честитика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestitika/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 08:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png честитика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chestitika/ 32 32 Ахмети му ја честиташе победата на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 08:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=834599

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави и до американскиот народ.

Очите на целиот свет се насочени кон Соединетите Американски Држави каде се гласаше за 47-ми претседател на водечката земја во демократскиот свет. Американските гласачи се определија за импресивно враќање на претседателот Трамп во Белата куќа во Вашингтон, вели Ахмети во честитката.

Му честитам на американскиот народ и на претседателот Трамп за неговиот денешен избор, додава Ахмети, и како што вели, го споделува уверувањето дека американскиот фокус на Балканот ќе продолжи да биде силен како и секогаш за конечно да се решат отворените прашања меѓу земјите од Југоисточна Европа. 

The post Ахмети му ја честиташе победата на Трамп appeared first on Република.

]]>

Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pendarovski-po-povod-denot-na-makedonskiot-jazik-se-dodeka-go-zboruvame-se-dodeka-sozdavame-i-tvorime-na-makedonski-nashiot-jazik-ke-postoi-i-site-negovi-iratsionalni-negatsii-ke-bidat-bespredmetni/ Sun, 05 May 2024 09:32:34 +0000 https://republika.mk/?p=774437

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.

The post Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни appeared first on Република.

]]>

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:
Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе..., сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците. Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет. Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.  

The post Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик: Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни appeared first on Република.

]]>
Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-srekna-2023-ta-agonijata-vo-makedonija-neka-se-transformira-vo-nov-pochetok-kon-povtoren-natsionalen-i-individualen-triumf/ Sun, 01 Jan 2023 11:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=592536

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф, порача поранешниот премиер Никола Груевски во новогодишната честитка.

Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место! Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! Бог нека е со Вас и со Македонија!- напиша Груевски во честитката на својот профил на Фејсбук.

Тој на крајот во пост скриптум додава: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша.

The post Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! appeared first on Република.

Петровска: Да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-da-ja-shirime-megjusebnata-pochit-chovechnosta-i-dobrata-misla/ Mon, 02 May 2022 14:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=496356

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку својот официјален фејсбук профил им го честита Рамазан Бајрам на сите припадници од исламска вероисповед.

Нека е честит Рамазан Бајрам! На сите верници од исламска вероисповест им го честитам овој голем верски празник. Во духот на празникот да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла, наведува Петровска во честитката.

Министерката Петровска на сите верници им посакува здравје, спокој, благодет и неизмерна среќа.

The post Петровска: Да ја шириме меѓусебната почит, човечноста и добрата мисла appeared first on Република.