чипс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chips/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 13:18:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чипс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chips/ 32 32 Повторно недозволени супстанци во чипсот од Косово, небезбедно и какао увезено од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/povtorno-nedozvoleni-supstantsi-vo-chipsot-od-kosovo-nebezbedno-i-kakao-uvezeno-od-bugarija/ Wed, 14 Feb 2024 13:18:17 +0000 https://republika.mk/?p=744084

Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.

Како што наведува АХВ на својата официјална веб страница, чипсот е со датум на производство 23.08.2023 и со рок на употреба: 23.05.2024, а производител е „PESTOVA LLC“ - Косово. Агенцијата апелира, граѓаните кои имаат купено пакувања од овој чипс да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ БИО КАКАО во прав, 200 грама, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје. Увезениот производ не е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи, потенцира АХВ.

Во однос на чипсот, Агенцијата информира дека е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во Македонија е „Аг-Сембол ДОО“ - Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „КИППЕР МАРКЕТ“ ДОО Тетово.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено овој производ со посочениот рок на употреба, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, потенцира АХВ.

The post Повторно недозволени супстанци во чипсот од Косово, небезбедно и какао увезено од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид. Како што наведува АХВ на својата официјална веб страница, чипсот е со датум на производство 23.08.2023 и со рок на употреба: 23.05.2024, а производител е „PESTOVA LLC“ - Косово. Агенцијата апелира, граѓаните кои имаат купено пакувања од овој чипс да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ БИО КАКАО во прав, 200 грама, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје. Увезениот производ не е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи, потенцира АХВ.
Во однос на чипсот, Агенцијата информира дека е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во Македонија е „Аг-Сембол ДОО“ - Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „КИППЕР МАРКЕТ“ ДОО Тетово.
Крајните потрошувачи кои гo имаат купено овој производ со посочениот рок на употреба, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, потенцира АХВ.

The post Повторно недозволени супстанци во чипсот од Косово, небезбедно и какао увезено од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Oпасен тренд се шири меѓу младите: Јадат чипс 300 пати полут од чили и објавуваат на Тик-Ток https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/opasen-trend-se-shiri-megu-mladite-jadat-chips-300-pati-polut-od-chili-i-objavuvaat-na-tik-tok/ Thu, 21 Dec 2023 10:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=725182

Опасен тренд се шири меѓу младите во светот но и во регионот.Наречен е „paqui one chip challenge“. Задачата е да изедеш чип кој е за 300 пати полут од најлутите пиперки и тоа да го издржиш без да се напиеш вода.

Лутината предизвика буквално „парање“ на желудникот и стомакот а младите тоа го прават за да бидат влијателни на Тик-Ток“.

https://www.youtube.com/watch?v=hsxdOUGMuiE

The post Oпасен тренд се шири меѓу младите: Јадат чипс 300 пати полут од чили и објавуваат на Тик-Ток appeared first on Република.

]]>

Опасен тренд се шири меѓу младите во светот но и во регионот.Наречен е „paqui one chip challenge“. Задачата е да изедеш чип кој е за 300 пати полут од најлутите пиперки и тоа да го издржиш без да се напиеш вода. Лутината предизвика буквално „парање“ на желудникот и стомакот а младите тоа го прават за да бидат влијателни на Тик-Ток“. https://www.youtube.com/watch?v=hsxdOUGMuiE

The post Oпасен тренд се шири меѓу младите: Јадат чипс 300 пати полут од чили и објавуваат на Тик-Ток appeared first on Република.

]]>
По вакви изјави сфаќам оти владата секоја година набавува толку лубрикант https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/po-vakvi-izjavi-sfakam-oti-vladata-sekoja-godina-nabavuva-tolku-lubrikant/ Fri, 06 Oct 2023 11:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=688557

После вакви изјави сфаќам оти владата секоја година набавува толку лубрикант, се грижат да е мазно ко ќе нѐ ебaaт

The post По вакви изјави сфаќам оти владата секоја година набавува толку лубрикант appeared first on Република.

Aко го видите овој чипс во маркетите не го купувајте, предизвикува рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ako-go-vidite-ovoj-chips-vo-marketite-ne-go-kupuvajte-predizvikuva-rak/ Tue, 12 Sep 2023 18:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=681373

Словенија идентификуваше канцерогени хемикалии во чипсот произведен во Косово, а Италија ја уништи пратката.

Брзиот систем на Европската унија на 2 јуни годинава ја алармира Агенцијата за храна и ветеринарство за високото ниво на канцерогената хемикалија акриламид во производот произведен во Косово и во Випа чипсот.

Пратката од Косово била испратена на италијанскиот пазар, но земени се некои примероци за анализа за време на транзитната рута во Словенија. Резултатите покажале дека количината на акриламид била три пати поголема од дозволената. Тоа значи дека е опасен за консумирање.

„Извезуваме во многу земји во Европа, но во овој момент добивме информација од нашиот дистрибутер во Италија дека по извршената анализа еден од нашите производи излезе со повисоки вредности од дозволените за акриламид“, изјави менаџерот за квалитет во компанијата. „Пестова“, Агран Хаљими .

Акриламидите се хемикалии кои се формираат кога одредени прехранбени производи се печат на високи температури.

„Акриламидот е хемиска компонента, која се формира кога аминокиселината аспартин, која се наоѓа во различни намирници, на пример во компирите, во контакт со нивните шеќери, се создава на високи температури при подготовка на храната, т.е. при пржење, на пример, се создаваат акриламиди, така и се појавуваат“, вели д-р Ергил Бинче, специјалист за човечка екологија во Националниот институт за јавно здравје.

Неговата количина над дозволеното поттикнува развој на рак кај луѓето.

The post Aко го видите овој чипс во маркетите не го купувајте, предизвикува рак appeared first on Република.

Се огласи компанијата „Чипс веј“: Чипсот е уништен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-oglasi-kompanijata-chips-vej-chipsot-e-unishten/ Fri, 04 Aug 2023 19:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=668834

Српската компанија „Чипс веј“ (Chips Way) - Чачак, соопшти дека целата пратка на нејзиниот чипс со вкус на пиперка, што била испратена до компанија во Хрватска, е уништена како мерка на претпазливост бидејќи анализата покажала дека нивото на канцерогената супстанција акриламид е повисоко од дозволеното.

Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот клиент, компанијата Плодине, ја добила на 28 јули.

Веднаш по добивањето на информацијата, контактиравме со клиентот, известувајќи го дека целата пратка ќе биде уништена како мерка на претпазливост и дека стока за замена ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната испорака веќе започна оваа недела. Имајте предвид дека овој производ е наменет исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“, се наведува во соопштението.

Компанијата изјави дека врши редовни анализи на своите производи, како и дека континуирано е предмет на контрола на надлежните органи.

Европскиот систем за брзо предупредување (RASFF) претходно објави дека високо ниво на акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија, а хрватскиот државен инспекторат потврди дека тоа е производителот Chips Way.

The post Се огласи компанијата „Чипс веј“: Чипсот е уништен appeared first on Република.

]]>

Српската компанија „Чипс веј“ (Chips Way) - Чачак, соопшти дека целата пратка на нејзиниот чипс со вкус на пиперка, што била испратена до компанија во Хрватска, е уништена како мерка на претпазливост бидејќи анализата покажала дека нивото на канцерогената супстанција акриламид е повисоко од дозволеното. Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот клиент, компанијата Плодине, ја добила на 28 јули.
Веднаш по добивањето на информацијата, контактиравме со клиентот, известувајќи го дека целата пратка ќе биде уништена како мерка на претпазливост и дека стока за замена ќе биде испратена што е можно поскоро. Редовната испорака веќе започна оваа недела. Имајте предвид дека овој производ е наменет исклучиво како бренд за хрватскиот пазар, за еден купувач“, се наведува во соопштението.
Компанијата изјави дека врши редовни анализи на своите производи, како и дека континуирано е предмет на контрола на надлежните органи. Европскиот систем за брзо предупредување (RASFF) претходно објави дека високо ниво на акриламид е пронајдено во чипсот со вкус на пиперка произведен во Србија, а хрватскиот државен инспекторат потврди дека тоа е производителот Chips Way.

The post Се огласи компанијата „Чипс веј“: Чипсот е уништен appeared first on Република.

]]>
Канцерогениот ребрест чипс со вкус на пиперка е од Чачанскиот производител Chips way https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kantserogeniot-rebrest-chips-so-vkus-na-piperka-e-od-chachanskiot-proizvoditel-chips-way/ Fri, 04 Aug 2023 12:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=668718

За ребрестиот чипс со вкус на пиперка од 150 грама од Чачанскиот производител Chips way, при извозот во Хрватска, било откриено дека содржи недозволено количество акриламид, дознава белградска Н1 од Државниот инспекторат на Хрватска, јави дописникот на МИА од Белград.

-Станува збор за производителот Chips way d.o.o. од Чачак и производот 'CHIPS bits&bytes rebrasta paprika' во пакување од 150 грама, се наведува во одговорот за Н1 на Државниот инспекторат на Хрватска.

https://republika.mk/zivot/zdravje/srpski-chips-e-kantserogen-ke-se-proveruva-dali-go-ima-vo-nashite-prodavnitsi/

Чипсот што беше извезен од Србија во Хрватска, каде што беше уништен поради недозволено количество акриламид, беше со рок на траење до 25 декември 2023 година.

Бар кодот на овој производ е 3 856025 853261, серија L28062023 (L280623 A09:31).

Високи нивоа на акриламид се откриени во чипс со вкусот на пиперка, произведени во Србија, откако проблемот го пријави Хрватска, соопштија на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување.

Производот не влегол на хрватскиот пазар и е безбедно уништен, јавува Н1 од Загреб.

Според соопштението на веб-страницата на Министерството за земјоделство на Србија, по добиеното известување на RASFF за покачено ниво на акриламид во чипсот од прехранбениот производ со вкус на пиперка произведен во Србија, земјоделската инспекција издала наредба за вонреден преглед на фабриката за производство на спорниот производ.

- Контролата е во тек и по добивањето на резултатите од анализите ќе објавиме подетални информации и мерки што ќе ги преземе земјоделската инспекција, соопштија од ресорното министерство.

Акриламидот не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка.

Најчесто се наоѓа во лебот, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Ова соединение беше подетално истражено и пронајдено во одредени видови храна во 2002 година во Шведска.

Оттогаш јавноста е предупредена за нејзините последици, а особено загрижува поврзаноста со некои форми на рак. Акриламидот се претвора во телото во глицидамид, кој предизвикува мутации и ја оштетува ДНК.

Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

The post Канцерогениот ребрест чипс со вкус на пиперка е од Чачанскиот производител Chips way appeared first on Република.

]]>

За ребрестиот чипс со вкус на пиперка од 150 грама од Чачанскиот производител Chips way, при извозот во Хрватска, било откриено дека содржи недозволено количество акриламид, дознава белградска Н1 од Државниот инспекторат на Хрватска, јави дописникот на МИА од Белград. -Станува збор за производителот Chips way d.o.o. од Чачак и производот 'CHIPS bits&bytes rebrasta paprika' во пакување од 150 грама, се наведува во одговорот за Н1 на Државниот инспекторат на Хрватска. https://republika.mk/zivot/zdravje/srpski-chips-e-kantserogen-ke-se-proveruva-dali-go-ima-vo-nashite-prodavnitsi/ Чипсот што беше извезен од Србија во Хрватска, каде што беше уништен поради недозволено количество акриламид, беше со рок на траење до 25 декември 2023 година. Бар кодот на овој производ е 3 856025 853261, серија L28062023 (L280623 A09:31). Високи нивоа на акриламид се откриени во чипс со вкусот на пиперка, произведени во Србија, откако проблемот го пријави Хрватска, соопштија на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување. Производот не влегол на хрватскиот пазар и е безбедно уништен, јавува Н1 од Загреб. Според соопштението на веб-страницата на Министерството за земјоделство на Србија, по добиеното известување на RASFF за покачено ниво на акриламид во чипсот од прехранбениот производ со вкус на пиперка произведен во Србија, земјоделската инспекција издала наредба за вонреден преглед на фабриката за производство на спорниот производ. - Контролата е во тек и по добивањето на резултатите од анализите ќе објавиме подетални информации и мерки што ќе ги преземе земјоделската инспекција, соопштија од ресорното министерство. Акриламидот не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што значи печење, пржење и други форми на подготовка. Најчесто се наоѓа во лебот, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе. Ова соединение беше подетално истражено и пронајдено во одредени видови храна во 2002 година во Шведска. Оттогаш јавноста е предупредена за нејзините последици, а особено загрижува поврзаноста со некои форми на рак. Акриламидот се претвора во телото во глицидамид, кој предизвикува мутации и ја оштетува ДНК. Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

The post Канцерогениот ребрест чипс со вкус на пиперка е од Чачанскиот производител Chips way appeared first on Република.

]]>
Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/babovski-vo-tek-se-proverki-dali-na-nashiot-pazar-ima-od-srpskiot-chips-so-akrilamid/ Fri, 04 Aug 2023 11:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=668677

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.

Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.

На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

The post Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид appeared first on Република.

]]>

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен. Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет. -Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски. На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

The post Бабовски: Во тек се проверки дали на нашиот пазар има од српскиот чипс со акриламид appeared first on Република.

]]>
Српски чипс е канцероген, ќе се проверува дали го има во нашите продавници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/srpski-chips-e-kantserogen-ke-se-proveruva-dali-go-ima-vo-nashite-prodavnitsi/ Fri, 04 Aug 2023 11:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=668676

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.

Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет.

-Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски.

На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

The post Српски чипс е канцероген, ќе се проверува дали го има во нашите продавници appeared first on Република.

]]>

Во тек се проверки дали на македонскиот пазар има српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, изјави за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски. Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен. Во меѓувреме, активно се следи и кога РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ ќе нотира дека чипсот е забранет. -Во РАСФФ системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ се уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе проверуваме, истакна Бабовски. На хрватска граница е стопирана пратка на чипс со вкус на пиперка, произведен во Србија, во кој е утврдено високо ниво на акриламид. Ова го објави и Европската комисија на својата официјална веб-страница.

The post Српски чипс е канцероген, ќе се проверува дали го има во нашите продавници appeared first on Република.

]]>
Високо ниво на канцерогена супстанца е откриен во чипс произведен во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/visoko-nivo-na-kantserogena-supstantsa-e-otkrien-vo-chips-proizveden-vo-srbija/ Fri, 04 Aug 2023 09:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=668604

На хрватската граница бил откриен прехранбен производ произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид.

Како што е потврдено од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија.

Производот, како што пренесуваат медиумите во соседствот не влегол на хрватскиот пазар и истиот бил уништен.

Земјата на пријавување е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, јавува „N1“ Загреб.

Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Според хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

The post Високо ниво на канцерогена супстанца е откриен во чипс произведен во Србија appeared first on Република.

]]>

На хрватската граница бил откриен прехранбен производ произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид. Како што е потврдено од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија. Производот, како што пренесуваат медиумите во соседствот не влегол на хрватскиот пазар и истиот бил уништен. Земјата на пријавување е Хрватска, а известувањето се однесува на Хрватска и Србија, јавува „N1“ Загреб. Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе. Според хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

The post Високо ниво на канцерогена супстанца е откриен во чипс произведен во Србија appeared first on Република.

]]>
„Аро чипс“ повлечен од хрватските маркети поради присуство на канцерогена материја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aro-chips-povlechen-od-hrvatskite-marketi-poradi-prisustvo-na-kantserogena-materija/ Tue, 10 Jan 2023 20:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=595585

Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти.

Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703.

Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.

The post „Аро чипс“ повлечен од хрватските маркети поради присуство на канцерогена материја appeared first on Република.

]]>

Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти. Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703. Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.

The post „Аро чипс“ повлечен од хрватските маркети поради присуство на канцерогена материја appeared first on Република.

]]>
Продолжува серијалот Ковачевски на сува храна: Премиерот денеска си касна чипс https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzuva-serijalot-kovachevski-na-suva-hrana-premierot-deneska-si-kasna-chips/ Wed, 09 Nov 2022 17:21:35 +0000 https://republika.mk/?p=572033

Изгледа премиерот е научен на сува храна. Имено денеска  Димитар Ковачевски при работни обврски во производствениот погон на компанијата МАКС, реши да дегустира чипс.

Инаку, ова не е првпат премиерот да дегустира сува храна. Во претходни наврати при извршување на работните обврски во различни делови од Македонија си каснува ќебапчиња, тостови, па и сендвичи со мортадела.

The post Продолжува серијалот Ковачевски на сува храна: Премиерот денеска си касна чипс appeared first on Република.

]]>

Изгледа премиерот е научен на сува храна. Имено денеска  Димитар Ковачевски при работни обврски во производствениот погон на компанијата МАКС, реши да дегустира чипс. Инаку, ова не е првпат премиерот да дегустира сува храна. Во претходни наврати при извршување на работните обврски во различни делови од Македонија си каснува ќебапчиња, тостови, па и сендвичи со мортадела.

The post Продолжува серијалот Ковачевски на сува храна: Премиерот денеска си касна чипс appeared first on Република.

]]>