чешка република Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cheshka-republika/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 07:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чешка република Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cheshka-republika/ 32 32 „Израел е еден од нас“: Шефот на чешката дипломатија го посети Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-e-eden-od-nas-shefot-na-cheshkata-diplomatija-go-poseti-izrael/ Wed, 11 Oct 2023 07:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=690064

Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, објави дека го посетил Израел, велејќи дека тој е првиот странски политичар што го направил тоа од почетокот на нападите на Хамас.

Сакав оваа посета да потврди дека Чешка целосно го поддржува Израел. Израел е еден од нас, нападите и киднапирањата од радикални Палестинци се напад врз сите нас“, се вели во писмената изјава на министерот Липавски.

Чешкиот министер беше во регионот за да присуствува на состанокот меѓу Европската Унија и Советот за соработка во Заливот во Оман.

The post „Израел е еден од нас“: Шефот на чешката дипломатија го посети Израел appeared first on Република.

]]>

Петр Павел положи заклетва како нов претседател на Чешката Република https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/petr-pavel-polozhi-zakletva-kako-nov-pretsedatel-na-cheshkata-republika/ Thu, 09 Mar 2023 17:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=617848

На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) положи заклетва и го почна петгодишниот мандат.

Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас можеме да придонесеме за политиката на вредности. Благодарение на вас, вистината повторно победи. Сите сме тим. И луѓето кои гласаа за мене, но и оние кои не гласаа или не излегоа на избори, изјави Павел во својот говор по полагањето заклетва.

Новиот претседател истакна дека сака да се вратат достоинството, почитта и пристојноста кај функционерите и во политиката, додека, како што рече, успехот досега бил главен критериум во Чешка.

Успех без разлика на која цена или на чија сметка. За жал, тоа го истакнаа и највисоките претставници на државата. Популистите го освоија просторот, рече Павел.

И во земјата и на меѓународната сцена, новиот претседател го критикуваше раширеното чувство дека Чешка е премногу мала за нејзиниот глас да се слушне во светот или е премногу слаба за да го промени ставот на посилните партнери.

Тоа чувство можеби доаѓа од фактот дека историјата честопати не била љубезна кон нас. Сакам заедно да ја надминеме таа сенка. Да не ги комплицираме едноставните работи, да не создаваме пречки за да не правиме ништо. Да не чекаме големите земји да смислат решение. Каде пишува дека најпаметни се најголемите, рече Павел.

Новиот чешки претседател предупреди и дека единствениот глас на Централна Европа ќе биде важен за помош на Украина.

Павел на Чесите им вети дека ќе продолжи со редовните посети на сите региони во државата за директно да слушне од народот што ги мачи и какви решенија предлагаат, а најави дека наскоро ќе објави и конкретен план за акција во првите 100 дена.

Во чест на претседателот Павел, чија страст и хоби се моторите, низ Прага помина поворка од 150 мотоциклисти од различни делови на Чешка, а Чесите ја следеа заклетвата на големите екрани во самиот замок.

Павел е поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО.

The post Петр Павел положи заклетва како нов претседател на Чешката Република appeared first on Република.

]]>

На заедничка свечена седница на двата дома на Парламентот во замокот Храдчани во Прага, новиот чешки претседател, генералот во пензија Петр Павел (61) положи заклетва и го почна петгодишниот мандат.
Излеговте на избирачките места за да кажете доволно за хаосот и да го отворите патот на волјата заедно да бараме решенија. Благодарение на вас можеме да придонесеме за политиката на вредности. Благодарение на вас, вистината повторно победи. Сите сме тим. И луѓето кои гласаа за мене, но и оние кои не гласаа или не излегоа на избори, изјави Павел во својот говор по полагањето заклетва.
Новиот претседател истакна дека сака да се вратат достоинството, почитта и пристојноста кај функционерите и во политиката, додека, како што рече, успехот досега бил главен критериум во Чешка.
Успех без разлика на која цена или на чија сметка. За жал, тоа го истакнаа и највисоките претставници на државата. Популистите го освоија просторот, рече Павел.
И во земјата и на меѓународната сцена, новиот претседател го критикуваше раширеното чувство дека Чешка е премногу мала за нејзиниот глас да се слушне во светот или е премногу слаба за да го промени ставот на посилните партнери.
Тоа чувство можеби доаѓа од фактот дека историјата честопати не била љубезна кон нас. Сакам заедно да ја надминеме таа сенка. Да не ги комплицираме едноставните работи, да не создаваме пречки за да не правиме ништо. Да не чекаме големите земји да смислат решение. Каде пишува дека најпаметни се најголемите, рече Павел.
Новиот чешки претседател предупреди и дека единствениот глас на Централна Европа ќе биде важен за помош на Украина. Павел на Чесите им вети дека ќе продолжи со редовните посети на сите региони во државата за директно да слушне од народот што ги мачи и какви решенија предлагаат, а најави дека наскоро ќе објави и конкретен план за акција во првите 100 дена. Во чест на претседателот Павел, чија страст и хоби се моторите, низ Прага помина поворка од 150 мотоциклисти од различни делови на Чешка, а Чесите ја следеа заклетвата на големите екрани во самиот замок. Павел е поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО.

The post Петр Павел положи заклетва како нов претседател на Чешката Република appeared first on Република.

]]>
Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/babish-i-pavel-odat-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-cheshka/ Sat, 14 Jan 2023 20:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=596925

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари

Во првиот круг Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот Завод за статистика.

Претседателската функција нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во Парламентот. Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската.

Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел.

Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.

The post Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка appeared first on Република.

]]>

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш и пензионираниот генерал Петр Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржи на 27 и 28 јануари Во првиот круг Бабиш освои 36,72 отсто од гласовите, Павел 33,73 отсто, додека трета беше економистката Дануше Нерудова со 13,79 отсто по пребројани 80 отсто од гласовите, објави чешкиот Завод за статистика. Претседателската функција нема извршни овластувања, но чешките претседатели имаат значајна улога во назначувањето на премиерот, уставните судии, шефот на централната банка и имаат право еднаш да го вратат законот во Парламентот. Тие имаат ограничени овластувања во надворешната политика и се команданти на војската. Во предизборните анкети водеа Павел и Бабиш, а во вториот круг меѓу двајцата блага предност му се дава на Павел. Право на глас имаат 8,3 милиони гласачи, а вториот круг од изборите се очекува за две недели.

The post Бабиш и Павел одат во вториот круг од претседателските избори во Чешка appeared first on Република.

]]>
Чешка се закани со затвор за тие што јавно ќе искажат поддшка за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-se-zakani-so-zatvor-za-tie-shto-javno-kje-iskazat-poddshka-za-rusija/ Tue, 01 Mar 2022 14:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=465972

Луѓето коишто јавно ја поддржуваат Русија во судирот со Украина би можеле да добијат до три години затвор, тврдат чешки официјални лица, пренесува „Еуроактив“.

Од друга страна. ширум Чешка и во текот на вчерашниот ден, беа одржани протести во знак на поддршка на Украина.

The post Чешка се закани со затвор за тие што јавно ќе искажат поддшка за Русија appeared first on Република.

]]>

Луѓето коишто јавно ја поддржуваат Русија во судирот со Украина би можеле да добијат до три години затвор, тврдат чешки официјални лица, пренесува „Еуроактив“. Од друга страна. ширум Чешка и во текот на вчерашниот ден, беа одржани протести во знак на поддршка на Украина.

The post Чешка се закани со затвор за тие што јавно ќе искажат поддшка за Русија appeared first on Република.

]]>