читална Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chitalna/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 08:09:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png читална Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chitalna/ 32 32 Битолчани за Горан Стефановски: Две битолски уметници Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска направија читална посветена на македонскиот Шекспир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolchani-za-goran-stefanovski-dve-bitolski-umetnitsi-dijana-kolondhoska-i-lenche-k-jagoridovska-napravija-chitalna-posvetena-na-makedonskiot-shekspir/ Mon, 29 Apr 2024 08:08:08 +0000 https://republika.mk/?p=772092

На 27 април 1952 година, во Битола е роден големиот македонски драматург Горан Стефановски.

Две битолски уметници, Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска обединети во заеднички проект  „Цртај на македонски јазик“, одлучија на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола да им направат читална посветена на македонскиот Шекспир. Локацијата на читалната, е само на 200 метри оддалеченост од куќата на ул. Београдска во која се родил Горан Стефановски.

За овој проект добија поддршка од Министерството за култура и соодветен простор од битолската библиотека и деновиве ги прават последните подготовки за нејзино отворање кое е најавено за средината на месец мај.

Читалната ,,Горан Стефановски#  ќе биде естетски уреден простор, пријатно место за читање, а тематиката е македонскиот израз  преку цитати од ликовите на драмите на нашиот Горан. Тој, како вечен поборник за идентитетот, секогаш реално зборувал и со убав разбирлив начин ја прикажувал состојбата во нашата држава. Во неговите драми  се занимава со проблемот на македонското прашање во доцниот XIX век и идентитетот на нацијата. Со тоа Стефановски пораснал во очите на сите нас, посебно. На крајот, тоа се тие некои наши внатрешни идентитети, преиспитувања на истите и  има една реченица која вели: Домот е таму каде што боли! Постхумно ова е начин да докажиме дека ќе добие спомен дом, едно „засолниште’’ за неговите моќни мисли.”, вели Дијана Колонџовска.

Читалната е лоцирана на последниот кат од библиотеката и е комплетно осмислен проект со мурали, мебел и книги кои ќе ги имаат на располагање читателите.

Неговите интимни мисли кои успеа тој да ги сподели на хартија со нас, беа главната инспирација во создавањето на концептот на просторот. Неговите цитати се апсолутно безвременски. Тие звучат подеднакво актуелно како пред 30 и кусур година, така и денес. Нашиот проект “Цртај на македонски јазик” идеално се вклопува со култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ и е идеален за нагласување и акцентирање на македонската азбука. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција, изјави Јагоридовска која е исто така дел од овој проект.

Инаку, ова е трет проект на иницијаторот на Манифестацијата  “Цртај на македонски јазик”. Првиот проект е муралот во Демир Хисар во чест  на Петре М.Андреевски кој потекнува од демирхисарското село Слоештица, насловен ,,Те љубам на кирилица''.

Овај проект доби многу на публицитет и доволен мотив за да можам да продолжам да работам на оваа манифестација која е за афирмација на македонскиот јазик и македонските вредности воопшто. Вториот проект беше во Битола во една од читалните на НУУБ,,Климент Охридски ‘’- Битола насловена како ,,Прочитај ме имам нешто да  ти кажам, вели Дијана.

Двете уметници се во контакт со синот на Горан Стефановски, кој живее во Белград и планираат промоцијата на читалната да ја направат со детали кои му значеа на неговиот татко. Датата на официјалното отворање ќе биде објавена наскоро.

Горан Стефановски е роден е во Битола, на улицата Београдска бр.5 во куќата на семејството Зиса, која ја делеле родителите на Горан, со познатото актерско битолско семејство Чоревски. Браќата Благој и Борис Чоревски се сеќаваат дека тие живееле на долниот кат, а Стефановски живееле на горниот кат. Биле многу блиски, па поканата да ја делат куќата била идеја на битолскиот актерски познат пар Трајко и Ратка Чоревски.

Во Народниот театар во Битола, Горан ги направил првите детски чекори во периодот кога татко му, Мирко Стефановски беше и актер и кратко време и директор. А неговата мајка Нада, била актерка. Замислете го тоа мало љубопитно дете низ стариот театар во Битола, несвесно дека во една блиска иднина, дури 9 негови претстави ќе бидат поставени во овој театарски храм, ќе доживуваат бројни изведби пред преполно гледалише, ќе добиваат награди на фестивали и ќе го слават неговото име.

Неговата последна средба пред смртта, а со асоцијациите на Битола и детството. беа во Лондон, кога нашиот битолски театар го играше Шекспир во славниот Глоуб театар. Горан, со група од битолските актери, после претставата во еден лондонски паб покрај Темза, се сеќаваше на Битола и на своето детство.

The post Битолчани за Горан Стефановски: Две битолски уметници Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска направија читална посветена на македонскиот Шекспир appeared first on Република.

]]>

По барање на студентите читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-baranje-na-studentite-chitalnata-vo-gradskata-biblioteka-brakja-miladinovci-kje-raboti-24-chasa/ Thu, 13 Jan 2022 08:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=443992

Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.

Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.

The post По барање на студентите читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа appeared first on Република.

]]>

Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни. Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.