чешма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cheshma/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 20:20:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чешма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cheshma/ 32 32 Ни челична ограда ни знаци не ги одвраќаат битолчани од чешмата-убиец, се бара трајно решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ni-chelichna-ograda-ni-znaci-ne-gi-odvrakjaat-bitolchani-od-cheshmata-ubiec-se-bara-trajno-reshenie/ Sat, 29 Oct 2022 07:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=567005

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на СВР Битола, попладнево, извршија увид во месноста Кисела вода, каде се наоѓа чешмата, која во последните две децении одзеде повеќе животи, a неодамна беше кобна за двајца браќа.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-bitolchani-se-ugushile-od-cheshmata-ubiec-vo-bitolska-kisela-voda/

Како што соопштуваат од Општината, во разговорот со дел од жителите од околните населени места, беше истакнато дека досегашните решенија на поставување челична ограда и табла како предупредувачки знак за опасноста која се заканува, не дале резултат, поради што неопходно е во решавањето на проблемот да се пристапи со вклучување на стручни лица од сите институции надлежни за оваа проблематика.

Иако едукативното и советодавно делување кај населението е доста важно и истото веќе се спроведува, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ќе се заложи за што е можно побрза координација со државните институции и извршување на соодветна интервенција која нема да дозволи, несреќите да се повторуваат, велат од Општина Битола.

The post Ни челична ограда ни знаци не ги одвраќаат битолчани од чешмата-убиец, се бара трајно решение appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на СВР Битола, попладнево, извршија увид во месноста Кисела вода, каде се наоѓа чешмата, која во последните две децении одзеде повеќе животи, a неодамна беше кобна за двајца браќа. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-bitolchani-se-ugushile-od-cheshmata-ubiec-vo-bitolska-kisela-voda/ Како што соопштуваат од Општината, во разговорот со дел од жителите од околните населени места, беше истакнато дека досегашните решенија на поставување челична ограда и табла како предупредувачки знак за опасноста која се заканува, не дале резултат, поради што неопходно е во решавањето на проблемот да се пристапи со вклучување на стручни лица од сите институции надлежни за оваа проблематика.
Иако едукативното и советодавно делување кај населението е доста важно и истото веќе се спроведува, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината ќе се заложи за што е можно побрза координација со државните институции и извршување на соодветна интервенција која нема да дозволи, несреќите да се повторуваат, велат од Општина Битола.

The post Ни челична ограда ни знаци не ги одвраќаат битолчани од чешмата-убиец, се бара трајно решение appeared first on Република.

]]>
Двајца Битолчани се угушиле од чешмата убиец во битолска Кисела вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-bitolchani-se-ugushile-od-cheshmata-ubiec-vo-bitolska-kisela-voda/ Wed, 26 Oct 2022 19:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=566047

Злогласната чешма во месноста Кисела Вода во Битола зеде нови жртви. Овојпат од смртоносниот гас што го испушта изворот се угушија битолчаните А.Н. (68) и К. Н. (63).

Од СВР Битола соопштија дека во 16.24 часот од Итна медицинска помош-Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар-Битола, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.

Од Битолската противпожарна единица соопштија дека тројца пожарникари со маски и опрема слегле кај јамската шема и ги извлекле двајцата мажи, но веќе биле мртви.

Неофицијално се работи за браќа, а очевидци раскажуваат дека двајцата пешачеле и слегле кај јамската чешма со кисела вода.

The post Двајца Битолчани се угушиле од чешмата убиец во битолска Кисела вода appeared first on Република.

]]>

Злогласната чешма во месноста Кисела Вода во Битола зеде нови жртви. Овојпат од смртоносниот гас што го испушта изворот се угушија битолчаните А.Н. (68) и К. Н. (63). Од СВР Битола соопштија дека во 16.24 часот од Итна медицинска помош-Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина на село Крстоар-Битола, имало две починати машки лица. За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција. Од Битолската противпожарна единица соопштија дека тројца пожарникари со маски и опрема слегле кај јамската шема и ги извлекле двајцата мажи, но веќе биле мртви. Неофицијално се работи за браќа, а очевидци раскажуваат дека двајцата пешачеле и слегле кај јамската чешма со кисела вода.

The post Двајца Битолчани се угушиле од чешмата убиец во битолска Кисела вода appeared first on Република.

]]>