чествување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestvuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 16:28:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чествување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestvuvanje/ 32 32 Во селото Гари продолжуваат честувањата и одбележувањето на 170 години од смртта на копаничарот Петре Филиповски Гарката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-seloto-gari-prodolzhuvaat-chestuvanata-i-odbelezhuvaneto-na-170-godini-od-smrtta-na-kopanicharot-petre-filipovski-garkata/ Sat, 28 Sep 2024 16:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=820583

Во селото Гари продолжуваат честувањата и одбележувањето на 170 години од смртта на копаничарот Петре Филиповски Гарката.

Во црквата „Пресвета Богородица“ двочасовен концерт одржа маестро Горан Алачки со Ленче и Петар Кукиќ. Аплаузи на отворена сцена, заедничко пеење на гарчани со изведувачите и солзи радосници од прекрасните изведби на сопружниците Кукиќ и виртуозноста на Алачки се одлика на концертот.

Беа изведени 15-тина македонски стари песни во нов аранжман на маестро Алачки. Проектот на тројцата добри пријатели е насловен „Лектира“ и претставува промоција токму од дебарско Гари. На концертот освен гарчани имаше и голем број на присутни гости од околината, но и добронамерници од Скопје.

https://republika.mk/vesti/kultura/petre-filipovski-garkata-s-ushte-zhivee-otvorna-izlozhba-na-sliki-vo-spomen-sobata-na-zografot-vo-selo-gari/

The post Во селото Гари продолжуваат честувањата и одбележувањето на 170 години од смртта на копаничарот Петре Филиповски Гарката appeared first on Република.

]]>

Во селото Гари продолжуваат честувањата и одбележувањето на 170 години од смртта на копаничарот Петре Филиповски Гарката. Во црквата „Пресвета Богородица“ двочасовен концерт одржа маестро Горан Алачки со Ленче и Петар Кукиќ. Аплаузи на отворена сцена, заедничко пеење на гарчани со изведувачите и солзи радосници од прекрасните изведби на сопружниците Кукиќ и виртуозноста на Алачки се одлика на концертот. Беа изведени 15-тина македонски стари песни во нов аранжман на маестро Алачки. Проектот на тројцата добри пријатели е насловен „Лектира“ и претставува промоција токму од дебарско Гари. На концертот освен гарчани имаше и голем број на присутни гости од околината, но и добронамерници од Скопје. https://republika.mk/vesti/kultura/petre-filipovski-garkata-s-ushte-zhivee-otvorna-izlozhba-na-sliki-vo-spomen-sobata-na-zografot-vo-selo-gari/

The post Во селото Гари продолжуваат честувањата и одбележувањето на 170 години од смртта на копаничарот Петре Филиповски Гарката appeared first on Република.

]]>
Охрид го чествува Прличев: Одбележани 130 години од смртта на големиот поет и преродбеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohrid-go-chestvuva-prlichev-odbelezhani-130-godini-od-smrtta-na-golemiot-poet-i-prerodbenik/ Tue, 07 Feb 2023 09:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=605815

Со низа пригодни настани, деновиве, во Охрид, се одржа културната манифестација „Прличеви беседи“, со која годинава се одбележа 130-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев.

Во рамки на чествувањата по повод 130-годишнината од смртта на Прличев (6 февруари 1893), на гробот на ловороносецот се одржа панихида, а делегации положија цвеќе пред неговиот споменик во истоименото основно училиште, а делегација на ДПМ пред Градската библиотека што го носи неговото име.

Беседа за Прличев во неговата спомен-куќа, пак, одржа д-р Александра Ѓуркова.

Секое време укажува на различни поуки, човековото минато искуство упатува на пораки за иднината. А многу можеме да учиме од пораките на Прличев. Во времиња кога македонската држава е поставена пред бројни предизвици за своето постоење, има ли подобар момент да се сфати пораката за слога и храброст и за општиот закон „чувај се“. Само преку слога, разбирање и образование еден народ може да ја покаже својата вредност, достоинство и достојност кон минатите генерации и да даде пример за оние кои доаѓаат, рече во своето обраќање Ѓуркова, која и самата е потомок на Григор Прличев.

Како што истакна таа, колку моќ има зборот, особено зборот изречен од човек со дар на словото, посведочуваме и сите ние денес кога ги читаме беседите на Прличев, преку кои тој настојува да остави порака до присутните, па и до генерациите што следуваат.

Неговата посветеност во беседите кон определени актуелни прашања се огледува преку ангажираноста во беседењето, што има за цел да го поттикне слушателот кон дејствување, стремеж да поттикне борба за себеси, за своето достоинство и интегритет, за своето право на образование и слободно мислење…, додаде Ѓуркова. Таа од родната куќа на поетот во Охрид укажа на една од основните заложби на нејзиниот чукундедо – важноста на знаењето, образованието, како предуслови за ослободувањето. Цитирајќи го Прличев, потсети на неговите размисли за грижата за татковината и заедницата како највисок морален долг на човекот.

Во рамки на манифестацијата, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, врачи примероци од „Автобиографијата“ на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението за слепи лица од Охрид.

Годинешните „Прличеви беседи“, започнаа на 3 февруари со промоцијата на книгата „70 години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски.  Промотор на книгата беше новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот се одржa во „Прличевата одаја“ при Библиотеката.

Во Центарот за култура во Охрид, во неделата, на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, пак, му беше врачена награда „Григор Прличев“ за 2022 година, за неговата поема „Коњски житија“. Наградата секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник.

Чествувањата се заокружија со промоција на аудиозаписот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски во „Прличевата одаја“ при библиотеката „Григор Прличев“. А беше прогласена и најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“.

The post Охрид го чествува Прличев: Одбележани 130 години од смртта на големиот поет и преродбеник appeared first on Република.

]]>

Со низа пригодни настани, деновиве, во Охрид, се одржа културната манифестација „Прличеви беседи“, со која годинава се одбележа 130-годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. Во рамки на чествувањата по повод 130-годишнината од смртта на Прличев (6 февруари 1893), на гробот на ловороносецот се одржа панихида, а делегации положија цвеќе пред неговиот споменик во истоименото основно училиште, а делегација на ДПМ пред Градската библиотека што го носи неговото име. Беседа за Прличев во неговата спомен-куќа, пак, одржа д-р Александра Ѓуркова.
Секое време укажува на различни поуки, човековото минато искуство упатува на пораки за иднината. А многу можеме да учиме од пораките на Прличев. Во времиња кога македонската држава е поставена пред бројни предизвици за своето постоење, има ли подобар момент да се сфати пораката за слога и храброст и за општиот закон „чувај се“. Само преку слога, разбирање и образование еден народ може да ја покаже својата вредност, достоинство и достојност кон минатите генерации и да даде пример за оние кои доаѓаат, рече во своето обраќање Ѓуркова, која и самата е потомок на Григор Прличев.
Како што истакна таа, колку моќ има зборот, особено зборот изречен од човек со дар на словото, посведочуваме и сите ние денес кога ги читаме беседите на Прличев, преку кои тој настојува да остави порака до присутните, па и до генерациите што следуваат.
Неговата посветеност во беседите кон определени актуелни прашања се огледува преку ангажираноста во беседењето, што има за цел да го поттикне слушателот кон дејствување, стремеж да поттикне борба за себеси, за своето достоинство и интегритет, за своето право на образование и слободно мислење…, додаде Ѓуркова. Таа од родната куќа на поетот во Охрид укажа на една од основните заложби на нејзиниот чукундедо – важноста на знаењето, образованието, како предуслови за ослободувањето. Цитирајќи го Прличев, потсети на неговите размисли за грижата за татковината и заедницата како највисок морален долг на човекот.
Во рамки на манифестацијата, градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, врачи примероци од „Автобиографијата“ на Прличев, отпечатена во Брајово писмо, на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението за слепи лица од Охрид. Годинешните „Прличеви беседи“, започнаа на 3 февруари со промоцијата на книгата „70 години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски.  Промотор на книгата беше новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот се одржa во „Прличевата одаја“ при Библиотеката. Во Центарот за култура во Охрид, во неделата, на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, пак, му беше врачена награда „Григор Прличев“ за 2022 година, за неговата поема „Коњски житија“. Наградата секоја година се доделува во чест на славниот охридски и македонски преродбеник. Чествувањата се заокружија со промоција на аудиозаписот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски во „Прличевата одаја“ при библиотеката „Григор Прличев“. А беше прогласена и најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“.

The post Охрид го чествува Прличев: Одбележани 130 години од смртта на големиот поет и преродбеник appeared first on Република.

]]>
Бугарската делегација пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskata-delegatsija-pristigna-vo-tsrkvata-sv-spas-na-chestvuvaneto-na-gotse-delchev/ Sat, 04 Feb 2023 13:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=604785

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје.

Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје.

Како што информираа од МВР, отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.

Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија.

Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.

The post Бугарската делегација пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје. Бугарската делегација предводена од бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани кои утринава со автомобили тргнаа кон Скопје. Како што информираа од МВР, отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава. Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев им беше оневозможен влез во Македонија. Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде што бугарски државјани, поради неможноста да ја преминат границата, упатуваа навреди и недолично се однесуваа кон македонската гранична полиција.

The post Бугарската делегација пристигна во црквата „Св. Спас“ на чествувањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
СПМ апелира достоинствено да се чествува 4 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-apelira-dostoinstveno-da-se-chestvuva-4-fevruari/ Thu, 02 Feb 2023 09:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=603693

Социјалистичката партија на Македонија апелира до македонскиот народ и сите македонски граѓани на достоинствено чествување на Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба.

Напоменуваме на потребата за смиреност и неподлегнување на можни провокации од недробронамерни лица, при тоа покажувајќи ја сплотеноста во градење на нашето единство.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонската историја и македонските историски великани се само наши и ничии други, затоа е потребно да им оддадеме должно почитување какво што заслужуваат.

Македонската историја е единствена и голема, таа задира длабоко во нашето минатото и е проткаена со бројни подеми и успеси, врежани во колективната меморија на македонскиот народ, оттаму ние сме обврзани да ја почтуваме, чуваме и негуваме, велат оттаму.

The post СПМ апелира достоинствено да се чествува 4 февруари appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија апелира до македонскиот народ и сите македонски граѓани на достоинствено чествување на Гоце Делчев, апостолот на македонската револуционерна борба.
Напоменуваме на потребата за смиреност и неподлегнување на можни провокации од недробронамерни лица, при тоа покажувајќи ја сплотеноста во градење на нашето единство. Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонската историја и македонските историски великани се само наши и ничии други, затоа е потребно да им оддадеме должно почитување какво што заслужуваат. Македонската историја е единствена и голема, таа задира длабоко во нашето минатото и е проткаена со бројни подеми и успеси, врежани во колективната меморија на македонскиот народ, оттаму ние сме обврзани да ја почтуваме, чуваме и негуваме, велат оттаму.

The post СПМ апелира достоинствено да се чествува 4 февруари appeared first on Република.

]]>
НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nub-grigor-prlichev-od-ohrid-so-bogata-programa-ke-go-chestvuva-patronot/ Tue, 31 Jan 2023 13:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=602995

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев.

Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката.

Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво,  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13 часот со традиционалната „Прличева визита“.

Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот appeared first on Република.

]]>

Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на пригоден и достоинствен начин годинава ќе ја одбележи 130 годишнината од смртта на Патронот, поетот и преродбеник Прличев. Традиционалните „Прличеви беседи“ ќе започнат во петок на 3 февруари во 12:00 часот со промоцијата на книгата „70 Години Библиотека ‘Григор Прличев’- Охрид“ од авторот Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Свето Стефаноски, а настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја “ на Библиотеката. Свеченостите  во рамки на беседите на општинско ниво,  а во директна организација на Библиотеката ќе продолжат во понеделник на 6 февруари од 13 часот со традиционалната „Прличева визита“. Тогаш, за прв пат ќе биде доделена наградата за „Најдобра беседа за 2023 година“ по распишаниот локален конкурс на Библиотеката под наслов: „Прличев и ние“ на кој учествуваа млади творци од  15 до 30 години.  Комисијата составена од пет члена  по разгледувањето на седумте  пристигнати трудови под шифра, одлучи  наградата   „Најдобра поема за 2023 “  да ја понесе беседата од младата професорка по македонски јазик и книжевност Емилија Карафилоска од Охрид. Втората награда ќе ѝ биде доделена  на Алма Шемо од Охрид, студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ а трета награда на Јован Иловски, студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Потоа ќе следи промоцијата на аудио записот на есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од познатиот македонски поет и есеист,  академик Анте Поповски, а во интерпретација на актерката Софија Гогова – Врчаковска, на која ќе присуствува и синот на поетот Александар Поповски.

The post НУБ „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма ќе го чествува Патронот appeared first on Република.

]]>
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира чествување за проф. д-р Драги Михајловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filoloshkiot-fakultet-blaze-koneski-organizira-chestvuvanje-za-prof-d-r-dragi-mihajlovski/ Wed, 15 Jun 2022 07:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=515365

Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организира настан за чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски.

На настанот што ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, поздравно обраќање ќе има деканката проф. др. Анета Дучевска, а воведна реч проф. др. Соња Витанова – Стрезова.

Ќе бидат читани извадоци од препевите од Шекспир, Милтон… на Михајловски, како и одломки од негови раскази.

Проф. д-р Драги Михајловски (1951 – 2022) се смета за еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Беше редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето. Дoбитник е на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание,  наградите  „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018).

Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.

The post Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира чествување за проф. д-р Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>

Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска организира настан за чествување на ликот и делото на проф. д-р Драги Михајловски. На настанот што ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, поздравно обраќање ќе има деканката проф. др. Анета Дучевска, а воведна реч проф. др. Соња Витанова – Стрезова. Ќе бидат читани извадоци од препевите од Шекспир, Милтон… на Михајловски, како и одломки од негови раскази. Проф. д-р Драги Михајловски (1951 – 2022) се смета за еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир. Беше редовен професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност по предметите Теорија на преведувањето и толкувањето и Практика на преведувањето. Дoбитник е на бројни награди и признанија меѓу кои Рациновото признание,  наградите  „Стале Попов“ за романот „Смртта на дијакот“ (2002), наградата “Григор Прличев“ за препевот на епот „Загубениот рај“ од Милтон, награда „Григор Прличев“ за препевот на „Сите драми и сонети“ од Шекспир (2013), а и наградата “11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018). Драги Михајловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија, член на ПЕН на Македонија, како и на Асоцијацијата на писателите за мир во Вашингтон, САД.

The post Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ организира чествување за проф. д-р Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>
„Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kniga-za-svetite-brakja-kiril-i-metodij-od-dimitar-pandev-i-slave-gjorgjo-dimoski/ Tue, 24 May 2022 08:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=505842

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност.

Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

The post „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност. Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

The post „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>
И Гоце ли го дадовме: Петков најави заедничко чествување на Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-goce-li-go-dadovme-petkov-najavi-zaednichko-chestvuvanje-na-delchev/ Fri, 28 Jan 2022 08:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=450540

Димитар Ковачевски е премиер на Р Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада. Ова укажува на желба да се заврши работата. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, одговарајќи на прашања од пратеници за двете средби со македонскиот премиер, објави БГНЕС.

Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа - рече Петков.

Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во Р Македонија и рамковната позиција.

Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во Р Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време - изјави Петков.

Според него, има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.

Организиравме календар за состаноци на секои седум дена. Ме радува што дури и Историската комисија потврди дека ќе имаат три средби во наредните месеци. Немам намера да менувам ниту еден член на Историската комисија. Мислам дека направивме добра работа овие две недели- рече Петков.

За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со Р Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, додаде бугарскиот премиер.

The post И Гоце ли го дадовме: Петков најави заедничко чествување на Делчев appeared first on Република.