ченто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chento/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 09:24:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ченто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chento/ 32 32 Без вода дел од Ченто https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-del-od-chento/ Thu, 22 Aug 2024 09:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=808996

Поради уличен дефект на улица „Сава Михајлов“, број 25, денеска, од 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Сава Михајлов“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“ и дел од улицата „Радован Ковачевиќ“ во населба Ченто, општина Гази Баба.

The post Без вода дел од Ченто appeared first on Република.

]]>

Поради уличен дефект на улица „Сава Михајлов“, број 25, денеска, од 11:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Сава Михајлов“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“ и дел од улицата „Радован Ковачевиќ“ во населба Ченто, општина Гази Баба.

The post Без вода дел од Ченто appeared first on Република.

]]>
Тошковски на средба со Ченто и Пешов: Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-na-sredba-so-chento-i-peshov-siguren-sum-deka-pred-nas-e-pochetokot-na-edno-novo-vreme-vreme-na-pravda-i-sloboda-za-site-nepravedno-osudeni/ Mon, 04 Mar 2024 22:31:06 +0000 https://republika.mk/?p=751262

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, се сретна со Митко Пешов и Јане Ченто, осудени за „27 април“ кои издржуваат висока затворска казна. Тошковски го афирмираше познатиот став, дека двајцата ја имаат неговата поддршка.

Борбата за правда не смее да запре, се додека не се постигне конечната слобода. На тој пат овие луѓе не се сами и секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, затоа што вистината е на нивна страна. Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени, вели Тошковски.

Јане Ченто во неколкунаврати досега побара фер судење, а да го гонат за дело кое што го сторил, а не за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тој посочува дека ќе дојде ден кога ќе се открие цела хајка која се водела против него, како и местенките од судските процеси.

Истовремено, судот во Стразбур пресуди на страна на Пешов. Тој бил незаконски држен во притвор.

The post Тошковски на средба со Ченто и Пешов: Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени appeared first on Република.

]]>

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, се сретна со Митко Пешов и Јане Ченто, осудени за „27 април“ кои издржуваат висока затворска казна. Тошковски го афирмираше познатиот став, дека двајцата ја имаат неговата поддршка.
Борбата за правда не смее да запре, се додека не се постигне конечната слобода. На тој пат овие луѓе не се сами и секогаш ќе ја имаат мојата поддршка, затоа што вистината е на нивна страна. Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени, вели Тошковски.
Јане Ченто во неколкунаврати досега побара фер судење, а да го гонат за дело кое што го сторил, а не за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тој посочува дека ќе дојде ден кога ќе се открие цела хајка која се водела против него, како и местенките од судските процеси. Истовремено, судот во Стразбур пресуди на страна на Пешов. Тој бил незаконски држен во притвор.

The post Тошковски на средба со Ченто и Пешов: Сигурен сум дека пред нас е почетокот на едно ново време, време на правда и слобода за сите неправедно осудени appeared first on Република.

]]>
Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-nekolku-ulitsi-vo-chento-i-vo-kisela-voda/ Mon, 26 Dec 2022 11:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=590062

Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ“ број 6 во населба Кисела Вода, се и корисниците од оваа, како и од улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Божидар Аџија“.

Според ЈП „Водовод и канализација“ , прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работите за отстранување на дефектот.

 

The post Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ“ број 6 во населба Кисела Вода, се и корисниците од оваа, како и од улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Божидар Аџија“. Според ЈП „Водовод и канализација“ , прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работите за отстранување на дефектот.  

The post Без вода неколку улици во Ченто и во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Без вода делови од Ченто https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-voda-delovi-od-chento/ Mon, 21 Nov 2022 12:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=576512

Прекинато водоснабдување денеска од 12:45 часот имаат корисниците од улицата „Христофор Жефаровиќ“ во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на затворач на улица „Христофор Жефаровиќ“ број 7 и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

The post Без вода делови од Ченто appeared first on Република.

]]>

Прекинато водоснабдување денеска од 12:45 часот имаат корисниците од улицата „Христофор Жефаровиќ“ во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на затворач на улица „Христофор Жефаровиќ“ број 7 и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

The post Без вода делови од Ченто appeared first on Република.

]]>
Во Охрид отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-ohrid-otvorena-izlozbata-chento-biografija-niz-fotografija/ Sat, 19 Nov 2022 07:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=575706

Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“
Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”.
Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија.
Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.

Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата – рече  Велкоска.

За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата.

Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески.

Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

The post Во Охрид отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ appeared first on Република.

]]>

Во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид официјално отворена изложбата „ЧЕНТО – БИОГРАФИЈА НИЗ ФОТОГРАФИЈА“ Изложбата содржи 250 хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел, посетителот, растеретен од читање на долги текстови, да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои ,,зборуваат” за ,,животот на ЧЕНТО после смртта”. Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани кои ги дообјаснуваат „замрзнатите” моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на ЧЕНТО, како и други „нешта” ја прават истоимената фотомонографија која дополнително беше публикувана, а која го заокружи во целост овој проект за непоколебливата личност со извонредно богата биографија. Изложбата ја отвори директорката Катерина Велкоска која му се заблагодари на авторот Рубинчо Белчевски и директорот Горан Цветкоски од Завод и Музеј – Прилеп за презентацијата на изложбата потенцира дека меѓуинституционалната соработка е важна за поголема популарност на музејската дејност, му посака понатамошни истражувања и нови изложби.
Ченто од едно време го посети Христо Узунов ,а охриѓани да ги посетат и двајцата – рече  Велкоска.
За време на отворањето на изложбата се разви интересна интеракциска дискусија меѓу присутните гости, односно проф. д-р Павле Митрески зеде збор каде што даде свое мислење за изложбата и за значењето на Методија Андонов ЧЕНТО како историски важна личност и раскажа за средбата помеѓу Кузман Јосифовски Питу и Методија Андонов – Ченто. На дискусијата се приклучија и другите присутни, со што оваа изложба го доби вниманието кое го заслужува, бидејќи ликот и делото на Методија Андонов ЧЕНТО се од огромно значење за државата. Изложбата може да се посети секој работен ден, односно од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот, а ќе биде достапна за посетители до 30.11.2022 година,во спомен куќата на Христо Узунов кај ресорниот историчар Горан Митрески. Автор на изложбата и фотомонографијата: Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.

The post Во Охрид отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ appeared first on Република.

]]>
Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/prodolzuva-izgradbata-na-noviot-park-na-5000-metri-kvadratni-vo-chento/ Sat, 06 Aug 2022 09:36:32 +0000 https://republika.mk/?p=537344

Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто, кој се гради со меѓуопштинска соработка помеѓу општина Гази Баба, Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило.

Паркот се наоѓа во непосредна близина на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Како што соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина. Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во моментов на терен ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема.

Продолжуваат инвестициите во нови парковски површини. Нашата Гази Баба го живее новото време!, порача Стефковски.

The post Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто appeared first on Република.

]]>

Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто, кој се гради со меѓуопштинска соработка помеѓу општина Гази Баба, Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Паркот се наоѓа во непосредна близина на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто. Како што соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина. Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во моментов на терен ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема.
Продолжуваат инвестициите во нови парковски површини. Нашата Гази Баба го живее новото време!, порача Стефковски.

The post Продолжува изградбата на новиот парк на 5000 метри квадратни во Ченто appeared first on Република.

]]>
Тешко повредена скопјанка во која со „шкода“ удри 27-годишник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povredena-skopjanka-vo-koja-so-shkoda-udri-27-godishnik/ Fri, 28 Jan 2022 12:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=450675

Скопјанка е тешко повредена откако вчера како пешак настрада во сообраќајка во Ченто.

Како што соопшти МВР, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Јужноморавски бригади“, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(27) од Скопје, удрило во В.Б.(74) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Тешко повредена скопјанка во која со „шкода“ удри 27-годишник appeared first on Република.

]]>

Скопјанка е тешко повредена откако вчера како пешак настрада во сообраќајка во Ченто. Како што соопшти МВР, во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул.„Јужноморавски бригади“, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(27) од Скопје, удрило во В.Б.(74) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Тешко повредена скопјанка во која со „шкода“ удри 27-годишник appeared first on Република.

]]>
40-годишен скопјанец е загинатиот возач кој се заби во 65-ка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/40-godishen-skopjanec-e-zaginatiot-vozach-koj-se-zabi-vo-65-ka/ Tue, 11 Jan 2022 08:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=442932

Четириесетгодишен возач од Скопје е мажот кој вчера го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во Ченто.

Како што соопштија од МВР, околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„Методија Андонов - Ченто" се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С.С.(1961) од Скопје и патничко моторно возило „голф" со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје. Од страна на екипа на Интната медицинска помош констатирана е смрт кај С.О..

Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во Ургентниот центар во „Мајка Тереза", а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски".

The post 40-годишен скопјанец е загинатиот возач кој се заби во 65-ка appeared first on Република.

]]>

Четириесетгодишен возач од Скопје е мажот кој вчера го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во Ченто. Како што соопштија од МВР, околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„Методија Андонов - Ченто" се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С.С.(1961) од Скопје и патничко моторно возило „голф" со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје. Од страна на екипа на Интната медицинска помош констатирана е смрт кај С.О.. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во Ургентниот центар во „Мајка Тереза", а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски".

The post 40-годишен скопјанец е загинатиот возач кој се заби во 65-ка appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајна несреќа во Ченто, автомобил се заби во автобус „65-ка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakjajna-nesrekja-vo-chento-avtomobil-se-zabi-vo-avtobus-65-ka/ Mon, 10 Jan 2022 20:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=442789

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Ченто, кога автомобил со голема брзина се судри со автобус со бројот 65, кој сообраќа во населбата, објави Алсат.

На местото се излезени екипи на МВР и на Противпожарната бригада, а сѐ уште нема информации за евентуални жртви и повредени во тешката сообраќајка.

 

The post Тешка сообраќајна несреќа во Ченто, автомобил се заби во автобус „65-ка“ appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Ченто, кога автомобил со голема брзина се судри со автобус со бројот 65, кој сообраќа во населбата, објави Алсат. На местото се излезени екипи на МВР и на Противпожарната бригада, а сѐ уште нема информации за евентуални жртви и повредени во тешката сообраќајка.  

The post Тешка сообраќајна несреќа во Ченто, автомобил се заби во автобус „65-ка“ appeared first on Република.

]]>