Чегране Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chegrane/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 12:03:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чегране Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chegrane/ 32 32 Гостиварец ги претепал 18-годишниот син и малолетната ќерка, тетовец го нападнал својот 14 години помлад брат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-gi-pretepal-18-godishniot-sin-i-maloletnata-kerka-tetovets-go-napadnal-svojot-14-godini-pomlad-brat/ Sun, 16 Jun 2024 13:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=788123

На 15.06.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 18-годишна ќерка и својот малолетен син, при што употребил тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.06.2024 во 10.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(42) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 28-годишен брат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Гостиварец ги претепал 18-годишниот син и малолетната ќерка, тетовец го нападнал својот 14 години помлад брат appeared first on Република.

]]>

На 15.06.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 18-годишна ќерка и својот малолетен син, при што употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 15.06.2024 во 10.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(42) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 28-годишен брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

The post Гостиварец ги претепал 18-годишниот син и малолетната ќерка, тетовец го нападнал својот 14 години помлад брат appeared first on Република.

]]>
Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/raschistena-krazhbata-na-pola-ton-kanabis-od-chegrane/ Thu, 28 Dec 2023 10:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=727457

Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица.

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18).

Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

The post Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране appeared first on Република.

]]>

Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица. Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране. Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18). Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

The post Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране appeared first on Република.

]]>
Со пиштол му се заканиле на чуварот и го затвориле во шпајз: Од фабрика за марихуана во Чегарне украдени над половина тон марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-pishtol-mu-se-zakanile-na-chuvarot-i-go-zatvorile-vo-shpajz-od-fabrika-za-marihuana-vo-chegarne-ukradeni-nad-polovina-ton-marihuana/ Mon, 27 Nov 2023 21:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=716915

Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми марихуана.

Како што информира МВР, кражбата била пријавена во Одделението за внатрешни работи во Гостивар.

Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Претходно, на 4 октомври годинава од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата за оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.

The post Со пиштол му се заканиле на чуварот и го затвориле во шпајз: Од фабрика за марихуана во Чегарне украдени над половина тон марихуана appeared first on Република.

]]>

Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми марихуана. Како што информира МВР, кражбата била пријавена во Одделението за внатрешни работи во Гостивар.
Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Претходно, на 4 октомври годинава од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата за оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.

The post Со пиштол му се заканиле на чуварот и го затвориле во шпајз: Од фабрика за марихуана во Чегарне украдени над половина тон марихуана appeared first on Република.

]]>
14 лица приведени зошто пукале на излет во Чегране, залутан куршум заврши во жена што си седела во дворот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/14-litsa-privedeni-zoshto-pukale-na-izlet-vo-chegrane-zalutan-kurshum-zavrshi-vo-zhena-shto-si-sedela-vo-dvorot/ Mon, 31 Jul 2023 14:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=667306

Ноќеска во 01.30 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишиле од слобода 13 лица од Чегране и едно лице од Гостивар.

Како што соопшти СВР Тетово, тие околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото.

Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

The post 14 лица приведени зошто пукале на излет во Чегране, залутан куршум заврши во жена што си седела во дворот appeared first on Република.

]]>

Ноќеска во 01.30 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишиле од слобода 13 лица од Чегране и едно лице од Гостивар. Како што соопшти СВР Тетово, тие околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото. Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

The post 14 лица приведени зошто пукале на излет во Чегране, залутан куршум заврши во жена што си седела во дворот appeared first on Република.

]]>
Обвинение против заменик директорот кој му удри клоца и шамари на осмоодделенец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-protiv-zamenik-direktorot-koj-mu-udri-kloca-i-shamari-na-osmooddelenec/ Fri, 01 Apr 2022 08:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=481780

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело малтретирање во вршење на службата.

Обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и личност. Оштетеното дете, ученик во осмо одделение, добил известување дека заедно со уште двајца соученици ќе биде прераспореден во друго одделение. Тој се качил на вториот кат во училиштето за да го земе распоредот за новото одделение, но го затекнал обвинетиот кој најпрвин му се развикал затоа што се качил на спратот, а потоа започнал да го удира со шлаканици и клоца. Оштетеното дете се здобило со телесна повреда – нагмечување во пределот на главата и настанот го пријавило во полициска станица, велат од ОЈО.​​

The post Обвинение против заменик директорот кој му удри клоца и шамари на осмоодделенец appeared first on Република.