Четврта зимска школа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chetvrta-zimska-shkola/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 12:55:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Четврта зимска школа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chetvrta-zimska-shkola/ 32 32 Денеска почнува четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-chetvrtata-zimska-shkola-na-megunarodniot-seminar-po-makedonski-jazik/ Mon, 22 Jan 2024 12:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=735484

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ во Скопје од денеска до 26 јануари ќе ја организира Четврта зимска школа. Како што информираше директорката на МСМЈЛК при УКИМ Кристина Николовска, истата ќе се одржи на далечина, а ќе учествуваат 81 семинарист од целиот свет.

Радува фактот што годинава, со нов концепт и со проактивност, поттикнавме огромен интерес за македонистиката во светот. На Зимската школа ќе учествуваат 81 семинарист од целиот свет, а импресивна е палетета на учесници од 21 земја - НР Кина, САД, Австралија, Германија, Франција, Турција, Полска, Словенија, Чешка Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, НР Кореја, Јапонија, Хрватска, Србија, Руска федерација, Украина, Италија и Тајланд, рече Николовска.

Таа додаде дека годинава, програмата на Четвртата зимска школа има нов коцепт, многу новитети и богати содржини. Семинаристите, како што рече, ќе работат во две секции - јазична и литературно-културолошка (со преведувачка работилница).

Покрај лекторските вежби, за првпат има и предавања по македонска книжевност и култура од еминентни професори. Со нов концепт годинава е курсот за македонска книжевност и култура кој ќе овозможи поширока палета содржини како што се предавања од средновековна книжевност, народна книжевност, македонскиот 19 век, современа македонска поезија, кулутрологија и популарна култура, рече Николовска.

Таа додаде дека на преведувачката работилница ќе се работат препеви на поезијата на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, од коишто потоа ќе се печатат два Зборника поезија со кажувачки. Програмата предвидува и средби со врвни македонски писатели: академик Влада Урошевиќ, Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, и со младиот талент Македон Димитровски.

За време на денешното свечено отворање на Четвртата зимска школа, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, посочи дека Меѓународниот семинар при УКИМ е реномирана матица и активен расадник на македонистиката во светот, којшто својата дејност ја развива преку 11 македонистички лекторати во девет земји.

Горди на традицијата и на името на патроните на нашиот Универзитет, големите мисионери на сесловенската писменост и култура, во годината кога славиме јубилеј 75 години од основањето на Универзитетот, ги отвораме вратите на македонистиката кон македонистите од целиот свет, додаде Ангелова.

Ангелова им се заблагодари на семинаристите кои со децении ја умножуваат, шират и застапуваат македонистиката насекаде низ светот преку лингвистичка, книжевна, културолошка и преведувачка дејност.

The post Денеска почнува четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ во Скопје од денеска до 26 јануари ќе ја организира Четврта зимска школа. Како што информираше директорката на МСМЈЛК при УКИМ Кристина Николовска, истата ќе се одржи на далечина, а ќе учествуваат 81 семинарист од целиот свет.
Радува фактот што годинава, со нов концепт и со проактивност, поттикнавме огромен интерес за македонистиката во светот. На Зимската школа ќе учествуваат 81 семинарист од целиот свет, а импресивна е палетета на учесници од 21 земја - НР Кина, САД, Австралија, Германија, Франција, Турција, Полска, Словенија, Чешка Република, Унгарија, Грција, Бугарија, Романија, НР Кореја, Јапонија, Хрватска, Србија, Руска федерација, Украина, Италија и Тајланд, рече Николовска.
Таа додаде дека годинава, програмата на Четвртата зимска школа има нов коцепт, многу новитети и богати содржини. Семинаристите, како што рече, ќе работат во две секции - јазична и литературно-културолошка (со преведувачка работилница).
Покрај лекторските вежби, за првпат има и предавања по македонска книжевност и култура од еминентни професори. Со нов концепт годинава е курсот за македонска книжевност и култура кој ќе овозможи поширока палета содржини како што се предавања од средновековна книжевност, народна книжевност, македонскиот 19 век, современа македонска поезија, кулутрологија и популарна култура, рече Николовска.
Таа додаде дека на преведувачката работилница ќе се работат препеви на поезијата на великаните Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски, од коишто потоа ќе се печатат два Зборника поезија со кажувачки. Програмата предвидува и средби со врвни македонски писатели: академик Влада Урошевиќ, Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, и со младиот талент Македон Димитровски. За време на денешното свечено отворање на Четвртата зимска школа, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, посочи дека Меѓународниот семинар при УКИМ е реномирана матица и активен расадник на македонистиката во светот, којшто својата дејност ја развива преку 11 македонистички лекторати во девет земји.