Чифте амам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chifte-amam/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 07:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чифте амам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chifte-amam/ 32 32 Изложба на Камуран Горанци во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-kamuran-gorantsi-vo-chifte-amam/ Thu, 02 May 2024 07:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=773237

На 9 мај во Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори самостојната изложба на уметникот Камуран Горанци.

Ова е одлична можност да се запознаете со талентираниот уметник и да го искусите неговото креативност и изразност преку неговите дела. На изложбата ќе бидат претставени вкупно 22 дела, изработени во техниката акрилик на платно, кои се произведени во периодот од 2020 до 2024 година, најавува Националната галерија.

Камуран Горанци, уметник-сликар и продуцент, Албанец од Косово. Роден во Призрен на 28.07.1955 г. Дипломирал на Академијата за уметности на Универзитетот во Приштина во 1977 година, на отсекот сликарство на професорот Муслим Мулиќи. Додека магистрирал во Белград во 1981 година и се здобил со звање академик, магистер по сликарство.

Од 2002 година живее и работи во Приштина, работи во Министерството за култура, млади и спорт како раководител на Секторот за изведувачки, музички и визуелни уметности во Секторот за култура. Во 2011 година на јавниот конкурс на МКРС е избран за директор на Одделението за култура, функција која ја извршува до ноември 2015 година.

Продуцент е и на три играни филмови како што се: Филмот „Жедта на Косово“ во режија на Сунај Рача – 2005 година; Филмот „АНАТЕМА“ на режисерот Агим сопи – 2006 година и филмот „Три прозорци и бесење“ на режисерот Иса Ќосја – 2014. Во 2017 година заедно со своите колеги го основа Здружението за визуелни уметности на Косово и е Претседател на Здружението.

The post Изложба на Камуран Горанци во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

На 9 мај во Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори самостојната изложба на уметникот Камуран Горанци.
Ова е одлична можност да се запознаете со талентираниот уметник и да го искусите неговото креативност и изразност преку неговите дела. На изложбата ќе бидат претставени вкупно 22 дела, изработени во техниката акрилик на платно, кои се произведени во периодот од 2020 до 2024 година, најавува Националната галерија.
Камуран Горанци, уметник-сликар и продуцент, Албанец од Косово. Роден во Призрен на 28.07.1955 г. Дипломирал на Академијата за уметности на Универзитетот во Приштина во 1977 година, на отсекот сликарство на професорот Муслим Мулиќи. Додека магистрирал во Белград во 1981 година и се здобил со звање академик, магистер по сликарство. Од 2002 година живее и работи во Приштина, работи во Министерството за култура, млади и спорт како раководител на Секторот за изведувачки, музички и визуелни уметности во Секторот за култура. Во 2011 година на јавниот конкурс на МКРС е избран за директор на Одделението за култура, функција која ја извршува до ноември 2015 година. Продуцент е и на три играни филмови како што се: Филмот „Жедта на Косово“ во режија на Сунај Рача – 2005 година; Филмот „АНАТЕМА“ на режисерот Агим сопи – 2006 година и филмот „Три прозорци и бесење“ на режисерот Иса Ќосја – 2014. Во 2017 година заедно со своите колеги го основа Здружението за визуелни уметности на Косово и е Претседател на Здружението.  

The post Изложба на Камуран Горанци во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Во Чифте Амам се отвора изложбата „Уметници и бегалци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-chifte-amam-se-otvora-izlozhbata-umetnitsi-i-begaltsi/ Tue, 02 Apr 2024 07:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=761132

Во Национална галерија Чифте Амам вечер ќе биде отворена изложбата „Уметници и бегалци“. Со свои дела ќе се претстават Ѓорѓе Јовановиќ, Маја Танева и Озбек Ајваз од Македонија, Бутринт Паша, Андин Бакија и Диела Вала од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина.

Како што информираат организаторите, Центарот за современи уметности – Скопје, СБункер – Приштина, Косово и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Букурешт, Романија, изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалци директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалсикте заедници во Романија на почетокот на март 2024.

Уметничките дела на оваа изложба се претставени во различни медиуми. Од чисти скулпторски форми на Маја Танева и Андин Бакија, до мобилни скулптури кои создаваат уникатна инсталација на мобилите на Ѓорѓе Јовановиќ. Делото на Озбек Ајваз во вид на скулптурална инсталација изработена од метал бара интеракција со публиката за да се добие целосна слика за уметничкото дело. Косовските уметници Диела Вала и украинскиот уметник Серхи Тиехов решија да ги споделат своите ставови и изразување преку класичните медиуми на сликање користејќи различни техники и пристапи. Конечно, Бутринит Паша како изведувачки уметник и театарски режисер се обидува да ја вклучи публиката со својата монодрама создадена во стил на извонреден театар насловена како „Кој ја сака мојата земја“.

Проектот „Уметници и бегалци“ има за цел да ги раскаже искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел на проектот е да ги поттикне бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела. Изработените уметнички дела кои што се претставени создаваат отворена порта за гласовите на бегалците од Украина да се слушнат во другите делови на светот преку универзалниот јазик на уметноста, придонесувајќи на тој начин во борбата со лажните вести и наративи кои се однесуваат на агресијата врз Украина. На почетокот на идејата за оваа изложба уметниците добија тешка задача да ги трансформираат личните приказни на бегалците од Украина во уметнички дела користејќи ја емоционалната моќ на уметноста да ги шират автентичните наративи на украинските бегалци и на овој начин да придонесат за ширење на вистината за војната и агресијата, се наведува во најавата.

The post Во Чифте Амам се отвора изложбата „Уметници и бегалци“ appeared first on Република.

]]>

Во Национална галерија Чифте Амам вечер ќе биде отворена изложбата „Уметници и бегалци“. Со свои дела ќе се претстават Ѓорѓе Јовановиќ, Маја Танева и Озбек Ајваз од Македонија, Бутринт Паша, Андин Бакија и Диела Вала од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина. Како што информираат организаторите, Центарот за современи уметности – Скопје, СБункер – Приштина, Косово и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Букурешт, Романија, изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалци директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалсикте заедници во Романија на почетокот на март 2024. Уметничките дела на оваа изложба се претставени во различни медиуми. Од чисти скулпторски форми на Маја Танева и Андин Бакија, до мобилни скулптури кои создаваат уникатна инсталација на мобилите на Ѓорѓе Јовановиќ. Делото на Озбек Ајваз во вид на скулптурална инсталација изработена од метал бара интеракција со публиката за да се добие целосна слика за уметничкото дело. Косовските уметници Диела Вала и украинскиот уметник Серхи Тиехов решија да ги споделат своите ставови и изразување преку класичните медиуми на сликање користејќи различни техники и пристапи. Конечно, Бутринит Паша како изведувачки уметник и театарски режисер се обидува да ја вклучи публиката со својата монодрама создадена во стил на извонреден театар насловена како „Кој ја сака мојата земја“.
Проектот „Уметници и бегалци“ има за цел да ги раскаже искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел на проектот е да ги поттикне бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела. Изработените уметнички дела кои што се претставени создаваат отворена порта за гласовите на бегалците од Украина да се слушнат во другите делови на светот преку универзалниот јазик на уметноста, придонесувајќи на тој начин во борбата со лажните вести и наративи кои се однесуваат на агресијата врз Украина. На почетокот на идејата за оваа изложба уметниците добија тешка задача да ги трансформираат личните приказни на бегалците од Украина во уметнички дела користејќи ја емоционалната моќ на уметноста да ги шират автентичните наративи на украинските бегалци и на овој начин да придонесат за ширење на вистината за војната и агресијата, се наведува во најавата.
 
The post Во Чифте Амам се отвора изложбата „Уметници и бегалци“ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Уметници и бегалци“ во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-umetnitsi-i-begaltsi-vo-chifte-amam/ Mon, 01 Apr 2024 07:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=760749

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во 19 часот во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија.

Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот.

На изложбата ќе може да се видат делата на Oзбек Ајваз, Ѓорѓе Јовановиќ и Маја Танева од Македонија, Бутринт Паша, Диела Вала и Андин Бакија од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина.

Изложбата ќе вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарскиот режисер Бутринит Паша ќе изведе монодрама наречена „Кој ја сака мојата земја“.

„Ќе бидат раскажани искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел е да се поттикнат бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела“, велат од Центарот за современи уметности, кој го организира проектот заедно со СБункер од Приштина и WIN – Мрежа за интеграција на жените од Букурешт, Романија.

Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Network.

The post Изложбата „Уметници и бегалци“ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во 19 часот во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот. На изложбата ќе може да се видат делата на Oзбек Ајваз, Ѓорѓе Јовановиќ и Маја Танева од Македонија, Бутринт Паша, Диела Вала и Андин Бакија од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина. Изложбата ќе вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарскиот режисер Бутринит Паша ќе изведе монодрама наречена „Кој ја сака мојата земја“. „Ќе бидат раскажани искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел е да се поттикнат бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела“, велат од Центарот за современи уметности, кој го организира проектот заедно со СБункер од Приштина и WIN – Мрежа за интеграција на жените од Букурешт, Романија. Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Network.  

The post Изложбата „Уметници и бегалци“ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-umetnitsi-i-begaltsi-vo-chifte-amam/ Fri, 29 Mar 2024 12:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=760115

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија.

Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот.

На изложбата ќе може да се видат делата на Oзбек Ајваз, Ѓорѓе Јовановиќ и Маја Танева од Македонија, Бутринт Паша, Диела Вала и Андин Бакија од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина.

Изложбата ќе вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарскиот режисер Бутринит Паша ќе изведе монодрама наречена „Кој ја сака мојата земја“.

„Ќе бидат раскажани искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел е да се поттикнат бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела“, велат од Центарот за современи уметности, кој го организира проектот заедно со СБункер од Приштина и WIN – Мрежа за интеграција на жените од Букурешт, Романија.

Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Network.

The post Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот. На изложбата ќе може да се видат делата на Oзбек Ајваз, Ѓорѓе Јовановиќ и Маја Танева од Македонија, Бутринт Паша, Диела Вала и Андин Бакија од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина. Изложбата ќе вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарскиот режисер Бутринит Паша ќе изведе монодрама наречена „Кој ја сака мојата земја“. „Ќе бидат раскажани искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел е да се поттикнат бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела“, велат од Центарот за современи уметности, кој го организира проектот заедно со СБункер од Приштина и WIN – Мрежа за интеграција на жените од Букурешт, Романија. Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Network.  

The post Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Париски рефлексии III“ се отвора денеска напладне во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-pariski-refleksii-iii-se-otvora-deneska-napladne-vo-chifte-amam/ Fri, 22 Mar 2024 09:17:51 +0000 https://republika.mk/?p=757289

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии III“.

Изложбата „Париски рефлексии“ опфаќа дела на македонски уметници од 70-те и 80-те години, кои биле под влијание на француската школа и ќе биде поставена во петок во галеријата Чифте Амам.

Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции.

Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20 век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).

Изложбата ќе ја отворат г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во Република Македонија и д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

The post Изложбата „Париски рефлексии III“ се отвора денеска напладне во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува третото продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии III“. Изложбата „Париски рефлексии“ опфаќа дела на македонски уметници од 70-те и 80-те години, кои биле под влијание на француската школа и ќе биде поставена во петок во галеријата Чифте Амам.   Изложбата која го носи предзнакот 3 претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции. Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20 век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).   Изложбата ќе ја отворат г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во Република Македонија и д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

The post Изложбата „Париски рефлексии III“ се отвора денеска напладне во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Париски рефлексии“ се отвора в петок во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-pariski-refleksii-se-otvora-v-petok-vo-chifte-amam/ Wed, 20 Mar 2024 13:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=756345

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи в петок, 22 март 2024, во 12 часот, во Чифте амам.

Изложбата, која го носи предзнакот 3, претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции.

Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20. век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).

Изложбата ќе ја отворат: Н. Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во Република Македонија, и д-р Дита Старова Ќерими, Директорка на Националната галерија.

 Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија.

Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

The post Изложбата „Париски рефлексии“ се отвора в петок во Чифте амам appeared first on Република.

Отворање на изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-izlozhbata-pariski-refleksii-iii-vo-chifte-amam/ Tue, 19 Mar 2024 13:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=756343

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи в петок, 22 март 2024, во 12 часот, во Чифте амам.

Изложбата, која го носи предзнакот 3, претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции.

Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20. век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори).

Изложбата ќе ја отворат: Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Република Македонија, и Дита Старова Ќерими, Директорка на Националната галерија.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија.

Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.

The post Отворање на изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија, во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи в петок, 22 март 2024, во 12 часот, во Чифте амам. Изложбата, која го носи предзнакот 3, претставува избор на дела од третата генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, дел како добитници на тогашната државна награда „Моша Пијаде“, но и преку специјализации и дополнување на образованието, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани со центарот на светската уметност – Париз. Со тоа, секој со своето препознатливо творечко кредо, извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување и продлабочување на влијанијата на енформелот, надреализмот, новата фигурација, геометризмот и останатите тогаш актуелни светски тенденции. Во оваа селекција се вклучени авторите кои се родени по 1930 година, ја дефинирале ликовната сцена кај нас во седмата и осмата деценија на 20. век, а се значајни и по нивната педагошка дејност (многу од нив стануваат професори на Академијата за ликовна уметност во Скопје): Нове Франговски, Душан Перчинков, Родољуб Анастасов, Танас Луловски, Ристо Калчевски, Ана Темкова, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски – Гуте, Кирил Ефремов, Александар Ристески, Васко Ташковски, Кирил Гегоски, Милош Коџоман, Виолета Чауле, Таки Павловски Рубенс Корубин, Доне Миљановски, Благоја Николовски (сликари). Боро Митриќески, Стефан Маневски, Васил Василев, Драган Попоски Дада, Борис Николовски (скулптори). Изложбата ќе ја отворат: Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Република Македонија, и Дита Старова Ќерими, Директорка на Националната галерија. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Сите претставени дела, од кои повеќето се ретко изложувани, се дел од Колекцијата на Националната галерија.  

The post Отворање на изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ денеска се отвораат „Денови на италијански дизајн во Скопје“: Признанието „Ordine della Stella d’Italia“ за Дита Старова Ќерими https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-najdragiot-pinokio-deneska-se-otvoraat-denovi-na-italijanski-dizajn-vo-skopje-priznanieto-ordine-della-stella-d-italia-za-dita-starova-kerimi/ Thu, 14 Mar 2024 08:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=753933

Во четврток (14.03) во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“ со што почнуваат Деновите на италијански дизајн во Скопје, а истиот ден во Сули ан, ќе се одржи макстер-клас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови, како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.

Изложбата на ADI Design Museum, е посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“, и содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата, кои ја потврдуваат способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети и го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер.

Темата на годинешното издание е: „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ со настани со кои се промовираат уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизајн.

Во Чифте амам на свеченото отворање на изложбата, Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во Скопје ќе ја одликува Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија,  со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на италијанскиот министер за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Дита Старова Ќерими (1984) е академски сликар, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, а во моментов е директорка на Националната галерија, која со бројните врвни изложби ја раздвижи културната сцена дома и ја врати публиката.

The post Со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ денеска се отвораат „Денови на италијански дизајн во Скопје“: Признанието „Ordine della Stella d’Italia“ за Дита Старова Ќерими appeared first on Република.

„Литературата во време на конфликт“ – дебата во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/literaturata-vo-vreme-na-konflikt-debata-vo-chifte-amam/ Sat, 18 Nov 2023 16:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=702952

Во сабота (18 ноември), во рамки на втората „Дебата за Европа“ во Скопје ќе се одржи дискусијата и книжевното читање на тема „Литературата во време на конфликт“. Настанот ќе се одржи во Чифте амам, со почеток во 18.30 часот. Модератор на настанот е Владимир Јанковски, а учествуваат Никола Маџиров, Елифе Красниќи од Косово, Сергеј Лебедев од Русија и Аријан Лека од Албанија.

Кое е местото на литературата во светот раскинуван од војни, општествени судири и политички превирања? Колку литературата може да биде слободна во светот кој интензивно станува не-слободен? И што уметноста и литературата всушност прават со својата слобода?

Ова се дел од прашањата на настанот кој е дел од „Дебатата за Европа“ во Скопје, во кој по „Дебатата за Европа во Софија“ одржана во февруари и „Разговорите за војната и мирот“ во Белград оваа есен, водечки експерти, писатели и создавачи на јавно мислење ќе се сретнат во Скопје за да разговараат за некои од најитните прашања поврзани со европската перспектива на земјите од регионот и нивната важност за иднината на Европа.

По разговорот, четворицата писатели ќе прочитаат извадок од свои книжевни дела во кои на книжевен начин се осврнуваат на некои од прашањата и темите отворени во дискусијата.

The post „Литературата во време на конфликт“ – дебата во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Во сабота (18 ноември), во рамки на втората „Дебата за Европа“ во Скопје ќе се одржи дискусијата и книжевното читање на тема „Литературата во време на конфликт“. Настанот ќе се одржи во Чифте амам, со почеток во 18.30 часот. Модератор на настанот е Владимир Јанковски, а учествуваат Никола Маџиров, Елифе Красниќи од Косово, Сергеј Лебедев од Русија и Аријан Лека од Албанија. Кое е местото на литературата во светот раскинуван од војни, општествени судири и политички превирања? Колку литературата може да биде слободна во светот кој интензивно станува не-слободен? И што уметноста и литературата всушност прават со својата слобода? Ова се дел од прашањата на настанот кој е дел од „Дебатата за Европа“ во Скопје, во кој по „Дебатата за Европа во Софија“ одржана во февруари и „Разговорите за војната и мирот“ во Белград оваа есен, водечки експерти, писатели и создавачи на јавно мислење ќе се сретнат во Скопје за да разговараат за некои од најитните прашања поврзани со европската перспектива на земјите од регионот и нивната важност за иднината на Европа. По разговорот, четворицата писатели ќе прочитаат извадок од свои книжевни дела во кои на книжевен начин се осврнуваат на некои од прашањата и темите отворени во дискусијата.

The post „Литературата во време на конфликт“ – дебата во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски од 1 септември во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-na-dimitrie-duratsovski-od-1-septemvri-vo-chifte-amam/ Wed, 30 Aug 2023 10:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=677250

Димитрие Дурацовски, како сликар уметник, речиси четири децении не е претставен пред публиката, меѓутоа неговата особеност во ликовниот израз е предмет на анализа во повеќе студии и литература за теоријата на ликовната уметност.

Изложбата ќе биде поставена во Чифте амам, отворањето е на 1 септември 2023 (петок), во 20 часот и за публиката ќе биде достапна до 21 септември 2023 г.
Творештвото на Дурацовски може да се одбележи како метафизичко и во исто време концептуално и имајќи го предвид времето во кое што почнува да твори (1973) и кога неофицијално престанува со сликарството (1987), можеме недвосмислено да кажеме дека тој е творец претеча на современиот концептуален ликовен израз во Македонија.
Димитрие Дурацовски како автор е необична појава во современата македонска уметност, тој е осамен но интелектуално љубопитен творец кој живее и работи во Струга. Во стремежот да формира целосна визија за светот тој ги користи изразните средства и можности на сликарството, цртежот и пишаниот збор. Основната тема ја наоѓа во свртеноста и испитувањето на таинствените простори на човечкиот дух, каде неретко се допираат или бришат границите помеѓу реалното и фантастичното, можното и неможното, рациото и ирациото... Мислата е првата и внатрешно осмислувачка содржина на неговите дела, која на некој начин ги дообликува ликовните визии во нашата свест.
Реалната форма во неговите платна, решена како фигуративни композиции во класичен кулоарско-илузионистичи декор со крајно поедноставени кукловидни човечки форми и редуциран хроматизам го означува оностраното и недефинираното.
Неговите цртежи комбинирани со текстови, прибелешки, теоретски и литерарни разгледувања, упатуваат на користење на одредени елементи, методи и сознанија од надреализмот и психоанализата.
Останува впечатокот за недореченоста на македонската критика за овој автор, со чувство дека нешто се крие зад она што го гледаме и читаме во неговите дела. Тоа предчуствување и таинственост е можеби најзначајното во процесот на создавање, па така преку оваа изложба за прв пат во целост ќе биде презентирано пред македонската јавност.
Биографија
Димитрие Дурацовски е современ македонски писател и сликар. Роден е на 15 февруари 1952 година, во Струга, каде што завршил основно образование. Школа за применети уметности, сликарски отсек, завршил во Скопје, во 1975 година, во класата на проф. Родољуб Анастасов. Во 1977 година се вработил во Галеријата „Вангел Коџоман“ во Струга. Од 1982 работи во Народниот музеј во Струга, кога Галеријата се припојува кон Музејот. Во текот на изминатите години раководи со Галеријата „Вангел Коџоман“, во која се сместени сликите од постојаната поставка Струга во минатото, а истовремено го води и Одделението за современа уметност на Народниот музеј, организирајќи и поставувајќи повеќе од 150 самостојни и групни изложби на повеќемина значајни ликовни уметници од Македонија, од Југославија и од светот.
Во текот на изминатите години реализирал повеќе самостојни изложби во Суботица, Струга, Охрид, Нови Сад и Скопје, а бил застапуван и на повеќе колективни изложби: Критичарите одбраа, Скопје; Геометризмот и неговите видови во македонското сликарство, Скопје; Остави траг, Белград; Биенале на млади, Скопје; Надреализмот и неговите видови во македонското сликарство, Скопје; Портретот во македонската ликовна уметност, Скопје; Концептуалниот дискурс во Македонија, Скопје.
Бил припадник на литературната група Петти круг.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година.
Неговите литературни и ликовни дела се предмет на анализа во повеќе студии и книги за теоријата на ликовната уметност и литературата.
Ги објавил книгите раскази Тајна историја, 1986 година; Црни пророци, 1996 година; романот Инсомниа, 2001 година, за кој истата година ја добил наградата Рациновото признание. Во 2014 година ја објавил книгата Бледи сенки, далечни гласови, за која во 2015 година по втор пат го добил Рациновото признание.
Добитник е на државната награда „11 Октомври“ за животно дело, во 2019 година.

Куратор Горанчо Ѓоргиевски, кустос во Националната галерија

The post Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски од 1 септември во Чифте амам appeared first on Република.

Публиката може да ја види изложбата „Пејзажно искуство“ во Чифте амам до 30 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/publikata-mozhe-da-ja-vidi-izlozhbata-pejzazhno-iskustvo-vo-chifte-amam-do-30-april/ Tue, 04 Apr 2023 06:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=626942

На отоврањето и во текот на првиот викенд од поставената изложба е забележана голема посетеност која циркулираше непрестано, соопшти Националната галерија за одѕивот на јавноста за мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ во галеријата Чифте амам.

Откако беше национален претставник на 59. Венециско биенале 2022, проектот „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) на уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски првпат е претставен пред македонската публика и ќе може да се види од 30 март до 30 април.

Проектот „Landscape Experience“ на Мотеска и Јанкулоски претставува осмо учество на Националната галерија како официјален организатор на нашата земја на Биеналето во Венеција, што претставува гордост, но секако и одговорност и константен предизвик за презентациите на македонските автори кои со своите автохтони визуелни ракописи се во склоп со светските актуелни тематики, соопшти Националната галерија.

[caption id="attachment_626953" align="alignnone" width="1280"] Д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија / Фото: Маја Аргакијева[/caption]

Директорката Дита Старова Ќерими на отворањето на изложбата истакна дека преку успешноста на овие претставувања, кои на авторите им донесоа нови меѓународни соработки, се потврдува и местото на Националната галерија како една од водечките институции во земјава во областа на визуелните уметности.

Галеријата соопшти дека на 8 април авторите Јанкулоски/Мотеска и кураторката Ана Франговска ќе ги водат посетителите низ изложбата во Чифте амам.

Повелете заедно да го пронајдеме одговорот на прашањето: Што значи да се постави ранетиот пејзаж како архива на историски повреди и како оваа поетика на просторно сведочење функционира како начин на геополитичка критика?, соопшти Националната галерија.

The post Публиката може да ја види изложбата „Пејзажно искуство“ во Чифте амам до 30 април appeared first on Република.

]]>

На отоврањето и во текот на првиот викенд од поставената изложба е забележана голема посетеност која циркулираше непрестано, соопшти Националната галерија за одѕивот на јавноста за мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ во галеријата Чифте амам. Откако беше национален претставник на 59. Венециско биенале 2022, проектот „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) на уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски првпат е претставен пред македонската публика и ќе може да се види од 30 март до 30 април.
Проектот „Landscape Experience“ на Мотеска и Јанкулоски претставува осмо учество на Националната галерија како официјален организатор на нашата земја на Биеналето во Венеција, што претставува гордост, но секако и одговорност и константен предизвик за презентациите на македонските автори кои со своите автохтони визуелни ракописи се во склоп со светските актуелни тематики, соопшти Националната галерија.
[caption id="attachment_626953" align="alignnone" width="1280"] Д-р Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија / Фото: Маја Аргакијева[/caption] Директорката Дита Старова Ќерими на отворањето на изложбата истакна дека преку успешноста на овие претставувања, кои на авторите им донесоа нови меѓународни соработки, се потврдува и местото на Националната галерија како една од водечките институции во земјава во областа на визуелните уметности. Галеријата соопшти дека на 8 април авторите Јанкулоски/Мотеска и кураторката Ана Франговска ќе ги водат посетителите низ изложбата во Чифте амам.
Повелете заедно да го пронајдеме одговорот на прашањето: Што значи да се постави ранетиот пејзаж како архива на историски повреди и како оваа поетика на просторно сведочење функционира како начин на геополитичка критика?, соопшти Националната галерија.

The post Публиката може да ја види изложбата „Пејзажно искуство“ во Чифте амам до 30 април appeared first on Република.

]]>
Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvane-na-proektot-pejzazhno-iskustvo-od-59-venetsisko-bienale-2022-vo-chifte-amam/ Thu, 30 Mar 2023 06:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=625275

Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ („Landscape Experience“) на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска од 59. Венециско биенале 2022 вечер ќе биде поставен во објектот Чифте амам.

Националната галерија на Македонија како координатор на проектот ќе го претстави пред македонската јавност. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими.

„Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот.

Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ – Младенов, а ќе биде поставен во Чифте амам се до 30 април 2023 година.

The post Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ („Landscape Experience“) на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска од 59. Венециско биенале 2022 вечер ќе биде поставен во објектот Чифте амам. Националната галерија на Македонија како координатор на проектот ќе го претстави пред македонската јавност. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими. „Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот. Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ – Младенов, а ќе биде поставен во Чифте амам се до 30 април 2023 година.

The post Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Изложби на Светската галерија на карикатури на Остен по повод 55-годишниот јубилеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbi-na-svetskata-galerija-na-karikaturi-na-osten-po-povod-55-godishniot-jubilej/ Wed, 22 Feb 2023 09:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=611794

По повод јубилејот 55-години Светска галерија на карикатури денеска во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје ќе бидат отворени изложбите од 54-тата Галерија „Скопје 2022“.

Станува збор за изложбите на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2022“ и „Остен Арт фестивалот Скопје 2021/2022“.

The post Изложби на Светската галерија на карикатури на Остен по повод 55-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>

По повод јубилејот 55-години Светска галерија на карикатури денеска во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје ќе бидат отворени изложбите од 54-тата Галерија „Скопје 2022“. Станува збор за изложбите на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2022“ и „Остен Арт фестивалот Скопје 2021/2022“.

The post Изложби на Светската галерија на карикатури на Остен по повод 55-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Потегот со четка – налик на две трепкања со очите: Отворена ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/potegot-so-chetka-nalik-na-dve-trepkanja-so-ochite-otvorena-retrospektivna-izlozba-na-teofil-shulajkovski-tofe/ Wed, 16 Nov 2022 09:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=574382

Во Чифте амам синоќа беше отворена ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски Тофе.

Потегот со четка – налик на две трепкања со очите

(кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе)

Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934 – Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е еден од ретките македонски уметници кои до сега немале ваков вид на интегрално претставување. На оваа изложба се презентирани над 150 дела на македонскиот бард на акварелот, а присутни се најрепрезентативните дела од сите творечки фази, од најраните акварели, па се до последниот, до сега неизложен и необјавен.

Ваквиот тип на ретроспективни изложби се само основни поводи преку кои Националната галерија, како институција која над седум децении се грижи за чување и заштита на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување и едукација за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од македонската уметност.

Акварелот како сликарска дисциплина која заради специфичностите на оваа техника – брза и сигурна рака и концепт, неможност за корекции итн., бара неверојатно уметничко познавање. Како уметничка форма е присутен во светската историја на уметност почнувајќи од примарно утилитарната намена во папирусите на стариот Египет, Кина, Јапонија, Индија, Персија, понатаму хеленистичката и римска уметност, илуминациите на средновековните црковни книги, па се до денес, како современ уметнички израз со естетска функција.

Ноќен чувар / Rojtar nate / Night watchman, 1993

Теофил Шулајковски – Тофе без двоумење се вбројува во рангот на најзначајните македонски акварелисти. Тој се издвојува од колегите уметници преку доследноста во ликовната дисциплина акварел и преку сопствената современа поетска естетика. Ја продолжува оваа насока, надоградувајќи се на почетокот врз основите и искуствата на нашите големи мајстори – втемелувачи на модерниот македонски акварел од дваесеттите години на минатиот век, но и по светските војни, кои се школувани во балканските центри: Димитар Панилов Аврамовски, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Василие Поповиќ-Цицо, Зага Малинковска. Тој донекаде, сосема логично, ги наследува искуствата од просторите во кои се оформувале и неговите претходници, односно ги впива и искуствата од претходната основоположничка генерација.

Невозможно е преку неколку стилски одредници, пренесени во куси црти, или со само една-две реченици да се дефинира огромното творештво кое Теофил Шулајковски – Тофе го остави зад себе. За почеток ќе истакнеме дека во историјата на македонската ликовна сцена Тофе Шулајковски се издвојува и е забележан како автор на препознатливи дела со предзнакот акварел. Најраниот период, околу 1957 година го означуваат реалистични акварели со пејзажи на паркови (Скопскиот парк), архитектура (Маркови кули, Самоилова тврдина, Скопското кале), селска архитектура, цркви, па дури и речиси апстрактни пејзажи, со бои и тоналитет близок на македонското поднебје.

Зима / Dimër / Winter, 1982

Следи периодот кој соодветствува со анформелниот период на 60те години, кога создава дела со апстрактен предзнак, а во кои се насетува неговата лирска насоченост со заситени земјени тонови. Индивидуалниот и подоцна препознатлив и определен израз на пејзажист го оформува во следниот циклус од 70те години, кој е инспириран од воздухот и водата. Формирајќи различни планови на сликата, авторот е одушевен од природата, односно од односите вода и воздух во сета нивна корелација и динамичност. Во овие природни релации тој се потврдува како еден од ретките мајстори кои сликаат на отворено и со невидена аналитичност ги следат движењата на природата, промените на небото, брановите на реката и езерата (Радика, Дебарско и Охридско езеро), струењето на воздухот, структурата на карпите…, најпрво со брзи и прецизни ритмични потези со сува четка, а потоа и со ослободеност кон лириката на создавањето на лазурни прикази и восхитеност од флуидот на водената површина.

Односот кон просторот некако природно се наметнува во 80те години каде е нагласена флуидноста на просторот во парковите, пошироките пространства (некаде со форми на стара архитектура, многу ретко човечка фигура) и мочуриштата со трски (чии дури филигрански линии се карактеристично минуциозно присутни преку одвоени енергични потези). Од друга страна, пак, овие предели се претопуваат стануваат дури и апстрактно експресивни и контрастни, па дури и наговестуваат специфична надреална атмосфера. Од 1990 година започнува големиот циклус „Воскресение” каде започнува специфична приказна на остварувања во кои се соочуваме со изразена тарнеровска драматика во судирот на светло-темните колористички пејзажи, се појавуваат комплексни композиции со мноштво фигури и архитектонски инспирирани од сакрални теми (ликови кои асоцираат на фрески и архитектура која асоцира на цркви). Ликовниот ракопис на Тофе Шулајковски се надополнува со дела кои прогресираат во своевидни нагласено колористични и надреални пејзажи во кои се забележуваат посветли бои, но и безгранично разиграни и расчленети форми на комплексни организми врз дводимензионалниот третман на површината, претопувајќи ги објектите во просторот. Оваа фаза е проткаена со надреална и заситена атмосфера која поттикнува загадочни и носталгични реминисценции од едно далечно време и во која се чувствува топлината на спомените, придружени со нагласена фактура и пластична организација на композицијата. Карактеристичните остварувања резултираат со бесконечни игри во имагинарни фантастични простори во кои доминираат динамиката и ритамот на движењата. Низ нив се распрснати форми кои се разлеваат во колористички визуелизации на сложени „организми” со речиси механизирана и материјализирана фактура на површината, кои се развиваат по сопствена развојна креативна логика.

Од цуклусот „Воскресение” / Nga cikli “Ngjallja” / From the cycle “Resurrection”, 1995

Таложењето на сето знаење за акварелот како определба, сите знаења од уметноста, историјата и историјата на уметноста, сите спомени, лични и цивилизациски, митови, легенди… се сублимирани како завршница на едно творештво во делата од последниот, досега непретставен циклус „Пештерски записи”, во кој доминираат заситени бои и мноштво асоцијативни фигури, изработени комбинирана техника (како основа на акварелот користи дрвофикс на хартија, со што ги поставува основите на композицијата). Истовремено, сликите можат да се исчитуваат како однос на слоевите и колористичките фрагменти на самите детали, и нивната корелација со динамично валерски третираната рамнина.

Теофил Шулајковски – Тофе се издвојува како еден од ретките автори кои, следени во еден непрекинат континуитет, во текот на целиот свој творечки и животен век, и остануваат верни на единствената нивна ликовна определба. Во „случајот” на Тофе Шулајковски животната определба е акварелот, сликарска техника која е негов првичен избор на кој му останува доследен и постојано се труди да го надгради и преобрази не само преку безбројни различни истражувања на материјалот (преку користење на различна хартија и бои), туку и преку тематските афинитети. Неговото творештвосо право зазема видно место, а критиките на сите историчари на уметност и критичари кои го следеле сликарскиот пат на Теофил Шулајковски – Тофе во текот на неговите активни претставувања, го дефинираат неговото творештво како особено значајно во антологијата на современото македонско сликарство, конкретно акварелот.

Мајка со дете / Nënë me fëmijë / Mother with child, 1967

Творечката активност и значењето на Теофил Шулајковски – Тофе за македонската ликовна уметност секако дека веднаш се препознаени и валоризирани од страна на критиката во однос на неговиот видлив и специфичен интерес кон природата, а подоцна креативното транспонирање на културите на изминатите цивилизации. Во контекст на тоа размислување од посебно значење би било настојувањето на Шулајковски, како и на уметниците со блиска или слична инспирација, врз творењето на еден ликовен свет со морфологијата на старите облици приближен до сензибилитетот на нашето време.

Теофил Шулајковски – Тофе со своето творештво постојано внесува лични иновации, како предизвик кој си поставил цел самиот пред себе треба да го надмине. Во таа смисла треба да се почитува и вреднува неговиот придонес во македонската уметност преку следењето на една сопствена ликовна патека која помина низ повеќе препознатливи стилски насоки, од кои тој го одбра оној сензибилитет што најсоодветно можеше да го транскрибира со сопствениот визуелен дискурс со доминантно лирско чувство, во кои преовладува една спокојна и меланхолична атмосфера.

Од циклусот „Немирни трски”, 1980, комбинирана техника на хартија (акварел, гваш),

Значењето на Теофил Шулајковски за македонската историја на уметност го согледуваме во неговата немирна истражувачка природа и желбата за  внесување новитети во акварелот, со што придонесува кон оживувањето и подигањето на оваа ликовна дисциплина на современо рамниште. Неговото карактеристично творештво се издвојува со повеќеслојноста во експериментирањата и истражувањата на ликовните (па и техничките) можности на акварелот, со специфичен индивидуален авторски ракопис кој се согледува во начинот на дисциплинирано и хармонично градење на композицијата од мноштво елементи, преку своевидно „ткаење” на површината на сликата, со што го подига акварелот на сосема ново рамниште во ликовната уметност кај нас.

Космос / Kozmosi / Cosmos, 1997

Куратор на изложбата, виш кустос Маја Чанкуловска Михајловска

Фотографии, Игор Василев

Национална галерија на Република Македонија

The post Потегот со четка – налик на две трепкања со очите: Отворена ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе appeared first on Република.

]]>

Во Чифте амам синоќа беше отворена ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски Тофе. Потегот со четка – налик на две трепкања со очите
(кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934 – Скопје, 2009), наш еминентен ликовен автор, е фактот што тој е еден од ретките македонски уметници кои до сега немале ваков вид на интегрално претставување. На оваа изложба се презентирани над 150 дела на македонскиот бард на акварелот, а присутни се најрепрезентативните дела од сите творечки фази, од најраните акварели, па се до последниот, до сега неизложен и необјавен. Ваквиот тип на ретроспективни изложби се само основни поводи преку кои Националната галерија, како институција која над седум децении се грижи за чување и заштита на дел од движното културно наследство од историјата на уметноста на нашата земја, континуирано ги презентира врвните национални културни достигнувања. На оваа примарна функција се надоврзуваат и нашите заложби за константно потсетување и едукација за особените специфики на значајните легати од творештвото на големите уметници од македонската уметност. Акварелот како сликарска дисциплина која заради специфичностите на оваа техника – брза и сигурна рака и концепт, неможност за корекции итн., бара неверојатно уметничко познавање. Како уметничка форма е присутен во светската историја на уметност почнувајќи од примарно утилитарната намена во папирусите на стариот Египет, Кина, Јапонија, Индија, Персија, понатаму хеленистичката и римска уметност, илуминациите на средновековните црковни книги, па се до денес, како современ уметнички израз со естетска функција.
Ноќен чувар / Rojtar nate / Night watchman, 1993 Теофил Шулајковски – Тофе без двоумење се вбројува во рангот на најзначајните македонски акварелисти. Тој се издвојува од колегите уметници преку доследноста во ликовната дисциплина акварел и преку сопствената современа поетска естетика. Ја продолжува оваа насока, надоградувајќи се на почетокот врз основите и искуствата на нашите големи мајстори – втемелувачи на модерниот македонски акварел од дваесеттите години на минатиот век, но и по светските војни, кои се школувани во балканските центри: Димитар Панилов Аврамовски, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Василие Поповиќ-Цицо, Зага Малинковска. Тој донекаде, сосема логично, ги наследува искуствата од просторите во кои се оформувале и неговите претходници, односно ги впива и искуствата од претходната основоположничка генерација. Невозможно е преку неколку стилски одредници, пренесени во куси црти, или со само една-две реченици да се дефинира огромното творештво кое Теофил Шулајковски – Тофе го остави зад себе. За почеток ќе истакнеме дека во историјата на македонската ликовна сцена Тофе Шулајковски се издвојува и е забележан како автор на препознатливи дела со предзнакот акварел. Најраниот период, околу 1957 година го означуваат реалистични акварели со пејзажи на паркови (Скопскиот парк), архитектура (Маркови кули, Самоилова тврдина, Скопското кале), селска архитектура, цркви, па дури и речиси апстрактни пејзажи, со бои и тоналитет близок на македонското поднебје.
Зима / Dimër / Winter, 1982 Следи периодот кој соодветствува со анформелниот период на 60те години, кога создава дела со апстрактен предзнак, а во кои се насетува неговата лирска насоченост со заситени земјени тонови. Индивидуалниот и подоцна препознатлив и определен израз на пејзажист го оформува во следниот циклус од 70те години, кој е инспириран од воздухот и водата. Формирајќи различни планови на сликата, авторот е одушевен од природата, односно од односите вода и воздух во сета нивна корелација и динамичност. Во овие природни релации тој се потврдува како еден од ретките мајстори кои сликаат на отворено и со невидена аналитичност ги следат движењата на природата, промените на небото, брановите на реката и езерата (Радика, Дебарско и Охридско езеро), струењето на воздухот, структурата на карпите…, најпрво со брзи и прецизни ритмични потези со сува четка, а потоа и со ослободеност кон лириката на создавањето на лазурни прикази и восхитеност од флуидот на водената површина. Односот кон просторот некако природно се наметнува во 80те години каде е нагласена флуидноста на просторот во парковите, пошироките пространства (некаде со форми на стара архитектура, многу ретко човечка фигура) и мочуриштата со трски (чии дури филигрански линии се карактеристично минуциозно присутни преку одвоени енергични потези). Од друга страна, пак, овие предели се претопуваат стануваат дури и апстрактно експресивни и контрастни, па дури и наговестуваат специфична надреална атмосфера. Од 1990 година започнува големиот циклус „Воскресение” каде започнува специфична приказна на остварувања во кои се соочуваме со изразена тарнеровска драматика во судирот на светло-темните колористички пејзажи, се појавуваат комплексни композиции со мноштво фигури и архитектонски инспирирани од сакрални теми (ликови кои асоцираат на фрески и архитектура која асоцира на цркви). Ликовниот ракопис на Тофе Шулајковски се надополнува со дела кои прогресираат во своевидни нагласено колористични и надреални пејзажи во кои се забележуваат посветли бои, но и безгранично разиграни и расчленети форми на комплексни организми врз дводимензионалниот третман на површината, претопувајќи ги објектите во просторот. Оваа фаза е проткаена со надреална и заситена атмосфера која поттикнува загадочни и носталгични реминисценции од едно далечно време и во која се чувствува топлината на спомените, придружени со нагласена фактура и пластична организација на композицијата. Карактеристичните остварувања резултираат со бесконечни игри во имагинарни фантастични простори во кои доминираат динамиката и ритамот на движењата. Низ нив се распрснати форми кои се разлеваат во колористички визуелизации на сложени „организми” со речиси механизирана и материјализирана фактура на површината, кои се развиваат по сопствена развојна креативна логика.
Од цуклусот „Воскресение” / Nga cikli “Ngjallja” / From the cycle “Resurrection”, 1995 Таложењето на сето знаење за акварелот како определба, сите знаења од уметноста, историјата и историјата на уметноста, сите спомени, лични и цивилизациски, митови, легенди… се сублимирани како завршница на едно творештво во делата од последниот, досега непретставен циклус „Пештерски записи”, во кој доминираат заситени бои и мноштво асоцијативни фигури, изработени комбинирана техника (како основа на акварелот користи дрвофикс на хартија, со што ги поставува основите на композицијата). Истовремено, сликите можат да се исчитуваат како однос на слоевите и колористичките фрагменти на самите детали, и нивната корелација со динамично валерски третираната рамнина. Теофил Шулајковски – Тофе се издвојува како еден од ретките автори кои, следени во еден непрекинат континуитет, во текот на целиот свој творечки и животен век, и остануваат верни на единствената нивна ликовна определба. Во „случајот” на Тофе Шулајковски животната определба е акварелот, сликарска техника која е негов првичен избор на кој му останува доследен и постојано се труди да го надгради и преобрази не само преку безбројни различни истражувања на материјалот (преку користење на различна хартија и бои), туку и преку тематските афинитети. Неговото творештвосо право зазема видно место, а критиките на сите историчари на уметност и критичари кои го следеле сликарскиот пат на Теофил Шулајковски – Тофе во текот на неговите активни претставувања, го дефинираат неговото творештво како особено значајно во антологијата на современото македонско сликарство, конкретно акварелот.
Мајка со дете / Nënë me fëmijë / Mother with child, 1967 Творечката активност и значењето на Теофил Шулајковски – Тофе за македонската ликовна уметност секако дека веднаш се препознаени и валоризирани од страна на критиката во однос на неговиот видлив и специфичен интерес кон природата, а подоцна креативното транспонирање на културите на изминатите цивилизации. Во контекст на тоа размислување од посебно значење би било настојувањето на Шулајковски, како и на уметниците со блиска или слична инспирација, врз творењето на еден ликовен свет со морфологијата на старите облици приближен до сензибилитетот на нашето време. Теофил Шулајковски – Тофе со своето творештво постојано внесува лични иновации, како предизвик кој си поставил цел самиот пред себе треба да го надмине. Во таа смисла треба да се почитува и вреднува неговиот придонес во македонската уметност преку следењето на една сопствена ликовна патека која помина низ повеќе препознатливи стилски насоки, од кои тој го одбра оној сензибилитет што најсоодветно можеше да го транскрибира со сопствениот визуелен дискурс со доминантно лирско чувство, во кои преовладува една спокојна и меланхолична атмосфера.
Од циклусот „Немирни трски”, 1980, комбинирана техника на хартија (акварел, гваш), Значењето на Теофил Шулајковски за македонската историја на уметност го согледуваме во неговата немирна истражувачка природа и желбата за  внесување новитети во акварелот, со што придонесува кон оживувањето и подигањето на оваа ликовна дисциплина на современо рамниште. Неговото карактеристично творештво се издвојува со повеќеслојноста во експериментирањата и истражувањата на ликовните (па и техничките) можности на акварелот, со специфичен индивидуален авторски ракопис кој се согледува во начинот на дисциплинирано и хармонично градење на композицијата од мноштво елементи, преку своевидно „ткаење” на површината на сликата, со што го подига акварелот на сосема ново рамниште во ликовната уметност кај нас.
Космос / Kozmosi / Cosmos, 1997 Куратор на изложбата, виш кустос Маја Чанкуловска Михајловска Фотографии, Игор Василев Национална галерија на Република Македонија
 
The post Потегот со четка – налик на две трепкања со очите: Отворена ретроспективна изложба на Теофил Шулајковски Тофе appeared first on Република.

]]>
„Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/doagjame-so-poklon-golema-izlozba-vo-skopje-na-poznatata-umetnica-shejla-kamerikj/ Sat, 24 Sep 2022 09:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=553734

„Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ ќе се одржи во вторник (27 септември), во Чифте амам, со почеток во 19 часот. Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ.

Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, првпат во Македонија ќе пристигне Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата со наслов „Доаѓаме со поклон“.

„Изложбата е во соработка со Националната галерија „Чифте амам“, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. Воедно, во рамките на изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, преку кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Преку разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата“, велат организаторите на настанот.

КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО со оваа изложба имаат цел да отворат критичка дебата за влијанијата, дијалогот и полемичките перспективи на современата уметност и нејзината одговорност во преиспитувањето на важните општествени прашања, кои ги засегаат плуралните идентитетски стереотипи преку кои културата има опресивна и маргинализирачка улога, особено кога станува збор за читањето на родовиот, женски наратив.

Претставувањето на делото на Шејла Камериќ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Алудирајќи на добро познатите тематски интереси на радикалниот феминизам, социјалистичкиот феминизам и постструктуралистичките гледишта, изложбата исто така има цел да расветли обични, домашни и познати секојдневни елементи и да им даде акцент на проблемите на кои обично не им обрнуваме многу внимание. Оваа намера е внимателно внесена во новата измена на централното дело на изложбата „Доаѓаме со поклон“, кое прикажува необично долга, тенка црвена ткаенина што почнува како типичен украс – панделка од женската долна облека и завршува така што ја заплеткува публиката со својата сопствена материјалност. Овој гест – претераното издолжување на панделката – си поигрува со идејата за предмет што и не е веќе предмет, туку има свој сопствен живот, своја сопствена волја и моќ.

Метафоричката вредност што ја содржи ова дело постои и во многу други на разни начини. Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично женски рутини: плетење, ткаење, работа во градината; да се биде мајка; па дури и да се биде подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон). Шејла Камериќ ги употребува овие процеси и состојби за да ги истражи и доведува во прашање (де)конструкцијата на родот, идентитетот, интимноста и сексуалноста, како и општествената, политичката и економска потчинетост на жените и нивните претстави во рамките на патријархалните општества и неолибералниот капитализам. Во таа смисла зборот „поклон“ со англискиот „спелинг“ bow би можел различно да се прочита и протолкува: тоа bow се однесува и на наведнување, свивање, покажување дека се предаваме, покоруваме, прифаќаме, што исто така вообичаено може да се види пред или по перформансот. Да се прочита зборот различно и да се согледа и со оваа конотација исто така е поврзано со тоа како живееле жените во општествата што ни се познати досега.

Изложбата ќе вклучува и дела пренесени од нејзината последна соло изложба во Белград, „Мајката е кучка“, други фотографски дела („Емабаразада“ и „Непознато“), како и дела од сериите „Мажена “, „Исчезната“ и „Дигитални актови“. Исто така, ќе содржи и едно ново дело, „Градина со рози“, кое продолжува со истражувањето на формалната линија што ни е веќе позната од „Мажена“, истовремено носејќи ја заробеноста на женското тело во различна насока. Плетените цвеќиња или поточно рози (цветови исполнети со симболичното значење на љубовта, моќта, убавината, сексуалноста, мистицизмот и жртвувањето) веднаш нè потсетуваат на Hortus conclusus, мотив од христијанската иконографија, популарен во доцниот среден век и раната ренесанса. Како што тврди Лиз Херберт Мекевој од Универзитетот „Свонси“: „Идејата да се заштитат жените од грев е неискрена, иако сеприсутна. Во повеќето култури на женската сексуалност се гледа како на опасна од страна на мажите. Со нејзиното затворање тие ја спречуваат таа закана, а истовремено се преправаат дека ги заштитуваат жените од мажите“.

Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и во Сараево. Студирала на Уметничката академија во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените.

Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз.

Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на современа уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Австриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш.

The post „Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>

„Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ ќе се одржи во вторник (27 септември), во Чифте амам, со почеток во 19 часот. Разговорот ќе го води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ. Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, првпат во Македонија ќе пристигне Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата со наслов „Доаѓаме со поклон“. „Изложбата е во соработка со Националната галерија „Чифте амам“, кои како и секогаш го промовираат современиот концепт на отворени јавни институции. Кураторка на изложбата е Наталија Пауниќ. Воедно, во рамките на изложбата ќе имаме ретка можност да го проследиме разговорот и претставувањето на Шејла Камериќ, преку кој ќе имаме привилегија да ги слушнеме мноштвото родови, политички, уметнички, естетски и социо-културни перспективи на уметницата. Преку разговорот ќе нѐ води кураторот, историчар и теоретичар на уметност и култура од Белград, Бранислав Димитриевиќ, но секако Камериќ ќе биде отворена и за прашања и коментари од посетителите на изложбата“, велат организаторите на настанот. КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО со оваа изложба имаат цел да отворат критичка дебата за влијанијата, дијалогот и полемичките перспективи на современата уметност и нејзината одговорност во преиспитувањето на важните општествени прашања, кои ги засегаат плуралните идентитетски стереотипи преку кои културата има опресивна и маргинализирачка улога, особено кога станува збор за читањето на родовиот, женски наратив. Претставувањето на делото на Шејла Камериќ во Скопје го разгледува долгогодишното портретирање на жените како вештерки и/или предмети. Алудирајќи на добро познатите тематски интереси на радикалниот феминизам, социјалистичкиот феминизам и постструктуралистичките гледишта, изложбата исто така има цел да расветли обични, домашни и познати секојдневни елементи и да им даде акцент на проблемите на кои обично не им обрнуваме многу внимание. Оваа намера е внимателно внесена во новата измена на централното дело на изложбата „Доаѓаме со поклон“, кое прикажува необично долга, тенка црвена ткаенина што почнува како типичен украс – панделка од женската долна облека и завршува така што ја заплеткува публиката со својата сопствена материјалност. Овој гест – претераното издолжување на панделката – си поигрува со идејата за предмет што и не е веќе предмет, туку има свој сопствен живот, своја сопствена волја и моќ. Метафоричката вредност што ја содржи ова дело постои и во многу други на разни начини. Многу од делата нè потсетуваат на предмети од домаќинството и на типично женски рутини: плетење, ткаење, работа во градината; да се биде мајка; па дури и да се биде подарок, подарен некому (затоа, доаѓаме со поклон). Шејла Камериќ ги употребува овие процеси и состојби за да ги истражи и доведува во прашање (де)конструкцијата на родот, идентитетот, интимноста и сексуалноста, како и општествената, политичката и економска потчинетост на жените и нивните претстави во рамките на патријархалните општества и неолибералниот капитализам. Во таа смисла зборот „поклон“ со англискиот „спелинг“ bow би можел различно да се прочита и протолкува: тоа bow се однесува и на наведнување, свивање, покажување дека се предаваме, покоруваме, прифаќаме, што исто така вообичаено може да се види пред или по перформансот. Да се прочита зборот различно и да се согледа и со оваа конотација исто така е поврзано со тоа како живееле жените во општествата што ни се познати досега. Изложбата ќе вклучува и дела пренесени од нејзината последна соло изложба во Белград, „Мајката е кучка“, други фотографски дела („Емабаразада“ и „Непознато“), како и дела од сериите „Мажена “, „Исчезната“ и „Дигитални актови“. Исто така, ќе содржи и едно ново дело, „Градина со рози“, кое продолжува со истражувањето на формалната линија што ни е веќе позната од „Мажена“, истовремено носејќи ја заробеноста на женското тело во различна насока. Плетените цвеќиња или поточно рози (цветови исполнети со симболичното значење на љубовта, моќта, убавината, сексуалноста, мистицизмот и жртвувањето) веднаш нè потсетуваат на Hortus conclusus, мотив од христијанската иконографија, популарен во доцниот среден век и раната ренесанса. Како што тврди Лиз Херберт Мекевој од Универзитетот „Свонси“: „Идејата да се заштитат жените од грев е неискрена, иако сеприсутна. Во повеќето култури на женската сексуалност се гледа како на опасна од страна на мажите. Со нејзиното затворање тие ја спречуваат таа закана, а истовремено се преправаат дека ги заштитуваат жените од мажите“. Шејла Камериќ (Сараево, 1976) живее и работи во Берлин, Истра и во Сараево. Студирала на Уметничката академија во Сараево. Се занимава со теми што произлегуваат од нелинеарни историски наративи и лични приказни. Камериќ се фокусира на политиката на сеќавањето, облиците на отпор во човековиот живот и на особеностите со кои резултира борбата на жените. Некои од нејзините скорешни соло изложби се следниве: 2022: Kunsthaus Дрезден Robotron Kantine, Дрезден; 2021:КРАК Центар за современа култура, Бихаќ; Здружение Realstage, Сараево; 2018: Fondazione Adolfo Pini, Милано; Кибла, Mарибор и GAK Gesellschaft für Aktuelle Kunst, Бремен; 2015: ARTER Простор за уметност, Истанбул; Национална галерија на Косово, Приштина; 2014: Воен Театар, Сараево; 2012: Центар за современа уметност, Вилнус; Музеј за современа уметност, Белград; MSUM Mузеј за современа уметност, Љубљана; Sharjah Art Foundation, Sharjah Art Museum – мартовска средба, Шарџа; 2010: MACBA, Барселона; Röda Sten, Гетеборг; Prospectif Cinema, Центар Помпиду, Париз. Групни изложби (избор): 2022: Manifesta 14, Косово; TATE Modern, Лондон; Kunstmuseum Волфсберг; Kühlhaus Берлин, MOCAK Mузеј за современа уметност, Краков; 2021: Национална галерија – Палатата, Софија; Нова Третјаковска галерија, Moсква; Mузеј на современа уметност, Sкопје; Уралско биенале, Eкатеринбург; 2020: Museum Kunstpalast, Дизелдорф; Boros Foundation, Берлин; Музеј Лудвиг, Будимпешта, Будимпешта; Museum für moderne Kunst, Бремен; 2019: The Phillips Collection, Вашингтон; Carré d’Art – Mузеј на современа уметност, Ним; Музеј на современа уметност Вроцлав, Вроцлав; Kunsthalle Дармштат; Weserburg | Mузеј за модерна уметност, Бремен; Второ Биенале на современата уметност Ковентри; 2018: Haus der Geschichte Австрија, Виена; Belvedere 21, Виена; Mузеј на современа уметност Загреб; 2017: Fondazione Nicola Trussardi, Милано; 2016: Hannah Ryggen Triennal, Tрондхајм; Times Museum, Гуангжу, Кина; Национален музеј на современа уметност, Букурешт; 2015: P21, Лондон; Wellcome Collection, Лондон; 2014: Kunstverein Hamburg, Хамбург; Австриски културен форум Њујорк (ACFNY), Њујорк; 2013: Tokyo Metropolitan Museum of Photography, Токио; 2012: Квангџу Биенале, Квангџу; Музеј на модерна уметност на Истанбул, Истанбул; Moderna Museet, Стокхолм; Биенале во Маракеш, Maракеш.  

The post „Доаѓаме со поклон“ – голема изложба во Скопје на познатата уметница Шејла Камериќ appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на Свјетлан Јунаковиќ, уметник од Хрватска во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozba-na-svjetlan-junakovikj-umetnik-od-hrvatska-vo-organizacija-na-centarot-za-vizuelna-komunikacija-efektiva/ Tue, 31 May 2022 08:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=509127

Свјетлан Јунаковиќ е хрватски уметник. Неговата професија опфаќа различни области на уметничка активност: вајарство, сликарство, илустрација, но исто така и сценарио и режија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности Брера и ги изложувал своите дела на самостојни изложби во бројни престолнини на Европа, Азија и Америка.

Тој е еден од петте најдобри илустратори на светот, според престижното жири на меѓународната награда IBBY - Андерсен. Тесно соработувал со многу издавачки куќи долги години, како илустратор и автор на книги за деца, бил наградуван, преведуван и објавуван во многу земји во светот.

Изложбата во Чифте амам ќе претставува пресек на широкиот опус на овој маестрален уметник, вклучувајќи слики, скулптури, цртежи, илустрации, скици, книги и анимирани филмови со што ќе се расветли важноста на овој регионален, а светски признат уметник.

Куратор на изложбата е Ана Франговска, виш кустос.

The post Самостојна изложба на Свјетлан Јунаковиќ, уметник од Хрватска во организација на Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ appeared first on Република.

„Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ – изложба во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/od-alinari-do-majstorite-na-sovremenata-fotografija-izlozba-vo-chifte-amam/ Mon, 28 Mar 2022 07:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=479567

„Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и во исто време за извонредната виталност на италијанската фотографија.

Изложбата ќе биде отворена вечерва со почеток во 19 часот во Чифте амам.

Избор на дела кој не претендира да ја сумира во целост комплексноста на италијанската фотографија, но сепак се поставува како предизвик и алатка за истражување на естетскиот израз и јазик на фотографите што твореле во период од над 160 години, вклучувајќи дела кои произлегуваат од ателје, пикторијализам, концептуализам, новинарство и уметничко истражување. Патување кое започнува од браќата Алинари и од обемниот свет кој се формирал околу нив преку збирките и архивите, односно „Многуверзумот на глетките“, како што ќе го нарече Марио Креши – тука застапен со едно ново концептуално дело – патување кое ќе не одведе до големите мајстори на фотографијата од дваесеттиот век и до најсовремените експериментирања. Исходот од ова патување може да се доживее и како кратко резиме на историјата на фотографските техники, почнувајќи од калотипот па сѐ до виртуелната фотографија во игрите.

Изложбата е поделена во три дела - Пејзажи, Дела и Ликови - од кои секој претставува идеален географски, историски и уметнички процес кој преку повеќеслојна разновидност на теми ги доловува промените на една земја во постојана еволуција.
Север и Југ, град и село, работа и празници, традиција и иновации, историја на општеството и културен живот. Дела во кои изненадувањето лежи во поставувањето на сцената и во оригиналниот избор на секој уметник.

Избор на фотографии кој е воедно и начин да се проследат трансформациите на Италија, со јазик кој умее да ја прикаже географската различност, да продре во длабочините на историјата и да навлезе во браздите на поднебјето.

Поставка што многуте „Италии“ ги преточува во една Италија, зборува за непостојаноста на културните граници, чијашто сложеност се должи на вековни споредби и контаминации; обмислениот избор на глетки овековечени од различни очи претставува една разновидна и разиграна приказна, чии што форми се одраз на разиграниот и витален дух на една Земја полна со минато и сеќавања.

The post „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ – изложба во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

„Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ е изложба која преку фотографија ги раскажува убавината и разновидноста на Италија, нејзините пејзажи, нејзината креативност и нејзиниот народ. Историја од век и половина преточена во антологија од кадри, со цел да се создаде идеална галерија на портрети и спомени, што ќе посведочат за богатството на земјата и во исто време за извонредната виталност на италијанската фотографија.

Изложбата ќе биде отворена вечерва со почеток во 19 часот во Чифте амам.

Избор на дела кој не претендира да ја сумира во целост комплексноста на италијанската фотографија, но сепак се поставува како предизвик и алатка за истражување на естетскиот израз и јазик на фотографите што твореле во период од над 160 години, вклучувајќи дела кои произлегуваат од ателје, пикторијализам, концептуализам, новинарство и уметничко истражување. Патување кое започнува од браќата Алинари и од обемниот свет кој се формирал околу нив преку збирките и архивите, односно „Многуверзумот на глетките“, како што ќе го нарече Марио Креши – тука застапен со едно ново концептуално дело – патување кое ќе не одведе до големите мајстори на фотографијата од дваесеттиот век и до најсовремените експериментирања. Исходот од ова патување може да се доживее и како кратко резиме на историјата на фотографските техники, почнувајќи од калотипот па сѐ до виртуелната фотографија во игрите.

Изложбата е поделена во три дела - Пејзажи, Дела и Ликови - од кои секој претставува идеален географски, историски и уметнички процес кој преку повеќеслојна разновидност на теми ги доловува промените на една земја во постојана еволуција. Север и Југ, град и село, работа и празници, традиција и иновации, историја на општеството и културен живот. Дела во кои изненадувањето лежи во поставувањето на сцената и во оригиналниот избор на секој уметник.

Избор на фотографии кој е воедно и начин да се проследат трансформациите на Италија, со јазик кој умее да ја прикаже географската различност, да продре во длабочините на историјата и да навлезе во браздите на поднебјето.

Поставка што многуте „Италии“ ги преточува во една Италија, зборува за непостојаноста на културните граници, чијашто сложеност се должи на вековни споредби и контаминации; обмислениот избор на глетки овековечени од различни очи претставува една разновидна и разиграна приказна, чии што форми се одраз на разиграниот и витален дух на една Земја полна со минато и сеќавања.

The post „Од Алинари до мајсторите на современата фотографија“ – изложба во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
„Убавините на Италија“ изложба на фотографии од Архивот Алинари, Италија во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ubavinite-na-italija-izlozba-na-fotografii-od-arhivot-alinari-italija-vo-chifte-amam/ Tue, 22 Mar 2022 09:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=476478

Од 28 март - 21 април, во Чифте амам ќе биде поставена изложбата „Убавините на Италија изложба на фотографии од Архивот Алинари, Италија.

Се работи за изложба на фотографии кои ги отсликуваат убавините на Италија – во сопственост на Архивот Алинари - составена од три секции: пејсажи, дела и лица; и секоја од нив обединува фотографии од крајот на деветнаесеттиот и раниот дваесети век, спротивставени на фотографии од последните децении, како еден вид на времеплов низ пејсажите на Италија, луѓето и уметноста претставени преку објективот на италијанските фотографи (меѓу кои браќата Алинари, Барбиери, Басилико, Беренго Гардин, Фонтана, Џакомели, Мараини, Пелегрин, Ѕание).

Куратор Горанчо Ѓорѓиевски

The post „Убавините на Италија“ изложба на фотографии од Архивот Алинари, Италија во Чифте амам appeared first on Република.

„Париски рефлексии“: Дела од основоположниците на македонската современа уметност во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pariski-refleksii-dela-od-osnovopoloznicite-na-makedonskata-sovremena-umetnost-vo-chifte-amam/ Fri, 18 Mar 2022 07:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=474702

Изложбата „Париски рефлексии“ во Чифте амам, во Старата скопска чаршија ќе биде отворена денеска напладне.

Париска школа е назив за сите уметници кои по Првата светска војна и помеѓу двете светски војни престојувале во Париз и оттаму извршиле големо влијание во развојот на модерната уметност.

Оваа школа и уметноста на Париз вршат големо влијание врз лицето и развојот на македонскиот модернизам и уметноста од почетокот, па сè до средината на 20-от век, бидејќи македонските современи уметници оделе во Париз на специјализации и студиски престои, со цел да ги усовршат академските поуки стекнати во регионалните Универзитети и Академии за ликовни уметности.

На изложбата ќе бидат изложени дела од основоположниците на македонската современа уметност: Димитар Пандилов Аврамовски, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски и автори од втората и третата генерација македонски едуцирани уметници во дела се чувствува влијанието на Париз: Томо Владимирски, Борко Лазески и Лена Стефанова.

Во еден селектиран, а концизен концепт и презентација, ќе се претстават најрепрезентативните дела од колекцијата на Националната галерија на Македонија, а воедно и ќе се даде пресек на самиот развој на модернизмот во македонската уметност од почетокот на 20-от век и преодот од фреско-живопис и иконопис, кон уметност на световни мотиви.

Изложбата е во заедничка организација со Француски институт во Скопје - Institut français de Skopje.

The post „Париски рефлексии“: Дела од основоположниците на македонската современа уметност во Чифте амам appeared first on Република.

„Париски рефлексии“-изложба на дела на познати домашни уметници кои биле под директно влијание на париската школа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pariski-refleksii-izlozba-na-dela-na-poznati-domashni-umetnici-koi-bile-pod-direktno-vlijanie-na-pariskata-shkola/ Tue, 15 Mar 2022 08:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=472937

Во организација на Францускиот институт-Скопје в петок (18 март) ќе биде отворена изложбата „Париски рефлексии“.

Отворањето е закажано во 12 часот во Чифте амам, а ќе бидат изложени дела на познати домашни уметници кои биле под директно влијание на париската школа, меѓу кои Личеноски, Лазески, Мартиноски, Пандилов...

Изложбата на македонските основоположници кои живееле и работеле во Париз меѓу двете светски војни се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата.

На публиката и на љубителите на уметноста ќе им се обратат директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими, амбасадорот на Франција во Македонија, Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

The post „Париски рефлексии“-изложба на дела на познати домашни уметници кои биле под директно влијание на париската школа appeared first on Република.

]]>

Во организација на Францускиот институт-Скопје в петок (18 март) ќе биде отворена изложбата „Париски рефлексии“. Отворањето е закажано во 12 часот во Чифте амам, а ќе бидат изложени дела на познати домашни уметници кои биле под директно влијание на париската школа, меѓу кои Личеноски, Лазески, Мартиноски, Пандилов...