чизкејк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chizkejk/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jan 2024 16:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чизкејк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chizkejk/ 32 32 Чизкејк од банана во чаша https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/chizkejk-od-banana-vo-chasha/ Fri, 19 Jan 2024 16:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=734746

Дали сте расположени за нешто благо? Овој десерт се подготвува многу брзо и лесно и има одличен вкус. По само 10 минути подготовка, можете да уживате во овој сладок деликатес.

Изненадете ги вашите најблиски со чизкејк од банана во чаша кој несомнено ќе ви стане омилен десерт.

Состојки:
350 грама свежо сирење\павлака
1 банана
120 мл млеко
екстракт од ванила
250 мл јаворов сируп или мед

Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во блендер додека не добиете густа смеса како пудинг. Истурете ја смесата во чаши и уживајте!

Совет: Доколку сакате погуста смеса, додадете кокосово брашно, а по мешањето можете да ја оставите смесата во фрижидер 30 минути да се излади. Како основа во чашата можете да прелиете мелена плазма врз која ќе го прелиете филот. Чизкејкот украсете го со прстени од банана, чоколадни трошки или мелени лешници.

The post Чизкејк од банана во чаша appeared first on Република.

]]>

Дали сте расположени за нешто благо? Овој десерт се подготвува многу брзо и лесно и има одличен вкус. По само 10 минути подготовка, можете да уживате во овој сладок деликатес. Изненадете ги вашите најблиски со чизкејк од банана во чаша кој несомнено ќе ви стане омилен десерт. Состојки: 350 грама свежо сирење\павлака 1 банана 120 мл млеко екстракт од ванила 250 мл јаворов сируп или мед Подготовка: Сите состојки измешајте ги во блендер додека не добиете густа смеса како пудинг. Истурете ја смесата во чаши и уживајте! Совет: Доколку сакате погуста смеса, додадете кокосово брашно, а по мешањето можете да ја оставите смесата во фрижидер 30 минути да се излади. Како основа во чашата можете да прелиете мелена плазма врз која ќе го прелиете филот. Чизкејкот украсете го со прстени од банана, чоколадни трошки или мелени лешници.

The post Чизкејк од банана во чаша appeared first on Република.

]]>
Чизкејк во чаша – Без печење, готов за 5 минути https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/chizkejk-vo-chasha-bez-pechene-gotov-za-5-minuti/ Thu, 27 Jul 2023 20:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=666018

Кога сакате да се освежите и засладите со нешто навистина вкусно и кремасто, тогаш испробајте овој одличен рецепт на Кате за кој ќе одвоите само 5 минути.

Од само неколку состојки ќе добиете десерт како од најскапите слаткарници. Од оваа количина ќе добиете четири полни десертни чаши. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г крем сирење, 6 г стевија или 60 г шеќер во прав (или засладувач по ваш извор), 8 г ванилин шеќер, 200 г слатка павлака, 40 г шлаг крем во прав. ЗА ОВОШЕН ПРЕЛИВ: 2 супени лажици скроб/нишесте, 4 лажици вода, 200 г мешано бобесто овошје, 150 мл вода

ПОСТАПКА: Изматете го крем сирењето со шеќерот или засладувачот по ваш избор, колку да стане кремасто. Настрана изматете ја ладната слатка павлака и кога ќе згусне додајте го шлаг кремот во прав.

Изматете уште кратко за да се соедини. Потоа додајте го изматеното крем сирење и соединете ги двете смеси со помош на лажица или шпатула. Кремот е спремен и можете да го сипете во десертни чаши со помош на готварски шприц.

Не ги преполнувајте чашите до врв, оставете простор за овошниот слој. За овошен прелив: разматете две лажици во 4 лажици вода додека да се изедначи без грутчиња. Во тенџере сипете 200 г шумско овошје и 150 мл вода.

Оставете да зоврие па додајте го разматениот скроб и непрекинато мешајте додека да згусне. Тргнете настрана и оставете да се олади 10-тина минути. Дополнете ги чашите и израмнете. Можете веднаш да дегустирате, а уште подобро ако ги изладите чашите.

The post Чизкејк во чаша – Без печење, готов за 5 минути appeared first on Република.

]]>

Кога сакате да се освежите и засладите со нешто навистина вкусно и кремасто, тогаш испробајте овој одличен рецепт на Кате за кој ќе одвоите само 5 минути. Од само неколку состојки ќе добиете десерт како од најскапите слаткарници. Од оваа количина ќе добиете четири полни десертни чаши. Еве што ви е потребно: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г крем сирење, 6 г стевија или 60 г шеќер во прав (или засладувач по ваш извор), 8 г ванилин шеќер, 200 г слатка павлака, 40 г шлаг крем во прав. ЗА ОВОШЕН ПРЕЛИВ: 2 супени лажици скроб/нишесте, 4 лажици вода, 200 г мешано бобесто овошје, 150 мл вода ПОСТАПКА: Изматете го крем сирењето со шеќерот или засладувачот по ваш избор, колку да стане кремасто. Настрана изматете ја ладната слатка павлака и кога ќе згусне додајте го шлаг кремот во прав. Изматете уште кратко за да се соедини. Потоа додајте го изматеното крем сирење и соединете ги двете смеси со помош на лажица или шпатула. Кремот е спремен и можете да го сипете во десертни чаши со помош на готварски шприц. Не ги преполнувајте чашите до врв, оставете простор за овошниот слој. За овошен прелив: разматете две лажици во 4 лажици вода додека да се изедначи без грутчиња. Во тенџере сипете 200 г шумско овошје и 150 мл вода. Оставете да зоврие па додајте го разматениот скроб и непрекинато мешајте додека да згусне. Тргнете настрана и оставете да се олади 10-тина минути. Дополнете ги чашите и израмнете. Можете веднаш да дегустирате, а уште подобро ако ги изладите чашите.

The post Чизкејк во чаша – Без печење, готов за 5 минути appeared first on Република.

]]>