чеде спасиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chede-spasikj/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Oct 2022 09:55:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чеде спасиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chede-spasikj/ 32 32 Ново име на македонската сцена: Талентираниот Чеде Спасиќ ја објави својата прва песна https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/novo-ime-na-makedonskata-scena-talentiraniot-chede-spasikj-ja-objavi-svojata-prva-pesna/ Fri, 14 Oct 2022 17:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=561005

На македонското естрадно небо секогаш има место за квалитетни и талентирани пејачи, а еден таков е и младиот кавадарчанец Чеде Спасиќ, кој вчеравечер најпрво на социјалните мрежи ја промовираше својата прва авторска песна. Станува збор за нумерата со наслов „Прва и последна “, која е дело на добро познатиот авторски тандем Борче Нечовски и Дејан Момороски, однонсно снимена е во студиото „Xl studio Momiroski“.

Во песната свој белег има оставено и гитаристот Дамјан Пејчиновски, додека придружниот вокал го пее Сара Пројковска.

Чеде е добро познат на публиката каде настапува, а за тоа говорат и неговите настапи на кои секогаш се бара место повеќе. Тој вели дека едвај чекал да дојде денот да ја промовира песната и да покаже што сработиле заедно со неговата екипа овие неколку месеци наназад.

Долго време бев во потрага по добра песна и мислам дека конечно го најдов тоа, впрочем публиката треба да го каже тоа, но јас верувам многу во овој проект. Презадоволен сум од тоа како течеше соработката со Борче и Дејан, а исто така и од тоа како излезе видеоспотот. Коментарите веќе пристигнуваат на моја адреса и сите, ама буквално сите се позитивни, вели младиот пејач Спасиќ.

Видеоспотот во режија на Николај Скерлев е снимен на плажите на Сончев Брег, Бугарија.

Младиот пејач вели дека ова е само почеток, дека публиката наскоро ќе има прилика да ја слушне и втората песна, која исто така ја работи со истиот тим.

https://youtu.be/TxaWXYFfRsM

The post Ново име на македонската сцена: Талентираниот Чеде Спасиќ ја објави својата прва песна appeared first on Република.

]]>

На македонското естрадно небо секогаш има место за квалитетни и талентирани пејачи, а еден таков е и младиот кавадарчанец Чеде Спасиќ, кој вчеравечер најпрво на социјалните мрежи ја промовираше својата прва авторска песна. Станува збор за нумерата со наслов „Прва и последна “, која е дело на добро познатиот авторски тандем Борче Нечовски и Дејан Момороски, однонсно снимена е во студиото „Xl studio Momiroski“. Во песната свој белег има оставено и гитаристот Дамјан Пејчиновски, додека придружниот вокал го пее Сара Пројковска. Чеде е добро познат на публиката каде настапува, а за тоа говорат и неговите настапи на кои секогаш се бара место повеќе. Тој вели дека едвај чекал да дојде денот да ја промовира песната и да покаже што сработиле заедно со неговата екипа овие неколку месеци наназад.
Долго време бев во потрага по добра песна и мислам дека конечно го најдов тоа, впрочем публиката треба да го каже тоа, но јас верувам многу во овој проект. Презадоволен сум од тоа како течеше соработката со Борче и Дејан, а исто така и од тоа како излезе видеоспотот. Коментарите веќе пристигнуваат на моја адреса и сите, ама буквално сите се позитивни, вели младиот пејач Спасиќ.
Видеоспотот во режија на Николај Скерлев е снимен на плажите на Сончев Брег, Бугарија. Младиот пејач вели дека ова е само почеток, дека публиката наскоро ќе има прилика да ја слушне и втората песна, која исто така ја работи со истиот тим. https://youtu.be/TxaWXYFfRsM

The post Ново име на македонската сцена: Талентираниот Чеде Спасиќ ја објави својата прва песна appeared first on Република.

]]>