чешка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cheshka/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чешка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cheshka/ 32 32 Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/slovatsi-i-chesi-ispratija-pomosh-za-zhitelite-na-kursk-nastradani-od-napadite-na-ukrainskite-sili/ Thu, 21 Nov 2024 09:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=840202

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина.

По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра.

Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.

Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Голем број државјани на Словачка и Чешка испратиле хуманитарна помош за жителите на Курската област во Русија, кои настрадаа од вооружените сили на Украина. По дипломатски пат од Братислава во Москва се префрлени 50.000 евра. Средствате ги собрале и граѓани на Чешка, како и Словаци кои живеат во странство. Акцијата добила широка поддршка кај словачкото население.
Иницијаторите на акцијата лично дојдоа во Москва и се сретнаа со претставници од регионот, пренесува „Звезда“.

The post Словаци и Чеси испратија помош за жителите на Курск настрадани од нападите на украинските сили appeared first on Република.

]]>
Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата да станат дел од украинските вооружени сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sheeset-cheshki-drzhavjani-dobile-dozvola-od-drzhavata-da-stanat-del-od-ukrainskite-vooruzheni-sili/ Sun, 03 Nov 2024 14:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=833771

Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека на 60 чешки државјани им е дозволено да се приклучат на вооружените сили на Украина.

Како што објавуваат чешки медиуми, вкупно, повеќе од 180 Чеси се пријавиле да се приклучат на украинската армија.

Барањата ги разгледале МНР, МВР и Министерството за одбрана на Чешка, а потоа и претседателите, прво Милош Земан, а потоа и Петр Павел кој го наследи на функцијата.

Постојат и такви чешки граѓани кои се приклучуваат на украинските силк без да добијат официјална дозвола за тоа, кои во таков случај, според чешкиот закон, може да се соочат со затворска казна за платеник - до пет години. Сепак, во март 2022 година, Чешка одлучи да не ги казнува оние граѓани кои одат да се борат во Украина без дозвола од државата.

The post Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата да станат дел од украинските вооружени сили appeared first on Република.

]]>

Прес-секретарот на претседателот на Чешка објави дека на 60 чешки државјани им е дозволено да се приклучат на вооружените сили на Украина. Како што објавуваат чешки медиуми, вкупно, повеќе од 180 Чеси се пријавиле да се приклучат на украинската армија. Барањата ги разгледале МНР, МВР и Министерството за одбрана на Чешка, а потоа и претседателите, прво Милош Земан, а потоа и Петр Павел кој го наследи на функцијата. Постојат и такви чешки граѓани кои се приклучуваат на украинските силк без да добијат официјална дозвола за тоа, кои во таков случај, според чешкиот закон, може да се соочат со затворска казна за платеник - до пет години. Сепак, во март 2022 година, Чешка одлучи да не ги казнува оние граѓани кои одат да се борат во Украина без дозвола од државата.

The post Шеесет чешки државјани добиле дозвола од државата да станат дел од украинските вооружени сили appeared first on Република.

]]>
Пречкртано албанско знаме и скандирања „Косово е Србија“ на меч во Чешка https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/prechkrtano-albansko-zname-i-skandirana-kosovo-e-srbija-na-mech-vo-cheshka/ Sat, 12 Oct 2024 09:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=825815

Превртени и пречкртани албански знамиња, како и скандирање „Косово е Србија“ го одбележаа мечот Чешка-Албанија, чии репрезентации ги одмеруваа силите како во Прага како дел од Лигата на нации.

Чешка победи на натпреварот со 2-0, а допрва ќе се знае дали и како репрезентацијата ќе биде казнета поради овие потези на навивачите.

The post Пречкртано албанско знаме и скандирања „Косово е Србија“ на меч во Чешка appeared first on Република.

]]>

Превртени и пречкртани албански знамиња, како и скандирање „Косово е Србија“ го одбележаа мечот Чешка-Албанија, чии репрезентации ги одмеруваа силите како во Прага како дел од Лигата на нации. Чешка победи на натпреварот со 2-0, а допрва ќе се знае дали и како репрезентацијата ќе биде казнета поради овие потези на навивачите.

The post Пречкртано албанско знаме и скандирања „Косово е Србија“ на меч во Чешка appeared first on Република.

]]>
Се разгледува можноста за воведување на нови авиолинии меѓу Македонија и Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-razgleduva-mozhnosta-za-voveduvane-na-novi-aviolinii-megu-makedonija-i-cheshka/ Tue, 01 Oct 2024 17:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=821498

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.

На средбата на која што беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји.

Исто така се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот за условите и критериумите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид.

[caption id="attachment_821499" align="alignnone" width="690"] Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва[/caption]

Дополнително министерот го информираше амбасадорот и за инвестиционите планови во инфраструктурата.

На средбата се разговараше и за актуелните политички и економски прашања во земјата и регионот со посебен акцент на реформските процеси што се спроведуваат а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Министерот ја потенцира досегашната соработка меѓу двете земји и се согласија дека постои можност за интензивирање на таквата соработка во интерес на двата народи.

The post Се разгледува можноста за воведување на нови авиолинии меѓу Македонија и Чешка appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва. На средбата на која што беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше за идна соработка во различни сектори од заеднички интерес меѓу двете земји. Исто така се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на нови авиолини меѓу двете земји, притоа министерот Николоски го запозна амбасадорот за условите и критериумите од веќе објавениот јавен повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. [caption id="attachment_821499" align="alignnone" width="690"] Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва[/caption] Дополнително министерот го информираше амбасадорот и за инвестиционите планови во инфраструктурата. На средбата се разговараше и за актуелните политички и економски прашања во земјата и регионот со посебен акцент на реформските процеси што се спроведуваат а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. Министерот ја потенцира досегашната соработка меѓу двете земји и се согласија дека постои можност за интензивирање на таквата соработка во интерес на двата народи.

The post Се разгледува можноста за воведување на нови авиолинии меѓу Македонија и Чешка appeared first on Република.

]]>
Изложба „Неконечен дијалог” на Петра Јовановска и Вит Павлик во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-nekonechen-dijalog-na-petra-jovanovska-i-vit-pavlik-vo-cheshka/ Tue, 03 Sep 2024 09:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=812581

В четврток, на 5 септември, со почеток во 17 часот ќе биде свечено отворена дуо
изложба со наслов „Неконечен дијалог” на Петра Јовановска и Вит Павлик во
Чешка, во просториите на музејот на градот Кдиње.

Двајцата уметници ќе се претстават со ликовни дела изработени во техника
акрил на платно. Ќе се обидат да започнат еден ликовен дијалог, кој наскоро
ќе го продолжат и во Скопје, но со друг ликовен концепт, други ликовни дела
создадени во други техники.
Изложбата свечено ќе ја отвори Вацлав Сика, кураторот на изложбата.

The post Изложба „Неконечен дијалог” на Петра Јовановска и Вит Павлик во Чешка appeared first on Република.

]]>

В четврток, на 5 септември, со почеток во 17 часот ќе биде свечено отворена дуо изложба со наслов „Неконечен дијалог” на Петра Јовановска и Вит Павлик во Чешка, во просториите на музејот на градот Кдиње. Двајцата уметници ќе се претстават со ликовни дела изработени во техника акрил на платно. Ќе се обидат да започнат еден ликовен дијалог, кој наскоро ќе го продолжат и во Скопје, но со друг ликовен концепт, други ликовни дела создадени во други техники. Изложбата свечено ќе ја отвори Вацлав Сика, кураторот на изложбата.

The post Изложба „Неконечен дијалог” на Петра Јовановска и Вит Павлик во Чешка appeared first on Република.

]]>
Чешка ги засили мерките поради конкретна терористичка закана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-gi-zasili-merkite-poradi-konkretna-teroristichka-zakana/ Sun, 09 Jun 2024 09:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=785870

Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради закани од терористички напади, со зголемени патроли кои ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе.

Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага поврзана со напади во странство. Осомничениот е уапсен. На луѓето во Чешка не им се заканува поголем ризик, изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

Како што пренесува Бета, чешкиот весник „Млада фронта Днес“ од неофицијални извори дознава дека станува збор за закана од терористички напади врз инфраструктурата, а важат и за други земји.

Чешкиот совет за национална безбедност утре ќе одржи итен состанок.

The post Чешка ги засили мерките поради конкретна терористичка закана appeared first on Република.

]]>

Чешката полиција ги зајакна безбедносните мерки во Прага и е во состојба на готовност поради закани од терористички напади, со зголемени патроли кои ги чуваат автобуските и железничките станици, трговските центри и местата каде што се собира голем број луѓе. Можам да потврдам дека полицијата во моментов презема превентивни мерки. Полицијата води истрага поврзана со напади во странство. Осомничениот е уапсен. На луѓето во Чешка не им се заканува поголем ризик, изјави денеска министерот за внатрешни работи Вит Ракушан. Како што пренесува Бета, чешкиот весник „Млада фронта Днес“ од неофицијални извори дознава дека станува збор за закана од терористички напади врз инфраструктурата, а важат и за други земји. Чешкиот совет за национална безбедност утре ќе одржи итен состанок.

The post Чешка ги засили мерките поради конкретна терористичка закана appeared first on Република.

]]>
Трагедија утрово во Чешка: Четворица загинати, повеќе повредени во директен судир на два воза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-utrovo-vo-cheshka-chetvoritsa-zaginati-poveke-povredeni-vo-direkten-sudir-na-dva-voza/ Thu, 06 Jun 2024 07:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=785135

Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово.

Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија. Нашите мисли се со жртвите и повредените, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство.

Од 23 повредени лица, 20 се здобиле со полесни повреди, а тројца се со потешки повреди, рече Ракусан.

Според противпожарната бригада, во патничкиот воз имало повеќе од 300 луѓе.

На местото на несреќата, на околу 100 километри источно од Прага, распоредени се голем број пожарникари, болничари и лекари, како и два спасувачки хеликоптери.

Ракусан и министерот за транспорт Мартин Купка веднаш отпатуваа на местото на несреќата откако добија извештаи за инцидентот.

Купка рече дека се уште е рано да се коментира за веројатната причина за несреќата бидејќи истрагата се уште е во тек.

Во Чешка, фаталните железнички несреќи во јули 2020 и август 2021 година поттикнаа повици за модернизација на железничката инфраструктура.

Владата планира да го имплементира Европскиот систем за контрола на возови (ETCS) низ целата железничка мрежа до 2025 година за да ја подобри безбедноста

The post Трагедија утрово во Чешка: Четворица загинати, повеќе повредени во директен судир на два воза appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово.
Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија. Нашите мисли се со жртвите и повредените, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство.
Од 23 повредени лица, 20 се здобиле со полесни повреди, а тројца се со потешки повреди, рече Ракусан. Според противпожарната бригада, во патничкиот воз имало повеќе од 300 луѓе. На местото на несреќата, на околу 100 километри источно од Прага, распоредени се голем број пожарникари, болничари и лекари, како и два спасувачки хеликоптери. Ракусан и министерот за транспорт Мартин Купка веднаш отпатуваа на местото на несреќата откако добија извештаи за инцидентот. Купка рече дека се уште е рано да се коментира за веројатната причина за несреќата бидејќи истрагата се уште е во тек. Во Чешка, фаталните железнички несреќи во јули 2020 и август 2021 година поттикнаа повици за модернизација на железничката инфраструктура. Владата планира да го имплементира Европскиот систем за контрола на возови (ETCS) низ целата железничка мрежа до 2025 година за да ја подобри безбедноста

The post Трагедија утрово во Чешка: Четворица загинати, повеќе повредени во директен судир на два воза appeared first on Република.

]]>
Чесите повторно се светски прваци во хокеј https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/chesite-povtorno-se-svetski-prvatsi-vo-hokej/ Mon, 27 May 2024 20:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=782215

Најдобрите чешки хокеари станаа светски шампиони по седми пат во својата историја.

Во големото финале пред своите навивачи во Прага ја совладаа Швајцарија со резултат 2:0.

Третото место го освои селекцијата на Шведска совладувајќи ја Канада со 4:2.

Треба да се има предвид дека ниту тие ниту Американците не играа во најсилен состав бидејќи НХЛ сезоната е во тек.

На патот до пехарот, Чешка во нокаут фазата ги победи САД, па Шведска, па славјето може да започне по финалето.

 

The post Чесите повторно се светски прваци во хокеј appeared first on Република.

]]>

Најдобрите чешки хокеари станаа светски шампиони по седми пат во својата историја. Во големото финале пред своите навивачи во Прага ја совладаа Швајцарија со резултат 2:0. Третото место го освои селекцијата на Шведска совладувајќи ја Канада со 4:2. Треба да се има предвид дека ниту тие ниту Американците не играа во најсилен состав бидејќи НХЛ сезоната е во тек. На патот до пехарот, Чешка во нокаут фазата ги победи САД, па Шведска, па славјето може да започне по финалето.  

The post Чесите повторно се светски прваци во хокеј appeared first on Република.

]]>
Чешки навивачи крвнички се степаа среде терен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/cheshki-navivachi-krvnichki-se-stepaa-srede-teren/ Thu, 23 May 2024 09:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=781062

Шокантни сцени по натпреварот од Купот на Чешка.По мечот меѓу Спарта и Викторија Плзен, на кој прашкиот тим ја освои „двојната круна“ со голот на Вељко Бирманчевиќ во 91. минута на теренот настана целосен хаос.

Голем број хулигани излетаа на теренот, а полицијата имаше полни раце работа.

 

 

 

The post Чешки навивачи крвнички се степаа среде терен appeared first on Република.

]]>

Шокантни сцени по натпреварот од Купот на Чешка.По мечот меѓу Спарта и Викторија Плзен, на кој прашкиот тим ја освои „двојната круна“ со голот на Вељко Бирманчевиќ во 91. минута на теренот настана целосен хаос. Голем број хулигани излетаа на теренот, а полицијата имаше полни раце работа.    
 

The post Чешки навивачи крвнички се степаа среде терен appeared first on Република.

]]>
Чешкa нe дозволи легализација на истополовите бракови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-ne-dozvoli-legalizatsija-na-istopolovite-brakovi/ Thu, 29 Feb 2024 07:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=749459

Долниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА.

Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци или вдовици.

Пратениците вчера се согласија да дозволат заедничко посвојување само доколку еден од партнерите е биолошки родител.

Групата „Ние сме фер“ („Jsme Fer“), која води кампања за истополови бракови, на „Х“ напиша дека тоа е „тажен ден за правдата и еднаквоста во земјата“.

Во истражувањето на 834 учесници, спроведено од Институтот за истражување ЦВВМ минатата година, 58 отсто од испитаниците биле за воведување брак за сите, 38 отсто биле против, а четири отсто биле неопределени.

Во Европската унија, многу земји-членки сега дозволуваат истополови бракови. Претходно во февруари, грчкиот Парламент со големо мнозинство го одобри граѓанскиот брак за истополовите парови, со што стана првата мнозинска христијанска православна земја што го направи тоа.

The post Чешкa нe дозволи легализација на истополовите бракови appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА. Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци или вдовици. Пратениците вчера се согласија да дозволат заедничко посвојување само доколку еден од партнерите е биолошки родител. Групата „Ние сме фер“ („Jsme Fer“), која води кампања за истополови бракови, на „Х“ напиша дека тоа е „тажен ден за правдата и еднаквоста во земјата“. Во истражувањето на 834 учесници, спроведено од Институтот за истражување ЦВВМ минатата година, 58 отсто од испитаниците биле за воведување брак за сите, 38 отсто биле против, а четири отсто биле неопределени. Во Европската унија, многу земји-членки сега дозволуваат истополови бракови. Претходно во февруари, грчкиот Парламент со големо мнозинство го одобри граѓанскиот брак за истополовите парови, со што стана првата мнозинска христијанска православна земја што го направи тоа.

The post Чешкa нe дозволи легализација на истополовите бракови appeared first on Република.

]]>
Има загинати и повредени: Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ima-zaginati-i-povredeni-sudar-megu-brz-voz-i-kamion-na-istokot-na-cheshka/ Wed, 24 Jan 2024 10:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=736254

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени.

Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица.

Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин.

Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Според надлежните оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.

The post Има загинати и повредени: Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка appeared first on Република.

]]>

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени. Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица. Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот Бохумин. Надлежните изјавија дека во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата. Според надлежните оваа делница од пругата денеска ќе биде затворена за сообраќај.

The post Има загинати и повредени: Судар меѓу брз воз и камион на истокот на Чешка appeared first on Република.

]]>
Убиецот доаѓаше кај мене во ноември, го учев да пука: Чешки тренер по стрелање во неверување пo масакрот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubietsot-doagashe-kaj-mene-vo-noemvri-go-uchev-da-puka-cheshki-trener-po-strelane-vo-neveruvane-po-masakrot/ Sat, 23 Dec 2023 12:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=725922

Откако фотографиите на Давид Козак, студент на Карловиот универзитет во Прага, кој го уби сопствениот татко, а потоа и 13 луѓе на Филозофскиот факултет, го обиколија светот, еден човек остана запрепастен кога дозна дека ја запознал личноста неколку недели порано – во стрелиште.

Тренерот за пукање Мартин Соботка од CZ Protect изјави за CNN Prima News дека го обучувал убиецот како да пука од оружје само неколку недели пред масакрот.

Давид Козак ги побарал услугите на неговата компанија во ноември.

Побара што побрзо да го завршиме курсот. Беше тивок, се изразуваше на многу културен начин, но на некој начин се разликуваше од другите клиенти, рече Соботка.

Кога ја видов неговата фотографија, веднаш се сетив на него. Тоа беше некаде во ноември. Ја донесе сета своја опрема, само сакаше да научи да ракува со пушка, рече Соботка и на тој начин потврди дека убиецот еден месец го подготвувал својот криминален план.

Посочува дека кај нив дошол со автобус, а пушката ја чувал во класична кутија, а не во куфер за гитара, како што сведочеа некои.

Не зборуваше многу, беше многу тивок. Имаше многу добра опрема, беше очигледно дека го интересира стрелаштвото. Тој инсистираше на тоа дека сака да го заврши курсот што е можно поскоро, рече Соботка.

Тој посочува дека не барал дополнителни информации и дека било јасно дека е целосно фокусиран да научи што подобро да ракува со пушката.

Тоа е голема трагедија за Чешка. Размислуваме за воведување посебна процедура за селекција за прифаќање идни клиенти, рече тој.

Друг тренер за стрелање, Мартин Фишер, изјави за CNN Prima News дека е многу тешко да се дојде до оружје во Чешка.

„Мора да исполнувате многу услови – здравствено уверение, не смеете да имате криминално досие, па дури и тешки прекршоци неодамна. Се е проверено. Кандидатот мора да научи 500 прашања, а на испитот не смее да има грешки. Изненадувачки голем број луѓе воопшто не успеваат да го поминат првиот круг. Само околу 50 отсто од кандидатите успеваат“, рече тој.

The post Убиецот доаѓаше кај мене во ноември, го учев да пука: Чешки тренер по стрелање во неверување пo масакрот appeared first on Република.

]]>

Откако фотографиите на Давид Козак, студент на Карловиот универзитет во Прага, кој го уби сопствениот татко, а потоа и 13 луѓе на Филозофскиот факултет, го обиколија светот, еден човек остана запрепастен кога дозна дека ја запознал личноста неколку недели порано – во стрелиште. Тренерот за пукање Мартин Соботка од CZ Protect изјави за CNN Prima News дека го обучувал убиецот како да пука од оружје само неколку недели пред масакрот. Давид Козак ги побарал услугите на неговата компанија во ноември. Побара што побрзо да го завршиме курсот. Беше тивок, се изразуваше на многу културен начин, но на некој начин се разликуваше од другите клиенти, рече Соботка. Кога ја видов неговата фотографија, веднаш се сетив на него. Тоа беше некаде во ноември. Ја донесе сета своја опрема, само сакаше да научи да ракува со пушка, рече Соботка и на тој начин потврди дека убиецот еден месец го подготвувал својот криминален план. Посочува дека кај нив дошол со автобус, а пушката ја чувал во класична кутија, а не во куфер за гитара, како што сведочеа некои. Не зборуваше многу, беше многу тивок. Имаше многу добра опрема, беше очигледно дека го интересира стрелаштвото. Тој инсистираше на тоа дека сака да го заврши курсот што е можно поскоро, рече Соботка. Тој посочува дека не барал дополнителни информации и дека било јасно дека е целосно фокусиран да научи што подобро да ракува со пушката. Тоа е голема трагедија за Чешка. Размислуваме за воведување посебна процедура за селекција за прифаќање идни клиенти, рече тој. Друг тренер за стрелање, Мартин Фишер, изјави за CNN Prima News дека е многу тешко да се дојде до оружје во Чешка. „Мора да исполнувате многу услови – здравствено уверение, не смеете да имате криминално досие, па дури и тешки прекршоци неодамна. Се е проверено. Кандидатот мора да научи 500 прашања, а на испитот не смее да има грешки. Изненадувачки голем број луѓе воопшто не успеваат да го поминат првиот круг. Само околу 50 отсто од кандидатите успеваат“, рече тој.

The post Убиецот доаѓаше кај мене во ноември, го учев да пука: Чешки тренер по стрелање во неверување пo масакрот appeared first on Република.

]]>
Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-cheshka-den-na-zhalost-za-zhrtvite-od-pukaneto-na-karloviot-univerzitet/ Sat, 23 Dec 2023 09:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=725866

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот.

Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл.

Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите.

Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе.

Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со едноминутно молчење.

The post Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет appeared first on Република.

]]>

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот. Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл. Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите. Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе. Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со едноминутно молчење.

The post Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет appeared first on Република.

]]>
В сабота е Ден на жалост во Чешка заради масовното убиство во Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/v-sabota-e-den-na-zhalost-vo-cheshka-zaradi-masovnoto-ubistvo-vo-praga/ Fri, 22 Dec 2023 07:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=725511

Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.

Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја.

Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

The post В сабота е Ден на жалост во Чешка заради масовното убиство во Прага appeared first on Република.

]]>

Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.
Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.
Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја. Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

The post В сабота е Ден на жалост во Чешка заради масовното убиство во Прага appeared first on Република.

]]>
Чешка има сериозен недостиг од руски челик и го повикува Брисел да ги олесни санкциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-ima-seriozen-nedostig-od-ruski-chelik-i-go-povikuva-brisel-da-gi-olesni-sanktsiite/ Sun, 17 Dec 2023 07:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=723638

Чешкиот министер за индустрија и трговија, Јозеф Сикела, ја истакна итната потреба на неговата земја од руски челик, истакнувајќи ја разликата во материјалите.

Тој појаснува дека кинеската легура е јасно инфериорна во однос на руската во градежната индустрија при изградба на мостови.

Сикела, исто така, изрази уверување дека санкциите треба да им наштетат на оние против кои се насочени, а не на оние кои ги воведуваат.

Според сегашните одредби, Чешката Република може да прима испораки од руски челик до крајот на 2024 година.

The post Чешка има сериозен недостиг од руски челик и го повикува Брисел да ги олесни санкциите appeared first on Република.

]]>

Чешкиот министер за индустрија и трговија, Јозеф Сикела, ја истакна итната потреба на неговата земја од руски челик, истакнувајќи ја разликата во материјалите. Тој појаснува дека кинеската легура е јасно инфериорна во однос на руската во градежната индустрија при изградба на мостови. Сикела, исто така, изрази уверување дека санкциите треба да им наштетат на оние против кои се насочени, а не на оние кои ги воведуваат. Според сегашните одредби, Чешката Република може да прима испораки од руски челик до крајот на 2024 година.

The post Чешка има сериозен недостиг од руски челик и го повикува Брисел да ги олесни санкциите appeared first on Република.

]]>
Широко ги отвара вратите: Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shiroko-gi-otvara-vratite-cheshka-gi-zgolemi-kvotite-za-stranski-rabotnitsi-vkluchitelno-i-od-makedonija/ Thu, 14 Dec 2023 12:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=722920

Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците.

Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1. 500 на 2. 500.

Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија.

Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20. 000 годишно.

Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници.

Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5. 000 на 10. 300, според министерот за труд Маријан Јуречка.

Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8. 000 до 10. 000 непополнети позиции.

Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60. 000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25. 000 до 28. 000 професионални возачи во следната година.

The post Широко ги отвара вратите: Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците. Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1. 500 на 2. 500. Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија. Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20. 000 годишно. Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници. Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5. 000 на 10. 300, според министерот за труд Маријан Јуречка. Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8. 000 до 10. 000 непополнети позиции. Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60. 000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25. 000 до 28. 000 професионални возачи во следната година.

The post Широко ги отвара вратите: Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија appeared first on Република.

]]>
Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-gi-zgolemi-kvotite-za-stranski-rabotnitsi-vkluchitelno-i-od-makedonija/ Thu, 14 Dec 2023 11:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=722894

Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците.

Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1.500 на 2.500. Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија.

Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20.000 годишно.

Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници. Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5.000 на 10.300, според министерот за труд Маријан Јуречка.

Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8.000 до 10.000 непополнети позиции. Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60.000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25.000 до 28.000 професионални возачи во следната година.

The post Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија appeared first on Република.

]]>

Чешкиот кабинет одобри нов предлог за зголемување на квотите за работниците од други земји, меѓу кои и од Македонија, истовремено намалувајќи ги ограничувањата за Украинците. Владата на Чешка планира да го зголеми бројот на работни визи за луѓето кои работат во земјоделството, прехранбената индустрија и шумарството од 1.500 на 2.500. Таа промена се однесува за работници од Босна и Херцеговина, Грузија, Молдавија и Македонија. Чешката влада на почетокот на годинава соопшти дека, преку своите нови специјални визни мерки, има за цел да го зголеми бројот на странски работници во земјата за 20.000 годишно. Во услови на постојан недостиг на работна сила во таа држава, Министерството за труд сака да привлече повеќе странски работници. Властите одобрија зголемување на квотата за аплицирање за Филипинци кои бараат деловни визи од 5.000 на 10.300, според министерот за труд Маријан Јуречка. Министерот за земјоделство Марек Виборни објасни дека нема доволно работници во земјоделството, особено за време на жетвата кога има од 8.000 до 10.000 непополнети позиции. Градежната индустрија во Чешка има недостиг од околу 60.000 работници, а транспортните фирми предупредуваат на дефицит од 25.000 до 28.000 професионални возачи во следната година.

The post Чешка ги зголеми квотите за странски работници, вклучително и од Македонија appeared first on Република.

]]>
Чешката влада ја продолжи контролата на границата со Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkata-vlada-ja-prodolzhi-kontrolata-na-granitsata-so-slovachka/ Wed, 01 Nov 2023 16:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=697165

Чешката влада денеска донесе одлука до 22 ноември да ги продолжи привремено воведените контроли за луѓето кои влегуваат на границата со Словачка,јави ДПА.

Се додека не се обезбеди ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ, ние мора да го решиме проблемот со илегалната миграција на внатрешните граници на Шенген“, кажа министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на платформата Х.

Во обид да се бори против шверцот со луѓе, Чешка воведе привремени проверки на границата со Словачка на почетокот на октомври. Овие гранични контроли досега беа продолжени до 2 ноември, додава германската агенција.

Во цела 2022 година низ Чешка беа приведени 248 осомничени шверцери на луѓе, а само годинава се приведени над 340, наведе владата во Прага.

До нивната поделба во 1993 година, Чешка и Словачка беа во заедничка држава, Чехословачка, потсетува ДПА.

The post Чешката влада ја продолжи контролата на границата со Словачка appeared first on Република.

]]>

Чешката влада денеска донесе одлука до 22 ноември да ги продолжи привремено воведените контроли за луѓето кои влегуваат на границата со Словачка,јави ДПА.
Се додека не се обезбеди ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ, ние мора да го решиме проблемот со илегалната миграција на внатрешните граници на Шенген“, кажа министерот за внатрешни работи Вит Ракушан на платформата Х.
Во обид да се бори против шверцот со луѓе, Чешка воведе привремени проверки на границата со Словачка на почетокот на октомври. Овие гранични контроли досега беа продолжени до 2 ноември, додава германската агенција. Во цела 2022 година низ Чешка беа приведени 248 осомничени шверцери на луѓе, а само годинава се приведени над 340, наведе владата во Прага. До нивната поделба во 1993 година, Чешка и Словачка беа во заедничка држава, Чехословачка, потсетува ДПА.

The post Чешката влада ја продолжи контролата на границата со Словачка appeared first on Република.

]]>
Украински бегалец во Чешка и ја разнел вагината на сопругата зашто мислел дека го изневерува со сириски мигрант https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-begalets-vo-cheshka-i-ja-raznel-vaginata-na-soprugata-zashto-mislel-deka-go-izneveruva-so-siriski-migrant/ Thu, 05 Oct 2023 18:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=687873

Во Чешка, украински бегалец од Одеса, со петарда ја разнел вагината на својата сопруга.

Мажот, сомневајќи се дека неговата сопруга го изневерува со сириски мигрант, ја нападнал и тешко ја повредил. Но, тоа не му изгледало доволно, па ѝ ставил петарда во интимните делови по што и ја разнел вагината.

Обвинетиот е во притвор и му се заканува затворска казна до 10 години.

 

The post Украински бегалец во Чешка и ја разнел вагината на сопругата зашто мислел дека го изневерува со сириски мигрант appeared first on Република.

]]>

Во Чешка, украински бегалец од Одеса, со петарда ја разнел вагината на својата сопруга. Мажот, сомневајќи се дека неговата сопруга го изневерува со сириски мигрант, ја нападнал и тешко ја повредил. Но, тоа не му изгледало доволно, па ѝ ставил петарда во интимните делови по што и ја разнел вагината. Обвинетиот е во притвор и му се заканува затворска казна до 10 години.  

The post Украински бегалец во Чешка и ја разнел вагината на сопругата зашто мислел дека го изневерува со сириски мигрант appeared first on Република.

]]>
Чешката Влада го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Ф-35 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkata-vlada-go-odobri-planot-za-kupuvane-na-24-borbeni-avioni-f-35/ Wed, 27 Sep 2023 16:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=685747

Владата на Чешка го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Еф-35, изјави премиерот Петар Фиала, цитиран од британските медиуми, пренесе БТА.

Според него, првиот ловец ќе биде готов во 2029 година, а другите до 2035 година.

Премиерот ја оцени владината одлука како „ефективна“ и посочи дека таа е „систем со подолга перспектива од сите други типови авиони“.

Министерката за одбрана Јана Чернохова рече дека државата ќе плати 150 милијарди круни (околу 6,47 милијарди долари) до 2034 година. Околу една третина од сумата е наменета за технички надградби, гориво, персонал, обука и такси.

Во јуни, Стејт департментот на САД одобри продажба на борбени авиони Еф-35 на Чешка, заедно со поврзаното вооружување и опрема. Во моментов, централноевропската земја располага со ловци Грипен, кои се изнајмени од шведската компанија СААБ.

The post Чешката Влада го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Владата на Чешка го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Еф-35, изјави премиерот Петар Фиала, цитиран од британските медиуми, пренесе БТА. Според него, првиот ловец ќе биде готов во 2029 година, а другите до 2035 година. Премиерот ја оцени владината одлука како „ефективна“ и посочи дека таа е „систем со подолга перспектива од сите други типови авиони“. Министерката за одбрана Јана Чернохова рече дека државата ќе плати 150 милијарди круни (околу 6,47 милијарди долари) до 2034 година. Околу една третина од сумата е наменета за технички надградби, гориво, персонал, обука и такси. Во јуни, Стејт департментот на САД одобри продажба на борбени авиони Еф-35 на Чешка, заедно со поврзаното вооружување и опрема. Во моментов, централноевропската земја располага со ловци Грипен, кои се изнајмени од шведската компанија СААБ.

The post Чешката Влада го одобри планот за купување на 24 борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>