четврта доза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chetvrta-doza/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Jul 2022 09:43:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png четврта доза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chetvrta-doza/ 32 32 ЕУ препорачува четврта доза вакцина против корона за постари од 60 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-preporachuva-chetvrta-doza-vakcina-protiv-korona-za-postari-od-60-godini/ Mon, 11 Jul 2022 09:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=526917

Здравствените агенции на Европската Унија денеска ќе препорачаат дополнителна доза вакцина против Ковид-19 за сите лица постари од 60 години. Тоа е поради новото ширење на заразата и хоспитализацијата низ Европа, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.

– Денеска ЕЦДЦ и ЕМА ќе препорачаат дополнително вакцинирање за да се заштитат најзагрозените, истакна таа, мислејќи на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови.

Се очекува агенциите да објават заедничко соопштение.

– Клучно е луѓето постари од 60 години и сите ранливи лица што поскоро да дојдат до дополнителна доза вакцина, додаде таа.

Здравствените агенции на ЕУ од април препорачуваат дополнително вакцинирање само за лицата постари од 80 години, како и за оние најзагрозените.

Се верува дека новата препорака ќе го олесни донесувањето национални одлуки за забрзување на кампањите за вакцинација, што во изминатите месеци речиси се во застој.

– Мораме да делуваме сега со цел да ја зголемиме заштитата за граѓани, загрозени за време на летните месеци, подвлече Киријакидес.

Според неа, вакцините достапни во моментов, како што се на Фајзер и на Модерна, „се многу ефикасни во намалување на тешка форма на Ковид-19“.

Медиуми наведуваат дека не е јасно колку се ефикасни во спречувањето инфекции со најновите подваријанти на омикрон

The post ЕУ препорачува четврта доза вакцина против корона за постари од 60 години appeared first on Република.

]]>

Здравствените агенции на Европската Унија денеска ќе препорачаат дополнителна доза вакцина против Ковид-19 за сите лица постари од 60 години. Тоа е поради новото ширење на заразата и хоспитализацијата низ Европа, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес. – Денеска ЕЦДЦ и ЕМА ќе препорачаат дополнително вакцинирање за да се заштитат најзагрозените, истакна таа, мислејќи на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови. Се очекува агенциите да објават заедничко соопштение. – Клучно е луѓето постари од 60 години и сите ранливи лица што поскоро да дојдат до дополнителна доза вакцина, додаде таа. Здравствените агенции на ЕУ од април препорачуваат дополнително вакцинирање само за лицата постари од 80 години, како и за оние најзагрозените. Се верува дека новата препорака ќе го олесни донесувањето национални одлуки за забрзување на кампањите за вакцинација, што во изминатите месеци речиси се во застој. – Мораме да делуваме сега со цел да ја зголемиме заштитата за граѓани, загрозени за време на летните месеци, подвлече Киријакидес. Според неа, вакцините достапни во моментов, како што се на Фајзер и на Модерна, „се многу ефикасни во намалување на тешка форма на Ковид-19“. Медиуми наведуваат дека не е јасно колку се ефикасни во спречувањето инфекции со најновите подваријанти на омикрон

The post ЕУ препорачува четврта доза вакцина против корона за постари од 60 години appeared first on Република.

]]>
Косово ќе дава четврта доза вакцини против корона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-kje-dava-chetvrta-doza-vakcini-protiv-korona/ Thu, 07 Jul 2022 11:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=525345

Министерството за здравство на Косово објави дека ја усвоило препораката за одобрување четврта доза вакцина против Ковид-19.

Како што се наведува во соопштението на МЗ, четвртата доза на вакцината е дозволена за лица над 60-годишна возраст,најмалку четири месеци по примањето на третата доза.

Одлуката доаѓа во време кога се бележи значителен пораст на бројот на заразени од Ковид-19, а опаѓа бројката на лица кои се вакцинираат.

Процентот на заразени од оние што се тестираат последните денови редовно изнесува околу 30 отсто (согласно вчерашните официјални бројки, од 1.165 тестови, позитивни резултирале 351), а бројката на активно заболени, од помалку од 100, колку што изнесуваше пред три недели, се искачи на повеќе од 1.500.

Во вчерашниот извештај на косовското МЗ, изминатите 24 часа во целата земја се аплицирани само 78 вакцини. Вкупно досега се администрирани 1,83 милиони дози. Трета доза примиле 103 илјади, додека со две дози се вакцинирани 823 илјади граѓани.

The post Косово ќе дава четврта доза вакцини против корона appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Косово објави дека ја усвоило препораката за одобрување четврта доза вакцина против Ковид-19. Како што се наведува во соопштението на МЗ, четвртата доза на вакцината е дозволена за лица над 60-годишна возраст,најмалку четири месеци по примањето на третата доза. Одлуката доаѓа во време кога се бележи значителен пораст на бројот на заразени од Ковид-19, а опаѓа бројката на лица кои се вакцинираат. Процентот на заразени од оние што се тестираат последните денови редовно изнесува околу 30 отсто (согласно вчерашните официјални бројки, од 1.165 тестови, позитивни резултирале 351), а бројката на активно заболени, од помалку од 100, колку што изнесуваше пред три недели, се искачи на повеќе од 1.500. Во вчерашниот извештај на косовското МЗ, изминатите 24 часа во целата земја се аплицирани само 78 вакцини. Вкупно досега се администрирани 1,83 милиони дози. Трета доза примиле 103 илјади, додека со две дози се вакцинирани 823 илјади граѓани.

The post Косово ќе дава четврта доза вакцини против корона appeared first on Република.

]]>
КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kzb-preporachuva-chetvrta-doza-vakcina-protiv-kovid-so-fajzer-ili-moderna-treba-da-ima-chetiri-meseci-pauza-megju-tretata-i-chetvrtata/ Wed, 06 Jul 2022 11:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=524769

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19.

Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување.

Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.

Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерствтото за здравство.

 

The post КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против КОВИД-19. Четврта доза може да примат лицата над 18 годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денес можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување. Вакцинацијата со четврта доза е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на Фајзер или Модерна. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години.
Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид 19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет, велат од Министерствтото за здравство.
 

The post КЗБ препорачува четврта доза вакцина против ковид со „Фајзер“ или „Модерна“, треба да има четири месеци пауза меѓу третата и четвртата appeared first on Република.

]]>
Од наесен задолжителна четврта вакцина за Грција? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-naesen-zadolzitelna-chetvrta-vakcina-za-grcija/ Mon, 30 May 2022 08:30:08 +0000 https://republika.mk/?p=508616

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис ја остави отворена можноста на есен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека „логиката покажува дека ќе биде потребна вакцинација“, објаснувајќи дека тоа е најверојатното сценарио, а текот на пандемијата ќе одреди дали втората бустер доза ќе биде задолжителна или не.

Министерот за здравство на Грција истакна дека најдоброто сценарио е и за Ковид-19 да постои сезонска вакцина како што постои за грипот, „за да не мораме постојано да го повикуваме населението да се вакцинира“.

Вакцинацијата со четврта доза во Грција веќе е започната, но само за одредени категории. Првично беше за постарите лица над 80-годишна возраст и за ранливите категории, а на почетокот на април Комисијата за имунизација препорача и граѓаните над 60-годишна возраст, особено оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата.

Во однос на мерките во земјата, министерот за здравство на Грција во интервјуто за „Скај“ рече дека оваа седмица надлежната комисија ќе го разгледа протоколот за употребата на маска во бродовите, со оглед на тоа дека од среда се укинува задолжителната маска во сите затворени простори, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и градскиот јавен превоз.

За текот на пандемијата, Плеврис рече дека укинатите мерки не донесоа зголемен број новозаразени, а намален е бројот и на пациенти хоспитализирани на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Што ни покажува ова? Ни покажува дека во текот на летото се чини дека нема да има притисок од пандемијата, но сепак, затоа гледате, се трудам да бидам многу внимателен, сите ни велат, сите научници овде во Грција и во странство и ECDC, дека мора да бидеме многу внимателни, бидејќи и под овие услови, и да остане ваква ситуацијата со мутацијата на Омикрон, наесен дефинитивно ќе имаме притисок, рече Плеврис додавајќи дека сепак притисокот нема да биде ист како во изминатите две години.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 3.445.538 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 29.803 лица.

The post Од наесен задолжителна четврта вакцина за Грција? appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис ја остави отворена можноста на есен да биде потребна четврта доза од вакцината за општото население, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека „логиката покажува дека ќе биде потребна вакцинација“, објаснувајќи дека тоа е најверојатното сценарио, а текот на пандемијата ќе одреди дали втората бустер доза ќе биде задолжителна или не. Министерот за здравство на Грција истакна дека најдоброто сценарио е и за Ковид-19 да постои сезонска вакцина како што постои за грипот, „за да не мораме постојано да го повикуваме населението да се вакцинира“. Вакцинацијата со четврта доза во Грција веќе е започната, но само за одредени категории. Првично беше за постарите лица над 80-годишна возраст и за ранливите категории, а на почетокот на април Комисијата за имунизација препорача и граѓаните над 60-годишна возраст, особено оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата. Во однос на мерките во земјата, министерот за здравство на Грција во интервјуто за „Скај“ рече дека оваа седмица надлежната комисија ќе го разгледа протоколот за употребата на маска во бродовите, со оглед на тоа дека од среда се укинува задолжителната маска во сите затворени простори, со исклучок на болниците, домовите за стари лица и градскиот јавен превоз. За текот на пандемијата, Плеврис рече дека укинатите мерки не донесоа зголемен број новозаразени, а намален е бројот и на пациенти хоспитализирани на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Што ни покажува ова? Ни покажува дека во текот на летото се чини дека нема да има притисок од пандемијата, но сепак, затоа гледате, се трудам да бидам многу внимателен, сите ни велат, сите научници овде во Грција и во странство и ECDC, дека мора да бидеме многу внимателни, бидејќи и под овие услови, и да остане ваква ситуацијата со мутацијата на Омикрон, наесен дефинитивно ќе имаме притисок, рече Плеврис додавајќи дека сепак притисокот нема да биде ист како во изминатите две години.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 3.445.538 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 29.803 лица.

The post Од наесен задолжителна четврта вакцина за Грција? appeared first on Република.

]]>
Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-preporachuva-chetvrta-doza-od-vakcinata-za-licata-nad-60-godini/ Tue, 05 Apr 2022 16:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=483724

За граѓаните над 60-годишна возраст во Грција, особено за оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, комисијата за имунизација препорачува да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата, соопшти попладнево претседателката на комисијата Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина.

Теодориду објасни дека врз основа на епидемиолошката слика во земјата и на фактот дека помина подолго време од првата бустер доза, односно од третата, со примање на втората бустер доза, како што ја карактеризираше четвртата доза, значително ќе се намали веројатноста за хоспитализација.

Четвртата доза ќе биде со MRNA вакцините, а нема да биде потребна за оние кои прележале Ковид-19 по бустер дозата.

Втората бустер, односно четвртата доза не е задолжителна, а генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус потенцираше дека четвртата доза не е поврзана и нема никаква врска со сертификатите за вакцинација.

Теодориду дополнително соопшти дека се зголемува периодот меѓу првата и втората доза за вакцините Фајзер и Модерна, па така, наместо по три, односно четири седмици како што беше досега, втората доза ќе се прима по осум седмици.

Децата на возраст од 12 до 17 години кои припаѓаат на групата со зголемен ризик, ќе имаат можност да примат трета доза, шест месеци по втората.

Во однос на процесот на имунизација во Грција, Темистоклеус соопшти дека досега се аплицирани 20.590.000 дози од вакцината, целосно се вакцинирани 7.595.000 граѓани, односно 72,4 отсто од општото или 81,8 проценти од полнолетното население.

 

The post Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години appeared first on Република.

]]>

За граѓаните над 60-годишна возраст во Грција, особено за оние кои имаат сериозни здравствени проблеми, комисијата за имунизација препорачува да примат и четврта доза од вакцината, доколку се поминати најмалку четири месеци од бустер дозата, соопшти попладнево претседателката на комисијата Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина. Теодориду објасни дека врз основа на епидемиолошката слика во земјата и на фактот дека помина подолго време од првата бустер доза, односно од третата, со примање на втората бустер доза, како што ја карактеризираше четвртата доза, значително ќе се намали веројатноста за хоспитализација. Четвртата доза ќе биде со MRNA вакцините, а нема да биде потребна за оние кои прележале Ковид-19 по бустер дозата. Втората бустер, односно четвртата доза не е задолжителна, а генералниот секретар од Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус потенцираше дека четвртата доза не е поврзана и нема никаква врска со сертификатите за вакцинација. Теодориду дополнително соопшти дека се зголемува периодот меѓу првата и втората доза за вакцините Фајзер и Модерна, па така, наместо по три, односно четири седмици како што беше досега, втората доза ќе се прима по осум седмици. Децата на возраст од 12 до 17 години кои припаѓаат на групата со зголемен ризик, ќе имаат можност да примат трета доза, шест месеци по втората. Во однос на процесот на имунизација во Грција, Темистоклеус соопшти дека досега се аплицирани 20.590.000 дози од вакцината, целосно се вакцинирани 7.595.000 граѓани, односно 72,4 отсто од општото или 81,8 проценти од полнолетното население.  

The post Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години appeared first on Република.

]]>
ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fda-odobri-chetvrta-doza-od-vakcinite-fajzer-i-moderna-za-lugje-nad-50-godini/ Wed, 30 Mar 2022 11:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=480853

ФДА - Управата за храна и лекови на САД одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години.

Претходно, четвртата доза беше дозволена само за лица од 12 години и повеќе, кои се имунокомпромитирани.

Центрите за превенција и контрола на болести на САД сега размислуваат за тоа како да се спроведе овластувањето на ФДА.

Луѓето кои сакаат четврта доза вакцина против ковид-19 треба да го сторат тоа само најмалку четири месеци по претходниот засилувач, соопштиja денес од ФДА.

Загрижува податокот на новата подваријанта БA.2, која се шири во Европа и во САД.

Приближно две третини од Американците се целосно вакцинирани, што значи дека примиле две дози Фајзер или Модерна или една доза од вакцината на Џонсон и Џонсон. Само половина од оние кои ги исполнуваат условите го добиле првото засилување.

Иако вакцините не ја спречија омикрон варијантата кон нејзиното ширење, здравствените власти велат дека им помогнале на заразените да избегнат сериозна болест или смрт.

Владата, исто така, размислува да одобри четврта доза за секого на есен, кога случаите би можеле повторно да се зголемат.

 

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес.

The post ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години appeared first on Република.

]]>

ФДА - Управата за храна и лекови на САД одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години. Претходно, четвртата доза беше дозволена само за лица од 12 години и повеќе, кои се имунокомпромитирани. Центрите за превенција и контрола на болести на САД сега размислуваат за тоа како да се спроведе овластувањето на ФДА. Луѓето кои сакаат четврта доза вакцина против ковид-19 треба да го сторат тоа само најмалку четири месеци по претходниот засилувач, соопштиja денес од ФДА. Загрижува податокот на новата подваријанта БA.2, која се шири во Европа и во САД. Приближно две третини од Американците се целосно вакцинирани, што значи дека примиле две дози Фајзер или Модерна или една доза од вакцината на Џонсон и Џонсон. Само половина од оние кои ги исполнуваат условите го добиле првото засилување. Иако вакцините не ја спречија омикрон варијантата кон нејзиното ширење, здравствените власти велат дека им помогнале на заразените да избегнат сериозна болест или смрт. Владата, исто така, размислува да одобри четврта доза за секого на есен, кога случаите би можеле повторно да се зголемат.   Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес.

The post ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години appeared first on Република.

]]>
Четвртата доза од вакцината спасува живот, покажа израелско истражување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chetvrtata-doza-od-vakcinata-spasuva-zivot-pokaza-izraelsko-istrazuvanje/ Sun, 27 Mar 2022 15:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=479361

Постарите луѓе кои ја примиле четвртата вакцина Фајзер-Бионтек против Ковид-19 имале 78 отсто помала стапка на смртност од оваа болест од оние кои ја примиле третата вакцина, покажа денеска израелско истражување.

Најголемата здравствена служба во земјата, Клалит, објави дека 40-дневната студија опфатила повеќе од половина милион луѓе на возраст од 60 до 100 години, објави Ројтерс.

Околу 58 отсто од учесниците во студијата ја примиле четвртата доза од вакцината, додека останатите ја примиле третата доза.

Истражувачите забележале 92 смртни случаи во првата група и 232 смртни случаи во втората, помала група.

Главниот заклучок е дека четвртата доза од вакцината спасува живот, рече Ронен Арбел, истражувач од Колеџот Клалит и Сапир.

The post Четвртата доза од вакцината спасува живот, покажа израелско истражување appeared first on Република.

]]>

Постарите луѓе кои ја примиле четвртата вакцина Фајзер-Бионтек против Ковид-19 имале 78 отсто помала стапка на смртност од оваа болест од оние кои ја примиле третата вакцина, покажа денеска израелско истражување. Најголемата здравствена служба во земјата, Клалит, објави дека 40-дневната студија опфатила повеќе од половина милион луѓе на возраст од 60 до 100 години, објави Ројтерс. Околу 58 отсто од учесниците во студијата ја примиле четвртата доза од вакцината, додека останатите ја примиле третата доза. Истражувачите забележале 92 смртни случаи во првата група и 232 смртни случаи во втората, помала група. Главниот заклучок е дека четвртата доза од вакцината спасува живот, рече Ронен Арбел, истражувач од Колеџот Клалит и Сапир.

The post Четвртата доза од вакцината спасува живот, покажа израелско истражување appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Немам проблем да примам четврта доза вакцина против ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-panovski-nemam-problem-da-primam-chetvrta-doza-vakcina-protiv-kovid/ Fri, 11 Mar 2022 07:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=471066

Ако остане мирна тука состојбата во однос на смртните случаи и хоспитализирани, единствена препорака ќе остане вакцинацијата. Јас на пример немам проблем да примам четврта доза, доколку е потребно. Можеби ќе биде некоја што ќе штити од сите варијанти, бидејќи веќе добиваме нови, вели микробиологот и доктор Никола Пановски во синоќешното гостување на „Клан дебата“.

Според него, за жал имаме случаи каде и со две дози, луѓето нѐ напуштаат од овој свет.

Некои не стигнаа за да примат трета доза. Веројатно се хронични болни. Непријатно е да се бара од Министерството за здравство да каже со која вакцина биле имунизирани починатите. Со тоа се прави паника. Меѓу редови знам кои вакцини помалку штитеа, појаснува д-р Пановски и уште еднаш повтори дека најдобро поминале прележаните кои примиле две дози вакцина.

The post Д-р Пановски: Немам проблем да примам четврта доза вакцина против ковид appeared first on Република.

]]>

Ако остане мирна тука состојбата во однос на смртните случаи и хоспитализирани, единствена препорака ќе остане вакцинацијата. Јас на пример немам проблем да примам четврта доза, доколку е потребно. Можеби ќе биде некоја што ќе штити од сите варијанти, бидејќи веќе добиваме нови, вели микробиологот и доктор Никола Пановски во синоќешното гостување на „Клан дебата“. Според него, за жал имаме случаи каде и со две дози, луѓето нѐ напуштаат од овој свет.
Некои не стигнаа за да примат трета доза. Веројатно се хронични болни. Непријатно е да се бара од Министерството за здравство да каже со која вакцина биле имунизирани починатите. Со тоа се прави паника. Меѓу редови знам кои вакцини помалку штитеа, појаснува д-р Пановски и уште еднаш повтори дека најдобро поминале прележаните кои примиле две дози вакцина.

The post Д-р Пановски: Немам проблем да примам четврта доза вакцина против ковид appeared first on Република.

]]>
Шведска ќе дава четврта доза вакцина за постарите лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-kje-dava-chetvrta-doza-vakcina-za-postarite-lica/ Mon, 14 Feb 2022 10:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=458229

Шведската здравствена агенција соопшти дека луѓето на возраст од 80 и повеќе години треба да добијат втора засилувачка доза вакцина против корона вирус, односно вкупно четири дози вакцина за имунитет во услови на брзо ширење на варијантата омикрон.

Препораката важи и за лицата кои живеат во домови за стари лица, но и за оние кои живеат дома, но ги посетува стручен кадар кој им помага во секојдневните активности.

Втората бустер доза треба да се администрира не порано од четири месеци по првата засилувачка доза, се вели во соопштението на здравствената агенција.

Шведска забележа рекорден број на нови инфекции претходно оваа година, што се припишува на брзото ширење на омикрон варијантата.

Тамошните власти планираат да ги отстранат ограничувањата и да ги намалат тестирањата веќе овој месец, потпирајќи се на засилувачките дози, како и на фактот дека омикрон предизвикува поблаги симптоми, што го намалува притисокот врз здравствениот систем.

Како засилувачка доза Шведска ги препорачува вакцините на „Модерна“ и „Фајзер/БиоНТек“.

The post Шведска ќе дава четврта доза вакцина за постарите лица appeared first on Република.

]]>

Шведската здравствена агенција соопшти дека луѓето на возраст од 80 и повеќе години треба да добијат втора засилувачка доза вакцина против корона вирус, односно вкупно четири дози вакцина за имунитет во услови на брзо ширење на варијантата омикрон. Препораката важи и за лицата кои живеат во домови за стари лица, но и за оние кои живеат дома, но ги посетува стручен кадар кој им помага во секојдневните активности. Втората бустер доза треба да се администрира не порано од четири месеци по првата засилувачка доза, се вели во соопштението на здравствената агенција. Шведска забележа рекорден број на нови инфекции претходно оваа година, што се припишува на брзото ширење на омикрон варијантата. Тамошните власти планираат да ги отстранат ограничувањата и да ги намалат тестирањата веќе овој месец, потпирајќи се на засилувачките дози, како и на фактот дека омикрон предизвикува поблаги симптоми, што го намалува притисокот врз здравствениот систем. Како засилувачка доза Шведска ги препорачува вакцините на „Модерна“ и „Фајзер/БиоНТек“.

The post Шведска ќе дава четврта доза вакцина за постарите лица appeared first on Република.

]]>
Унгарија ќе препорача примање четврта доза од вакцините против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-kje-preporacha-primanje-chetvrta-doza-od-vakcinite-protiv-kovid-19/ Sat, 15 Jan 2022 07:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=444814

Унгарската Влада ќе предложи четврта, засилувачка, доза вакцина против Ковид-19 за да се справи со ширењето на корона вирусот.

Секој што сака ќе може да прими четврта доза од вакцините, но тоа ќе биде направено по препорака на лекар. Во недела и официјално ќе ја соопштиме нашата одлука - информирал владин претставник, пренесуваат локалните медиуми.

Во Унгарија, околу 60 отсто од населението е вакцинирано. Земјата има население од 9,8 милиони жители. Половина од нив имаат примено две вакцини.

Бројот на новозаразени во изминатото деноноќие достигна 9.200 лица. Досега повеќе од 40.000 луѓе во Унгарија починале од Ковид-19.

The post Унгарија ќе препорача примање четврта доза од вакцините против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Унгарската Влада ќе предложи четврта, засилувачка, доза вакцина против Ковид-19 за да се справи со ширењето на корона вирусот.
Секој што сака ќе може да прими четврта доза од вакцините, но тоа ќе биде направено по препорака на лекар. Во недела и официјално ќе ја соопштиме нашата одлука - информирал владин претставник, пренесуваат локалните медиуми.
Во Унгарија, околу 60 отсто од населението е вакцинирано. Земјата има население од 9,8 милиони жители. Половина од нив имаат примено две вакцини. Бројот на новозаразени во изминатото деноноќие достигна 9.200 лица. Досега повеќе од 40.000 луѓе во Унгарија починале од Ковид-19.

The post Унгарија ќе препорача примање четврта доза од вакцините против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Чиле почнува вакцинирање со четврта доза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chile-pochnuva-vakciniranje-so-chetvrta-doza/ Tue, 11 Jan 2022 07:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=442909

Чиле, која е една од водечките земји во светот според степенот на вакцинација против Ковид-19, почна кампања за давање четврта доза на луѓе со нарушен имунитет.

Земјата го прави тоа прва во регионот, а причината за почнување на кампањата е зголемувањето на случаите поради брзото ширење на сојот Омикрон.

Вакцината, оваа четврта доза или втора бустер доза, ќе биде достапна за секого. Почнувајќи од денеска, ќе почнеме со луѓе со нарушен имунитет и ќе продолжиме со најбрзо темпо - изјави чилеанскиот претседател Себастијан Пинера за време на посетата на болница во главниот град Сантијаго.

Кампањата почнува со лица над 12 години со ослабен имунитет, кои примиле бустер доза пред септември. Од февруари процесот ќе се прошири на сите лица над 55 години.

Чиле регистрира повеќе од 4.000 нови инфекции дневно, што е двојно зголемување во однос на минатата недела и е во согласност со глобалниот тренд на зголемување на инфекциите.

The post Чиле почнува вакцинирање со четврта доза appeared first on Република.

]]>

Чиле, која е една од водечките земји во светот според степенот на вакцинација против Ковид-19, почна кампања за давање четврта доза на луѓе со нарушен имунитет. Земјата го прави тоа прва во регионот, а причината за почнување на кампањата е зголемувањето на случаите поради брзото ширење на сојот Омикрон.
Вакцината, оваа четврта доза или втора бустер доза, ќе биде достапна за секого. Почнувајќи од денеска, ќе почнеме со луѓе со нарушен имунитет и ќе продолжиме со најбрзо темпо - изјави чилеанскиот претседател Себастијан Пинера за време на посетата на болница во главниот град Сантијаго.
Кампањата почнува со лица над 12 години со ослабен имунитет, кои примиле бустер доза пред септември. Од февруари процесот ќе се прошири на сите лица над 55 години. Чиле регистрира повеќе од 4.000 нови инфекции дневно, што е двојно зголемување во однос на минатата недела и е во согласност со глобалниот тренд на зголемување на инфекциите.

The post Чиле почнува вакцинирање со четврта доза appeared first on Република.

]]>