чедоморство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chedomorstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 15:34:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чедоморство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chedomorstvo/ 32 32 Ѝ го скршил черепот и ребрата: Таткото на претепаното девојче ќе се гони за убиство, потврди ОЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-skrshil-cherepot-i-rebrata-tatkoto-na-pretepanoto-devojche-ke-se-goni-za-ubistvo-potvrdi-ojo/ Thu, 11 Jan 2024 13:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=731965

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prijavila-deka-se-povredila-pri-igra-ke-se-ispituva-ulogata-na-majkata-vo-chedomorstvoto-na-dvegodishnoto-devojche-od-kichevo/

Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија денеска од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

The post Ѝ го скршил черепот и ребрата: Таткото на претепаното девојче ќе се гони за убиство, потврди ОЈО appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/makedonija/prijavila-deka-se-povredila-pri-igra-ke-se-ispituva-ulogata-na-majkata-vo-chedomorstvoto-na-dvegodishnoto-devojche-od-kichevo/
Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија денеска од ОЈО.
Јавниот обвинител до судијата на пртетходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

The post Ѝ го скршил черепот и ребрата: Таткото на претепаното девојче ќе се гони за убиство, потврди ОЈО appeared first on Република.

]]>
Пријавила дека ќерка и се повредила при игра: Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijavila-deka-kerka-i-se-povredila-pri-igra-ke-se-ispituva-ulogata-na-majkata-vo-smrtta-na-dvegodishnoto-devojche-od-kichevo/ Thu, 11 Jan 2024 13:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=731933

Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево, кое во понеделникот почина во болница по 22 дена борба за живот, откриваат полициски извори за „Курир“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-dvegodishno-devojche-od-kichevo-vo-klinichkiot-tsentar-vo-skopje-tatkoto-se-somnichi-deka-ja-pretepal/

Вчера во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија 30-годишниот Ф.Д., татко на девојчето, кој е осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.

Девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево.

Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра.

Низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство.

Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.

The post Пријавила дека ќерка и се повредила при игра: Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево appeared first on Република.

]]>

Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево, кое во понеделникот почина во болница по 22 дена борба за живот, откриваат полициски извори за „Курир“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-dvegodishno-devojche-od-kichevo-vo-klinichkiot-tsentar-vo-skopje-tatkoto-se-somnichi-deka-ja-pretepal/ Вчера во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија 30-годишниот Ф.Д., татко на девојчето, кој е осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана. Девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево. Полициски службеници извршиле службен разговор со неговата мајка, која изјавила дека детето се здобило со повредите при пад при детска игра. Низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство. Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.  

The post Пријавила дека ќерка и се повредила при игра: Ќе се испитува улогата на мајката во смртта на двегодишното девојче од Кичево appeared first on Република.

]]>
Татко и ќерка обвинети за инцест и чедоморство, откако во подрум се пронајдени остатоци од три новороденчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tatko-i-kerka-obvineti-za-intsest-i-chedomorstvo-otkako-vo-podrum-se-pronajdeni-ostatotsi-od-tri-novorodenchina/ Mon, 18 Sep 2023 12:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=682905

Страшен случај на инцест и чедоморство случајно е отркиен во северниот дел на Полска, по што татко и ќерка се соочуваат со доживотен затвор.

Станува збор за Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20), кои се уапсени за убиство и инцест откога телата на три новороденчиња се пронајдени во подрумот од нивниот дом во селото Черники во северна Полска. Првите две бебиња биле пронајдени во петокот, но дополнителните истраги открија трето тело во напредна фаза на распаѓање во саботата.

Жената е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинение за инцестуозна врска со својот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со војата 20-годишна ќерка и обвинение за родосквернавење со друга ќерка, рече Мариуш Душињски од Окружното обвинителство во Гдањск.

Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишна жена за која велат дека била во консензуална врска со таткото. Третото дете било од врската што ја имал со друга ќерка откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе.

Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.

Мрачни откритија се направени откако полицијата добила дојава од социјалната служба. Кога Пјотр се преселил во селото пред околу 15 години, морал да ги воспитува своите деца откако неговата сопруга починала.

Тој остана сам со децата. Ги имаше многу, од 10 до 12, некои веќе заминаа. Немаше никаков знак дека пиел. Ги носеше децата на прошетка или во шума да берат печурки. Тие беа обични луѓе. Кој би помислил дека такви ужаси има во нивната куќа?, изјавил еден од мештаните, но потоа додаде и дека таткото пред неколку месеци ѝ ја избричил главата „за да не ја гледаат другите момчиња“.

Колегите во слаткарницата во која работела Паулина во соседното село Стара Кишева се посомневале дека е бремена откако почнала да носи широка облека. Потоа земала три недели одмор, но се вратила една недела подоцна.

Сите се сомневавме дека е бремена, мислам дека имаше врзани ленти околу неа како корсет. Кога порано се врати од одмор, промената беше видлива. Беше многу послаба и постојано уморна. Кога ја прашавме за детето, глумеше изненадена и демантираше се, изјави колешка од работа.

Една од колегите на Полина, наводно, ги предупредила социјалните служби откако видела „вознемирувачка“ СМС порака што 20-годишната девојка му ја испратила на нејзиниот татко. Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата.

Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.

The post Татко и ќерка обвинети за инцест и чедоморство, откако во подрум се пронајдени остатоци од три новороденчиња appeared first on Република.

]]>

Страшен случај на инцест и чедоморство случајно е отркиен во северниот дел на Полска, по што татко и ќерка се соочуваат со доживотен затвор. Станува збор за Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20), кои се уапсени за убиство и инцест откога телата на три новороденчиња се пронајдени во подрумот од нивниот дом во селото Черники во северна Полска. Првите две бебиња биле пронајдени во петокот, но дополнителните истраги открија трето тело во напредна фаза на распаѓање во саботата.
Жената е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинение за инцестуозна врска со својот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со војата 20-годишна ќерка и обвинение за родосквернавење со друга ќерка, рече Мариуш Душињски од Окружното обвинителство во Гдањск.
Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишна жена за која велат дека била во консензуална врска со таткото. Третото дете било од врската што ја имал со друга ќерка откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе. Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата. Мрачни откритија се направени откако полицијата добила дојава од социјалната служба. Кога Пјотр се преселил во селото пред околу 15 години, морал да ги воспитува своите деца откако неговата сопруга починала.
Тој остана сам со децата. Ги имаше многу, од 10 до 12, некои веќе заминаа. Немаше никаков знак дека пиел. Ги носеше децата на прошетка или во шума да берат печурки. Тие беа обични луѓе. Кој би помислил дека такви ужаси има во нивната куќа?, изјавил еден од мештаните, но потоа додаде и дека таткото пред неколку месеци ѝ ја избричил главата „за да не ја гледаат другите момчиња“.
Колегите во слаткарницата во која работела Паулина во соседното село Стара Кишева се посомневале дека е бремена откако почнала да носи широка облека. Потоа земала три недели одмор, но се вратила една недела подоцна.
Сите се сомневавме дека е бремена, мислам дека имаше врзани ленти околу неа како корсет. Кога порано се врати од одмор, промената беше видлива. Беше многу послаба и постојано уморна. Кога ја прашавме за детето, глумеше изненадена и демантираше се, изјави колешка од работа.
Една од колегите на Полина, наводно, ги предупредила социјалните служби откако видела „вознемирувачка“ СМС порака што 20-годишната девојка му ја испратила на нејзиниот татко. Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.

The post Татко и ќерка обвинети за инцест и чедоморство, откако во подрум се пронајдени остатоци од три новороденчиња appeared first on Република.

]]>
Мајката која си ги удави двете девојчиња ги шокирала криминалистите со своите изјави, на сопругот му испратила шокантна порака https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majkata-koja-si-gi-udavi-dvete-devojchina-gi-shokirala-kriminalistite-so-svoite-izjavi-na-soprugot-mu-ispratila-shokantna-poraka/ Mon, 31 Jul 2023 18:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=667370

Откако минатиот понеделник ги уби двете свои ќерки во Абсдорф, Австрија, 36-годишната мајка, инаку медицинска сестра и логопед, ги шокираше дури и криминалистите со своите монструозни изјави, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“ за жената која ги удави нејзините две девојчиња на возраст од 7 месеци и 7 години во базенот во дворот на семејната куќа.

Додека ги опишува убиствата, мајката се однесува како да е мртва, а нејзините очи зјапаат во вселената, пренесува магазинот Феникс.

Откако ги удавила, според нејзините зборови, почувствувала спасение, а објаснила и дека „давењето се случило доста брзо“.

Децата беа смислата на мојот живот, наводно повторувала одново и одново во ќелијата на одделот за судска психијатрија.

Страшното злосторство кое го извршила полудената и наводно ментално болна мајка, било снимено со видео камерата поставена во семејната куќа.

Откако ги убила, 36-годишната жена ги извадила децата од базенот, ги завиткала во крпи и ги однела во креветчињата. Потоа преку WhatsApp му испратила порака на својот сопруг: „За жал, не успеав“. Кога сопругот се обидел да ја добие на мобилниот телефон, таа веќе влегла во автомобилот и се забила во дрво, со намера да си го одземе животот.

Мајката наводно боледувала од постпородилна депресија и била на психијатриско лекување.

Нејзиниот чин ми е целосно неразбирлив. Претпоставувам дека во овој случај се работи за акутна ментална болест. Во ќелијата постојано мрмори дека ништо нема никаква смисла затоа што светот е бездно лош, вели адвокатот на убиецот.

Австриските медиуми јавуваат дека мајката освен психички проблеми имала и сериозни финансиски проблеми со враќањето на кредитот за изградбата на куќа со базен и уредувањето на приватна амбуланта за логопед во рамките на куќата.

The post Мајката која си ги удави двете девојчиња ги шокирала криминалистите со своите изјави, на сопругот му испратила шокантна порака appeared first on Република.

]]>

Откако минатиот понеделник ги уби двете свои ќерки во Абсдорф, Австрија, 36-годишната мајка, инаку медицинска сестра и логопед, ги шокираше дури и криминалистите со своите монструозни изјави, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“ за жената која ги удави нејзините две девојчиња на возраст од 7 месеци и 7 години во базенот во дворот на семејната куќа.
Додека ги опишува убиствата, мајката се однесува како да е мртва, а нејзините очи зјапаат во вселената, пренесува магазинот Феникс.
Откако ги удавила, според нејзините зборови, почувствувала спасение, а објаснила и дека „давењето се случило доста брзо“.
Децата беа смислата на мојот живот, наводно повторувала одново и одново во ќелијата на одделот за судска психијатрија.
Страшното злосторство кое го извршила полудената и наводно ментално болна мајка, било снимено со видео камерата поставена во семејната куќа. Откако ги убила, 36-годишната жена ги извадила децата од базенот, ги завиткала во крпи и ги однела во креветчињата. Потоа преку WhatsApp му испратила порака на својот сопруг: „За жал, не успеав“. Кога сопругот се обидел да ја добие на мобилниот телефон, таа веќе влегла во автомобилот и се забила во дрво, со намера да си го одземе животот. Мајката наводно боледувала од постпородилна депресија и била на психијатриско лекување.
Нејзиниот чин ми е целосно неразбирлив. Претпоставувам дека во овој случај се работи за акутна ментална болест. Во ќелијата постојано мрмори дека ништо нема никаква смисла затоа што светот е бездно лош, вели адвокатот на убиецот.
Австриските медиуми јавуваат дека мајката освен психички проблеми имала и сериозни финансиски проблеми со враќањето на кредитот за изградбата на куќа со базен и уредувањето на приватна амбуланта за логопед во рамките на куќата.

The post Мајката која си ги удави двете девојчиња ги шокирала криминалистите со своите изјави, на сопругот му испратила шокантна порака appeared first on Република.

]]>
Го казнувале во ладна када, бил пронајден со над 50 повреди – осудени за убиство родителите на Алфи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/go-kaznuvale-vo-ladna-kada-bil-pronajden-so-nad-50-povredi-osudeni-za-ubistvo-roditelite-na-alfi/ Fri, 16 Jun 2023 14:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=650911

Мајка и очув се осудени за убиство на деветгодишниот Алфи Стил, кој почина по континуирано малтретирање. На судот во Ковентри, Англија, Дирк Хауел беше прогласен за виновен за убиство, а Карла Скот за убиство од небрежност, пренесува „Sky News“.

Станува збор за мачен случај од почетокот на 2021 година, кога малиот Алфи бил пронајден со 50 повреди, вклучително и модринки по целото тело и знаци дека бил лишен од кислород.

На судењето беше објавено дека откако неговата мајка се запознала со Хауел, Алфи „трпел напади и суровост, бил тепан, казнуван со ладна вода и принуден да живее живот како што ниедно дете не треба да живее“.

Мајката на Алфи се јавила на Брза помош на 18 февруари 2021 година и пријавила дека нејзиниот син не дише. Таа тврдела дека тој заспал во кадата во нивниот дом.

Кога пристигнала полицијата, Хауел не бил дома.

Мајката им рекла на полицајците дека го нашла Алфи „потопен“ во кадата, додавајќи дека тој претходно „се удрил во глава“. Детето не давало знаци на живот, а телото му било замрзнато.

Таа ја излажала полицијата дека последен пат го видела Хауел неколку дена пред трагедијата. Сепак, снимките од надзорните камери покажаа дека тој избегал од куќата околу времето кога била повикана полиција. Тој бил уапсен кратко време подоцна додека се обидувал да се качи на воз.

Карла Скот и нејзиниот партнер пред судот изјавиле дека сметаат дека било „прифатливо“ да се удира Алфи со ремен или да се казни на сличен начин.

Овие казни, меѓу другото, вклучувале и „потопување во ладни бањи“ или принудување на детето да стои надвор среде ноќ, по што би го полеале со студена вода.

На судењето беше пуштена снимката на соседот на која се слуша како Алфи постојано вика и ја моли мајка му да му ја отвори вратата откако ќе бил исфрлен од куќата.

Случајот со ова семејство им бил познат на надлежните служби, вклучително и на службата за социјална работа, бидејќи една година пред смртта на Алфи, соседите веќе пријавиле загриженост за момчето.

Еден сосед пред три години рекол дека детето стои како статуа во дворот, а други соседи пријавиле дека нешто чудно се случува во таа куќа.

Во август 2020 година, половина година пред да умре Алфи, друг сосед се јавил во полиција и пријавил дека „звучи како соседите да му прават нешто лошо на своето дете во кадата, како навистина да го повредуваат“.

Социјалните работници наредиле на Хауел да не му е дозволено да преноќува во куќата, но тој и Карла постојано ја прекршувале забрната. Се размислувало и да се преземе старателство од мајката, но тоа отфрлено бидејќи во тој период таа соработувала со надлежните служби.

Во меѓувреме, започна независна ревизија на практиките за заштита на децата за да се утврди дали можело да се направи повеќе за да се заштити Алфи.

The post Го казнувале во ладна када, бил пронајден со над 50 повреди – осудени за убиство родителите на Алфи appeared first on Република.

]]>

Мајка и очув се осудени за убиство на деветгодишниот Алфи Стил, кој почина по континуирано малтретирање. На судот во Ковентри, Англија, Дирк Хауел беше прогласен за виновен за убиство, а Карла Скот за убиство од небрежност, пренесува „Sky News“. Станува збор за мачен случај од почетокот на 2021 година, кога малиот Алфи бил пронајден со 50 повреди, вклучително и модринки по целото тело и знаци дека бил лишен од кислород. На судењето беше објавено дека откако неговата мајка се запознала со Хауел, Алфи „трпел напади и суровост, бил тепан, казнуван со ладна вода и принуден да живее живот како што ниедно дете не треба да живее“. Мајката на Алфи се јавила на Брза помош на 18 февруари 2021 година и пријавила дека нејзиниот син не дише. Таа тврдела дека тој заспал во кадата во нивниот дом. Кога пристигнала полицијата, Хауел не бил дома. Мајката им рекла на полицајците дека го нашла Алфи „потопен“ во кадата, додавајќи дека тој претходно „се удрил во глава“. Детето не давало знаци на живот, а телото му било замрзнато. Таа ја излажала полицијата дека последен пат го видела Хауел неколку дена пред трагедијата. Сепак, снимките од надзорните камери покажаа дека тој избегал од куќата околу времето кога била повикана полиција. Тој бил уапсен кратко време подоцна додека се обидувал да се качи на воз. Карла Скот и нејзиниот партнер пред судот изјавиле дека сметаат дека било „прифатливо“ да се удира Алфи со ремен или да се казни на сличен начин. Овие казни, меѓу другото, вклучувале и „потопување во ладни бањи“ или принудување на детето да стои надвор среде ноќ, по што би го полеале со студена вода. На судењето беше пуштена снимката на соседот на која се слуша како Алфи постојано вика и ја моли мајка му да му ја отвори вратата откако ќе бил исфрлен од куќата. Случајот со ова семејство им бил познат на надлежните служби, вклучително и на службата за социјална работа, бидејќи една година пред смртта на Алфи, соседите веќе пријавиле загриженост за момчето. Еден сосед пред три години рекол дека детето стои како статуа во дворот, а други соседи пријавиле дека нешто чудно се случува во таа куќа. Во август 2020 година, половина година пред да умре Алфи, друг сосед се јавил во полиција и пријавил дека „звучи како соседите да му прават нешто лошо на своето дете во кадата, како навистина да го повредуваат“. Социјалните работници наредиле на Хауел да не му е дозволено да преноќува во куќата, но тој и Карла постојано ја прекршувале забрната. Се размислувало и да се преземе старателство од мајката, но тоа отфрлено бидејќи во тој период таа соработувала со надлежните служби. Во меѓувреме, започна независна ревизија на практиките за заштита на децата за да се утврди дали можело да се направи повеќе за да се заштити Алфи.

The post Го казнувале во ладна када, бил пронајден со над 50 повреди – осудени за убиство родителите на Алфи appeared first on Република.

]]>
„Сега кој ќе ми ги чува децата, требаше помала казна“, се пожали скопјанецот кој доби 20 години за убиство на неговото бебе https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sega-koj-ke-mi-gi-chuva-detsata-trebashe-pomala-kazna-se-pozhali-skopjanetsot-koj-dobi-20-godini-za-ubistvo-na-negovoto-bebe/ Wed, 01 Feb 2023 17:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=603520

Обвинетиот Суад Бајрам (45) од Скопје, таткото обвинет дека го уби тримесечното бебе доби затвор од 20 години. Основниот кривичен суд Скопје го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство, пренесе МКД.МК.

Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите три малолетни деца.

Бебето почина поради повреди и крварење во мозокот од ударите на таткото.

Дваесет години затвор е многу висока казна. Јас сега има 45 години и до кога ќе седам во затвор? Имам уште 3 малолетни деца и за нив нема кој да се грижи. Мислев помала казна ќе добијам, ѝ се пожали обвинетиот на адвокатката.

Целата сторија на МКД.мк

The post „Сега кој ќе ми ги чува децата, требаше помала казна“, се пожали скопјанецот кој доби 20 години за убиство на неговото бебе appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Суад Бајрам (45) од Скопје, таткото обвинет дека го уби тримесечното бебе доби затвор од 20 години. Основниот кривичен суд Скопје го огласи за виновен за кривичното дело убиство при вршење на семејно насилство, пренесе МКД.МК. Бајрам призна дека го сторил убиството и пред судиите изразил жалење и каење за стореното. Но, по изречената казна затвор од 20 години тој негодуваше дека тоа се многу години затвор и кажа дека очекувал помала казна бидејќи, како што рече, немало сега кој да се грижи за другите три малолетни деца. Бебето почина поради повреди и крварење во мозокот од ударите на таткото.