чествување Илинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestvuvanje-ilinden/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Aug 2022 19:53:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чествување Илинден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestvuvanje-ilinden/ 32 32 Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-polosho-svirezite-na-narodot-gi-prikril-organizatorot-a-ne-mrt/ Tue, 02 Aug 2022 19:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=536247

Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.

Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.

Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот.

Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.

 

The post Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ appeared first on Република.

]]>

Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.
Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.
Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот. Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.  

The post Уште полошо: Свирежите на народот ги прикрил организаторот, а не МРТ appeared first on Република.

]]>
Претседател помал и од маково зрно: За Илинден Пендаровски нема да се симне од вилата „Водно“ меѓу народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatel-pomal-i-od-makovo-zrno-za-ilinden-pendarovski-nema-da-se-simne-od-vilata-vodno-megju-narodot/ Mon, 25 Jul 2022 16:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=533074

Предавства на македонскиот народ многу во овој век, а само еден претседател го ставил својот потпис на нив. Стево Пендаровски. Пендаровски беше тука кога се потпишуваше Преспанскиот договор, Пендаровски беше тука кога се потпишуваше Договорот за добрососедство со Бугарија, францускиот предлог... Пендаровски беше тука да каже дека Гоце Делчев е Бугарин и да премолчи кога Бугарите велат дека браќата Миладиновци се Бугари. Пендаровски беше тука додека овој народ добивал многу врели шлаканици, но од другата страна, спроти народот, не покрај него за да ја фати во лет раката на насилникот.

И како што големите празници и родендените го сплотуваат семејството во татковиот дом, така големите празници го сплотуваат народот. Но, овој народ нема татко кој ќе го поведе.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-kje-slavi-vlasta-na-ilinden-najgolemiot-den-kje-bide-pod-bugarski-diktat/

Најголемиот меѓу достојните датуми во македонската историја, Илинден, покажа дека Пендаровски ги прокоцка сите шанси да застане пред народот и да го поведе како татко на нацијата. А шанси имаше.

Прославата на Илинден се одвива во Скопје, во Крушево на Мечкин Камен и во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Државниот врв претседателот, премиерот и претседателот на собранието ротираат секоја година, па така на претседателот Пендаровски годинава му се паѓа за Илинден да биде во Скопје. Лани, пак, беше на Мечкин Камен.

https://republika.mk/vesti/makedonija/obrakjanje-na-pretsedatelot-stevo-pendarovski-za-ilinden/

Зошто е важно каде бил Пендаорвски лани и каде ќе биде токму тој годинава?

Зашто таму каде што е Пендаровски, таму треба да е и народот, но тој со себе носи пустош.

Уште ја паметиме минатогодишната прослава на Илинден под шатори кога Пендаровски првпат во историјата откако се прославува празникот во овој формат, избра да не му се обрати на македонскиот народ. Му беше страв дека ќе го исвиркаат. Искрено, со право.

Пендаровски објави снимен видеоговор утрото, а попладнето замина на Мечкин Камен далеку од народот. Сам, со делегациите од Собранието и Владата, си направи „приватна забава“, на која елитното друштво го забавуваше Влатко Стефановски. Народ немаше.

https://republika.mk/vesti/makedonija/raspored-na-pendarovski-za-ilinden-centralnata-svechenost-kako-nikogash-dosega-kje-pochne-vo-18-chasot/

Годинава овој ист претседател оди чекор понатаму. Прославата ќе ја организира на платото во вилата „Водно“ и нема да се симне меѓу народот. Пендаровски нема да им се поклони на асномците пред Собранието, во Жена-парк, ниту на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“. А по прифаќањето на францускиот предлог, и паметно одлучил. И така не му е местото пред асномците и пред првиот претседател на Презедиумот на АСНОМ. Ниту да ја наведне главата и да се поклони.

Догодина Пендаровски треба да присуствува во Пелинце. Но, судејќи по тоа како тргнал не е тешко да се претпостави што ќе направи. Ќе реши ли да го преспие денот со завлечени завеси на прозорците?!

Сепак, можеби и има образ. И веќе нема каде да го покаже, а не знае ни каде да го сокрие...

The post Претседател помал и од маково зрно: За Илинден Пендаровски нема да се симне од вилата „Водно“ меѓу народот appeared first on Република.

]]>

Предавства на македонскиот народ многу во овој век, а само еден претседател го ставил својот потпис на нив. Стево Пендаровски. Пендаровски беше тука кога се потпишуваше Преспанскиот договор, Пендаровски беше тука кога се потпишуваше Договорот за добрососедство со Бугарија, францускиот предлог... Пендаровски беше тука да каже дека Гоце Делчев е Бугарин и да премолчи кога Бугарите велат дека браќата Миладиновци се Бугари. Пендаровски беше тука додека овој народ добивал многу врели шлаканици, но од другата страна, спроти народот, не покрај него за да ја фати во лет раката на насилникот. И како што големите празници и родендените го сплотуваат семејството во татковиот дом, така големите празници го сплотуваат народот. Но, овој народ нема татко кој ќе го поведе. https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-kje-slavi-vlasta-na-ilinden-najgolemiot-den-kje-bide-pod-bugarski-diktat/ Најголемиот меѓу достојните датуми во македонската историја, Илинден, покажа дека Пендаровски ги прокоцка сите шанси да застане пред народот и да го поведе како татко на нацијата. А шанси имаше. Прославата на Илинден се одвива во Скопје, во Крушево на Мечкин Камен и во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Државниот врв претседателот, премиерот и претседателот на собранието ротираат секоја година, па така на претседателот Пендаровски годинава му се паѓа за Илинден да биде во Скопје. Лани, пак, беше на Мечкин Камен. https://republika.mk/vesti/makedonija/obrakjanje-na-pretsedatelot-stevo-pendarovski-za-ilinden/ Зошто е важно каде бил Пендаорвски лани и каде ќе биде токму тој годинава? Зашто таму каде што е Пендаровски, таму треба да е и народот, но тој со себе носи пустош. Уште ја паметиме минатогодишната прослава на Илинден под шатори кога Пендаровски првпат во историјата откако се прославува празникот во овој формат, избра да не му се обрати на македонскиот народ. Му беше страв дека ќе го исвиркаат. Искрено, со право. Пендаровски објави снимен видеоговор утрото, а попладнето замина на Мечкин Камен далеку од народот. Сам, со делегациите од Собранието и Владата, си направи „приватна забава“, на која елитното друштво го забавуваше Влатко Стефановски. Народ немаше. https://republika.mk/vesti/makedonija/raspored-na-pendarovski-za-ilinden-centralnata-svechenost-kako-nikogash-dosega-kje-pochne-vo-18-chasot/ Годинава овој ист претседател оди чекор понатаму. Прославата ќе ја организира на платото во вилата „Водно“ и нема да се симне меѓу народот. Пендаровски нема да им се поклони на асномците пред Собранието, во Жена-парк, ниту на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“. А по прифаќањето на францускиот предлог, и паметно одлучил. И така не му е местото пред асномците и пред првиот претседател на Презедиумот на АСНОМ. Ниту да ја наведне главата и да се поклони. Догодина Пендаровски треба да присуствува во Пелинце. Но, судејќи по тоа како тргнал не е тешко да се претпостави што ќе направи. Ќе реши ли да го преспие денот со завлечени завеси на прозорците?! Сепак, можеби и има образ. И веќе нема каде да го покаже, а не знае ни каде да го сокрие...

The post Претседател помал и од маково зрно: За Илинден Пендаровски нема да се симне од вилата „Водно“ меѓу народот appeared first on Република.

]]>