читање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chitanje/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 14:38:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png читање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chitanje/ 32 32 Читањето е витамин за умот и храна за душата https://arhiva3.republika.mk/intima/chitaneto-e-vitamin-za-umot-i-hrana-za-dushata/ Sun, 20 Oct 2024 18:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=829128

The post Читањето е витамин за умот и храна за душата appeared first on Република.

]]>

The post Читањето е витамин за умот и храна за душата appeared first on Република.

]]>
Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/velichkovska-ke-chita-poezija-na-izgrejsontse-na-planinata-nemrut-kojashto-e-pod-zashtita-na-unesko/ Fri, 23 Aug 2024 17:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=809565

Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција.

Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е.

На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.

The post Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>

Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција. Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е. На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.  

The post Величковска ќе чита поезија на изгрејсонце на планината Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО appeared first on Република.

]]>
Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/literaturno-muzichki-hepening-chitaneto-e-supermok/ Fri, 14 Jun 2024 07:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=787420

Издавачката куќа „Арс Ламина“, на 15 јуни (сабота), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, организира литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“, со кој ќе биде заокружена кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата, за оваа учебна година.

На настанот ќе бидат прогласени и наградени победниците на истоимениот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и во основните училишта во целата држава. Децата од градинките учествуваа со ликовни творби на тема „Во светот на приказните“, а учениците од основните училишта со ликовни и литературни творби на тема „Во светот на книгите“.

На е-адресата на „Арс Ламина“ пристигнаа 155 литературни и 230 ликовни творби од ученици од 1 до 9 одделение, како и од деца од градинките. За најдобрите одлучи стручно жири.

На програмата се танцови, хорски и други настапи на талентирани групи и ученици од повеќе скопски основни училишта и градинки. За време на настанот ќе се одржи ликовна работилница за деца со илустраторот на книги за деца, Орце Нинески.

Целите на кампањата „Читањето е супермоќ“ се поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго.

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ е завршен настан на истоимената кампањата, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе шеста година по ред.

The post Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“, на 15 јуни (сабота), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, организира литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“, со кој ќе биде заокружена кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата, за оваа учебна година. На настанот ќе бидат прогласени и наградени победниците на истоимениот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во градинките и во основните училишта во целата држава. Децата од градинките учествуваа со ликовни творби на тема „Во светот на приказните“, а учениците од основните училишта со ликовни и литературни творби на тема „Во светот на книгите“. На е-адресата на „Арс Ламина“ пристигнаа 155 литературни и 230 ликовни творби од ученици од 1 до 9 одделение, како и од деца од градинките. За најдобрите одлучи стручно жири. На програмата се танцови, хорски и други настапи на талентирани групи и ученици од повеќе скопски основни училишта и градинки. За време на настанот ќе се одржи ликовна работилница за деца со илустраторот на книги за деца, Орце Нинески. Целите на кампањата „Читањето е супермоќ“ се поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго. Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ е завршен настан на истоимената кампањата, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе шеста година по ред.

The post Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ appeared first on Република.

]]>
„Италијанската девојка“ e најбарана книга за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/italijanskata-devojka-e-najbarana-kniga-za-2022-godina/ Sun, 01 Jan 2023 07:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=592407

„Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли е најбараната книга за 2022 година, вели Александра Костовска, која 18 години е дел од тимот на издавачката куќа „Матица“.

Оваа семејна сага е најпродавана книга годинава. По неа следува трилерот „Последниот преживеан“ од Тес Геритсен. На трето место е „Клетва“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ, најпознатата српска авторка и новинарка. Потоа доаѓа „Флертот низ призмата на стручњакот“ од Андреј Курпатов, најпознатиот руски психолог, кој ги разоткрива тајните на личниот и на професионалниот успех. На петтата позиција е „Море на загубената љубов“ од Санта Монтефjоре. Станува збор за романтична и напната приказна за семејните тајни и за победата на љубовта, инспирирана од мирисите и звуците на Италија, вели Костовска.

Таа објаснува дека читателската публика е мешана, како по возраст, така и по жанровска разновидност.

Можам да кажам дека возраста на читателите се движи од 10 до 80 години. Најмногу се преферира да се чита трилери, додека децата преферираат да читаат нешто што е мистерија, со волшепства, со авантури. Психологија се чита и доста е популарна, а луѓето читаат и историја. Историја на Македонија, додава Костовска за МИА, нагласувајќи оти книгите не се делат на машки и женски, туку дека секој може да чита најразличен жанр.

Костовска вели дека кај тинејџерите популарни се доживувањата на Нарнија, „Сребрениот стол“, „Коњот и неговото момче“, како и „Господарот на прстените“.

Книгите на Карлос Руиз Зафон исто така се читаат. Се работи за шпански автор, кој ја обработува Барселона, додава Костовска.

Македонците сакаат да читаат и книги на други јазици, но, неретко и странци доаѓале да се подноват со книга на македонски јазик.

Се чита и на други јазици. Имаме англиски бестселери, англиски класици, српски изданија. Доаѓаат и странци да бараат книги на македонски јазик. Претежно бараат книги за Македонија или нешто што е за учење на македонски јазик за странци. Се читаат и македонски писатели, истакна Костовска.

Костовска вели дека повеќе се читало во зимскиот период, отколку во летниот.

The post „Италијанската девојка“ e најбарана книга за 2022 година appeared first on Република.

Меѓународно истражување: Читањето печатени наместо е-книги, подобро го развива интелектот кај децата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/megjunarodno-istrazuvanje-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi-podobro-go-razviva-intelektot-kaj-decata/ Wed, 05 Oct 2022 19:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=557701

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво.

Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика.

Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци.

Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот?

Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање…

Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки.

Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Имено, преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа - објаснува Клинтон.

Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажаlo точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина.

The post Меѓународно истражување: Читањето печатени наместо е-книги, подобро го развива интелектот кај децата appeared first on Република.

]]>

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво. Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика. Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци. Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот? Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање… Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки.