Чауш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chaush/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 11:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чауш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chaush/ 32 32 Ретроспективна изложба на Ангел Димовски-Чауш во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-angel-dimovski-chaush-vo-veles/ Thu, 29 Feb 2024 11:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=749615

Денеска во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена ретроспективна изложба на Ангел Димовски-Чауш, насловена „50 години творештво“. На изложбата ќе бидат поставени скулптури и творби слики-објекти каде што скулптурата и сликарството се испреплетуваат.

Велешката јавност ќе има можност да се запознае со дел од богатиот творечки опус на овој наш уметник, кој на почетокот на овој месец се претстави со ретроспективната изложба насловена „50 години творештво“ во „Чифте-амам“ во Скопје, објект на Националната галерија на Македонија.

Ангел Димовски-Чауш (1952) дипломирал на Факултетот за применета уметност, отсек вајарство, во класата на професорот Димо Тодоровски, во 1973 година. Во следните четири години студирал историја со археологија на Филозофскиот факултет, а со отворањето на Факултетот за ликовна уметност во 1980 година се префрлил на оваа високошколска институција, на отсекот за вајарство со театарска, филмска и телевизиска сценографија. Дипломирал во класата на професорот Петар Хаџи Бошков во 1984 година. Самостојно изложувал во земјава и во странство, а остварил и повеќе студиски патувања во земји како Франција, Италија, Шпанија, Германија, Грција, Египет, Турција, САД… Голем број негови дела се наоѓаат во приватни колекции. Од 1984 година е член на ДЛУМ, а од 2002 и на Француското друштво на ликовни уметници. Чауш повеќе децении живее и работи на релацијата Македонија – Франција.

The post Ретроспективна изложба на Ангел Димовски-Чауш во Велес appeared first on Република.

]]>

Денеска во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена ретроспективна изложба на Ангел Димовски-Чауш, насловена „50 години творештво“. На изложбата ќе бидат поставени скулптури и творби слики-објекти каде што скулптурата и сликарството се испреплетуваат. Велешката јавност ќе има можност да се запознае со дел од богатиот творечки опус на овој наш уметник, кој на почетокот на овој месец се претстави со ретроспективната изложба насловена „50 години творештво“ во „Чифте-амам“ во Скопје, објект на Националната галерија на Македонија. Ангел Димовски-Чауш (1952) дипломирал на Факултетот за применета уметност, отсек вајарство, во класата на професорот Димо Тодоровски, во 1973 година. Во следните четири години студирал историја со археологија на Филозофскиот факултет, а со отворањето на Факултетот за ликовна уметност во 1980 година се префрлил на оваа високошколска институција, на отсекот за вајарство со театарска, филмска и телевизиска сценографија. Дипломирал во класата на професорот Петар Хаџи Бошков во 1984 година. Самостојно изложувал во земјава и во странство, а остварил и повеќе студиски патувања во земји како Франција, Италија, Шпанија, Германија, Грција, Египет, Турција, САД… Голем број негови дела се наоѓаат во приватни колекции. Од 1984 година е член на ДЛУМ, а од 2002 и на Француското друштво на ликовни уметници. Чауш повеќе децении живее и работи на релацијата Македонија – Франција.

The post Ретроспективна изложба на Ангел Димовски-Чауш во Велес appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МАНУ се отвора „Танчерките на Дионис“-самостојна изложба на Ангел Димовски Чауш https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-manu-se-otvora-tancherkite-na-dionis-samostojna-izlozba-na-angel-dimovski-chaush/ Fri, 04 Mar 2022 11:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=467725

На 04.03.2022 година (петок) во ликовниот салон на МАНУ со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски Чауш. На изложбата ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум, мермер кој што авторот ги работел во изминатите  50 години вклучително и дела кој што се изработени во последните неколку години кој што до сега не се изложувани.

Изложбата ќе ја отвоти Академик Васко Ташковски.

Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја разгледаат до крајот на март месец и влезот за истата е бесплатен.

The post Вечерва во МАНУ се отвора „Танчерките на Дионис“-самостојна изложба на Ангел Димовски Чауш appeared first on Република.

]]>

На 04.03.2022 година (петок) во ликовниот салон на МАНУ со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски Чауш. На изложбата ќе бидат претставени 60 дела – скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум, мермер кој што авторот ги работел во изминатите  50 години вклучително и дела кој што се изработени во последните неколку години кој што до сега не се изложувани. Изложбата ќе ја отвоти Академик Васко Ташковски. Сите љубители на уметноста, изложбата ќе може да ја разгледаат до крајот на март месец и влезот за истата е бесплатен.

The post Вечерва во МАНУ се отвора „Танчерките на Дионис“-самостојна изложба на Ангел Димовски Чауш appeared first on Република.

]]>