Честитка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestitka/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Честитка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestitka/ 32 32 Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-shekerinska-chestitav-za-izborot-za-zamenik-generalen-sekretar-na-nato-za-nas-natsionalnoto-edinstvo-i-interesite-se-pred-partiskite-interesi/ Wed, 20 Nov 2024 12:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=839919

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.

Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.

The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>

Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест.
Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на Македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани, посочи Мицкоски.
   
The post Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик генерален секретар на НАТО, за нас националното единство и интересите се пред партиските интереси appeared first on Република.

]]>
Мисајловски упати честитка за победата на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-upati-chestitka-za-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 12:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=834760

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски упати честитка за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Честитки и најдобри желби до претседателот Donald J. Trump и до целиот американски народ!-објави на својот фејсбук профил.

The post Мисајловски упати честитка за победата на Трамп appeared first on Република.

Николоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува силен сојузник на САД и граѓаните и стратешки партнер во евроатланските процеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-tramp-makedonija-ostanuva-silen-sojuznik-na-sad-i-graganite-i-strateshki-partner-vo-evroatlanskite-protsesi/ Wed, 06 Nov 2024 12:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=834761

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му ја честиташе победата на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Демократските вредности уште еднаш ја потврдија силната верба на американскиот народ за обезбедување на стабилна и просперитетна држава. Македонија и понатаму останува силен сојузник на САД и граѓаните, стратешки партнер во евроатланските процеси и промотор на глобалниот мир и поредок, објави Николоски на својот Фејсбук.

Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.

The post Николоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува силен сојузник на САД и граѓаните и стратешки партнер во евроатланските процеси appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му ја честиташе победата на американскиот претседател Доналд Трамп. -Демократските вредности уште еднаш ја потврдија силната верба на американскиот народ за обезбедување на стабилна и просперитетна држава. Македонија и понатаму останува силен сојузник на САД и граѓаните, стратешки партнер во евроатланските процеси и промотор на глобалниот мир и поредок, објави Николоски на својот Фејсбук. Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.

The post Николоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува силен сојузник на САД и граѓаните и стратешки партнер во евроатланските процеси appeared first on Република.

]]>
Претседателот на СДСМ, Филипче му ја честиташе победата на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sdsm-filipche-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 10:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=834656

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Cеверна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи, вели Филипче во честитката.

Cеверна Македонија и Соединетите Американски Држави, додава Филипче, имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и истакнува оти верува дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба.

The post Претседателот на СДСМ, Филипче му ја честиташе победата на Трамп appeared first on Република.

Мицкоски му честиташе победа на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mu-chestitashe-pobeda-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 08:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=834584

Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Честитката од премиерот на Македонија стигна веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите.

„Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, вели Мицкоски во честитката.

Тој додава дека „Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“.

Честитки до Трамп од регионот испратија и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Меѓу првите се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан нарекувајќи го ова „најголемиот камбек во политичката историја на САД“.

The post Мицкоски му честиташе победа на Трамп appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Честитката од премиерот на Македонија стигна веднаш по обраќањето на Трамп пред поддржувачите во Палм Бич, Флорида, каде прогласи победа на изборите. „Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, вели Мицкоски во честитката. Тој додава дека „Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион“. Честитки до Трамп од регионот испратија и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Меѓу првите се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан нарекувајќи го ова „најголемиот камбек во политичката историја на САД“.

The post Мицкоски му честиташе победа на Трамп appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-ne-go-gubime-vremeto-na-podelbi-tuku-da-sozdademe-opshtestvo-na-mozhnosti-i-pochit/ Wed, 23 Oct 2024 08:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=830087

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита на граѓаните Денот на македонската револуционерна борба. Преку својот фејсбук профил на кој ја објави честитката, Мицкоски порачува да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот и на создавање општество на можности и почит.

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба. На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест. Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност, наведува Мицкоски.

На овој ден, повикува премиерот, да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој нè обврзува.

Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет. Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат. Да не го губиме времето на поделби и прашања кои нè разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта.
Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба, потенцира Мицкоски.

The post Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит appeared first on Република.

]]>

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита на граѓаните Денот на македонската револуционерна борба. Преку својот фејсбук профил на кој ја објави честитката, Мицкоски порачува да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот и на создавање општество на можности и почит.
Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба. На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација. Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест. Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност, наведува Мицкоски.
На овој ден, повикува премиерот, да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој нè обврзува.
Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет. Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат. Да не го губиме времето на поделби и прашања кои нè разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит. И ова е заедничката битка во остварувањето на целта. Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба, потенцира Мицкоски.

The post Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-so-pochit-se-sekavame-na-revolutsionerite-makedonija-zasluzhuva-da-bide-razviena-progresivna-i-bezbedna/ Wed, 23 Oct 2024 08:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=830083

Министерот за одбрана на Владо Мисајловски денеска упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење, истакнува во честитката Мисајловски.

Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, додава Мисајловски, не задолжија за навек.

Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба. Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели, наведува Мисајловски.

The post Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна appeared first on Република.

Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-znachajnite-istoriski-datumi-se-potsetnik-deka-treba-da-dejstvuvame-zaedno-vo-gradene-sovremena-i-prosperitetna-drzhava/ Wed, 23 Oct 2024 08:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=830081

Претседателот на  Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба.

Со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година се создадени основите на организираната борба за слобода и за независност. Континуираната борба и непокор низ децениите што следеа резултираше со создавање држава, во која денешните генерации ги живеат плодовите на самостојноста и на демократијата, истакнува Гаши.

Денешната генерација во нашата држава, како што посочува претседателот на Собранието, се соочува со поинакви искушенија и е исправена пред други цели.

Наша стратешка цел сега е полноправното членството во ЕУ и понатамошното етаблирање во НАТО како рамноправна земја – членка. Предизвик за нашата генерација е постојано да ги унапредуваме демократските процеси, стандардите во здравството, образованието и во науката, владеењето на правото, економските и социјални текови и рамноправноста меѓу граѓаните, без разлика на национална, верска, родова или политичка припадност, вели Гаши.

Претседателот на  Собранието во честитката потенцира дека значајните датуми од историјата на нашите народи се наш потсетник дека треба да дејствуваме сплотено во градење современа и просперитетна држава.

The post Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава appeared first on Република.

Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на македонската револуционерна борба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-ministerot-misajlovski-po-povod-denot-na-makedonskata-revolutsionerna-borba/ Wed, 23 Oct 2024 06:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=830017

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува искрени честитки до сите припадници на Армијата и сите македонски граѓани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Почитувани граѓани,

Ви го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење.

Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, нè задолжија за навек. Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба.

Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели“, се вели во честитката.

The post Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на македонската револуционерна борба appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува искрени честитки до сите припадници на Армијата и сите македонски граѓани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Почитувани граѓани, Ви го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење. Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, нè задолжија за навек. Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба. Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели“, се вели во честитката.

The post Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на македонската револуционерна борба appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Да се грижиме за Татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-da-se-grizhime-za-tatkovinata-i-da-si-ja-chuvame-oti-druga-nemame/ Wed, 23 Oct 2024 06:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=830015

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во продолжение ја пренесуваме во целост.

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава.

Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш.

Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме!

Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава.

Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери.

Нека ни е честит празникот.

The post Сиљановска Давкова: Да се грижиме за Татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во продолжение ја пренесуваме во целост.
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава. Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици. Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери. Нека ни е честит празникот.  

The post Сиљановска Давкова: Да се грижиме за Татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! appeared first on Република.

]]>
Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур од македонската претседателка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-po-povod-evrejskiot-praznik-jom-kipur-od-makedonskata-pretsedatelka/ Sat, 12 Oct 2024 07:57:12 +0000 https://republika.mk/?p=825782

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник - Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов. Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото, стои во честитката на Сиљановска Давкова.

Натаму таа додава, „да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина“.

Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур - G’mar chatima tova, стои во пораката на претседателката Сиљановска Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур.

The post Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур од македонската претседателка appeared first on Република.

Тошковски: Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ovoj-den-e-potsetnik-za-nashata-dolzhnost-da-prodolzhime-da-gradime-drzhava-vo-koja-vladee-pravdata/ Fri, 11 Oct 2024 11:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=825521

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (11.10.2024), беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври – ден на востанието на македонскиот народ. Делегацијата положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје во знак на сеќавање на храбрите борци од 1941 година, кои го почнаа организираниот отпор против фашизмот.

Нивната борба и саможртва го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес. Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата, еднаквоста и почитта кон сите граѓани. Благодарение на тие херои, денес имаме наша слободна и суверена Македонија. Нека нивната храброст биде наша инспирација за подобра и посветла иднина!“, нагласи министерот Тошковски.

The post Тошковски: Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата appeared first on Република.

Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-afrim-gashi-po-povod-11-oktomvri-denot-na-narodnoto-vostanie/ Fri, 11 Oct 2024 11:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=825506

Претседателот на македонското собрание Африм Гаши со честитка за 11 Октомври – Денот на народното востание.

На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес.

Денес, Република Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба - денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас, напиша Гаши во честитката.

The post Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>

Претседателот на македонското собрание Африм Гаши со честитка за 11 Октомври – Денот на народното востание. На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес. Денес, Република Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници. На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба - денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени. Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас, напиша Гаши во честитката.

The post Честитка од Африм Гаши по повод 11 Октомври – Денот на народното востание appeared first on Република.

]]>
Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-neka-ne-vodi-pobednichkiot-duh-na-11-oktomvri-vo-site-bitki-i-odluki-koi-se-pred-nas/ Fri, 11 Oct 2024 08:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=825414

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.

Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, вели Филипче во своето обраќање.

За жал, констатира Филипче, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните.

Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој светол ден клучното прашање кое треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата, истакна Филипче.

Филипче, исто така, упатува порака дека СДСМ останува со граѓаните и на вистинската страна на историјата уверен дека само така победата е сигурна.

Бевме на победничката страна и во 1941-та година и во 1991-та година, ќе бидеме и сега. СДСМ секогаш ќе биде тука заедно со своите граѓани и кога е во владата и кога е во опозиција. Бидејќи борбата за Македонија е борба на сите граѓани, а не само на една политичка гарнитура. Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас, потенцира Филипче.

The post Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата. Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, вели Филипче во своето обраќање. За жал, констатира Филипче, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните. Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој светол ден клучното прашање кое треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата, истакна Филипче. Филипче, исто така, упатува порака дека СДСМ останува со граѓаните и на вистинската страна на историјата уверен дека само така победата е сигурна. Бевме на победничката страна и во 1941-та година и во 1991-та година, ќе бидеме и сега. СДСМ секогаш ќе биде тука заедно со своите граѓани и кога е во владата и кога е во опозиција. Бидејќи борбата за Македонија е борба на сите граѓани, а не само на една политичка гарнитура. Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас, потенцира Филипче.

The post Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел да ја развиеме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nashite-dedovtsi-imaa-za-tsel-da-ja-oslobodat-drzhavata-a-nie-imame-tsel-da-ja-razvieme/ Fri, 11 Oct 2024 07:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=825402

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание. Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, се наведува во честитката од премиерот Христијан Мицкоски.

Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот.

Народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро.

Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија.

Почитувани сограѓани, иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот.

Ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднина за сите граѓани, проекти за развој, надеж која носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард.

Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас.

Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет.

Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани.

Нека е честит 11 Октомври – Денот на народното востание.

The post Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел да ја развиеме appeared first on Република.

]]>

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание. Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, се наведува во честитката од премиерот Христијан Мицкоски. Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот. Народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро. Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија. Почитувани сограѓани, иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот. Ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднина за сите граѓани, проекти за развој, надеж која носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард. Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас. Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет. Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани. Нека е честит 11 Октомври – Денот на народното востание.

The post Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел да ја развиеме appeared first on Република.

]]>
Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија на европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/blinken-po-povod-8-septemvri-sad-ke-prodolzhat-da-go-poddrzhuvaat-nashiot-sojuznik-severna-makedonija-na-evropskiot-pat/ Sun, 08 Sep 2024 13:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=814403

Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

-Американскиот народ и народот на Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен.

Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај.

-Го цениме нашето силно партнерство со Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.

The post Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија на европскиот пат appeared first on Република.

]]>

Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен. -Американскиот народ и народот на Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен. Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај. -Го цениме нашето силно партнерство со Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.

The post Блинкен по повод 8 Септември: САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник Македонија на европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Демократски сојуз: Да ја градиме и чуваме Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-da-ja-gradime-i-chuvame-makedonija/ Sun, 08 Sep 2024 12:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=814373

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 8 Септември, денот кога пред 33 години, сите граѓани без разлика на етничката припадност плебисцитарно се одлучија да живеат и создаваат во самостојна, суверена, модерна  и независна Македонија.

Демократски сојуз, потсетува дека само со слога, сплотеност и државничко однесување, но и со многу работа и  зачувување на националниот дигнитет, можеме да чекориме напред и да го зачуваме и одржиме заветот на нашите предци и на идните генерации да им ја оставиме Македонија како парче земја во која вреди да се живее и твори!

Пред Македонија се отвораат перспективи и од сите нас зависи дали ќе направиме коренити реформи и ќе обезбедиме услови за подобар живот за сите.

Европските стандарди не се достигнуваат со декларативни заложби, со правење отстапки на штета на националните интереси и унитарниот карактер на државата, туку со работа, принципиелност, посветеност и давање шанса на сите способни и креативни кадри.

Да ја градиме и чуваме Македонија!

The post Демократски сојуз: Да ја градиме и чуваме Македонија appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 8 Септември, денот кога пред 33 години, сите граѓани без разлика на етничката припадност плебисцитарно се одлучија да живеат и создаваат во самостојна, суверена, модерна  и независна Македонија. Демократски сојуз, потсетува дека само со слога, сплотеност и државничко однесување, но и со многу работа и  зачувување на националниот дигнитет, можеме да чекориме напред и да го зачуваме и одржиме заветот на нашите предци и на идните генерации да им ја оставиме Македонија како парче земја во која вреди да се живее и твори! Пред Македонија се отвораат перспективи и од сите нас зависи дали ќе направиме коренити реформи и ќе обезбедиме услови за подобар живот за сите. Европските стандарди не се достигнуваат со декларативни заложби, со правење отстапки на штета на националните интереси и унитарниот карактер на државата, туку со работа, принципиелност, посветеност и давање шанса на сите способни и креативни кадри. Да ја градиме и чуваме Македонија!

The post Демократски сојуз: Да ја градиме и чуваме Македонија appeared first on Република.

]]>
ВРЕДИ по повод 8 Септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-po-povod-8-septemvri-ovoj-den-e-simbol-na-nashata-odluchnost-i-stremezh-kon-demokratija-sloboda-i-prosperitet/ Sun, 08 Sep 2024 12:08:49 +0000 https://republika.mk/?p=814368

На денот кога ја одбележуваме 33-годишнината од независноста на нашата заедничка Република Македонија, Коалицијата ВЛЕН им упатува честитки на сите граѓани. Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет.

И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува.

Нашата генерација има историска должност да се справи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги вратат капацитетите на уништените државни институции.

Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши граѓани, без разлика на етничката припадност.

На овој важен ден, Коалицијата ВЛЕН ги повикува сите граѓани и политички чинители да го негуваат духот на единство, толеранција и соработка. Само така ќе продолжиме да го градиме општеството што го заслужуваме – општество на еднакви права, можности и стабилност.

Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

The post ВРЕДИ по повод 8 Септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет appeared first on Република.

]]>

На денот кога ја одбележуваме 33-годишнината од независноста на нашата заедничка Република Македонија, Коалицијата ВЛЕН им упатува честитки на сите граѓани. Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет. И по 33 години од независноста и 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за жал, сè уште отвораме прашања за употребата на мајчиниот јазик на Албанците, што во 21 век е цивилизациски дострел и демократска придобивка која не смее да се оспорува. Нашата генерација има историска должност да се справи со ендемичната политичка корупција и да преземе решителни чекори кон реформи кои ќе ги вратат капацитетите на уништените државни институции. Само преку транспарентност, одговорност и посветеност кон заедничкото добро, ќе можеме да обезбедиме иднина што ќе биде светла за сите наши граѓани, без разлика на етничката припадност. На овој важен ден, Коалицијата ВЛЕН ги повикува сите граѓани и политички чинители да го негуваат духот на единство, толеранција и соработка. Само така ќе продолжиме да го градиме општеството што го заслужуваме – општество на еднакви права, можности и стабилност. Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

The post ВРЕДИ по повод 8 Септември: Овој ден е симбол на нашата одлучност и стремеж кон демократија, слобода и просперитет appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-nashata-nezavisnost-e-nash-najgolem-uspeh/ Sun, 08 Sep 2024 09:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=814300

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се празнува под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“.

Пред 33 години, на референдумот во 1991 година, огромно мнозинство од граѓаните гласаа за независна, слободна и демократска Република Македонија. Патот кој го започнавме сите заедно беше долг и тежок, полн со предизвици.

Зад себе имаме три децении независност исполнети со искушенија, падови, но и моменти на гордост. Посакувавме своја држава во која ќе имаме силни институции без корупција, економија која нуди шанси за сите, здравствен систем кој навистина им помага на болните и образовен систем кој создава нови лидери. Нашата визија беше да изградиме држава каде младите ќе ја гледаат својата иднина, каде законите важат за сите подеднакво и каде секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено.

И понатаму наша најголема обврска останува да биде градењето на систем каде владее правото и правдата. Борбата против криминалот и корупцијата е наша заедничка цел и наш приоритет. Само со неселективна правда и закони кои важат еднакво за сите, можеме да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува безбедно и заштитено. За таа цел, цврсто сме посветени на градење систем од силни институции, модерна и професионална полиција, која ќе биде гарант за безбедноста и стабилноста на нашата држава.

Низ годините наназад направивме големи отстапки, верувајќи дека тие ќе не приближат кон интеграција во Европската Унија и ќе овозможат подобар стандард и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Но и покрај тие напори, нашата интеграција во Европската Унија сè уште не е реализирана. Ова не е причина за обесхрабрување – напротив, тоа е поттик да продолжиме да се бориме за она што ни следува.

Денес, како Влада фокусирани сме на привлекување нови инвестиции, воведување на нови технологии, отворање нови работни места, сè со цел создадавање на поквалитетен живот за секого. Но најважно, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати и каде секој граѓанин има еднакви можности.

Нашата независност е наш најголем успех, но и најголема обврска. Со храбри одлуки, заеднички труд и институции со интегритет ослободени од секакви влијанија, можеме да изградиме иднина каква што заслужуваме – иднина во која Македонија ќе биде модерна европска држава, гордо застаната рамо до рамо со европските држави.
Заедно се бориме, заедно ќе успееме! Нека е честит Денот на независноста 8 Септември! Да живее Македонија!

The post Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати честитка до сите граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста, кој годинава се празнува под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме“. Пред 33 години, на референдумот во 1991 година, огромно мнозинство од граѓаните гласаа за независна, слободна и демократска Република Македонија. Патот кој го започнавме сите заедно беше долг и тежок, полн со предизвици. Зад себе имаме три децении независност исполнети со искушенија, падови, но и моменти на гордост. Посакувавме своја држава во која ќе имаме силни институции без корупција, економија која нуди шанси за сите, здравствен систем кој навистина им помага на болните и образовен систем кој создава нови лидери. Нашата визија беше да изградиме држава каде младите ќе ја гледаат својата иднина, каде законите важат за сите подеднакво и каде секој граѓанин ќе се чувствува достоинствено. И понатаму наша најголема обврска останува да биде градењето на систем каде владее правото и правдата. Борбата против криминалот и корупцијата е наша заедничка цел и наш приоритет. Само со неселективна правда и закони кои важат еднакво за сите, можеме да создадеме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува безбедно и заштитено. За таа цел, цврсто сме посветени на градење систем од силни институции, модерна и професионална полиција, која ќе биде гарант за безбедноста и стабилноста на нашата држава. Низ годините наназад направивме големи отстапки, верувајќи дека тие ќе не приближат кон интеграција во Европската Унија и ќе овозможат подобар стандард и поквалитетен живот за сите наши граѓани. Но и покрај тие напори, нашата интеграција во Европската Унија сè уште не е реализирана. Ова не е причина за обесхрабрување – напротив, тоа е поттик да продолжиме да се бориме за она што ни следува. Денес, како Влада фокусирани сме на привлекување нови инвестиции, воведување на нови технологии, отворање нови работни места, сè со цел создадавање на поквалитетен живот за секого. Но најважно, заедно ја градиме државата во која владеат правото и правдата, каде јасно ставаме до знаење дека криминалот не се исплати и каде секој граѓанин има еднакви можности. Нашата независност е наш најголем успех, но и најголема обврска. Со храбри одлуки, заеднички труд и институции со интегритет ослободени од секакви влијанија, можеме да изградиме иднина каква што заслужуваме – иднина во која Македонија ќе биде модерна европска држава, гордо застаната рамо до рамо со европските држави. Заедно се бориме, заедно ќе успееме! Нека е честит Денот на независноста 8 Септември! Да живее Македонија!  

The post Тошковски: Нашата независност е наш најголем успех appeared first on Република.

]]>
Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-po-povod-33-godini-nezavisnost-vreme-za-splotenost-i-odluchnost-za-podobro-utre/ Sun, 08 Sep 2024 08:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=814289

По повод 8 Септември, Денот на независноста, претседателот на СДСМ, Венко Филипче испрати честитки до сите граѓани на нашата татковина.

Денешниот 8 Септември и 33 години независност на нашата Македонија нѐ потсетуваат на силата, единството и храброста што ја имавме кога го избравме патот на суверенитет и самостојност, наведува претседателот на СДСМ Филипче.

Во изминатите 33 години, нашата татковина се изгради како независна, суверена држава, одлучна да го заземе своето место на европската и на светската сцена, потенцира тој.

Овој пат не беше лесен и беше исполнет со предизвици, но и со многу достигнувања. Патот што го избравме пред три децении е потврда на нашата колективна волја за достоинство и просперитет. Во овие три децении, Македонија ги зајакна своите институции, ја обезбеди својата меѓународна позиција и создаде услови за економски и социјален напредок, вели Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцира дека нашата држава денес се наоѓа пред многу искушенија, кои бараат од нас да покажеме уште поголема зрелост, сплотеност и одлучност. Пред нас се моменти кога мораме да го зачуваме она што е стекнато со многу труд – демократијата.

Во ова време на нови предизвици поврзани со понатамошниот пат по кој ќе се движи Македонија, време е нашата сила и способноста на нашите граѓани да ја искористиме за да ја надминеме секоја препрека што стои на патот кон подобро утре. Пред нас е одговорноста да ја продолжиме изградбата на општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности, а нашата земја ќе биде пример за стабилност, толеранција и напредок. Честит 8 Септември!, стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Да ја продолжиме заедничката борба за просперитетна и стабилна Македонија!

The post Филипче по повод 33 години независност: Време за сплотеност и одлучност за подобро утре appeared first on Република.