четири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chetiri/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Dec 2023 12:32:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png четири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chetiri/ 32 32 Ампева: За два месеца затворени се четири помали штипски конфекции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ampeva-za-dva-mesetsa-zatvoreni-se-chetiri-pomali-shtipski-konfektsii/ Fri, 22 Dec 2023 12:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=725676

Затворени се четири помали конфекции во изминатите два месеца, во кои беа вработени околу 130 штипски текстилни работници, изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Причината за нивното затварање е немање налози од странските партнери, а дел од брендовите си заминаа, односно своето производство го преселија во Египет, Мароко или во други земји. Таа посочи дека во една од конфекциите самите работници си потпишале спогодби со работодавачот, наместо да не потпишат ништо, со што би имале право на испратнина и се она што им следува согласно Законот за работни односи.

Во останатите фирми имаше за жал примери каде што работодавачите, сметаа дека така ќе ги затворат фирмите, една од нив должеше една плата, другите должеа две плати. Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме тоа, благодарение на иснпекторите од областа на трудот од Штип платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати. Ние овде успеавме да се исплатат, вели Ампева.

Таа истакна дека засега не е голем бранот на затварање на текстилни конфекции, какошто го најавија дел од работодавачите, а ова се случува поради инфлацијата и помалата потрошувачка моќ на граѓаните од ЕУ, кои и помалку купуваат облека.

За жал еве да речеме ова се ефектите од тоа лон производство во нашите конфекции и од кои зависиме, брендовите со кои има преговори велат дека ни старее работна сила во овој сектор во Македонија и тие бараат нормално постабилен пазар, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето. За жал, неколку фактори се, вели Ампева.

Таа упати апел до работниците, кога се затвара фирмата да не потпишуваат апсолутно ништо, бидејќи фирмата се затвара од деловни причини и имаат право соодветно да им биде исплатена испратнина, согласно нивниот работен стаж. Тие работници што не се потпишаа им ја водиме постапката, меѓутоа тие што се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме, истакна Ампева.

Прашана дали дел од текстилните работнички се вработија веднаш во други конфекции, Ампева потврдува дека дел од нив се вработиле во конфекции, каде што „Гласен Текстилец“ се обидува да направи синдикат.

Работодавачот вели нормално е и ние имаме зголемен обем на работа. Зошто е тоа така? Заради тоа што плаќаат многу повеќе и повисоки плати и внимаваат на стандардите на коишто работат, најмногу што можат, а особено она што го бараат германските брендови, рече Ампева.

Таа додаде дека оние текстилни компании кои имаат и зголемен обем на работа освен што бараат работници најавиле и зголемување на платите.

 

The post Ампева: За два месеца затворени се четири помали штипски конфекции appeared first on Република.

]]>

Затворени се четири помали конфекции во изминатите два месеца, во кои беа вработени околу 130 штипски текстилни работници, изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Причината за нивното затварање е немање налози од странските партнери, а дел од брендовите си заминаа, односно своето производство го преселија во Египет, Мароко или во други земји. Таа посочи дека во една од конфекциите самите работници си потпишале спогодби со работодавачот, наместо да не потпишат ништо, со што би имале право на испратнина и се она што им следува согласно Законот за работни односи.
Во останатите фирми имаше за жал примери каде што работодавачите, сметаа дека така ќе ги затворат фирмите, една од нив должеше една плата, другите должеа две плати. Мислеа дека така ќе си поминат и ќе ги затворат фирмите. Меѓутоа ние тоа навремено го стопиравме тоа, благодарение на иснпекторите од областа на трудот од Штип платите се исплатени. Значи нема да биде типичен пример на она се затвараат фирми, работниците остануваат без неколку плати. Ние овде успеавме да се исплатат, вели Ампева.
Таа истакна дека засега не е голем бранот на затварање на текстилни конфекции, какошто го најавија дел од работодавачите, а ова се случува поради инфлацијата и помалата потрошувачка моќ на граѓаните од ЕУ, кои и помалку купуваат облека.
За жал еве да речеме ова се ефектите од тоа лон производство во нашите конфекции и од кои зависиме, брендовите со кои има преговори велат дека ни старее работна сила во овој сектор во Македонија и тие бараат нормално постабилен пазар, со помодерна автоматизација и модернизација во работењето. За жал, неколку фактори се, вели Ампева.
Таа упати апел до работниците, кога се затвара фирмата да не потпишуваат апсолутно ништо, бидејќи фирмата се затвара од деловни причини и имаат право соодветно да им биде исплатена испратнина, согласно нивниот работен стаж. Тие работници што не се потпишаа им ја водиме постапката, меѓутоа тие што се потпишале ние не можеме апсолутно ништо да направиме, истакна Ампева. Прашана дали дел од текстилните работнички се вработија веднаш во други конфекции, Ампева потврдува дека дел од нив се вработиле во конфекции, каде што „Гласен Текстилец“ се обидува да направи синдикат.
Работодавачот вели нормално е и ние имаме зголемен обем на работа. Зошто е тоа така? Заради тоа што плаќаат многу повеќе и повисоки плати и внимаваат на стандардите на коишто работат, најмногу што можат, а особено она што го бараат германските брендови, рече Ампева.
Таа додаде дека оние текстилни компании кои имаат и зголемен обем на работа освен што бараат работници најавиле и зголемување на платите.  

The post Ампева: За два месеца затворени се четири помали штипски конфекции appeared first on Република.

]]>
По 20 години затвор помилувна Австралијка која беше осомничена за смртта на своите четири деца https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/po-20-godini-zatvor-pomiluvna-avstralijka-koja-beshe-osomnichena-za-smrtta-na-svoite-chetiri-detsa/ Mon, 05 Jun 2023 09:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=647968

Нов Јужен Велс денеска помилува жена која поминала 20 години во затвор за смртта на нејзините четири деца, откако судската ревизија покажа дека постои разумно сомневање за првите пресуди.

Кетлин Меган Фолбиг беше осудена во 2003 година за убиство на нејзините три деца и убиство на четвртото од небрежност.

Фолбиг изјави дека е невина и рече дека децата починале од природна смрт.

Првата истрага во 2019 година покажа дека доказите ја поддржуваат нејзината вина.

Но, втората истрага предводена од поранешниот главен судија Томас Батурст повторно ја разгледа пресудата во 2022 година, бидејќи новите докази укажувале дека двете деца имале генетска мутација што можела да ја предизвика нивната смрт.

Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, денеска ја помилува Фолбиг, откако сите наоди од истрагата на Батурст покажале дека постои разумно сомневање за осудата.

 

The post По 20 години затвор помилувна Австралијка која беше осомничена за смртта на своите четири деца appeared first on Република.

]]>

Нов Јужен Велс денеска помилува жена која поминала 20 години во затвор за смртта на нејзините четири деца, откако судската ревизија покажа дека постои разумно сомневање за првите пресуди. Кетлин Меган Фолбиг беше осудена во 2003 година за убиство на нејзините три деца и убиство на четвртото од небрежност. Фолбиг изјави дека е невина и рече дека децата починале од природна смрт. Првата истрага во 2019 година покажа дека доказите ја поддржуваат нејзината вина. Но, втората истрага предводена од поранешниот главен судија Томас Батурст повторно ја разгледа пресудата во 2022 година, бидејќи новите докази укажувале дека двете деца имале генетска мутација што можела да ја предизвика нивната смрт. Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, денеска ја помилува Фолбиг, откако сите наоди од истрагата на Батурст покажале дека постои разумно сомневање за осудата.  

The post По 20 години затвор помилувна Австралијка која беше осомничена за смртта на своите четири деца appeared first on Република.

]]>