Читаме современи македонски автори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chitame-sovremeni-makedonski-avtori/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 10:09:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Читаме современи македонски автори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chitame-sovremeni-makedonski-avtori/ 32 32 Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tretiot-tsiklus-od-kampanata-chitame-sovremeni-makedonski-avtori-na-bibliotekata-braka-miladinovtsi-pochnuva-so-s-ushte-mozham-neshto-da-storam-od-frosina-parmakovska/ Mon, 02 Sep 2024 10:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=812227

По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а последната Клубот на читатели.

Претходните два циклуса од кампањата ни се поттик и мотивација дека треба да продолжиме со истото темпо. Нашите библиотекари бележат зголемен интерес за македонските автори во сите наши објекти. Читателите ги бараат предложените книги, но и наслови што не се дел од кампањата. На разговорите имаме бројна публика, па и луѓе што претходно не доаѓале во библиотека. Добиваме голема поддршка од сите издавачи, од медиумите, од културната јавност. Добиваме одлични реакции од авторите дека се онаму каде што треба да бидат – на полиците и меѓу македонските читатели, вели Снежана Стојчевска директор на ГБСК.

Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември.

Разговорот со Фросина Пармаковска е закажан за в среда (4 септември) во 19 часот. Модератор ќе биде книжевниот критичар Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна, посочува издавачот Или-Или.

Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018, ја доби наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023 и е добитник на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како силна поддршка за современата македонска книжевност, за квалитетните дела, за издавачите и за македонскиот јазик. Досега беа претставени 16 автори и исто толку книги со жанровска разноликост: романи, раскази, репортажи, поезија. Кампањата е потсетување дека токму домашните читатели се тие што треба да ги читаат домашните автори. „Читаме современи македонски автори“ има препознатлив визуелен идентитет, инегриран пристап на социјалните медиуми, а од страна на Македонската асоцијација на издавачи беше наградена со признанието Промотор на читачката култура.

 

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>

По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а последната Клубот на читатели.
Претходните два циклуса од кампањата ни се поттик и мотивација дека треба да продолжиме со истото темпо. Нашите библиотекари бележат зголемен интерес за македонските автори во сите наши објекти. Читателите ги бараат предложените книги, но и наслови што не се дел од кампањата. На разговорите имаме бројна публика, па и луѓе што претходно не доаѓале во библиотека. Добиваме голема поддршка од сите издавачи, од медиумите, од културната јавност. Добиваме одлични реакции од авторите дека се онаму каде што треба да бидат – на полиците и меѓу македонските читатели, вели Снежана Стојчевска директор на ГБСК.
Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ започнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска, книга за месец септември. Разговорот со Фросина Пармаковска е закажан за в среда (4 септември) во 19 часот. Модератор ќе биде книжевниот критичар Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.
Ова е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење. Како и во другите романи на Пармаковска, и во овој се доминантни психологизацијата на главниот и останатите ликови од една страна, но и личните подеми, падови и резултирачкиот раст, созревање на главниот лик од друга страна, посочува издавачот Или-Или.
Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, а магистрирала на Институт за македонска литература. Во 2013 г. го објави романот „Пишувајќи ги изгубените топки“ (Култура). Нејзиниот втор роман, „Вишнова хроника“ (2014, Или-Или) влезе во финале за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. „Одбројување“ е нејзин трет роман, за кој ја доби наградата Роман на годината за 2017 година. Во 2018, ја доби наградата „Најсупешен автор“ што ја доделува МАИ. Во септември 2020 година излезе нејзиниот четврт роман „На враќање“ во издание на Или-Или. „Сè уште можам нешто да сторам“ е роман објавен во 2023 и е добитник на „Рациново признание“ за најдобра прозна книга за 2023 година. Член е на ДПМ од февруари 2018 година. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ започна во септември 2022 година како силна поддршка за современата македонска книжевност, за квалитетните дела, за издавачите и за македонскиот јазик. Досега беа претставени 16 автори и исто толку книги со жанровска разноликост: романи, раскази, репортажи, поезија. Кампањата е потсетување дека токму домашните читатели се тие што треба да ги читаат домашните автори. „Читаме современи македонски автори“ има препознатлив визуелен идентитет, инегриран пристап на социјалните медиуми, а од страна на Македонската асоцијација на издавачи беше наградена со признанието Промотор на читачката култура.  

The post Третиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ на библиотеката „Браќа Миладиновци“ почнува со „Сѐ уште можам нешто да сторам” од Фросина Пармаковска appeared first on Република.

]]>
Кампања „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kampanja-chitame-sovremeni-makedonski-avtori-na-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-od-skopje/ Fri, 26 Aug 2022 08:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=544294

Следејќи ја мисијата да биде скопско и македонско културно јадро, но и место на паметење, меморија и портал кон културата, а пред се кон литературата, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје ја иницира кампањата „Читаме современи македонски автори“. Активностите ќе започнат на 1 септември, а целта е на читателите да им се доближат делата на современите македонски писатели од поновата генерација.

Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредноста ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани, луѓе со кои заедно го креираме македонскиот културен контекст. Свесни сме дека како земја и култура немаме изградена стратегија за превод на македонската литература на светски јазици, дека многу од нашите автори, иако заслужуваат немаат ниту еден превод надвор од нашите граници, но тоа не нè обесхрабрува. Напротив, сметаме дека токму нашите читатели треба да бидат тие кои ги читаат домашните писатели. Оттука, нашиот порив да поттикнеме што поголем интерес за домашната литература и за македонските автори. Тоа го правиме во соработка со македонските издавачи, кои засега одлично одговараат на повикот и идејата за кампањата, вели директорката Снежана Стојчевска.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ ќе се одвива низ неколку активности: Библиотеката предлага книга на месецот, која ќе биде достапна низ сите објекти, потоа следува разговор со авторот, а на крајот и Клуб на читатели – отворен за сите кои ќе сакаат да ги споделат своите впечатоци по читањето на делото.

Проектот, клако што информираат од Градската библиотека, започнува на 1 септември со книгата „Сфинга на гневот“ од авторот Жарко Кујунџиски.

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е основана во 1945 година. Денес во нејзин состав работат четири централни библиотеки, 14 подружници и една подвижна библиотека и брои околу 26 илјади членови.

 

 

The post Кампања „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје appeared first on Република.

]]>

Следејќи ја мисијата да биде скопско и македонско културно јадро, но и место на паметење, меморија и портал кон културата, а пред се кон литературата, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје ја иницира кампањата „Читаме современи македонски автори“. Активностите ќе започнат на 1 септември, а целта е на читателите да им се доближат делата на современите македонски писатели од поновата генерација.
Македонската литература има долга традиција, а нејзината вредноста ја продолжуваат авторите кои ни се современици, наши колеги, сограѓани, луѓе со кои заедно го креираме македонскиот културен контекст. Свесни сме дека како земја и култура немаме изградена стратегија за превод на македонската литература на светски јазици, дека многу од нашите автори, иако заслужуваат немаат ниту еден превод надвор од нашите граници, но тоа не нè обесхрабрува. Напротив, сметаме дека токму нашите читатели треба да бидат тие кои ги читаат домашните писатели. Оттука, нашиот порив да поттикнеме што поголем интерес за домашната литература и за македонските автори. Тоа го правиме во соработка со македонските издавачи, кои засега одлично одговараат на повикот и идејата за кампањата, вели директорката Снежана Стојчевска.
Кампањата „Читаме современи македонски автори“ ќе се одвива низ неколку активности: Библиотеката предлага книга на месецот, која ќе биде достапна низ сите објекти, потоа следува разговор со авторот, а на крајот и Клуб на читатели – отворен за сите кои ќе сакаат да ги споделат своите впечатоци по читањето на делото. Проектот, клако што информираат од Градската библиотека, започнува на 1 септември со книгата „Сфинга на гневот“ од авторот Жарко Кујунџиски. ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ е основана во 1945 година. Денес во нејзин состав работат четири централни библиотеки, 14 подружници и една подвижна библиотека и брои околу 26 илјади членови.    

The post Кампања „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје appeared first on Република.

]]>