Чернобил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chernobil/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 11:25:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чернобил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chernobil/ 32 32 „Летечки Чернобил“ се појави на руско-норвешката граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/letechki-chernobil-se-pojavi-na-rusko-norveshkata-granitsa/ Wed, 18 Sep 2024 11:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=817439

Траги од радиоактивниот елемент цезиум-137 беа откриени вчера долж норвешката граница со Русија, откако се појавија фотографии од крстаречката ракета Буревестник, позната и како „Летечки Чернобил“, на полигон за нуклеарни тестирања на арктичкиот архипелаг Новаја Земља.

Постојат стравувања дека тоа би можело да биде поврзано со полигонот Панково во Новаја Земља, кој се користи за тестирање на Буревестник, крстосувачка ракета со атомски погон што носи нуклеарна боева глава.

Норвешка има 195 километри долга граница со руската област Мурманск во Арктичкиот круг, каде што има голема концентрација на војска и оружје.

The post „Летечки Чернобил“ се појави на руско-норвешката граница appeared first on Република.

]]>

Траги од радиоактивниот елемент цезиум-137 беа откриени вчера долж норвешката граница со Русија, откако се појавија фотографии од крстаречката ракета Буревестник, позната и како „Летечки Чернобил“, на полигон за нуклеарни тестирања на арктичкиот архипелаг Новаја Земља. Постојат стравувања дека тоа би можело да биде поврзано со полигонот Панково во Новаја Земља, кој се користи за тестирање на Буревестник, крстосувачка ракета со атомски погон што носи нуклеарна боева глава. Норвешка има 195 километри долга граница со руската област Мурманск во Арктичкиот круг, каде што има голема концентрација на војска и оружје.

The post „Летечки Чернобил“ се појави на руско-норвешката граница appeared first on Република.

]]>
Гори радиоактивна шума покрај Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gori-radioaktivna-shuma-pokraj-chernobil/ Wed, 04 Sep 2024 20:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=813284

Пожар избувна во радиоактивно контаминирана шума во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопштија властите во средата.

Околу 20 хектари горат внатре во исклучената зона на Чернобил, област на 30 километри околу местото на катастрофата во 1986 година, објави на Фејсбук гувернерот на Киевската област Руслан Кравченко.


Ова е најопасниот објект на Земјата.

Тој нагласи дека нивото на радијација е во нормални граници.

Повеќе од 200 пожарникари, меѓу кои 50 војници, се борат со огнот, соопштија локалните власти.

Пожарникарите работат со заштитни маски за да избегнат вдишување на радиоактивни елементи ослободени во земјата по нуклеарната катастрофа во 1986 година. Експертите постојано го следат нивото на позадинско зрачење. И покрај тоа, властите во Киевската област ги советуваат граѓаните да ги затворат прозорците доколку се изложени на чад.

Засега не е позната причината за пожарот, кој е ставен под контрола, но во регионот на Киев во изминатиот период владее екстремно високи температури и суша, што ги зголемува ризиците од пожари.

The post Гори радиоактивна шума покрај Чернобил appeared first on Република.

]]>

Пожар избувна во радиоактивно контаминирана шума во близина на нуклеарната централа во Чернобил, соопштија властите во средата. Околу 20 хектари горат внатре во исклучената зона на Чернобил, област на 30 километри околу местото на катастрофата во 1986 година, објави на Фејсбук гувернерот на Киевската област Руслан Кравченко. Ова е најопасниот објект на Земјата. Тој нагласи дека нивото на радијација е во нормални граници. Повеќе од 200 пожарникари, меѓу кои 50 војници, се борат со огнот, соопштија локалните власти. Пожарникарите работат со заштитни маски за да избегнат вдишување на радиоактивни елементи ослободени во земјата по нуклеарната катастрофа во 1986 година. Експертите постојано го следат нивото на позадинско зрачење. И покрај тоа, властите во Киевската област ги советуваат граѓаните да ги затворат прозорците доколку се изложени на чад. Засега не е позната причината за пожарот, кој е ставен под контрола, но во регионот на Киев во изминатиот период владее екстремно високи температури и суша, што ги зголемува ризиците од пожари.

The post Гори радиоактивна шума покрај Чернобил appeared first on Република.

]]>
Волците од Чернобил се поотпорни на рак https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/voltsite-od-chernobil-se-pootporni-na-rak/ Fri, 09 Feb 2024 10:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=742166

Дивите волци, кои живеат во опасната зона кај Чернобил, развиле отпорност кон рак и тоа би можело да даде нови сознанија за тоа како да се спречи болеста кај луѓето, посочува ново научно истражување.

Кара Лав, биолог од Принстон, Њу Џерси, САД, 10 години ги проучувала сивите волци. Нејзините сознанија откриваат дека кај овие животни е променет имунолошкиот систем, слично како кај пациентите со рак кои се изложени на зрачење. Таа забележала дека волците од Чернобил преживуваат и напредуваат, и покрај долгогодишната изложеност на радиоактивни честички во нивните тела.

Најголемата нуклеарна катастрофа во светот по кобната 1986 година ослободи радијација што предизвикува рак, но се чини, токму тоа и ги направило волците отпорни на канцер.

Животните коишто живеаат во опасната зона кај Чернобил во Украина (инаку забранета за луѓето), се од интерес за многу научници ширум светот. Генетичарката Елејн Острандер, на пр., лани истакна дека таквите истражувања може да водат кон поделотворни начини на лекување и спречување рак кај човекот.

 

The post Волците од Чернобил се поотпорни на рак appeared first on Република.

]]>

Дивите волци, кои живеат во опасната зона кај Чернобил, развиле отпорност кон рак и тоа би можело да даде нови сознанија за тоа како да се спречи болеста кај луѓето, посочува ново научно истражување. Кара Лав, биолог од Принстон, Њу Џерси, САД, 10 години ги проучувала сивите волци. Нејзините сознанија откриваат дека кај овие животни е променет имунолошкиот систем, слично како кај пациентите со рак кои се изложени на зрачење. Таа забележала дека волците од Чернобил преживуваат и напредуваат, и покрај долгогодишната изложеност на радиоактивни честички во нивните тела. Најголемата нуклеарна катастрофа во светот по кобната 1986 година ослободи радијација што предизвикува рак, но се чини, токму тоа и ги направило волците отпорни на канцер. Животните коишто живеаат во опасната зона кај Чернобил во Украина (инаку забранета за луѓето), се од интерес за многу научници ширум светот. Генетичарката Елејн Острандер, на пр., лани истакна дека таквите истражувања може да водат кон поделотворни начини на лекување и спречување рак кај човекот.  

The post Волците од Чернобил се поотпорни на рак appeared first on Република.

]]>
Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека: 90-годишен дедо се уште живее покрај Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/malku-peam-malku-rabotam-vo-gradinata-zhiveam-poleka-90-godishen-dedo-se-ushte-zhivee-pokraj-chernobil/ Sun, 14 Jan 2024 19:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=732970

Овој човек живее во близина на неславниот Чернобил и не планира да замине. Домот на Иван Шамјанок (90) е надвор, но веднаш до забранетата зона на нуклеарната централа. Кога властите ги принудиле локалните жители да избегаат од радиоактивниот облак пред 30 години, Иван и неговата сопруга одбиле.

Шамјанок тврди дека ниту тој, ниту неговата сопруга никогаш не ги почувствувале ефектите на зрачењето.

Засега сè е во ред. Вчера дојдоа лекарите, ме ставија во кревет и ме проверија и мереа. „Тие рекоа: Се‘ е во ред со тебе, дедо“, вели Шамјанок.

Сестра ми живееше тука со нејзиниот сопруг. Тие одлучија да заминат и наскоро се најдоа под земја… Починаа од депресија. Јас не сум депресивен. Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека“, раскажува Иван.

Шамјанок вели дека неговиот живот не се променил многу по катастрофата. Тој и неговото семејство продолжиле да јадат зеленчук и овошје што самите ги одгледувале и сè уште чува крави, свињи и кокошки за месо, млеко и јајца.

Сега, откако неговата сопруга починала и децата се отселиле, тој останува сам со неговиот братучед, кој живее на другиот крај на селото.

Ќе се вратат ли луѓето? Не, нема. Оние што го сакаа тоа, веќе се мртви“, вели Иван.

Официјалниот број на луѓе кои починале брзо од влијанието на зрачењето е 31, но сепак, повеќе починале од болести предизвикани од зрачење, како што е рак. Вкупниот број на смртни случаи од долгорочни последици на нуклеарната катастрофа сè уште е причина за интензивна дебата.

The post Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека: 90-годишен дедо се уште живее покрај Чернобил appeared first on Република.

]]>

Овој човек живее во близина на неславниот Чернобил и не планира да замине. Домот на Иван Шамјанок (90) е надвор, но веднаш до забранетата зона на нуклеарната централа. Кога властите ги принудиле локалните жители да избегаат од радиоактивниот облак пред 30 години, Иван и неговата сопруга одбиле. Шамјанок тврди дека ниту тој, ниту неговата сопруга никогаш не ги почувствувале ефектите на зрачењето.
Засега сè е во ред. Вчера дојдоа лекарите, ме ставија во кревет и ме проверија и мереа. „Тие рекоа: Се‘ е во ред со тебе, дедо“, вели Шамјанок.
Сестра ми живееше тука со нејзиниот сопруг. Тие одлучија да заминат и наскоро се најдоа под земја… Починаа од депресија. Јас не сум депресивен. Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека“, раскажува Иван.
Шамјанок вели дека неговиот живот не се променил многу по катастрофата. Тој и неговото семејство продолжиле да јадат зеленчук и овошје што самите ги одгледувале и сè уште чува крави, свињи и кокошки за месо, млеко и јајца. Сега, откако неговата сопруга починала и децата се отселиле, тој останува сам со неговиот братучед, кој живее на другиот крај на селото.
Ќе се вратат ли луѓето? Не, нема. Оние што го сакаа тоа, веќе се мртви“, вели Иван.
Официјалниот број на луѓе кои починале брзо од влијанието на зрачењето е 31, но сепак, повеќе починале од болести предизвикани од зрачење, како што е рак. Вкупниот број на смртни случаи од долгорочни последици на нуклеарната катастрофа сè уште е причина за интензивна дебата.

The post Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека: 90-годишен дедо се уште живее покрај Чернобил appeared first on Република.

]]>
МААЕ: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maae-nivoto-na-radijacija-vo-chernobil-e-nenormalno/ Tue, 26 Apr 2022 12:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=493831

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нивоата на радијација во поранешната нуклеарна централа во Чернобил се „ненормални“.

Гроси истакна дека неколкунеделната окупација на локацијата од страна на Русија била „многу, многу опасна“.

Токму на денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата.

Електраната сè уште се користи за чување на нуклеарниот отпад.

На 36-годишнината од катастрофата во Чернобил, претставници на МААЕ го посетија Чернобил. Експертите, предводени од Гроси, се во електраната за да испорачаат опрема, да спроведат радиолошки проценки и да ги обноват системите за следење на безбедноста. јт/

The post МААЕ: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално appeared first on Република.

]]>

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нивоата на радијација во поранешната нуклеарна централа во Чернобил се „ненормални“. Гроси истакна дека неколкунеделната окупација на локацијата од страна на Русија била „многу, многу опасна“. Токму на денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата. Електраната сè уште се користи за чување на нуклеарниот отпад. На 36-годишнината од катастрофата во Чернобил, претставници на МААЕ го посетија Чернобил. Експертите, предводени од Гроси, се во електраната за да испорачаат опрема, да спроведат радиолошки проценки и да ги обноват системите за следење на безбедноста. јт/

The post МААЕ: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално appeared first on Република.

]]>
Украински официјални лица: Руски војници изложени на радијација во Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-oficijalni-lica-ruski-vojnici-izlozeni-na-radijacija-vo-chernobil/ Fri, 01 Apr 2022 15:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=482048

Според украинските власти, руски војници биле изложени на радијација за време на нивната операција во поранешната нуклеарна централа во Чернобил.

Украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека руските војници ископале ровови во зоната околу реакторот и затоа се контаминирале со радиоактивен материјал. „Невозможно е да се измери степенот на радиоактивната контаминација на руските војници“, рече директорот на централата Валери Сејда. пренесе ДПА.

Во интервју објавено на веб-страницата на агенцијата, шефот на Енергоатом Петро Котин рече дека војниците не се физичари и дека биле испратени во радиоактивно контаминираниот регион целосно несвесни.

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на својата Фејсбук страница напиша дека примиле толку голема доза на зрачење што „нејзините последици ќе треба да им ги објаснат лекарите во заштитни одела“.

Кремљ засега е без коментар.

The post Украински официјални лица: Руски војници изложени на радијација во Чернобил appeared first on Република.

]]>

Според украинските власти, руски војници биле изложени на радијација за време на нивната операција во поранешната нуклеарна централа во Чернобил. Украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом соопшти дека руските војници ископале ровови во зоната околу реакторот и затоа се контаминирале со радиоактивен материјал. „Невозможно е да се измери степенот на радиоактивната контаминација на руските војници“, рече директорот на централата Валери Сејда. пренесе ДПА. Во интервју објавено на веб-страницата на агенцијата, шефот на Енергоатом Петро Котин рече дека војниците не се физичари и дека биле испратени во радиоактивно контаминираниот регион целосно несвесни. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на својата Фејсбук страница напиша дека примиле толку голема доза на зрачење што „нејзините последици ќе треба да им ги објаснат лекарите во заштитни одела“. Кремљ засега е без коментар.

The post Украински официјални лица: Руски војници изложени на радијација во Чернобил appeared first on Република.

]]>
Руските војници заминале од Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-vojnici-zaminale-od-chernobil/ Thu, 31 Mar 2022 18:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=481586

Руските војници го напуштаат Чернобил, велат украинските власти.

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека голем дел од руските војници си заминале од нуклеарната централа Чернобил.  Војниците, наводно, тргнале кон границата меѓу Украина и Белорусија, по што се очекува да влезат на територија на соседот.

„Окупаторите кои ја заземаа нуклеарната централа Чернобил и другите објекти, тргнаа во две колонии кон украинската граница со Белорусија“, соопшти „Енергоатом“.

Руската војска се подготвува да го напушти и Славутич, блискиот град во кој живеат работници од Чернобил. Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил набргу по руската инвазија на 24 февруари.

The post Руските војници заминале од Чернобил appeared first on Република.

]]>

Руските војници го напуштаат Чернобил, велат украинските власти. Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ објави дека голем дел од руските војници си заминале од нуклеарната централа Чернобил.  Војниците, наводно, тргнале кон границата меѓу Украина и Белорусија, по што се очекува да влезат на територија на соседот. „Окупаторите кои ја заземаа нуклеарната централа Чернобил и другите објекти, тргнаа во две колонии кон украинската граница со Белорусија“, соопшти „Енергоатом“. Руската војска се подготвува да го напушти и Славутич, блискиот град во кој живеат работници од Чернобил. Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил набргу по руската инвазија на 24 февруари.

The post Руските војници заминале од Чернобил appeared first on Република.

]]>
Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vereshchuk-postoi-opasnost-od-eksplozija-na-municija-vo-chernobil/ Wed, 30 Mar 2022 08:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=480695

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.

Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа - истакна Верешчук.

The post Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил appeared first on Република.

]]>

Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа електраната мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи воспоставување на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина.
Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарна катастрофа - истакна Верешчук.

The post Верешчук: Постои опасност од експлозија на муниција во Чернобил appeared first on Република.

]]>
Ќе се повтори ли 1986 година? Радиоактивна прашина се подигна над Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kje-se-povtori-li-1986-godina-radioaktivna-prashina-se-podigna-nad-chernobil/ Mon, 28 Mar 2022 19:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=480042

Украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил, велат дека руските војници, кои ја зазедоа нуклеарката, подигнале облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област.

Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, изјавиле некои од работниците за светските агенции.

– Голема колона од воени возила помина по патот веднаш зад нашиот објект, кој минува покрај Црвената шума, изјави работник кој сакал да остане анонимен. Црвената шума го доби своето име по експлозија во 1986 година, кога дрвјата добиле црвена боја.

– Конвојот подигна голем облак од прашина. Сензорите што ја мерат радијацијата покажаа високи нивоа на радијација, додаде тој.

По заземањето на електраната на 24 февруари, Русија соопшти дека радијацијата е во нормални нивоа и не претставува закана за здравјето на луѓето, како и дека руските сили со заземањето на електраната спречиле „нуклеарни провокации на украинските националисти“.

Еден од вработените изјавил дека руските војници со кои разговарал не знаеле за историјата на централата. „Кога ги прашаа дали знаат за катастрофата во 1986 година, експлозијата на четвртиот блок, немаа поим. Немаа поим во каков објект се наоѓаат“, рече тој.

Руските сили го напуштија градот Славутич во близина на Чернобил, градот во кој живеат повеќето вработени во централата, изјави денеска градоначалникот и привремен шеф на централата во Чернобил

The post Ќе се повтори ли 1986 година? Радиоактивна прашина се подигна над Чернобил appeared first on Република.

]]>

Украинците кои работат на одржувањето на нуклеарната централа во Чернобил, велат дека руските војници, кои ја зазедоа нуклеарката, подигнале облаци од радиоактивна прашина кога возеле низ најзагадената област. Војниците не носеле никаква заштитна опрема и најверојатно вдишувале радиоактивна прашина. Тоа е еднакво на самоубиство, изјавиле некои од работниците за светските агенции. – Голема колона од воени возила помина по патот веднаш зад нашиот објект, кој минува покрај Црвената шума, изјави работник кој сакал да остане анонимен. Црвената шума го доби своето име по експлозија во 1986 година, кога дрвјата добиле црвена боја.
– Конвојот подигна голем облак од прашина. Сензорите што ја мерат радијацијата покажаа високи нивоа на радијација, додаде тој.
По заземањето на електраната на 24 февруари, Русија соопшти дека радијацијата е во нормални нивоа и не претставува закана за здравјето на луѓето, како и дека руските сили со заземањето на електраната спречиле „нуклеарни провокации на украинските националисти“. Еден од вработените изјавил дека руските војници со кои разговарал не знаеле за историјата на централата. „Кога ги прашаа дали знаат за катастрофата во 1986 година, експлозијата на четвртиот блок, немаа поим. Немаа поим во каков објект се наоѓаат“, рече тој. Руските сили го напуштија градот Славутич во близина на Чернобил, градот во кој живеат повеќето вработени во централата, изјави денеска градоначалникот и привремен шеф на централата во Чернобил

The post Ќе се повтори ли 1986 година? Радиоактивна прашина се подигна над Чернобил appeared first on Република.

]]>
Во забранетата зона околу Чернобил горат над 10. 000 хектари шума https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-zabranetata-zona-okolu-chernobil-gorat-nad-10-000-hektari-shuma/ Sun, 27 Mar 2022 16:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=479408

Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.

Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот, соопшти Денисова на Фејсбук, пренесена од Укринформ.

Денисова уште тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се ​​стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.

Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери.

The post Во забранетата зона околу Чернобил горат над 10. 000 хектари шума appeared first on Република.

]]>

Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите, изјави комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова и ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.
Горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот, соопшти Денисова на Фејсбук, пренесена од Укринформ.
Денисова уште тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се ​​стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили. Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери.

The post Во забранетата зона околу Чернобил горат над 10. 000 хектари шума appeared first on Република.

]]>
Украина тврди дека Русите го изолирале градот Славутич во кој живеат работниците од централата во Ченобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-tvrdi-deka-rusite-go-izolirale-gradot-slavutich-vo-koj-ziveat-rabotnicite-od-centralata-vo-chenobil/ Fri, 25 Mar 2022 14:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=478477

Локалните украински власти денеска соопштија дека градот Славутич, во кој живеат работниците кои се ангажирани во одржувањето на нефункционалната нуклеарна централа во Чернобил, е „целосно изолиран“, со руски сили кои се во непосредната околина на границите на градот.

Во соопштението на администрацијата на регионот Киев се наведува дека „Славутич е целосно изолиран, а непријателот се наоѓа на 1,5 километар од градот“.

Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович денеска изјави дека украинската армија го одбила првиот напад на руските сили врз градот Славутич.

Чернобил – местото на најголемата нуклеарна несреќа во 1986 година – не е во функција, но бара постојано одржување.

Руските трупи веќе во првите неколку дена од војната го окупираа Чернобил и ги задржаа работниците таму со недели да продолжат со работа, но некои од нив добија дозвола да заминат.

The post Украина тврди дека Русите го изолирале градот Славутич во кој живеат работниците од централата во Ченобил appeared first on Република.

]]>

Локалните украински власти денеска соопштија дека градот Славутич, во кој живеат работниците кои се ангажирани во одржувањето на нефункционалната нуклеарна централа во Чернобил, е „целосно изолиран“, со руски сили кои се во непосредната околина на границите на градот. Во соопштението на администрацијата на регионот Киев се наведува дека „Славутич е целосно изолиран, а непријателот се наоѓа на 1,5 километар од градот“. Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович денеска изјави дека украинската армија го одбила првиот напад на руските сили врз градот Славутич. Чернобил – местото на најголемата нуклеарна несреќа во 1986 година – не е во функција, но бара постојано одржување. Руските трупи веќе во првите неколку дена од војната го окупираа Чернобил и ги задржаа работниците таму со недели да продолжат со работа, но некои од нив добија дозвола да заминат.

The post Украина тврди дека Русите го изолирале градот Славутич во кој живеат работниците од централата во Ченобил appeared first on Република.

]]>
Украина тврди: Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-tvrdi-rusite-ja-unishtija-laboratorijata-vo-chernobil/ Wed, 23 Mar 2022 07:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=476913

Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти.

Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си.

Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот“.

Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аналитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа, соопшти агенцијата.

The post Украина тврди: Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил appeared first on Република.

]]>

Руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил, ја ограбиле и уништиле лабораторијата на тоа место, тврдат украинските власти. Државната агенција на Украина за управување со зоната на исклучување соопшти дека Русите ја уништиле Централната аналитичка лабораторија, која преработувала голем дел од радиоактивниот отпад, пренесува Би-би-си. Агенцијата на Фејсбук објави дека лабораторијата има високо активни примероци и примероци од радионуклиди, кои сега, како што наведе, се „во рацете на непријателот“. Во лабораторијата, чија изградба чинеше околу шест милиони евра, имаше и вредна аналитичка опрема, што ја нема никаде на друго место во Европа, соопшти агенцијата.

The post Украина тврди: Русите ја уништија лабораторијата во Чернобил appeared first on Република.

]]>
Пожари беснеат околу Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pozari-besneat-okolu-chernobil/ Tue, 22 Mar 2022 13:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=476659

Украински официјални лица соопштуваат дека во близина на нуклеарната централа во Чернобил избувнале седум шумски пожари.

Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, но можно е и да се подметнати.

The post Пожари беснеат околу Чернобил appeared first on Република.

]]>

Украински официјални лица соопштуваат дека во близина на нуклеарната централа во Чернобил избувнале седум шумски пожари. Украинците тврдат дека пожарите најверојатно избувнале поради гранатирање, но можно е и да се подметнати.

The post Пожари беснеат околу Чернобил appeared first on Република.

]]>
Тринаесет вработени во Чернобил одбиле да ја напуштат нуклеарната централа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trinaeset-vraboteni-vo-chernobil-odbile-da-ja-napushtat-nuklearnata-centrala/ Tue, 22 Mar 2022 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=476427

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека сите работници на нуклеарната централа во Чернобил, кои биле таму од почетокот на војната и сакале да ја напуштат, ја напуштиле електраната.

Украинскиот регулатор објави дека половина од техничкиот персонал е сменет вчера, а остатокот денеска, со исклучок на 13 работници кои не сакале да ротираат - соопштија од МААЕ.

Во соопштението се додава дека во нуклеарната централа останале и повеќето работници од обезбедувањето.

The post Тринаесет вработени во Чернобил одбиле да ја напуштат нуклеарната централа appeared first on Република.

]]>

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека сите работници на нуклеарната централа во Чернобил, кои биле таму од почетокот на војната и сакале да ја напуштат, ја напуштиле електраната.
Украинскиот регулатор објави дека половина од техничкиот персонал е сменет вчера, а остатокот денеска, со исклучок на 13 работници кои не сакале да ротираат - соопштија од МААЕ.
Во соопштението се додава дека во нуклеарната централа останале и повеќето работници од обезбедувањето.

The post Тринаесет вработени во Чернобил одбиле да ја напуштат нуклеарната централа appeared first on Република.

]]>
Украинскиот регулатор за нуклеарна енергија: Не работат системите за контрола на радијацијата околу Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-regulator-za-nuklearna-energija-ne-rabotat-sistemite-za-kontrola-na-radijacijata-okolu-chernobil/ Mon, 21 Mar 2022 13:47:55 +0000 https://republika.mk/?p=476145

Украинската регулаторна агенција за нуклеарна енергија денеска соопшти дека престанале да работат системите за контрола на радиоактивноста околу нуклеарната централа Чернобил.

Американските медиуми пренесуваат дек Агенцијата наведе дека со затоплувањето на времето во овој регион веќе нема пожарникари кои би ги заштитиле шумите што со децении се погодени од радиоактивност.

Руските сили го освоија Чернобил на 24 февруари.

Во соопштението на украинската регулаторна агенција се додава дека комбинацијата на ризици може да доведе до „значително влошување“ на способноста да се контролира ширењето на радијацијата, не само во Украина, туку и надвор од земјата во наредните недели и месеци.

Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека се ротирани и сменети првите 50 вработени, кои без престан работеле од преземањето на централата од страна на руските сили.

The post Украинскиот регулатор за нуклеарна енергија: Не работат системите за контрола на радијацијата околу Чернобил appeared first on Република.

]]>

Украинската регулаторна агенција за нуклеарна енергија денеска соопшти дека престанале да работат системите за контрола на радиоактивноста околу нуклеарната централа Чернобил. Американските медиуми пренесуваат дек Агенцијата наведе дека со затоплувањето на времето во овој регион веќе нема пожарникари кои би ги заштитиле шумите што со децении се погодени од радиоактивност. Руските сили го освоија Чернобил на 24 февруари. Во соопштението на украинската регулаторна агенција се додава дека комбинацијата на ризици може да доведе до „значително влошување“ на способноста да се контролира ширењето на радијацијата, не само во Украина, туку и надвор од земјата во наредните недели и месеци. Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека се ротирани и сменети првите 50 вработени, кои без престан работеле од преземањето на централата од страна на руските сили.

The post Украинскиот регулатор за нуклеарна енергија: Не работат системите за контрола на радијацијата околу Чернобил appeared first on Република.

]]>
Оштетен далноводот во Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oshteten-dalnovodot-vo-chernobil/ Mon, 14 Mar 2022 17:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=472826

Руските сили го оштетија високонапонскиот далновод што ја снабдува со електрична енергија украинската нуклеарна централа во Чернобил, набргу откако беше обновено снабдувањето со струја во тој објект, соопшти денеска украинскиот оператор на електроенергетската мрежа „Укренерго“.

Меѓутоа, не е соопштено дали штетата предизвикала целосно губење на надворешниот извор на напојување, додавајќи дека операторот побарал пристап до објектот поради поправка.

Компанијата „Укренерго“ не достави никакви докази за наводна штета или дејствија на руските сили, а западните медиуми наведуваат дека не се во можност незавосно да ги проверат таквите извештаи.

The post Оштетен далноводот во Чернобил appeared first on Република.

]]>

Руските сили го оштетија високонапонскиот далновод што ја снабдува со електрична енергија украинската нуклеарна централа во Чернобил, набргу откако беше обновено снабдувањето со струја во тој објект, соопшти денеска украинскиот оператор на електроенергетската мрежа „Укренерго“. Меѓутоа, не е соопштено дали штетата предизвикала целосно губење на надворешниот извор на напојување, додавајќи дека операторот побарал пристап до објектот поради поправка. Компанијата „Укренерго“ не достави никакви докази за наводна штета или дејствија на руските сили, а западните медиуми наведуваат дека не се во можност незавосно да ги проверат таквите извештаи.

The post Оштетен далноводот во Чернобил appeared first on Република.

]]>
Откако Русите ја исклучија, Украинците повторно ја вклучија Чернобил на националната електрична мрежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-rusite-ja-iskluchija-ukraincite-povtorno-ja-vkluchija-chernobil-na-nacionalnata-elektrichna-mreza/ Sun, 13 Mar 2022 17:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=472199

Украинскиот министер за енергетика Херман халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.

Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил.

Нуклеарната централа во Чернобил не е активна, но во неа се вработени околу 200 луѓе. Според експертите опасноста од таа нуклеарна централа по јавното здравје е помала бидејќи не е активна.

The post Откако Русите ја исклучија, Украинците повторно ја вклучија Чернобил на националната електрична мрежа appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за енергетика Херман халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа. Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа. Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил. Нуклеарната централа во Чернобил не е активна, но во неа се вработени околу 200 луѓе. Според експертите опасноста од таа нуклеарна централа по јавното здравје е помала бидејќи не е активна.

The post Откако Русите ја исклучија, Украинците повторно ја вклучија Чернобил на националната електрична мрежа appeared first on Република.

]]>
Украина: Путин ќе изврши терористички напад врз Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-putin-kje-izvrshi-teroristichki-napad-vrz-chernobil/ Fri, 11 Mar 2022 17:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=471437

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.

Според достапните информации, Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста врз Украина - се вели во соопштението.

Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Во последните денови, руските трупите ги зазедоа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.

Окупаторите се обидуваат да создадат лажни „докази“ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници за автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители - се вели во соопштението.

The post Украина: Путин ќе изврши терористички напад врз Чернобил appeared first on Република.

]]>

Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека Русија планира терористички напад врз Чернобил.
Според достапните информации, Владимир Путин наредил подготовка на терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил. Се планира предизвикување технолошка катастрофа, а окупаторите ќе ја префрлат одговорноста врз Украина - се вели во соопштението.
Во моментов, Чернобил е целосно исклучен од системите за мониторинг на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Во последните денови, руските трупите ги зазедоа нуклеарната централа Запорожје и Харковскиот институт за физика и технологија каде што има експериментален нуклеарен реактор.
Окупаторите се обидуваат да создадат лажни „докази“ за да ја обвинат Украина за сè. На подрачјето на аеродромот Антонов во Хостомел, забележани се руски ладилници за автомобили, кои ги собираат телата на загинатите украински бранители - се вели во соопштението.

The post Украина: Путин ќе изврши терористички напад врз Чернобил appeared first on Република.

]]>
Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-soglasi-da-dozvoli-pristap-na-ukrainski-tim-do-dalnovodite-vo-chernobil/ Thu, 10 Mar 2022 22:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=470964

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се согласило на украинскиот тим за поправки да му дозволи пристап до далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил, објави новинската агенција Интерфакс, пренесува Хина. Информацијата е објавена без дополнителни детали.

Агенцијата на ОН за атомска енергија претходно соопшти дека поради инвазијата на Русија врз Украина ја влошила нејзината комуникација со нуклеарната централа Чернобил и централата Запорожје и дека ситуацијата е загрижувачка.

Украина вчера соопшти дека постои опасност од истекување на радијација во нуклеарната централа во Чернобил по исклучувањето на електричната енергија, но Агенцијата на ОН за атомска енергија не идентификуваше „клучно влијание врз безбедноста“.

Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека е оштетен високонапонски далновод за време на борбите меѓу украинските и руските сили кои ја држат под контрола нефункционалната електрана и дека Чернобил е отсечен од националната електрична мрежа.

Енергоатом наведува дека „радиоактивни материи“ кои би можеле да бидат закана за други делови на Украина и Европа би можеле да бидат ослободени доколку нема електрична енергија за ладење на потрошеното нуклеарно гориво складирано во електраната која ја доживеа најтешката нуклеарна несреќа во светот во 1986 година. (МИА)

The post Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се согласило на украинскиот тим за поправки да му дозволи пристап до далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил, објави новинската агенција Интерфакс, пренесува Хина. Информацијата е објавена без дополнителни детали. Агенцијата на ОН за атомска енергија претходно соопшти дека поради инвазијата на Русија врз Украина ја влошила нејзината комуникација со нуклеарната централа Чернобил и централата Запорожје и дека ситуацијата е загрижувачка. Украина вчера соопшти дека постои опасност од истекување на радијација во нуклеарната централа во Чернобил по исклучувањето на електричната енергија, но Агенцијата на ОН за атомска енергија не идентификуваше „клучно влијание врз безбедноста“. Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека е оштетен високонапонски далновод за време на борбите меѓу украинските и руските сили кои ја држат под контрола нефункционалната електрана и дека Чернобил е отсечен од националната електрична мрежа. Енергоатом наведува дека „радиоактивни материи“ кои би можеле да бидат закана за други делови на Украина и Европа би можеле да бидат ослободени доколку нема електрична енергија за ладење на потрошеното нуклеарно гориво складирано во електраната која ја доживеа најтешката нуклеарна несреќа во светот во 1986 година. (МИА)

The post Русија се согласи да дозволи пристап на украински тим до далноводите во Чернобил appeared first on Република.

]]>
Остануваат 48 часа за реакција: Ситуацијата во Чернобил ескалира, еве што ќе се случи ако остане исклучена уште два дена! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ostanuvaat-48-chasa-za-reakcija-situacijata-vo-chernobil-eskalira-eve-shto-kje-se-sluchi-ako-ostane-iskluchena-ushte-dva-dena/ Wed, 09 Mar 2022 13:01:28 +0000 https://republika.mk/?p=470093

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за украинските медиуми вели дека оштетена е единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија.

Чернобил е без енергија. Ја повикувам целата меѓународна заедница веднаш да побара од Русија да го прекине огнот и да им дозволи на екипите за поправка што е можно поскоро да го обноват снабдувањето со електрична енергија - вели тој.

Тој додава дека резервните дизел генератори ќе ја напојуваат нуклеарната централа Чернобил и нејзините капацитети во текот на 48 часа. Потоа ќе се исклучи системот за ладење на складиштето на искористеното нуклеарно гориво, што ќе се закани со истекување на радијација.

-Варварската војна на Русија ѝ се заканува на цела Европа. Путин мора веднаш да ја прекине, вели Дмитро Кулеба.

The post Остануваат 48 часа за реакција: Ситуацијата во Чернобил ескалира, еве што ќе се случи ако остане исклучена уште два дена! appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за украинските медиуми вели дека оштетена е единствената линија за напојување на нуклеарната централа Чернобил и сите нејзини нуклеарни постројки контролирани од руската армија.
Чернобил е без енергија. Ја повикувам целата меѓународна заедница веднаш да побара од Русија да го прекине огнот и да им дозволи на екипите за поправка што е можно поскоро да го обноват снабдувањето со електрична енергија - вели тој.
Тој додава дека резервните дизел генератори ќе ја напојуваат нуклеарната централа Чернобил и нејзините капацитети во текот на 48 часа. Потоа ќе се исклучи системот за ладење на складиштето на искористеното нуклеарно гориво, што ќе се закани со истекување на радијација. -Варварската војна на Русија ѝ се заканува на цела Европа. Путин мора веднаш да ја прекине, вели Дмитро Кулеба.

The post Остануваат 48 часа за реакција: Ситуацијата во Чернобил ескалира, еве што ќе се случи ако остане исклучена уште два дена! appeared first on Република.

]]>