чинии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chinii/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jan 2022 11:33:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чинии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chinii/ 32 32 Манасиевски: За Ковачевски златни чинии, за народот скапа струја и недостаток на парно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manasievski-za-kovachevski-zlatni-chinii-za-narodot-skapa-struja-i-nedostatok-na-parno/ Sat, 15 Jan 2022 11:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=444933

Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме, изјави денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Манасиевски:

Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме.

Бидејќи јавноста дозна дека владата набавува нов прибор за јадење со позлатени чинии, лажици, виљушки, ножеви за новиот мандатар, ние решивме да ги поштедиме од трошоци и таквиот прибор да му го подариме во име на граѓаните. Еве владата не мора да троши 37 илјади евра, кои се рамни на 140 месечни плати на еден работник, туку нека го искористи овој позлатен прибор, ако веќе премиерот мора да јаде со златни лажички, виљушки, чинии. Слатки нека му се октоподот, шкампите, лигњите и бранцинот во новите позлатени чинии.

Народот можеби во својот дом ќе нема греење, можеби ќе нема леб, ама луксузот во владиниот кабинет не смее да трпи. Одговорноста на народот е голема и затоа ќе воведе мерки на народно штедење, ќе се откаже од поскапената храна, ќе се покрива со јамболии, ќе плаќа поскапи сметки, но овие чинии никогаш не смеат да останат празни. Доволно ќе биде мандатарот Ковачевски секогаш кога ќе јаде од полните златни чинии да се сети барем на миг на овој народ кој сето тоа му го овозможил.

На народот му остана шегата, за да не заплаче. Велат секоја шега е половина вистина, но овој пат тоа е полна и болна вистина, рече Манасиевски.

The post Манасиевски: За Ковачевски златни чинии, за народот скапа струја и недостаток на парно appeared first on Република.

]]>

Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме, изјави денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Манасиевски:
Свесни за кризата во која се наоѓа државата, како одговорни граѓани решивме и ние да донесеме подарок на мандатарот Ковачевски. Доволно добивавме подароци од власта во форма на поскапена струја, поскапено парно, поскапени производи во маркетите, решивме и ние да вратиме. Бидејќи јавноста дозна дека владата набавува нов прибор за јадење со позлатени чинии, лажици, виљушки, ножеви за новиот мандатар, ние решивме да ги поштедиме од трошоци и таквиот прибор да му го подариме во име на граѓаните. Еве владата не мора да троши 37 илјади евра, кои се рамни на 140 месечни плати на еден работник, туку нека го искористи овој позлатен прибор, ако веќе премиерот мора да јаде со златни лажички, виљушки, чинии. Слатки нека му се октоподот, шкампите, лигњите и бранцинот во новите позлатени чинии. Народот можеби во својот дом ќе нема греење, можеби ќе нема леб, ама луксузот во владиниот кабинет не смее да трпи. Одговорноста на народот е голема и затоа ќе воведе мерки на народно штедење, ќе се откаже од поскапената храна, ќе се покрива со јамболии, ќе плаќа поскапи сметки, но овие чинии никогаш не смеат да останат празни. Доволно ќе биде мандатарот Ковачевски секогаш кога ќе јаде од полните златни чинии да се сети барем на миг на овој народ кој сето тоа му го овозможил. На народот му остана шегата, за да не заплаче. Велат секоја шега е половина вистина, но овој пат тоа е полна и болна вистина, рече Манасиевски.

The post Манасиевски: За Ковачевски златни чинии, за народот скапа струја и недостаток на парно appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии за јадење, вредна 140 месечни плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-prvata-odluka-na-kovachevski-e-nabavka-na-zlatni-chinii-za-jadenje-vredna-140-mesechni-plati/ Wed, 12 Jan 2022 07:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=443477

Стандардот на граѓаните тоне, цените одат до плафон, а однародената власт на заевизмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економска, енергетска и здравствена криза му набавува нов прибор за јадење на пиунот Ковачевски во вредност од 37 илјади евра.

 

Владата набавува чинии по 88 евра од парче, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува.

 

Ова е само уште еден показател дека заевизмот продолжува. Зоран Заев лани се фалеше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.

 

Ете до каде оди забеганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзува, во време кога поскапуваат струјата и парното, кога граѓаните трошат илјадници евра дневно за тестирање, врвен приоритет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење.

 

Заевизмот не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевски. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии за јадење, вредна 140 месечни плати appeared first on Република.

]]>

Стандардот на граѓаните тоне, цените одат до плафон, а однародената власт на заевизмот троши народни пари за позлатени чинии и нов прибор за пиунот Ковачевски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа власт е одлепена од реалноста штом во време на економска, енергетска и здравствена криза му набавува нов прибор за јадење на пиунот Ковачевски во вредност од 37 илјади евра.   Владата набавува чинии по 88 евра од парче, ножеви од 10 евра по парче, кристални чаши и уште око не им трепнува.   Ова е само уште еден показател дека заевизмот продолжува. Зоран Заев лани се фалеше со златен прибор, сега за Ковачевски се набавува луксузен прибор за јадење кој чини колку 140 месечни плати на еден работник во Македонија.   Ете до каде оди забеганоста на власта, во време кога едвај крај со крај се врзува, во време кога поскапуваат струјата и парното, кога граѓаните трошат илјадници евра дневно за тестирање, врвен приоритет на заевизмот е да набавува луксузен прибор за јадење.   Заевизмот не заминува со Зоран Заев, туку само добива нов лик во пиунот Ковачевски. Македонија може и мора да се ослободи од заевизмот само на предвремени парламентарни избори. Тоа е единствениот начин Македонија да тргне напред - се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии за јадење, вредна 140 месечни плати appeared first on Република.

]]>