Чеченци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chechenci/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 11:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чеченци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chechenci/ 32 32 Чеченци силувале руска новинарка во Украина, а камерманот го претепале https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chechentsi-siluvale-ruska-novinarka-vo-ukraina-a-kamermanot-go-pretepale/ Tue, 31 Jan 2023 10:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=602931

Според дел од украинските медиуми, голем скандал ја тресе Русија откако во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се споменува и Кадиров.

Имено, во писмото до НТВ се наведува дека нивната новинарка кој била испратена да известува од украинскиот град Мелитопол била силувана.

Според „Јутарњи лист“, станува збор за новинарката Олга Зенкова, која важи за пропагандист на Путин.

Таа отишла во Мелитопол, кој на почетокот на војната е под контрола на Русите, да направи извештај, се посочува подоцна во текстот. Меѓутоа, како што се наведува, таа налетала на озлогласената чеченска бригада предводена од Хасан Ибрахимов, братучед на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за овој страшен инцидент дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба од НТВ, во која раководството на таа телевизија го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот.

Официјалниот документ бил испратен до шефот на тој Истражен комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитација на руската армија“.

The post Чеченци силувале руска новинарка во Украина, а камерманот го претепале appeared first on Република.

]]>

Според дел од украинските медиуми, голем скандал ја тресе Русија откако во јавноста протече писмо од руската телевизија НТВ, во кое се споменува и Кадиров. Имено, во писмото до НТВ се наведува дека нивната новинарка кој била испратена да известува од украинскиот град Мелитопол била силувана. Според „Јутарњи лист“, станува збор за новинарката Олга Зенкова, која важи за пропагандист на Путин. Таа отишла во Мелитопол, кој на почетокот на војната е под контрола на Русите, да направи извештај, се посочува подоцна во текстот. Меѓутоа, како што се наведува, таа налетала на озлогласената чеченска бригада предводена од Хасан Ибрахимов, братучед на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот. Украинците пишуваат дека за овој страшен инцидент дознале сосема случајно, бидејќи во јавноста протече жалба од НТВ, во која раководството на таа телевизија го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот. Официјалниот документ бил испратен до шефот на тој Истражен комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитација на руската армија“.

The post Чеченци силувале руска новинарка во Украина, а камерманот го претепале appeared first on Република.

]]>
Чеченци и Черкези се дојдени на Косово да убиваат Срби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/cechenci-i-cherkezi-se-dojdeni-na-kosovo-da-ubivaat-srbi/ Mon, 22 Aug 2022 07:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=542720

Претседателот на Србија Александар Вучиќ преупреди дека екстремисти од Чеченија се дојдени на Косово за да предизвикаат немири. Според него, ова е доказ дека се подготвуваат тензии, а можеби и убиства над Србите.

Вучиќ објасни дека овие борци на Косово пристигнале на почетокот на август и се работи за екстремистичка група составена од противниците на Разман Кадиров.

Што и да се случи бегалски колони нема да има. Србија ќе го сочува својот народ од протерување - предупреди Вучиќ.

The post Чеченци и Черкези се дојдени на Косово да убиваат Срби appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ преупреди дека екстремисти од Чеченија се дојдени на Косово за да предизвикаат немири. Според него, ова е доказ дека се подготвуваат тензии, а можеби и убиства над Србите. Вучиќ објасни дека овие борци на Косово пристигнале на почетокот на август и се работи за екстремистичка група составена од противниците на Разман Кадиров.
Што и да се случи бегалски колони нема да има. Србија ќе го сочува својот народ од протерување - предупреди Вучиќ.

The post Чеченци и Черкези се дојдени на Косово да убиваат Срби appeared first on Република.

]]>
Ковачевски молчи за Чеченците, како што молчеше за пцуењето на вработени: До кога ќе се срами од срамот кој ѝ го приредува Џафери на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-molchi-za-chechencite-kako-shto-molcheshe-za-pcuenjeto-na-vraboteni-do-koga-kje-se-srami-od-sramot-koj-go-prireduva-dzaferi-na-makedonija/ Mon, 23 May 2022 07:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=505726

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потсетуваат на средбата на Талат Џафери во Собранието со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“.

Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба? Активностите ма Џафери можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО. И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација. Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој ѝ го приредува Џафери на Македонија, велат оттаму.

The post Ковачевски молчи за Чеченците, како што молчеше за пцуењето на вработени: До кога ќе се срами од срамот кој ѝ го приредува Џафери на Македонија appeared first on Република.

]]>

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие потсетуваат на средбата на Талат Џафери во Собранието со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“.
Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба? Активностите ма Џафери можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО. И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација. Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој ѝ го приредува Џафери на Македонија, велат оттаму.

The post Ковачевски молчи за Чеченците, како што молчеше за пцуењето на вработени: До кога ќе се срами од срамот кој ѝ го приредува Џафери на Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Нормално ли е во Собрание на членка на НАТО претседателот да има средба со чеченски политичари блиски до Путин?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-normalno-li-e-vo-sobranie-na-chlenka-na-nato-pretsedatelot-da-ima-sredba-so-chechenski-politichari-bliski-do-putin/ Sun, 22 May 2022 10:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=505459

Власта на СДСМ и ДУИ декларативно е за НАТО, а остварува контакти и средби со лица блиски до режимот во Кремљ. Тоа е лицемерие пред граѓаните, а бламажа на меѓународна сцена и пред стратешките партнери, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Посочи дека скандалот со делегацијата која ја примил Талат Џафери во Македонското Собрание во која биле дел чеченски политичари, поранешни пратеници во руската Дума отвораат низа на прашања, кои за жал остануваат неодговорени.

-Молчи Талат Џафери, молчи СДСМ, молчи Ковачевски, молчи Владата, молчи претседателот Пендаровски, молчат надлежните безбедносни институции. Зарем е нормално во Парламент на земја членка на НАТО, средба да имаат претседател на Парламентот и лице каков што е Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Ова лице е со потенцијален безбедносен ризик и затоа се потребни одговори како, зошто и кој дозволил таква средба, за што се разговарало на таа средба и дали воопшто Џафери ги известил безбедносните служби за оваа средба. Одговори и одговорност должат и коалициските партнери СДСМ, кои не треба да се кријат туку да одговорат дали и тие партиципирале на средбите и знаеле за намерите да се гради споменик на Ахмат Кадиров во Тетово, лик кој ги основал воените структури популарно наречени Кадировци, вели пратеникот.

Ковачки посочува дека ова ја компромитира Македонија и ја нарушува довербата пред нашите стратешки партнери.

-Очекуваме Талат Џафери и коалицијата предводена од СДСМ да дадат одговори, но и Ковачевски, кој веројатно пак ќе се правда дека не видел или не чул, исто како што се правдаше за примитивното и вулгарно однесување на Талат Џафери кога ги пцуеше и навредуваше вработените во Собранието.

За доброто на институцијата Претседател на Собранието, но и за имиџот на Македонија најдобро е Талат Џафери да си поднесе оставка, а прв кој треба тоа да го иницира е Димитар Ковачевски како претседател на СДСМ. Но народот вели врана на врана очи не вади, па така својата дружба Талат и Ковачевски не сакаат да си ја расипат, по цена на јавен срам на институциите и на Македонија како држава, нагласува тој.

The post Ковачки: Нормално ли е во Собрание на членка на НАТО претседателот да има средба со чеченски политичари блиски до Путин?! appeared first on Република.

]]>

Власта на СДСМ и ДУИ декларативно е за НАТО, а остварува контакти и средби со лица блиски до режимот во Кремљ. Тоа е лицемерие пред граѓаните, а бламажа на меѓународна сцена и пред стратешките партнери, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Посочи дека скандалот со делегацијата која ја примил Талат Џафери во Македонското Собрание во која биле дел чеченски политичари, поранешни пратеници во руската Дума отвораат низа на прашања, кои за жал остануваат неодговорени. -Молчи Талат Џафери, молчи СДСМ, молчи Ковачевски, молчи Владата, молчи претседателот Пендаровски, молчат надлежните безбедносни институции. Зарем е нормално во Парламент на земја членка на НАТО, средба да имаат претседател на Парламентот и лице каков што е Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Ова лице е со потенцијален безбедносен ризик и затоа се потребни одговори како, зошто и кој дозволил таква средба, за што се разговарало на таа средба и дали воопшто Џафери ги известил безбедносните служби за оваа средба. Одговори и одговорност должат и коалициските партнери СДСМ, кои не треба да се кријат туку да одговорат дали и тие партиципирале на средбите и знаеле за намерите да се гради споменик на Ахмат Кадиров во Тетово, лик кој ги основал воените структури популарно наречени Кадировци, вели пратеникот. Ковачки посочува дека ова ја компромитира Македонија и ја нарушува довербата пред нашите стратешки партнери. -Очекуваме Талат Џафери и коалицијата предводена од СДСМ да дадат одговори, но и Ковачевски, кој веројатно пак ќе се правда дека не видел или не чул, исто како што се правдаше за примитивното и вулгарно однесување на Талат Џафери кога ги пцуеше и навредуваше вработените во Собранието. За доброто на институцијата Претседател на Собранието, но и за имиџот на Македонија најдобро е Талат Џафери да си поднесе оставка, а прв кој треба тоа да го иницира е Димитар Ковачевски како претседател на СДСМ. Но народот вели врана на врана очи не вади, па така својата дружба Талат и Ковачевски не сакаат да си ја расипат, по цена на јавен срам на институциите и на Македонија како држава, нагласува тој.

The post Ковачки: Нормално ли е во Собрание на членка на НАТО претседателот да има средба со чеченски политичари блиски до Путин?! appeared first on Република.

]]>
СДСМ да одговори кои функционери присуствувале и знаеле на средбите на Џафери со Чеченците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-da-odgovori-koi-funkcioneri-prisustvuvale-i-znaele-na-sredbite-na-dzaferi-so-chechencite/ Sun, 22 May 2022 07:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=505393

СДСМ да не молчи и да одговори дали и кои нивни функционери присуствувале и знаеле за средбите на Талат Џафери со лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста на Македонија и западниот свет. Исто така граѓаните треба да добијат одговор дали и Ковачевски како дел од владата, знаел за средбите на Талат Џафери со чеченската делегација предовдена од пратеникот на Думата Абдул-Вајед Нијазов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат што сомнително се договарало на истата средба штом се крие, иако Џафери како претседател на Собрание треба да известува со кои официјални лица се среќава и колку такви средби кои се ризик за Македонија и остварил?

-Што им ветил Џафери на Чеченците и како е возможно безбедносните служби да дозволиле таква средба која очигледно е ризик за безбедноста? СДСМ треба да одговори дали нашите меѓународни партнери биле известени за средби на Талат Џафери како претседател на Собрание со претставници кои не само што се ризик за безбедноста туку и ги поткопуваат демократските и западните вредности. Додека устите на СДСМ и ДУИ им се полни со поделби во државата на прозападни и антизападни, нивни функционери се среќаваат со контроверзни лица од Чеченија, марионети на Кремљ. Впрочем и затоа ги прават тие поделби и така се обидуваат да си ја ишкаат мувата од капата. Воедно власта треба да одговори и кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат, Талат Џафери не само што има девијантно однесување кон вработените во Собранието, тој со вакви средби ја поткопува и сигурноста и демократија на Македонија. Таков човек е недостоен да биде носител на било каква функција, особено не е достоен да биде претседател на Собрание.

Талат Џафери мора веднаш да поднесе оставка, а СДСМ и ДУИ да одговорат зошто е одржуваат средби со лица кои се безбедносен ризик за Македонија, но и за западниот свет.

The post СДСМ да одговори кои функционери присуствувале и знаеле на средбите на Џафери со Чеченците appeared first on Република.

]]>

СДСМ да не молчи и да одговори дали и кои нивни функционери присуствувале и знаеле за средбите на Талат Џафери со лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста на Македонија и западниот свет. Исто така граѓаните треба да добијат одговор дали и Ковачевски како дел од владата, знаел за средбите на Талат Џафери со чеченската делегација предовдена од пратеникот на Думата Абдул-Вајед Нијазов, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата прашуваат што сомнително се договарало на истата средба штом се крие, иако Џафери како претседател на Собрание треба да известува со кои официјални лица се среќава и колку такви средби кои се ризик за Македонија и остварил? -Што им ветил Џафери на Чеченците и како е возможно безбедносните служби да дозволиле таква средба која очигледно е ризик за безбедноста? СДСМ треба да одговори дали нашите меѓународни партнери биле известени за средби на Талат Џафери како претседател на Собрание со претставници кои не само што се ризик за безбедноста туку и ги поткопуваат демократските и западните вредности. Додека устите на СДСМ и ДУИ им се полни со поделби во државата на прозападни и антизападни, нивни функционери се среќаваат со контроверзни лица од Чеченија, марионети на Кремљ. Впрочем и затоа ги прават тие поделби и така се обидуваат да си ја ишкаат мувата од капата. Воедно власта треба да одговори и кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров – лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Велат, Талат Џафери не само што има девијантно однесување кон вработените во Собранието, тој со вакви средби ја поткопува и сигурноста и демократија на Македонија. Таков човек е недостоен да биде носител на било каква функција, особено не е достоен да биде претседател на Собрание. Талат Џафери мора веднаш да поднесе оставка, а СДСМ и ДУИ да одговорат зошто е одржуваат средби со лица кои се безбедносен ризик за Македонија, но и за западниот свет.

The post СДСМ да одговори кои функционери присуствувале и знаеле на средбите на Џафери со Чеченците appeared first on Република.

]]>
AА: Прорусите заедно ја слават 20-годишнината од ДУИ и 70-годишнината на Кадиров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-prorusite-zaedno-ja-slavat-20-godishninata-od-dui-i-70-godishninata-na-kadirov/ Sun, 22 May 2022 07:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=505370

Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер. Сето ова се случи во Собранието на Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците по информациите дека Џафери лани примил делегација на руската Чеченска Република.

„Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

The post AА: Прорусите заедно ја слават 20-годишнината од ДУИ и 70-годишнината на Кадиров appeared first on Република.

]]>

Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер. Сето ова се случи во Собранието на Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците по информациите дека Џафери лани примил делегација на руската Чеченска Република. „Се гледа дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието. Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

The post AА: Прорусите заедно ја слават 20-годишнината од ДУИ и 70-годишнината на Кадиров appeared first on Република.

]]>
Кадиров нуди милион долари за фаќање на Чеченците коишто се борат на станата на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-nudi-milion-dolari-za-fakjanje-na-chechencite-koishto-se-borat-na-stanata-na-ukraina/ Tue, 26 Apr 2022 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=493632

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, понуди награда од 1 милион долари за информации за тоа каде се наоѓаат припадниците на чеченскиот баталјон „Шеик Мансур и Дудаев“, коишто се борат на страна на украинските сили во конфликтот со Русија.

Нудам награда од еден милион долари (има покровител кој е подготвен да донира) на секој што ќе каже каде е таканаречениот баталјон на шеикот Мансуров и Дудаев - вели Кадиров во аудио порака објавена на Телеграм.

Кадиров порачува дека баталјонот мора да биде „уништен“ или неговите членови „мора да клекнат и да побараат прошка од својот народ и од сите муслимани...“.

Како што пренесува „РИА Новости“, Кадиров претходно ветил дека ќе „се разјасни“ со луѓето што побегнале од Чеченија, себеси се нарекуваат „баталјон на шеикот Мансур и Дудаев“ и ветиле  дека ќе и помогнат на Украина во борбата против Русија.

The post Кадиров нуди милион долари за фаќање на Чеченците коишто се борат на станата на Украина appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, понуди награда од 1 милион долари за информации за тоа каде се наоѓаат припадниците на чеченскиот баталјон „Шеик Мансур и Дудаев“, коишто се борат на страна на украинските сили во конфликтот со Русија.
Нудам награда од еден милион долари (има покровител кој е подготвен да донира) на секој што ќе каже каде е таканаречениот баталјон на шеикот Мансуров и Дудаев - вели Кадиров во аудио порака објавена на Телеграм.
Кадиров порачува дека баталјонот мора да биде „уништен“ или неговите членови „мора да клекнат и да побараат прошка од својот народ и од сите муслимани...“. Како што пренесува „РИА Новости“, Кадиров претходно ветил дека ќе „се разјасни“ со луѓето што побегнале од Чеченија, себеси се нарекуваат „баталјон на шеикот Мансур и Дудаев“ и ветиле  дека ќе и помогнат на Украина во борбата против Русија.

The post Кадиров нуди милион долари за фаќање на Чеченците коишто се борат на станата на Украина appeared first on Република.

]]>
Чеченските борци водат улични борби против припадниците на баталјонот „Азов“ во Мариупол (ВИДЕО) https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chechenskite-borci-vodat-ulichni-borbi-protiv-pripadnicite-na-bataljonot-azov-vo-mariupol-video/ Wed, 23 Mar 2022 20:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=477363

Конфликтот во Украина не стивнува, а особено жестоки борби се водат во Мариупол.

Улични битки се најинтензивни во близина на металуршко-индустрискиот комплекс „АЗОВСТАЛ“, најголемата фабрика и производител на челик во Европа.

Во споменатиот комплекс се наоѓаат припадниците на украинскиот националистички баталјон „Азов“, како нивно последно упориште, а против нив се борат руските сили засилени со единиците дојдени од Чечнија.

Погледнете како изгледаат уличните борби во Мариупол.

https://twitter.com/JimmySecUK/status/1506273166766874637?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506273166766874637%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F610436%2Frat-u-ukrajini-27-dan-uzivo-najnovije-vesti%2Fvest

The post Чеченските борци водат улични борби против припадниците на баталјонот „Азов“ во Мариупол (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>

Конфликтот во Украина не стивнува, а особено жестоки борби се водат во Мариупол. Улични битки се најинтензивни во близина на металуршко-индустрискиот комплекс „АЗОВСТАЛ“, најголемата фабрика и производител на челик во Европа. Во споменатиот комплекс се наоѓаат припадниците на украинскиот националистички баталјон „Азов“, како нивно последно упориште, а против нив се борат руските сили засилени со единиците дојдени од Чечнија. Погледнете како изгледаат уличните борби во Мариупол.
https://twitter.com/JimmySecUK/status/1506273166766874637?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1506273166766874637%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F610436%2Frat-u-ukrajini-27-dan-uzivo-najnovije-vesti%2Fvest

The post Чеченските борци водат улични борби против припадниците на баталјонот „Азов“ во Мариупол (ВИДЕО) appeared first on Република.

]]>
Кадиров: Мојот брат Апти Алаудинов на чело на 1.000 чеченски доброволци заминува во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-mojot-brat-apti-alaudinov-na-chelo-na-1-000-chechenski-dobrovolci-zaminuva-vo-ukraina/ Fri, 18 Mar 2022 09:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=474781

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, најави дека нова единица чечнски броци заминала да се бори во Украина на страна на руските сили.

Кадиров на Телеграм соопшти дека станува збор за околу 1.000 чеченски доброволци, кои под раководство на неговиот близок соработник, Апти Алаудинов, се на пат да учествуваат во руската специјална операција.

Чеченскиот лидер во понеделникот објави дека и тој самиот се наоѓа во Украина, заедно со руските сили на завземениот аеродром во близина на Киев.

https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-pristignal-vo-ukraina-pred-nekoj-den-bev-na-okolu-20-kilometri-od-vas-kievski-nacisti-a-sega-sme-ushte-poblisku/

The post Кадиров: Мојот брат Апти Алаудинов на чело на 1.000 чеченски доброволци заминува во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, најави дека нова единица чечнски броци заминала да се бори во Украина на страна на руските сили. Кадиров на Телеграм соопшти дека станува збор за околу 1.000 чеченски доброволци, кои под раководство на неговиот близок соработник, Апти Алаудинов, се на пат да учествуваат во руската специјална операција. Чеченскиот лидер во понеделникот објави дека и тој самиот се наоѓа во Украина, заедно со руските сили на завземениот аеродром во близина на Киев. https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-pristignal-vo-ukraina-pred-nekoj-den-bev-na-okolu-20-kilometri-od-vas-kievski-nacisti-a-sega-sme-ushte-poblisku/

The post Кадиров: Мојот брат Апти Алаудинов на чело на 1.000 чеченски доброволци заминува во Украина appeared first on Република.

]]>
Пет илјади Чеченци се во Мариупол, бараат предавање од баталјонот „Азов“ за да се избегнат цивилни жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-iljadi-chechenci-se-vo-mariupol-baraat-predavanje-od-bataljonot-azov-za-da-se-izbegnat-civilni-zrtvi/ Mon, 14 Mar 2022 12:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=472618

Руски медиуми јавуваат дека во текот на ноќта, припадници на специјалните сили на Чеченија, влегле во Мариупол и ги повикуваат припадниците на нациоанлистичкиот баталјон „Азов“ да го се предат со цел да се избегнат непотребни цивилни жртви.

Влегувањето на чеченските борци во Мариупол, го потврди и лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој на свпојот канал на Телеграм директно им се обраќа со порака дека имаат неколку часа да го положат оружјето и апелира да не се кријат за цивилите.

Националниот баталјон има само еден начин да излезе од градот, ианку ќе биде ликвидиран, Времето поминува и не ви е сојузник. Ги имате наредните неколку часови, вечерва веќе ќе биде доцна. Барем еднаш постапете како мажи заради цивилите во градот. Ви повотрувам дека вечерва ќе биде доцна - вели Кадиров во пораката.

Чеченскиот лидер додава дека околу и во Мариупол се распоредени околу пет илјади од најдобрите чеченски борци.

Како што наведуваат медиумите, чеченските сили имаат огромно искуство во операции за „чистење“ на градски средини, стекнато за време на многубројни успешни антитерористички акции спроведени во Чеченија, против борци со големо искуство во урбана војна.

https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-pristignal-vo-ukraina-pred-nekoj-den-bev-na-okolu-20-kilometri-od-vas-kievski-nacisti-a-sega-sme-ushte-poblisku/

The post Пет илјади Чеченци се во Мариупол, бараат предавање од баталјонот „Азов“ за да се избегнат цивилни жртви appeared first on Република.

]]>

Руски медиуми јавуваат дека во текот на ноќта, припадници на специјалните сили на Чеченија, влегле во Мариупол и ги повикуваат припадниците на нациоанлистичкиот баталјон „Азов“ да го се предат со цел да се избегнат непотребни цивилни жртви. Влегувањето на чеченските борци во Мариупол, го потврди и лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој на свпојот канал на Телеграм директно им се обраќа со порака дека имаат неколку часа да го положат оружјето и апелира да не се кријат за цивилите.
Националниот баталјон има само еден начин да излезе од градот, ианку ќе биде ликвидиран, Времето поминува и не ви е сојузник. Ги имате наредните неколку часови, вечерва веќе ќе биде доцна. Барем еднаш постапете како мажи заради цивилите во градот. Ви повотрувам дека вечерва ќе биде доцна - вели Кадиров во пораката.
Чеченскиот лидер додава дека околу и во Мариупол се распоредени околу пет илјади од најдобрите чеченски борци. Како што наведуваат медиумите, чеченските сили имаат огромно искуство во операции за „чистење“ на градски средини, стекнато за време на многубројни успешни антитерористички акции спроведени во Чеченија, против борци со големо искуство во урбана војна. https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-pristignal-vo-ukraina-pred-nekoj-den-bev-na-okolu-20-kilometri-od-vas-kievski-nacisti-a-sega-sme-ushte-poblisku/

The post Пет илјади Чеченци се во Мариупол, бараат предавање од баталјонот „Азов“ за да се избегнат цивилни жртви appeared first on Република.

]]>
Чеченски борци планирале да го убијат Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chechenski-borci-planirale-da-go-ubijat-zelenski/ Wed, 02 Mar 2022 08:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=466311

Украинските власти соопштија дека уништиле елитна група чеченски борци кои планирале да го убијат претседателот Владимир Зеленски, пишува денеска британскиот весник „Дејли мејл“.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, во денешното телевизиско обраќање кажа дека „е елиминирана единицата која дојде да го убие претседателот“.

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, претходно кажа дека Чеченци биле убиени во руски напад во Украина.

Веќе сме запознаени со специјалната операција што требаше да ја изврши единицата на силите на Кадиров. Добивме информации од претставници на руската Федерална служба за безбедност кои не сакаат да учествуваат во оваа крвава војна. Единицата на силите на Кадиров, кои дојдоа да го убијат нашиот претседател, е елиминирана, изјави Данилов на ТВ каналот „Украина 24“, а пренесува британскиот весник „Мирор“.

Тој додаде дека единицата е поделена во две групи и дека нивното движење внимателно се следи.

Тие се поделени во две групи, ние ги следевме. Едната група беше под оган од украинските сили во близина на Хостомел, додека другата група се уште е под надзор, рече Данилов.

https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-za-tushaev-poziv-e-i-od-zivite-zoshto-smrtta-na-chechenecot-ushte-vtoriot-den-bi-bila-odlichna-vest-za-ukraincite/

Според „Дејли мејл“, од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, постоеле стравувања дека руските сили би можеле да го убијат претседателот Зеленски, а самиот украински претседател во едно обраќање кажа дека тој е „цел број еден за атентаторите од Кремљ“.

Јас сум цел број еден, а мојата сопруга и децата се цел број два, рече Зеленски минатата недела.

The post Чеченски борци планирале да го убијат Зеленски appeared first on Република.

]]>

Украинските власти соопштија дека уништиле елитна група чеченски борци кои планирале да го убијат претседателот Владимир Зеленски, пишува денеска британскиот весник „Дејли мејл“. Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, во денешното телевизиско обраќање кажа дека „е елиминирана единицата која дојде да го убие претседателот“. Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, претходно кажа дека Чеченци биле убиени во руски напад во Украина.
Веќе сме запознаени со специјалната операција што требаше да ја изврши единицата на силите на Кадиров. Добивме информации од претставници на руската Федерална служба за безбедност кои не сакаат да учествуваат во оваа крвава војна. Единицата на силите на Кадиров, кои дојдоа да го убијат нашиот претседател, е елиминирана, изјави Данилов на ТВ каналот „Украина 24“, а пренесува британскиот весник „Мирор“.
Тој додаде дека единицата е поделена во две групи и дека нивното движење внимателно се следи.
Тие се поделени во две групи, ние ги следевме. Едната група беше под оган од украинските сили во близина на Хостомел, додека другата група се уште е под надзор, рече Данилов.
https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-za-tushaev-poziv-e-i-od-zivite-zoshto-smrtta-na-chechenecot-ushte-vtoriot-den-bi-bila-odlichna-vest-za-ukraincite/ Според „Дејли мејл“, од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, постоеле стравувања дека руските сили би можеле да го убијат претседателот Зеленски, а самиот украински претседател во едно обраќање кажа дека тој е „цел број еден за атентаторите од Кремљ“.
Јас сум цел број еден, а мојата сопруга и децата се цел број два, рече Зеленски минатата недела.

The post Чеченски борци планирале да го убијат Зеленски appeared first on Република.

]]>
Кадиров за Тушаев: „Пожив е и од живите“. Зошто смртта на Чеченецот уште вториот ден би била одлична вест за Украинците? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-za-tushaev-poziv-e-i-od-zivite-zoshto-smrtta-na-chechenecot-ushte-vtoriot-den-bi-bila-odlichna-vest-za-ukraincite/ Sun, 27 Feb 2022 18:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=464812

Чеченскиот генерал Магомед Тушаев, десната рака и личен телохранител на Путиновиот крволочен Чеченец Рамзан Кадиров, наводно бил убиен на вториот ден од војната во Украина.

Доколку е вистина, оваа вест претставува голем психолошки триумф за украинската страна. Пропагандната машинерија на Путин со денови го користи имиџот на чеченските борци за да ги одврати Украинците, особено политичките лидери. Чеченците на Путин се познати по својата бруталност уште од војната во Чеченија, а московскиот агитпроп сакаше да ги заплаши Украинците со чести написи за нив: масовни силувања, грабежи, дивјачки егзекуции. Сознанието дека ни водачите на таквите дивјаци не се отпорни на смрт, не се вклопува во посакуваната матрица, коментира Слободна Далмација.

Веста за смртта на генералот Тушаев прв на Твитер ја објави поранешниот украински амбасадор во Австрија Олександар Шерба, а веста подоцна ја потврдија и украинските вооружени сили.

„Рускиот генерал од Чеченија Магомед Тушаев нема да се врати дома од Украина. Што изгуби во Украина, Магомед? Русија, оди дома“, напиша Шерба на Твитер.

Евгениј Карас, портпарол на украинската армија, подоцна објави дека уништиле група чеченски приврзаници на Рамзан Кадиров и дека генералот Тушаев, шеф на 141-от моторизиран полк, елитни сили на чеченскиот водач, е убиен.

[caption id="attachment_464822" align="alignnone" width="640"] Рамзан Кадиров со Владимир Путин
Алексеј Николски / АФП[/caption]

Според извори на Канал 24, украинските сили разнеле ешалон од дури 56 руски цистерни со нафта во близина на Хостомел, на околу 20 километри северозападно од Киев. Во таа прилика беа убиени можеби неколку десетици чеченски борци, меѓу кои наводно бил и генералот Магомед Тушаев, командант на 141 моторизиран полк на руската чеченска гарда. Во акцијата против Чеченците околу Хостомел наводно се бори елитната украинска специјална единица Алфа.

Сепак, покровителот на чеченските борци на Путин, Рамзан Кадиров, подоцна се обиде на сопствениот канал Телеграм да негира дека неговиот генерал и пријател Тушаев бил убиен. Тој објави и видео на кое наводно се гледа Тушаев со Анзор Бисаев, друг чеченски командант во Украина.

Тој е пожив и од живите, напиша Кадиров, додавајќи дека ниту еден од неговите борци не бил повреден во борбите.

Познато е дека Чеченците се крајно брутални во борбата против бунтовниците, дури ни одблиску не го почитуваат меѓународното право. Чеченците на возилата во Украина, за разлика од руските единици, наводно имаат напишано бела буква V, а можеби тоа е пропагандна лага за да ги покажат таму што повеќе. Сепак, дури и во областите каде што чеченските борци, наводно, постигнале успех порано, украинските сили го запреа нивното напредување. Сликите објавени на украинските канали покажуваат чеченски тенкови, означени со V, како горат или тлеат покрај патиштата.

Сепак, не сите Чеченци се борат на страната на Русија. На украинска страна се бори чеченскиот баталјон Дудаев. Во Чеченија и меѓу Чеченците, длабоките се поделби околу руската власт: прогонетите Чеченци кои се противат на Кадиров и Путин ги искористија можностите во последниве години да се борат против Кремљ во странство: во Сирија, Доњецк, а сега и остатокот од Украина. Тие се лојални на чеченската сепаратистичка влада во егзил, претставена од Ахмед Закаев, која ги повика сите свои поддржувачи да тргнат во света војна против Русите.

https://republika.mk/vesti/svet/chechenski-general-zagina-vo-ukraina-magomed-tushajev-nema-da-se-vrati-doma/

The post Кадиров за Тушаев: „Пожив е и од живите“. Зошто смртта на Чеченецот уште вториот ден би била одлична вест за Украинците? appeared first on Република.

]]>

Чеченскиот генерал Магомед Тушаев, десната рака и личен телохранител на Путиновиот крволочен Чеченец Рамзан Кадиров, наводно бил убиен на вториот ден од војната во Украина.
Доколку е вистина, оваа вест претставува голем психолошки триумф за украинската страна. Пропагандната машинерија на Путин со денови го користи имиџот на чеченските борци за да ги одврати Украинците, особено политичките лидери. Чеченците на Путин се познати по својата бруталност уште од војната во Чеченија, а московскиот агитпроп сакаше да ги заплаши Украинците со чести написи за нив: масовни силувања, грабежи, дивјачки егзекуции. Сознанието дека ни водачите на таквите дивјаци не се отпорни на смрт, не се вклопува во посакуваната матрица, коментира Слободна Далмација.
Веста за смртта на генералот Тушаев прв на Твитер ја објави поранешниот украински амбасадор во Австрија Олександар Шерба, а веста подоцна ја потврдија и украинските вооружени сили.
„Рускиот генерал од Чеченија Магомед Тушаев нема да се врати дома од Украина. Што изгуби во Украина, Магомед? Русија, оди дома“, напиша Шерба на Твитер.
Евгениј Карас, портпарол на украинската армија, подоцна објави дека уништиле група чеченски приврзаници на Рамзан Кадиров и дека генералот Тушаев, шеф на 141-от моторизиран полк, елитни сили на чеченскиот водач, е убиен. [caption id="attachment_464822" align="alignnone" width="640"] Рамзан Кадиров со Владимир Путин
Алексеј Николски / АФП[/caption] Според извори на Канал 24, украинските сили разнеле ешалон од дури 56 руски цистерни со нафта во близина на Хостомел, на околу 20 километри северозападно од Киев. Во таа прилика беа убиени можеби неколку десетици чеченски борци, меѓу кои наводно бил и генералот Магомед Тушаев, командант на 141 моторизиран полк на руската чеченска гарда. Во акцијата против Чеченците околу Хостомел наводно се бори елитната украинска специјална единица Алфа. Сепак, покровителот на чеченските борци на Путин, Рамзан Кадиров, подоцна се обиде на сопствениот канал Телеграм да негира дека неговиот генерал и пријател Тушаев бил убиен. Тој објави и видео на кое наводно се гледа Тушаев со Анзор Бисаев, друг чеченски командант во Украина.
Тој е пожив и од живите, напиша Кадиров, додавајќи дека ниту еден од неговите борци не бил повреден во борбите.
Познато е дека Чеченците се крајно брутални во борбата против бунтовниците, дури ни одблиску не го почитуваат меѓународното право. Чеченците на возилата во Украина, за разлика од руските единици, наводно имаат напишано бела буква V, а можеби тоа е пропагандна лага за да ги покажат таму што повеќе. Сепак, дури и во областите каде што чеченските борци, наводно, постигнале успех порано, украинските сили го запреа нивното напредување. Сликите објавени на украинските канали покажуваат чеченски тенкови, означени со V, како горат или тлеат покрај патиштата. Сепак, не сите Чеченци се борат на страната на Русија. На украинска страна се бори чеченскиот баталјон Дудаев. Во Чеченија и меѓу Чеченците, длабоките се поделби околу руската власт: прогонетите Чеченци кои се противат на Кадиров и Путин ги искористија можностите во последниве години да се борат против Кремљ во странство: во Сирија, Доњецк, а сега и остатокот од Украина. Тие се лојални на чеченската сепаратистичка влада во егзил, претставена од Ахмед Закаев, која ги повика сите свои поддржувачи да тргнат во света војна против Русите. https://republika.mk/vesti/svet/chechenski-general-zagina-vo-ukraina-magomed-tushajev-nema-da-se-vrati-doma/

The post Кадиров за Тушаев: „Пожив е и од живите“. Зошто смртта на Чеченецот уште вториот ден би била одлична вест за Украинците? appeared first on Република.

]]>