членска книшка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chlenska-knishka/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Apr 2023 18:31:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png членска книшка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chlenska-knishka/ 32 32 За вработување во државно најважна е партиската книшка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-vrabotuvane-vo-drzhavno-najvazhna-e-partiskata-knishka/ Sun, 02 Apr 2023 18:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=626356

Партиската припадност е клучна за вработување во јавниот сектор, сметаат мнозинството граѓани во најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според неа, 41,3% од граѓаните сметаат дека при вработување во јавната администрација најважна е партиската припадност. 26,5% сметаат дека вработувањата одат според критериуми во кои најважни се професионалниот капацитет и квалификациите додека 21,6% се на ставот дека при вработувањето, клучни се роднинските и пријателските врски.


Новите огласи за вработување пред избори, според три четвртини од граѓаните или точно 75,2% се предизборна манипулација додека само 8,3% сметаат дека станува збор за реална потреба.


И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично спротивставени ставови. Додека 84,9% Македонци сметаат дека огласите за вработување пред избори се само изборна манипулација, ваков став делат близу двојно помалку етнички Албанци или 46,7%. Меѓу нив, 20,1% сметаат дека огласите за вработување пред избори се реална потреба, став кој го делат само 4,2% Македонци.


Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post За вработување во државно најважна е партиската книшка appeared first on Република.

]]>

Партиската припадност е клучна за вработување во јавниот сектор, сметаат мнозинството граѓани во најновата анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 41,3% од граѓаните сметаат дека при вработување во јавната администрација најважна е партиската припадност. 26,5% сметаат дека вработувањата одат според критериуми во кои најважни се професионалниот капацитет и квалификациите додека 21,6% се на ставот дека при вработувањето, клучни се роднинските и пријателските врски. Новите огласи за вработување пред избори, според три четвртини од граѓаните или точно 75,2% се предизборна манипулација додека само 8,3% сметаат дека станува збор за реална потреба. И тука Македонците и етничките Албанци имаат прилично спротивставени ставови. Додека 84,9% Македонци сметаат дека огласите за вработување пред избори се само изборна манипулација, ваков став делат близу двојно помалку етнички Албанци или 46,7%. Меѓу нив, 20,1% сметаат дека огласите за вработување пред избори се реална потреба, став кој го делат само 4,2% Македонци. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

The post За вработување во државно најважна е партиската книшка appeared first on Република.

]]>