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор.

Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.

Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.

Од Детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.

И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.

Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ.

Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата.

Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.

The post Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Последното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за Детектор, покажува дека мнозинството граѓани сметаат дека членството во НАТО е добра одлука но таа нема да ни го забрза евроинтегративниот процес, известуваат од Детектор. Според истражувањето, 57,5% од анкетираните сметаат дека членството во НАТО е добра одлука додека 27,9% се убедени дека е лоша. Според етничката структура на испитаниците, Македонците се прилично поделени иако мнозинството или 48,9% сметаат дека членството во НАТО е добра одлука, иако дури 33,6% се убедени во спротивното. Кај етничките Албанци речиси и да нема дилема - 85,1% сметаат дека е членството во НАТО е добра одлука, додека само 11,1% дека е лоша.
Според возрасната структура, анкетата покажува дека помладите граѓани се поубедени дека одлуката за членство во НАТО е добра одлука иако процентите не варираат во некој значителен износ. Нешто над половина од анкетираните или 51,5% сметаат дека со влезот во НАТО се зголемила безбедноста на државата додека 36,1% сметаат дека тоа не е така, стои во соопштението.
Од Детектор велат дека споредбата со анкетата која ИПИС за нив ја спроведе во 2019 година, не покажува некоја значителна разлика кај оние кои сметаат дека со членството во НАТО се зголемила безбедноста во државата, додека има значителен раст кој оние кои се убедени во спротивното.
И за ова прашање анализата на етничката структура на оние кои ги давале одговорите покажува дека Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивставени ставови, тврдат од Детектор.
Оттаму, исто така, велат дека споредбата со анкетата на ИПИС од пред 4 години покажува дека значително се намалил оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе и помогне на државата за интеграциите во ЕУ. Во однос на евентуалните придобивки кои земјава ги има од претседавањето со ОБСЕ, според анкетата, 36,1% гледаат одредени придобивки, 35,3% не. Од оние кои што гледаат придобивки, најголем дел сметаат дека тоа е поголема промоција и зголемување на кредибилитетот на државата. Исто така се наведува дека анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници.  

The post Значително е намален оптимизмот кај граѓаните дека НАТО ќе ѝ помогне на државата за интеграциите во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Членството во ЕУ е гаранција дека ќе престанат бугарските уцени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-chlenstvoto-vo-eu-e-garantsija-deka-ke-prestanat-bugarskite-utseni/ Mon, 22 May 2023 07:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=643449

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ гостуваше заедно со пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во дебатната емисија „Детектор“ во која порача дека она што Бугарија го бара од нас е токму она што е впишано во преговарачката рамка, а тоа е да ги впишеме Бугарите во Уставот како заедница и дека не е може да се зборува за нешто друго ако не ни стои како обврска во преговарачката рамка.

- Мислам дека е навистина неодговорно да се претставуваат работите како што не се. Јас ви тврдам дека не постои друга држава освен Бугарија којашто имаше дилема околу нашето почнување на преговорите. Ние ги почнавме преговорите со условот да го смениме Уставот до крајот на скрининг процесот, тоа беше редот на нештата, не можеме сега да измислуваме дека имаме некакви други или дополнителни барања, рече Маричиќ.

Околу македонскиот јазик и идентитет вицепремиерот увери дека нема никаква дилема и сила што може да нè загрози нас во ЕУ и дека „не ВМРО-ДПМНЕ не СДСМ, кој било да е на власт нема да прифати менување на јазикот и идентитетот“, посочувајќи дека имаме добиено верификација да си го нарекуваме својот јазик македонски и дека во Брисел на скрининг состаноците се говори на македонски.

Во однос на политиката на Бугарија, Маричиќ посочи дека „најголем македонски интерес е да станеме членка на ЕУ“, бидејќи како што вели тој само така ќе имаме гаранција дека ќе престанат бугарските уцени и негирања.

- Бугарите се обидоа да ни го оспорат јазикот и во НАТО, не успеаја затоа што сме таму членка. Се обидоа и во Обединетите нации и таму не успеаја, се обидоа и во ОБСЕ. Тоа е за нас решено прашање, бидејќи сме договориле формула дека во преговарачката рамка ќе стои македонскиот јазик и дека правото на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик и дека Бугарија на усвојување на преговарачката рамка не се противи, туку вложува своја нота исто како и во многу други ситуации, рече Маричиќ, посочувајќи го договорот од Фронтекс кој го потпишавме на македонски, дека Бугарија не го спречи, туку дека го потпиша и таа.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, кој често е во Брисел и во комуникација со високи претставници на државите членки на ЕУ, на обвинувањата од Николоски дека има други држави кои сметаат дека не треба да ги продолжиме преговорите, Маричиќ уверува дека не познава друга држава која е против освен Бугарија и тоа дека „се покажало и на заклучоците, а се покажало во многу ситуации дека Бугарија останала сама, без поддршка.“

За презентираните резултати од анкетата поврзана со уставните измени, Маричиќ рече дека сега сите треба да заземат поодговорна позиција, повикувајќи се на атмосферата кај граѓаните за Преспанскиот договор, која покажа како што вели тој дека чекањето нема да ни донеси подобри позиции, туку напротив се влошува.

- Да сме го решеле спорот со Грција 2008 можеби ќе го решевме со двојна формула, да сме го решеле 1993 можеби ќе сме го решеле само со цртичка и додавање на името на главниот град до Република Македонија, меѓутоа не сме го сториле тоа мислејќи дека чекањето ќе ни донесе подобра позиција. За жал времето покажа дека не сме биле во право и дека чекањето како стратегија оди на штета на Македонците и на штета на Македонија, затоа сметам дека треба имајќи го ова искуство сите да земеме поодговорна позиција и да го решиме прашањето за уставни измени, затоа што сум убеден дека за многу кратко време ќе согледаат граѓаните дека нема апсолутно никаква негативна последица, уверува Маричиќ.

Маричиќ објасни дека борбата во преговарањето при подготовката на преговарачката рамка не била „да ја убедиме Бугарија во тоа кои сме и што сме“, туку „да ја убедиме ЕУ, односно другите 26 држави членки, и во тоа успеавме, да не ја преземат политиката на Бугарија како европска, да не биде негиран македонскиот јазик и обидите за негирање на идентитетот да се доведат на ниво на европска политика.

- Алтернативите беа да имаме како случајот со Србија и Косово Поглавје 35, посебно поглавје, бугарско поглавје што јас сметам дека дел од политичките структури во Софија го посакува, рече Маричиќ, укажувајќи дека успеале во најважното, работата на историската комисија да не биде мерило за напредок и дека Протоколот во една голема мера се однесува на билатерални точки и на мерки коишто едноставно можеме да ги спроведеме.

The post Маричиќ: Членството во ЕУ е гаранција дека ќе престанат бугарските уцени appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ гостуваше заедно со пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во дебатната емисија „Детектор“ во која порача дека она што Бугарија го бара од нас е токму она што е впишано во преговарачката рамка, а тоа е да ги впишеме Бугарите во Уставот како заедница и дека не е може да се зборува за нешто друго ако не ни стои како обврска во преговарачката рамка.
- Мислам дека е навистина неодговорно да се претставуваат работите како што не се. Јас ви тврдам дека не постои друга држава освен Бугарија којашто имаше дилема околу нашето почнување на преговорите. Ние ги почнавме преговорите со условот да го смениме Уставот до крајот на скрининг процесот, тоа беше редот на нештата, не можеме сега да измислуваме дека имаме некакви други или дополнителни барања, рече Маричиќ.
Околу македонскиот јазик и идентитет вицепремиерот увери дека нема никаква дилема и сила што може да нè загрози нас во ЕУ и дека „не ВМРО-ДПМНЕ не СДСМ, кој било да е на власт нема да прифати менување на јазикот и идентитетот“, посочувајќи дека имаме добиено верификација да си го нарекуваме својот јазик македонски и дека во Брисел на скрининг состаноците се говори на македонски. Во однос на политиката на Бугарија, Маричиќ посочи дека „најголем македонски интерес е да станеме членка на ЕУ“, бидејќи како што вели тој само така ќе имаме гаранција дека ќе престанат бугарските уцени и негирања.
- Бугарите се обидоа да ни го оспорат јазикот и во НАТО, не успеаја затоа што сме таму членка. Се обидоа и во Обединетите нации и таму не успеаја, се обидоа и во ОБСЕ. Тоа е за нас решено прашање, бидејќи сме договориле формула дека во преговарачката рамка ќе стои македонскиот јазик и дека правото на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик и дека Бугарија на усвојување на преговарачката рамка не се противи, туку вложува своја нота исто како и во многу други ситуации, рече Маричиќ, посочувајќи го договорот од Фронтекс кој го потпишавме на македонски, дека Бугарија не го спречи, туку дека го потпиша и таа.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, кој често е во Брисел и во комуникација со високи претставници на државите членки на ЕУ, на обвинувањата од Николоски дека има други држави кои сметаат дека не треба да ги продолжиме преговорите, Маричиќ уверува дека не познава друга држава која е против освен Бугарија и тоа дека „се покажало и на заклучоците, а се покажало во многу ситуации дека Бугарија останала сама, без поддршка.“ За презентираните резултати од анкетата поврзана со уставните измени, Маричиќ рече дека сега сите треба да заземат поодговорна позиција, повикувајќи се на атмосферата кај граѓаните за Преспанскиот договор, која покажа како што вели тој дека чекањето нема да ни донеси подобри позиции, туку напротив се влошува.
- Да сме го решеле спорот со Грција 2008 можеби ќе го решевме со двојна формула, да сме го решеле 1993 можеби ќе сме го решеле само со цртичка и додавање на името на главниот град до Република Македонија, меѓутоа не сме го сториле тоа мислејќи дека чекањето ќе ни донесе подобра позиција. За жал времето покажа дека не сме биле во право и дека чекањето како стратегија оди на штета на Македонците и на штета на Македонија, затоа сметам дека треба имајќи го ова искуство сите да земеме поодговорна позиција и да го решиме прашањето за уставни измени, затоа што сум убеден дека за многу кратко време ќе согледаат граѓаните дека нема апсолутно никаква негативна последица, уверува Маричиќ.
Маричиќ објасни дека борбата во преговарањето при подготовката на преговарачката рамка не била „да ја убедиме Бугарија во тоа кои сме и што сме“, туку „да ја убедиме ЕУ, односно другите 26 држави членки, и во тоа успеавме, да не ја преземат политиката на Бугарија како европска, да не биде негиран македонскиот јазик и обидите за негирање на идентитетот да се доведат на ниво на европска политика.
- Алтернативите беа да имаме како случајот со Србија и Косово Поглавје 35, посебно поглавје, бугарско поглавје што јас сметам дека дел од политичките структури во Софија го посакува, рече Маричиќ, укажувајќи дека успеале во најважното, работата на историската комисија да не биде мерило за напредок и дека Протоколот во една голема мера се однесува на билатерални точки и на мерки коишто едноставно можеме да ги спроведеме.

The post Маричиќ: Членството во ЕУ е гаранција дека ќе престанат бугарските уцени appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Јас сум рационален оптимист, полноправното членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachevski-jas-sum-racionalen-optimist-polnopravnoto-chlenstvo-vo-eu-do-2030-e-ambiciozna-no-ostvarliva-cel/ Mon, 12 Dec 2022 07:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=584439

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА рече дека е рационален оптимист и дека полноправното членство на Македонија во ЕУ до 2030 е амбициозна но остварлива цел.

„Денес разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за конкретни реформи кои треба да се случат, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина. Тоа е огромен напредок и навистина сум горд на тоа.

На 19 јули ние ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција. На 15 септември започна скрининг процесот. На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти.

Со овие три датуми ние започнавме ново поглавје во нашиот европски пат, и одиме кон полноправното членство во ЕУ. Донесовме многу тешки одлуки, но со тоа покажавме и визија, и лидерство и храброст, затоа што сето ова реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност децата да ни живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија“, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека скринингот си тече како што и беше планиран, и пред нас сега се уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници. Јасно ми е дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување.

Она што е јасно е дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но јас искрено верувам и уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука за да овозможат подобра иднина и за нас и за нашите деца.

„Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Не само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Граѓаните сакаат подобар живот по европски стандарди, затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека немаме друга алтернатива освен членството во ЕУ. И тој пат до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ.

„Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега, а нашето општество ќе се трансформира во општество со европски вредности“, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека и патот на земјите членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој не бил лесен, и нивната трансформација била постепена и тешка, но денес нивните граѓани имаат шанса да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да живеат европски и слободно.

„Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Подадените раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме", вели Ковачевски.

The post Ковачевски: Јас сум рационален оптимист, полноправното членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА рече дека е рационален оптимист и дека полноправното членство на Македонија во ЕУ до 2030 е амбициозна но остварлива цел.
„Денес разговаравме за нашата европска иднина, за отпочнатите преговори, отпочнатиот скрининг, за напредокот, за конкретни реформи кои треба да се случат, а не зборуваме дека сето ова треба да се случи во иднина. Тоа е огромен напредок и навистина сум горд на тоа. На 19 јули ние ги отпочнавме преговорите со ЕУ ја одржавме првата меѓувладина конференција. На 15 септември започна скрининг процесот. На 26 октомври го потпишавме договорот за ФРОНТЕКС кој е прв документ на кој имаме ставено потпис заедно со сите останати 27 земји членки на ЕУ, на македонски јазик, без никакви додавки, ѕвездички и фусноти. Со овие три датуми ние започнавме ново поглавје во нашиот европски пат, и одиме кон полноправното членство во ЕУ. Донесовме многу тешки одлуки, но со тоа покажавме и визија, и лидерство и храброст, затоа што сето ова реално значи можност за подобра, побогата иднина, подобар животен стандард за граѓаните, можност децата да ни живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија“, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека скринингот си тече како што и беше планиран, и пред нас сега се уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120 пратеници. Јасно ми е дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување. Она што е јасно е дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но јас искрено верувам и уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука за да овозможат подобра иднина и за нас и за нашите деца.
„Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Не само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Граѓаните сакаат подобар живот по европски стандарди, затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината“, рече Ковачевски.
Премиерот посочи дека немаме друга алтернатива освен членството во ЕУ. И тој пат до ЕУ нема да е лесен, но мора да се изоди. Затоа што на крајот на тој пат е големата награда, полноправното членство во ЕУ.
„Нашите граѓани, идните генерации ќе живеат во ЕУ, побогати и со подобар стандард од тоа што го имаат сега, а нашето општество ќе се трансформира во општество со европски вредности“, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски истакна дека и патот на земјите членки кои пред многу години биле во нашата ситуација, а кои по членството во ЕУ доживеале сериозен раст и развој не бил лесен, и нивната трансформација била постепена и тешка, но денес нивните граѓани имаат шанса да живеат во земји со подобар стандард, да се побогати, да живеат европски и слободно.
„Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Подадените раце на поддршка од нашите пријатели, оваа шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме", вели Ковачевски.

The post Ковачевски: Јас сум рационален оптимист, полноправното членство во ЕУ до 2030 е амбициозна, но остварлива цел appeared first on Република.

]]>
Ни амбасадорот на ЕУ не вети членство во ЕУ во 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ni-ambasadorot-na-eu-ne-veti-chlenstvo-vo-eu-vo-2030-godina/ Thu, 01 Dec 2022 11:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=580476

Владата изјави амбициозно дека ќе се приклучи на Европската унија во 2030 година. Успехот или неуспехот на оваа амбициозна одлука ќе зависи од вашите залагања. Пристапот кон ЕУ треба да биде национален проект, целиот политички спектар треба да се заложи за националните интереси и за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, а реформите во правосудството се неопходни и тоа ургентно.

Ова го истакна амбасадорот на ЕУ во државава Дејвид Гир во обраќање на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК).

–  Ова не значи дека опозицијата треба да престане да работи, нејзината улога за преиспитување на прашањата на политиките е од витално значење, но мора да постои сигурност дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која Влада е на власт, рече Гир.

Тој потенцира дека по предолго чекање, земјата на 19 јули конечно ги отвори пристапните преговори и започна со билатералниот скрининг во однос на примената на европските пракси утврдувајќи ги јазовите во законодавството, кој треба да утврди што уште треба да се стори, кој треба да го стори, дали имаме капацитети и кој ќе ја спроведе и примени оваа законска рамка. Добрите вести се дека скринингот се одвива добро, но и дека пристапниот процес е национален проект.

Пристапот кон ЕУ, нагласи тој, треба да е национален пороект кој Владата треба да го предводи, а во кој процес треба да бидат вклучени сите грѓани, деловната заедница, граѓанското општетство како и мобилизирањето на сите ресури на државата. Овој процес на трансформација на земјата значи примена на реформите на терен без кои не може да се соберат бенефициите од членството, а без заложби за реформите, процесот на пристапување не може да напредува, порача Гир.

Тој ја нагласи и улогата на НСЕИ во пропцесот на реформи, кој рече, треба да се подготви за долги денови и ноќи затоа што терба да го води суштинскиот процес. Ја истакна меѓу другото и улогата на локалните власти, бидејќи 70 проценти од спроведувањето на законите на ЕУ потпаѓа на локалните заедници, но и на медиумите кои, според него, имаат посебна одговорност да бидат информирани за да информираат врз основа на највисоките етички и професионални стандарди.

– Фокусот е на спроведување на реформите што ви престојат. Земјата треба да обезбеди стабилност, просперитет и отчетност дури и во вакви тешки времиња со крвавата војна во соседство со се поскапите цени за живот и енергенси. Дали патот до ЕУ е едноставен – се разбира не, дали ќе има пречки – да, дали ќе има превирања – да. Меѓутоа, разбирањето на оваа тема не е едноставно, рече Гир.

Во однос на темата на првата сесија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ евроамбасадорот изрази разочарување од случувањата во последните месеци.

-ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваат дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доеолно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова. Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку праводусните органи за затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето, порача Гир.

Тој посочи дека истото се однесува и за корупцијата, и праша зошто препораките на ДКСК не се проследуваат систематски.

-Дали имаме причини да бидеме оптимисти. Емпатично кажано – да. Патот на земјата напред е тежок, но веќе сте напреднале во рефгорми во важни области, а во други сте дури и понапред од земји кои преговараат за челнство во ЕУ. Степенот на потешкотии понекопгаш може да се чини дека е преобемен но и други држави покажале дека е тоа возможно. Пример се Словенија или Хрватска, како позитивен модели, потоа балтичките држави како и Словачка која великодуишно ја поддржуав Националната конвенција. Но ресурите што постојат во вашата земја се важни и за ЕУ и за меѓународната јавност. Ние ќе бидеме со вас на секој чекор на овој пат не само на зборови, туку со издржана поддршка, верувам дека ќе успеете. Сметаме на вашето партнерство и пријателство на вашиот пристапниот пат како што и вие можете да сметате на нашето, порача евроамбасадорот Гир.

The post Ни амбасадорот на ЕУ не вети членство во ЕУ во 2030 година appeared first on Република.

]]>

Владата изјави амбициозно дека ќе се приклучи на Европската унија во 2030 година. Успехот или неуспехот на оваа амбициозна одлука ќе зависи од вашите залагања. Пристапот кон ЕУ треба да биде национален проект, целиот политички спектар треба да се заложи за националните интереси и за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, а реформите во правосудството се неопходни и тоа ургентно. Ова го истакна амбасадорот на ЕУ во државава Дејвид Гир во обраќање на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија (НКЕУ-МК). –  Ова не значи дека опозицијата треба да престане да работи, нејзината улога за преиспитување на прашањата на политиките е од витално значење, но мора да постои сигурност дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која Влада е на власт, рече Гир. Тој потенцира дека по предолго чекање, земјата на 19 јули конечно ги отвори пристапните преговори и започна со билатералниот скрининг во однос на примената на европските пракси утврдувајќи ги јазовите во законодавството, кој треба да утврди што уште треба да се стори, кој треба да го стори, дали имаме капацитети и кој ќе ја спроведе и примени оваа законска рамка. Добрите вести се дека скринингот се одвива добро, но и дека пристапниот процес е национален проект. Пристапот кон ЕУ, нагласи тој, треба да е национален пороект кој Владата треба да го предводи, а во кој процес треба да бидат вклучени сите грѓани, деловната заедница, граѓанското општетство како и мобилизирањето на сите ресури на државата. Овој процес на трансформација на земјата значи примена на реформите на терен без кои не може да се соберат бенефициите од членството, а без заложби за реформите, процесот на пристапување не може да напредува, порача Гир. Тој ја нагласи и улогата на НСЕИ во пропцесот на реформи, кој рече, треба да се подготви за долги денови и ноќи затоа што терба да го води суштинскиот процес. Ја истакна меѓу другото и улогата на локалните власти, бидејќи 70 проценти од спроведувањето на законите на ЕУ потпаѓа на локалните заедници, но и на медиумите кои, според него, имаат посебна одговорност да бидат информирани за да информираат врз основа на највисоките етички и професионални стандарди. – Фокусот е на спроведување на реформите што ви престојат. Земјата треба да обезбеди стабилност, просперитет и отчетност дури и во вакви тешки времиња со крвавата војна во соседство со се поскапите цени за живот и енергенси. Дали патот до ЕУ е едноставен – се разбира не, дали ќе има пречки – да, дали ќе има превирања – да. Меѓутоа, разбирањето на оваа тема не е едноставно, рече Гир. Во однос на темата на првата сесија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ евроамбасадорот изрази разочарување од случувањата во последните месеци. -ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваат дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доеолно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова. Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку праводусните органи за затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето, порача Гир. Тој посочи дека истото се однесува и за корупцијата, и праша зошто препораките на ДКСК не се проследуваат систематски.
-Дали имаме причини да бидеме оптимисти. Емпатично кажано – да. Патот на земјата напред е тежок, но веќе сте напреднале во рефгорми во важни области, а во други сте дури и понапред од земји кои преговараат за челнство во ЕУ. Степенот на потешкотии понекопгаш може да се чини дека е преобемен но и други држави покажале дека е тоа возможно. Пример се Словенија или Хрватска, како позитивен модели, потоа балтичките држави како и Словачка која великодуишно ја поддржуав Националната конвенција. Но ресурите што постојат во вашата земја се важни и за ЕУ и за меѓународната јавност. Ние ќе бидеме со вас на секој чекор на овој пат не само на зборови, туку со издржана поддршка, верувам дека ќе успеете. Сметаме на вашето партнерство и пријателство на вашиот пристапниот пат како што и вие можете да сметате на нашето, порача евроамбасадорот Гир.

The post Ни амбасадорот на ЕУ не вети членство во ЕУ во 2030 година appeared first on Република.

]]>
Сериозен политичар креваше рамења кога го прашав дали ни гарантираат дека до 2030 година ќе влеземе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/seriozen-politichar-krevashe-ramenja-koga-go-prashav-dali-ni-garantiraat-deka-do-2030-godina-kje-vlezeme-vo-eu/ Mon, 17 Oct 2022 20:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=562285

Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ.

Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.

Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести, кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.

Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.

The post Сериозен политичар креваше рамења кога го прашав дали ни гарантираат дека до 2030 година ќе влеземе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ. Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.
Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести, кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.
Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.

The post Сериозен политичар креваше рамења кога го прашав дали ни гарантираат дека до 2030 година ќе влеземе во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ за „Канал 5“: Имаме амбиција и цел членството во ЕУ да се случи што поскоро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-za-kanal5-imame-ambicija-i-cel-chlenstvoto-vo-eu-da-se-sluchi-shto-poskoro/ Thu, 08 Sep 2022 20:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=548857

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски преговарач, Дрбњак, учествуваше во емисијата „Жешко политичко лето“, каде изјави дека треба да имаме амбиција, и цел за членството во ЕУ да се случи што поскоро, односно Македонија да влезе во првото наредно проширување на Европската Унија кога и да биде тоа.

Нам ни е важно да ова време, оваа година и половина од скринингот, и понатаму фазите на отворање на поглавјата и кластерите да ги искористиме максимално за да ги изведеме потребните реформи, рече Маричиќ додавајќи дека овие години сега треба да ги искористиме максимално.

Експертот Дробњак додаде дека најважното нешто што Македонија може да го научи од Хрватска е дека успехот е возможен, дека преговорите можат успешно да се завршат и може да се стане член на Европската Унија.

Хрватската приказна покажува дека тоа не е невозможна мисија, туку тоа е дофатливо и возможно. Секоја генерација на преговорите е специфична на свој начин, и вашите преговори не се во потполност исти какви што беа хрватските, ниту преговарачките рамки се исти. Но, некои основни правила остануваат исти, преговорите имаат своја многу специфична димензија, која бара вклученост на што поширок круг во општеството, истакна Дробњак.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ, во емисијата рече дека целосно сме  подготвени за почеток на преговорите и дека имаме добар тим, истакувајќи дека имаме и енергија и сила и волја и знаење да ги започнеме и успешно да ги завршиме преговорите.

Експертот Дробњак смета дека целта на Македонија до 2030 да стане членка на Европската Унија е еден многу амбициозен, но истовремено и добро поставен датум, осврнувајќи се на примерот на Хрватска.

Ние добивме јасен увид во терминот за пристапување шест месеци пред затворањето на последното поглавје. Ние полни пет години преговаравме бе да знаеме кога ќе влеземе во Унијата. Тоа не е процес во кој однапред може да се дефинира датумот. Сега на Владата на Македонија и на целото општество, да го најдете вистинскиот начин. Ако се фати добар ритам, ако се влезе со полна сила во реформите, на администрацијата, на законодавството, ако тоа навистина стане еден општ национален проект, мислам дека можете да одите со едно навистина добро темпо напред, потенцираше Дробњак.

The post Маричиќ за „Канал 5“: Имаме амбиција и цел членството во ЕУ да се случи што поскоро appeared first on Република.

Ковачевски: Целта е до 2030 година да станеме членка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-celta-e-do-2030-godina-da-staneme-chlenka-na-eu/ Mon, 05 Sep 2022 11:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=547607

Владата донесе одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ, информира денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува квалитетна и ефикасна структура што ќе се носи со предизвиците. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен . Тој упати апел за општествен консензус за постигнување напредок кон ЕУ, за вклучување на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, академската заедница, како и повик до опозицијата активно да учествува, да го поддржи и помогне процесот.

– Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е целта која си ја поставуваме. Таа е реална и достижна и јас сум силно убеден дека до следното проширување на Унијата ќе биде и Македонија. Ќе работиме посветено за нашата земја да биде еднаква со сите други земји членки, да учествува во креирањето на политиките на ЕУ секако со заштита на нашите државни интереси. Нашата иднина е во ЕУ. За нас ова нема алтернатива и затоа потребно е сите заедно да дадеме поддршка да се вклучиме, да ја искористиме шансата која што е пред нас и со брзи чекори и самоуверено да одиме напред кон полноправно членство во ЕУ, истакна Ковачевски.

Повтори дека верува во капацитетот на институциите и нивната подготвеност да дадат максимум во овој процес. 

– Особено сум горд што дојдовме до моментот кога почнуваме да зборуваме за техничките елементи врзани со преговорите со ЕУ. На 19 јули кога ги отпочнавме преговорите свртевме нова страница во македонската историја. Покажавме дека знаеме да се однесуваме државнички и храбро, да носиме државнички одлуки бидејќи така се трасира патот за понатамошен развој и на економски и на општествен план. Со одржувањето на првата меѓувладина конференција направивме историски исчекор во стратешка смисла. Ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги потврдивме европските вредности за коишто се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

The post Ковачевски: Целта е до 2030 година да станеме членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Македонија во ЕУ, информира денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски. Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти. Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува квалитетна и ефикасна структура што ќе се носи со предизвиците. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен . Тој упати апел за општествен консензус за постигнување напредок кон ЕУ, за вклучување на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, академската заедница, како и повик до опозицијата активно да учествува, да го поддржи и помогне процесот.
– Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е целта која си ја поставуваме. Таа е реална и достижна и јас сум силно убеден дека до следното проширување на Унијата ќе биде и Македонија. Ќе работиме посветено за нашата земја да биде еднаква со сите други земји членки, да учествува во креирањето на политиките на ЕУ секако со заштита на нашите државни интереси. Нашата иднина е во ЕУ. За нас ова нема алтернатива и затоа потребно е сите заедно да дадеме поддршка да се вклучиме, да ја искористиме шансата која што е пред нас и со брзи чекори и самоуверено да одиме напред кон полноправно членство во ЕУ, истакна Ковачевски.
Повтори дека верува во капацитетот на институциите и нивната подготвеност да дадат максимум во овој процес. 
– Особено сум горд што дојдовме до моментот кога почнуваме да зборуваме за техничките елементи врзани со преговорите со ЕУ. На 19 јули кога ги отпочнавме преговорите свртевме нова страница во македонската историја. Покажавме дека знаеме да се однесуваме државнички и храбро, да носиме државнички одлуки бидејќи така се трасира патот за понатамошен развој и на економски и на општествен план. Со одржувањето на првата меѓувладина конференција направивме историски исчекор во стратешка смисла. Ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги потврдивме европските вредности за коишто се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

The post Ковачевски: Целта е до 2030 година да станеме членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Од камапањата во 2006 ни реториката нема напреднато https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/od-kamapanjata-vo-2006-ni-retorikata-nema-naprednato/ Sat, 27 Aug 2022 18:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=544780

Се сеќавате ли на овие плакати со ликот на Радмила Шекеринска? Не?! Па тоа и не е толку важно кој е ликот што го краси билбордот, кога муабетот е ист - Македонија е кандидат за членска на ЕУ. Овој муабет сигурно го памтите. А како тргнало и вашите деца ќе го знаат.

The post Од камапањата во 2006 ни реториката нема напреднато appeared first on Република.

Маричиќ се надева дека ќе бидеме следна членка на ЕУ, само не кажа кога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-se-nadeva-deka-kje-bideme-sledna-chlenka-na-eu-samo-ne-kaza-koga/ Wed, 17 Aug 2022 11:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=541360

Евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

-Ако ги гледате извештаите на ЕК, Македонија анализирано по кластери стои подобро или еднакво добро во најголем дел од кластерите со државите кои веќе преговараат 10 години. Тоа значи дека ние не сме го изгубиле времето во чекална и дека сме работеле интензивно на усогласување и на прописите и на праксата, на нивно имплементирање. Секако дека имаме многу работа, далеку од тоа дека работата е завршена но треба да си поставиме амбициозни цели за да можеме да исполниме во некој реален рок. Гледано, најоптимистички оваа рамка за претпристапна помош завршува 2027 година и ние треба да работиме и да се бориме наредната претпристапна рамка да важи за што помалку држави, односно да бидеме држава членка, вели Маричиќ запрашан за оптимизмот на премиерот Ковачевски дека очекува побрза интеграција по примерот со НАТО.

Тој потсети на порано презентираниот календар, кој е заеднички подготвен со Брисел, според кој скринингот ќе започне на 15 септември, а ќе трае до крајот на 2023 година. Во тек е интензивна комуникација со Брисел и се прават забрзани подготовки и во тренинг центарот на СЕП.

-Планираме заедно со претставниците во Брисел по летните одмори веднаш да започнеме со обука на нашата администарција и на оние кои ќе учествуваат во првиот кластер – темелни вредности, да започнеме и со објаснување на методологијата и со објаснување на процесот на скрининг. Тоа ќе биде тековна работа на Тренинг центарот се до завршување на преговорите, рече Маричиќ.

The post Маричиќ се надева дека ќе бидеме следна членка на ЕУ, само не кажа кога appeared first on Република.

]]>

Евроинтеграцијата не зависи само од нас и не е добро да се лицитира со датуми, затоа што не можеме да предвидиме точно кога ќе се случи. Нам ни е цел првото наредно проширување, кога и да се случи, Македонија да биде дел од тоа проширување и тоа е достижно ако работиме интензивно на имплементација на стандардите на ЕУ и доколку ги водиме преговорите како што треба со ангажман на институциите и целото општество, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
-Ако ги гледате извештаите на ЕК, Македонија анализирано по кластери стои подобро или еднакво добро во најголем дел од кластерите со државите кои веќе преговараат 10 години. Тоа значи дека ние не сме го изгубиле времето во чекална и дека сме работеле интензивно на усогласување и на прописите и на праксата, на нивно имплементирање. Секако дека имаме многу работа, далеку од тоа дека работата е завршена но треба да си поставиме амбициозни цели за да можеме да исполниме во некој реален рок. Гледано, најоптимистички оваа рамка за претпристапна помош завршува 2027 година и ние треба да работиме и да се бориме наредната претпристапна рамка да важи за што помалку држави, односно да бидеме држава членка, вели Маричиќ запрашан за оптимизмот на премиерот Ковачевски дека очекува побрза интеграција по примерот со НАТО.
Тој потсети на порано презентираниот календар, кој е заеднички подготвен со Брисел, според кој скринингот ќе започне на 15 септември, а ќе трае до крајот на 2023 година. Во тек е интензивна комуникација со Брисел и се прават забрзани подготовки и во тренинг центарот на СЕП. -Планираме заедно со претставниците во Брисел по летните одмори веднаш да започнеме со обука на нашата администарција и на оние кои ќе учествуваат во првиот кластер – темелни вредности, да започнеме и со објаснување на методологијата и со објаснување на процесот на скрининг. Тоа ќе биде тековна работа на Тренинг центарот се до завршување на преговорите, рече Маричиќ.

The post Маричиќ се надева дека ќе бидеме следна членка на ЕУ, само не кажа кога appeared first on Република.

]]>
Италија сака да ја види Украина во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-saka-da-ja-vidi-ukraina-vo-eu/ Tue, 22 Mar 2022 14:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=476761

Кабинетот на италијанскиот премиер, Марио Драги“ објави дека Италија сака Украина да влезе во Европската Унија.

Во објавата се додава дека Италија ветува континуирана поддршка за бегалците кои бегаат од борбите, како и воена помош за Украина.

https://twitter.com/Palazzo_Chigi/status/1506220606618054658?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506220606618054658%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3896329%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-27-dan

Италијанскиот лидер пред парламентот изјави дека „ароганцијата на руската влада се судрила со достоинството на украинскиот народ, кој успеал да ги ограничи експанзионистичките цели на Москва и да и наметне огромна цена на армијата која ја напаѓа“.

The post Италија сака да ја види Украина во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на италијанскиот премиер, Марио Драги“ објави дека Италија сака Украина да влезе во Европската Унија. Во објавата се додава дека Италија ветува континуирана поддршка за бегалците кои бегаат од борбите, како и воена помош за Украина. https://twitter.com/Palazzo_Chigi/status/1506220606618054658?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506220606618054658%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3896329%2Fuzivo-rat-u-ukrajini-27-dan Италијанскиот лидер пред парламентот изјави дека „ароганцијата на руската влада се судрила со достоинството на украинскиот народ, кој успеал да ги ограничи експанзионистичките цели на Москва и да и наметне огромна цена на армијата која ја напаѓа“.

The post Италија сака да ја види Украина во ЕУ appeared first on Република.

]]>