чехов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chehov/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 08:24:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чехов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chehov/ 32 32 Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов вечерва на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-premierno-ke-ja-izvede-pretstavata-galeb-od-a-p-chehov-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 22 Jul 2024 08:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=799093

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува на 22 јули, на сцената „Долни Сарај“, каде што од 19:30 часот, Народниот театар – Битола премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов, во режија на Багријана Попов.

– Во оваа претстава, ја истражуваме улогата на езерото и на животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки. Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен, сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот – посочува режисерката Попов.

Како што потсетува таа, Чехов ја нарекол претставата комедија, но последниот момент е трагичен, со загубата на младиот Костја.

– Претставата ги наметнува прашањата: Како може да се избегне оваа загуба? Можеме ли подобро да се грижиме за луѓето и за природата? Со актерите од Битолскиот театар, го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите што се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потреба за грижа – додава таа.

Улогите во претставата ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски.

Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и во Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со големи пофалби на фестивалот во Аделаида, во 2019 година. Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“, на „Прогрес и меланхолија“, освои три награди, меѓу кои и наградата за најдобра режија. Таа предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западноавстралиската Академија за применети уметности, колеџот за уметности „Викторија“, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот „Ла Троб“, Универзитетот „Чарлс Стурт“.

Претставата не е наменета за лица под 16-годишна возраст.

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

The post Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува на 22 јули, на сцената „Долни Сарај“, каде што од 19:30 часот, Народниот театар – Битола премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов, во режија на Багријана Попов. – Во оваа претстава, ја истражуваме улогата на езерото и на животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки. Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен, сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот – посочува режисерката Попов. Како што потсетува таа, Чехов ја нарекол претставата комедија, но последниот момент е трагичен, со загубата на младиот Костја. – Претставата ги наметнува прашањата: Како може да се избегне оваа загуба? Можеме ли подобро да се грижиме за луѓето и за природата? Со актерите од Битолскиот театар, го носиме галебот овде и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите што се одвиваат околу него. Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потреба за грижа – додава таа. Улогите во претставата ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски. Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и во Европа. Нејзината верзија на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со големи пофалби на фестивалот во Аделаида, во 2019 година. Багријана покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“, на „Прогрес и меланхолија“, освои три награди, меѓу кои и наградата за најдобра режија. Таа предава и режира во повеќе институции во Австралија, вклучувајќи ги западноавстралиската Академија за применети уметности, колеџот за уметности „Викторија“, Универзитетот во Тасманија, Универзитетот „Ла Троб“, Универзитетот „Чарлс Стурт“. Претставата не е наменета за лица под 16-годишна возраст. Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

The post Битолски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А.П.Чехов вечерва на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-ke-ja-promovira-knigata-ivanov-1887-1889-dve-verzii-a-chehov/ Tue, 02 Apr 2024 12:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=761269

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов.

Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар.

Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал.

По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска.

Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 2 април, во фоајето на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Иванов 1887/1889: две верзии“, А.Чехов. Покрај главниот уредник – Зоја Бузалковска, како главни промотери ќе зборуваат и Драгица Најческа – преведувачката на книгата, Ѓорѓи Јолевски – актер и Гоце Смилевски – писател, а издавач е Македонски народен театар. Со ова драгоцено издание на „Иванов”, комедијата од 1887 година, и „Иванов“, драмата од 1889 година, во одличниот, лесно читлив, но и изговорлив превод на Драгица Најческа, многу нови, идни постановки и драматуршко-режисерски читања на оваа пиеса стануваат возможни и веројатни. Изданието, бездруго, ќе иницира и понатамошни анализи на драматуршката постапка во правењето суштински промени на еден, кон крајот на XIX век навидум кревок, a денес толку поставуван, игран, посакуван, секогаш одново актуелен, многуслоен драмски материјал. По промоцијата ќе следи потпишување на книгата, како и изведба на претставата „Иванов“ во режија на Бузалковска. Билетите за изведбата на претставата се пуштени во продажба.  

The post МНТ ќе ја промовира книгата „Иванов 1887/1889: две верзии, А.Чехов“ appeared first on Република.

]]>
„Галеб“ – драма за конфликтот меѓу две генерации и последиците од невозвратената љубов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/galeb-drama-za-konfliktot-megju-dve-generacii-i-posledicite-od-nevozvratenata-ljubov/ Thu, 28 Jul 2022 11:33:11 +0000 https://republika.mk/?p=534241

Култното дело на Чехов, „Галеб“  беше поставено вчеравечер во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“ во режија на извонредната Нела Витошевиќ а во изведба на професионалните актерите од Турски театар Скопје.

На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше доловена минливоста на животот во која се испреплетуваа синџир на ликови со промашени животи, несреќни судбини, невозвратени љубови, поставени во животни околности во кои не можат или не знаат да се справат.

Се обидовме да го најдеме современиот контекст за да најдеме современо видување на „Галеб“ и тука отворивме две важни теми. Едната беше конфликтот помеѓу две генерации, постара и помлада, како и последиците од невозвратена љубов.  Се обидовме да ставиме акцент на тоа како постарите генерации го кршат соништата на помладите и како на некој начин го убиваат детето во нас. Со актерите многу добро се рабравме, почнавме да истражуваме во тој правец и мислам дека без разлика колку е тежок текстот, на многу лесен начин дојдовме до правецот којшто го договоривме и до некои одредени сцени, решенија  и слично, и на крајот направивме едно уметничко дело на кое сите сме горди, вели режисерката Витошевиќ.

Ова е прва нејзина соработка со Турски театар Скопје, а како што кажа самата, „Галеб“ е дело што имала желба да го режира уште во студентските денови.

Чекав да имам прилика и услови во коишто ќе можам да го сработам на најдобар можен начин. Кога ми се јавија од Турски тетатар за соработка, јас веднаш се сетив на ова дело бидејќи Турскиот театар има неверојатна екипа на актери. Секој еден е приказна за себе и секој еден е многу сериозен во она што го работи на сцена. Сметав дека во таков добар ансамбл би било идеално да го поставам „Галеб“ бидејќи Чеков пред сè пишува студии за карактери во своите драми и затоа се одлучив тоа да биде „Галеб“ и токму со Турски театар, појаснува Витошевиќ.

Главниот лик на Ирина Николаевна Аркадина Трепљова го толкува извонредната актерка Несрин Таир која уште еднаш покажа дека е една од најдобрите наши актерки.

„Галеб“ е претстава за љубовта и театарот, но Нела има еден вид кршење на Чехов. Самата драма од Чехов колку и да е култна, тој трагикомичен начин што го има напишано Чехов, режисерката ја има модернизирано. Сите ликови во „Галеб“ се ставени во животни околности со кои ние можеме или не можеме да се справиме и во процесот на работа ние ги разделувавме од аспект на тоа да бидат поексцентрични. Таа нејзина модерна, урбана естетика што ја носи како режисер многу брзо и многу добро се прифати од професионалните актери во нашиот театар, истакна актерката Таир.

Според неа, Чехов и денес е актуелен зашто неговите драми  се видливи во секојдневието.

Мене Чехов ми е омилен автор и мислам дека еден вид магистерски труд е кога актер се занимава со дело од Чехов. Сметам дека со самото тоа што минувавме два месеци низ процес на животни ситуации и таков тип реплики коишто ги изразува тој и навидум, нели, ништо не му се случува во драмите, а во суштина има голема длабочина во многу ситуации и многу случки. На почетокот се чувствував неубаво зашто ми беше криво зошто го кршиме Чехов. Чехов го чувствувам како современ,секогаш присутен, неговите драми ги гледам во секојдневието, но откако ја направи Нела претставата и откако видов дека поентата ѝ беше да ископаме малку и од нашиот живот што драматуршки го направи Викторија Рангелова, сè беше поинаку.  Од нашиот живот му додадовме на Чехов, колку тој бил и тогаш современ и колку ние сега имаме такви ситуации ама немаме такви дела, па можеме да ги вметнеме како инстанци од аспект дека и ден денес има судир на генерации и слично, раскажа  актерката Несрин Таир.

Турски театар Скопје е чест гостин на „Охридско лето“ и секогаш  ги носи најдобрите театарски претстави на фестивалот.

The post „Галеб“ – драма за конфликтот меѓу две генерации и последиците од невозвратената љубов appeared first on Република.

]]>

Култното дело на Чехов, „Галеб“  беше поставено вчеравечер во рамките на драмската програма на 62-то „Охридско лето“ во режија на извонредната Нела Витошевиќ а во изведба на професионалните актерите од Турски театар Скопје. На сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше доловена минливоста на животот во која се испреплетуваа синџир на ликови со промашени животи, несреќни судбини, невозвратени љубови, поставени во животни околности во кои не можат или не знаат да се справат.