чашка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chashka/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 08:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чашка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chashka/ 32 32 Јаневска: Започна изградбата на училиштето во Чашка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-zapochna-izgradbata-na-uchilishteto-vo-chashka/ Fri, 01 Nov 2024 08:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=832993

Почна изградбата на подрачното основно училиште во село Бањица во општина Чашка, каде настава ќе следат ученици од прво до петто одделение. Поставена е бетонска платформа и очекувам целиот процес да биде завршен за два месеци, а во меѓувреме градоначалникот ќе обезбеди опрема за новиот училишен објект.

За прогресот на инвестицијата на МОН во вредност од 6,6 милиони денари, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа кога учениците од ова населено место ќе почнат да следат настава на својот мајчин јазик.

За жал, проблемот во Чашка е политички инициран. Таму децата до лани учеа заедно на еден, македонски јазик, а родителите на учениците имаа потпишано и согласности за тоа. Но, високи функционери на ДУИ одлучија дека нешто не е во ред и едните ги поттикнаа на штрајк, а кај другите создадоа револт со притисокот да се воведе настава на албански јазик. Сето тоа е на штета на учениците, но еве, работиме и ќе го надминеме овој вештачки инициран проблем“, рече министерката.

 

The post Јаневска: Започна изградбата на училиштето во Чашка appeared first on Република.

]]>

Почна изградбата на подрачното основно училиште во село Бањица во општина Чашка, каде настава ќе следат ученици од прво до петто одделение. Поставена е бетонска платформа и очекувам целиот процес да биде завршен за два месеци, а во меѓувреме градоначалникот ќе обезбеди опрема за новиот училишен објект.

За прогресот на инвестицијата на МОН во вредност од 6,6 милиони денари, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше денеска во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа кога учениците од ова населено место ќе почнат да следат настава на својот мајчин јазик.

За жал, проблемот во Чашка е политички инициран. Таму децата до лани учеа заедно на еден, македонски јазик, а родителите на учениците имаа потпишано и согласности за тоа. Но, високи функционери на ДУИ одлучија дека нешто не е во ред и едните ги поттикнаа на штрајк, а кај другите создадоа револт со притисокот да се воведе настава на албански јазик. Сето тоа е на штета на учениците, но еве, работиме и ќе го надминеме овој вештачки инициран проблем“, рече министерката.

 

The post Јаневска: Започна изградбата на училиштето во Чашка appeared first on Република.

]]>
Дождот што врне попладнево во општина Чашка ги гасне повеќедневните шумски пожари https://arhiva3.republika.mk/zivot/dozhdot-shto-vrne-popladnevo-vo-opshtina-chashka-gi-gasne-povekednevnite-shumski-pozhari/ Wed, 24 Jul 2024 17:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=799925

Дождот што околу 13 часот заврна и се уште врне над Богомила и останатите села во реонот на општина Чашка ги гасне големите шумски пожари и жаришта кои се активни во овој реон на планината Биса.

Како што информираат за МИА од РЦУК Велес, со попледневниот пороен дожд се гаснат сите пожари кои се активни веќе една недела во овој регион богат со шума. Дождот помага во гаснењњето на повеќедневниот голем шумски пожар помеѓу селата Габровник и Мокрени каде веќе една недела гореше мешана шума, кај село Ореше кој избувна денеска односно се префрли од село Гостиражни, прилепско и кој неколку дена се префрла од една и друга страна на планината.

The post Дождот што врне попладнево во општина Чашка ги гасне повеќедневните шумски пожари appeared first on Република.

]]>

Дождот што околу 13 часот заврна и се уште врне над Богомила и останатите села во реонот на општина Чашка ги гасне големите шумски пожари и жаришта кои се активни во овој реон на планината Биса. Како што информираат за МИА од РЦУК Велес, со попледневниот пороен дожд се гаснат сите пожари кои се активни веќе една недела во овој регион богат со шума. Дождот помага во гаснењњето на повеќедневниот голем шумски пожар помеѓу селата Габровник и Мокрени каде веќе една недела гореше мешана шума, кај село Ореше кој избувна денеска односно се префрли од село Гостиражни, прилепско и кој неколку дена се префрла од една и друга страна на планината.

The post Дождот што врне попладнево во општина Чашка ги гасне повеќедневните шумски пожари appeared first on Република.

]]>
Во Општина Чашка до 9 часот излезноста е 4,9 проценти, во Градско околу 5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-opshtina-chashka-do-9-chasot-izleznosta-e-4-9-protsenti-vo-gradsko-okolu-5-otsto/ Wed, 24 Apr 2024 08:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=769927

Во Општина Чашка сите 31 избирачки места се отворени утрово во 7 часот, а правото на глас за избор на претседател на државата до 9 часот го оствариле 4,9 проценти од вкупно 6 076 гласачи на единствениот избирачки список, информира за МИА Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка.

Тој информира дека од 44 пријавени болни и изнемоштени лица, вчера во нивните домови гласале 41 лице.

Јовановски потенцира дека иако Општина Чашка е една од најголемите по територија во државата и дека нивни членови и покрај оддалеченоста на избирачките места постојано се на терен а и се во постојан контакт со Избирачките одбори.

Во Општина Градско во 7 часот биле отворени сите 11 избирачки места, а до 9 часот своето право на глас за избор на претседател на државата го оствариле 195 избирачи од вкупно 3019 избирачи запишани во единствениот избирачки список, а што е нешто над 5 проценти, информира за МИА Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско.

Воедно појаснува дека вчера од 41 пријавено болно и изнемоштено лице во своите домови гласале 40.

Таа информира дека ОИК е во постојан контакт со општинските одбори и на терен ја следат нивната работа и регуларноста на изборите.

The post Во Општина Чашка до 9 часот излезноста е 4,9 проценти, во Градско околу 5 отсто appeared first on Република.

]]>

Во Општина Чашка сите 31 избирачки места се отворени утрово во 7 часот, а правото на глас за избор на претседател на државата до 9 часот го оствариле 4,9 проценти од вкупно 6 076 гласачи на единствениот избирачки список, информира за МИА Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка. Тој информира дека од 44 пријавени болни и изнемоштени лица, вчера во нивните домови гласале 41 лице. Јовановски потенцира дека иако Општина Чашка е една од најголемите по територија во државата и дека нивни членови и покрај оддалеченоста на избирачките места постојано се на терен а и се во постојан контакт со Избирачките одбори. Во Општина Градско во 7 часот биле отворени сите 11 избирачки места, а до 9 часот своето право на глас за избор на претседател на државата го оствариле 195 избирачи од вкупно 3019 избирачи запишани во единствениот избирачки список, а што е нешто над 5 проценти, информира за МИА Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско. Воедно појаснува дека вчера од 41 пријавено болно и изнемоштено лице во своите домови гласале 40. Таа информира дека ОИК е во постојан контакт со општинските одбори и на терен ја следат нивната работа и регуларноста на изборите.

The post Во Општина Чашка до 9 часот излезноста е 4,9 проценти, во Градско околу 5 отсто appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Чувствуваме дека идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-chuvstvuvame-deka-idniot-pretsedatel-gordana-siljanovska-davkova-ja-ima-doverbata/ Wed, 17 Apr 2024 16:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=767276

Чувствуваме дека како ВМРО-ДПМНЕ и како Коалиција ја имаме довербата, чувствуваме дека идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата. Ни преостанува уште многу малку, ни преостанува уште една недела кампања би рекол пет дена кампања за првиот круг претседателски избори. А, од утре почнува кампањата за парламентарните избори. Од оваа поддршка можам да заклучам дека сме пред еден огромен историски резултат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Чашка.

-Нас ние потребен овој историски резултат за да можеме да ја трансформираме Македонија. Бидејќи денеска нашата Македонија е за жал држава која што е заробена во еден цикличен хибриден режим буквално оттргната од граѓаните. И за жал граѓаните не одлучуваат за сопствената држава туку една многу мала група на граѓани предводена од раководството на ДУИ и неколкумина членови на раководството на СДСМ кои што се главни подизведувачи, измеќари на Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и останатите, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека за жал денеска Македонија функционира со една мала група која што се граѓани од прв ред и сите остани кои што сме граѓани од втор ред.

-Овие пак од ДУИ ме обвинуваат често пати на оние митинзи дека јас сум бил анти Албанец, дека сум бил ксенофоб и тогаш им го поставувам прашањето од кога важи правилото дека криминалот има етничка припадност. Од кога важи правилото дека ако ДУИ бидат нападнати затоа што прават криминал и го ограбуваат народот во Македонија, ги ограбуваат граѓаните, тогаш тој криминал има етничка припадност, запраша Мицкоски.

Тој посочи дека криминалецот нема етничка припадност или си криминалец, или не си.

-Јас колку што знам или си криминалец, или не си криминалец, тука не може да крадеме сега малку од Македонците, па сега малку од Албанците, па ајде сега ќе крадеме од Турците, од Ромите, Србите, Бошњаците, Власите итн. Не, тие крадат преку наместени и фингирани тендери од Буџетот кој што го полните сите вие, рече тој.

Мицкоски укажа дека тие од раководството на ДУИ се навикнати да функционираат по принципот како до сега повеќе од 20 години.

-Се сеќавате кога Димитар Ковачевски на една прес конференција го прашаа новинарите добро како ќе продолжите да функционирате од сега понатаму, до него беше главниот стопан на Македонија Али Ахмети кој што му сугерираше и му рече како до сега. Е од прилика така функционира Македонија во овој момент, по принципот како до сега, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние сме опозиција и на овие избори го бараме вашиот глас, и ние не можеме да ветиме ништо повеќе од она што сме подготвени да реализираме. Ние не можеме да ветиме чуда бидејќи чудата се невозможни. А, ние не сме чудотворци. И секој оној кој што ветува чуда, не ја говори вистината, ве лаже. Но, она што можеме да ветиме е нашиот збор, дека нема да биде како до сега и сите оние криминалци во политиката кои што ја ограбија Македонија, кои што ја понижија Македонија, кои што го уништија практично човекот во граѓаните на Македонија ќе одговараат. И таа неправда ќе биде исправена, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Чувствуваме дека идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата appeared first on Република.

]]>

Чувствуваме дека како ВМРО-ДПМНЕ и како Коалиција ја имаме довербата, чувствуваме дека идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата. Ни преостанува уште многу малку, ни преостанува уште една недела кампања би рекол пет дена кампања за првиот круг претседателски избори. А, од утре почнува кампањата за парламентарните избори. Од оваа поддршка можам да заклучам дека сме пред еден огромен историски резултат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Чашка. -Нас ние потребен овој историски резултат за да можеме да ја трансформираме Македонија. Бидејќи денеска нашата Македонија е за жал држава која што е заробена во еден цикличен хибриден режим буквално оттргната од граѓаните. И за жал граѓаните не одлучуваат за сопствената држава туку една многу мала група на граѓани предводена од раководството на ДУИ и неколкумина членови на раководството на СДСМ кои што се главни подизведувачи, измеќари на Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и останатите, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски додаде дека за жал денеска Македонија функционира со една мала група која што се граѓани од прв ред и сите остани кои што сме граѓани од втор ред. -Овие пак од ДУИ ме обвинуваат често пати на оние митинзи дека јас сум бил анти Албанец, дека сум бил ксенофоб и тогаш им го поставувам прашањето од кога важи правилото дека криминалот има етничка припадност. Од кога важи правилото дека ако ДУИ бидат нападнати затоа што прават криминал и го ограбуваат народот во Македонија, ги ограбуваат граѓаните, тогаш тој криминал има етничка припадност, запраша Мицкоски. Тој посочи дека криминалецот нема етничка припадност или си криминалец, или не си. -Јас колку што знам или си криминалец, или не си криминалец, тука не може да крадеме сега малку од Македонците, па сега малку од Албанците, па ајде сега ќе крадеме од Турците, од Ромите, Србите, Бошњаците, Власите итн. Не, тие крадат преку наместени и фингирани тендери од Буџетот кој што го полните сите вие, рече тој. Мицкоски укажа дека тие од раководството на ДУИ се навикнати да функционираат по принципот како до сега повеќе од 20 години. -Се сеќавате кога Димитар Ковачевски на една прес конференција го прашаа новинарите добро како ќе продолжите да функционирате од сега понатаму, до него беше главниот стопан на Македонија Али Ахмети кој што му сугерираше и му рече како до сега. Е од прилика така функционира Македонија во овој момент, по принципот како до сега, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. -Ние сме опозиција и на овие избори го бараме вашиот глас, и ние не можеме да ветиме ништо повеќе од она што сме подготвени да реализираме. Ние не можеме да ветиме чуда бидејќи чудата се невозможни. А, ние не сме чудотворци. И секој оној кој што ветува чуда, не ја говори вистината, ве лаже. Но, она што можеме да ветиме е нашиот збор, дека нема да биде како до сега и сите оние криминалци во политиката кои што ја ограбија Македонија, кои што ја понижија Македонија, кои што го уништија практично човекот во граѓаните на Македонија ќе одговараат. И таа неправда ќе биде исправена, порача Мицкоски.

The post Мицкоски: Чувствуваме дека идниот претседател Гордана Силјановска Давкова ја има довербата appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Со изборот на Силјановска Давкова ќе им ја вратиме Македонија на граѓаните и ќе работиме напорно и чесно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-so-izborot-na-siljanovska-davkova-ke-im-ja-vratime-makedonija-na-graganite-i-ke-rabotime-naporno-i-chesno/ Wed, 17 Apr 2024 16:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=767270

Ветуваа соживот, ветуваа повисок животен стандард, а донесоа сиромаштија, беда, хаос и мрак. Ветуваа едно општество за сите, а за жал после 7 години, никогаш не сме биле по поделени како општество. Едноставно, Македонија ни е одземена. Никогаш не било полошо, рече носителот на листата за пратеници на третата изборна единица, Драган Ковачки на митингот во Чашка.

Ковачки истакна дека досегашното делување покажува дека на оваа влада на ДУИ и слугите од СДС, поважни им се тендерите и криминалот, за разлика од тоа како живеат граѓаните и кои се нивните проблеми и ова мора да се промени, затоа овие избори се шансата за промена.

Посочи дека на Социјалдемократскиот сојуз единствено важно им е слугувањето на Али Ахмети, и криминалните бизнис зделки, единствено важно им е удобството кое го уживаат од функциите и милионите кои ги крадат од државата, затоа денеска не само што младите си заминуваат, туку си одат и цели семејства, бидејќи гледаат дека се е корумпирано и не сметаат дека може овде да си ја градат сопствената иднина.

„Затоа времето за казна доаѓа. Најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај, имаме шанса и обврска да ги казниме и поразиме. За се што ветија, а излажаа. За се што уништија. За сите навреди и понижувања на македонскиот народ, за сите предавства и лаги. Време е да се обединиме и да им покажеме дека го креваме гласот. Бараме промени и одлучни сме како никогаш до сега“, рече Ковачки.

Пред присутните граѓани, Ковачки истакна дека со изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседател и со заокружување на број 2 на гласачките ливчиња, ќе си ја вратиме Македонија назад кај граѓаните.

„Со избор на професорката Гордана Силјановска Давкова и со заокружување на број 2 ќе си ја вратиме Македонија назад кон граѓаните. И ќе работиме напорно и чесно, на реформи и проекти кои ќе ја трансформираат Македонија напред. Ќе се избориме заедно, храбро, достоинствено, затоа што овој народ ако нешто знае тоа е да биде вреден, силен и достоинствен“, истакна Ковачки.

На крај, Ковачки ги повика присутните и сите граѓани да разговараат со секој еден познаник, да ја побараат нивната поддршка да гласа за број 2, затоа што овие избори се историска одлука и шанса за сите нас.

The post Ковачки: Со изборот на Силјановска Давкова ќе им ја вратиме Македонија на граѓаните и ќе работиме напорно и чесно appeared first on Република.

]]>

Ветуваа соживот, ветуваа повисок животен стандард, а донесоа сиромаштија, беда, хаос и мрак. Ветуваа едно општество за сите, а за жал после 7 години, никогаш не сме биле по поделени како општество. Едноставно, Македонија ни е одземена. Никогаш не било полошо, рече носителот на листата за пратеници на третата изборна единица, Драган Ковачки на митингот во Чашка. Ковачки истакна дека досегашното делување покажува дека на оваа влада на ДУИ и слугите од СДС, поважни им се тендерите и криминалот, за разлика од тоа како живеат граѓаните и кои се нивните проблеми и ова мора да се промени, затоа овие избори се шансата за промена. Посочи дека на Социјалдемократскиот сојуз единствено важно им е слугувањето на Али Ахмети, и криминалните бизнис зделки, единствено важно им е удобството кое го уживаат од функциите и милионите кои ги крадат од државата, затоа денеска не само што младите си заминуваат, туку си одат и цели семејства, бидејќи гледаат дека се е корумпирано и не сметаат дека може овде да си ја градат сопствената иднина. „Затоа времето за казна доаѓа. Најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај, имаме шанса и обврска да ги казниме и поразиме. За се што ветија, а излажаа. За се што уништија. За сите навреди и понижувања на македонскиот народ, за сите предавства и лаги. Време е да се обединиме и да им покажеме дека го креваме гласот. Бараме промени и одлучни сме како никогаш до сега“, рече Ковачки. Пред присутните граѓани, Ковачки истакна дека со изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседател и со заокружување на број 2 на гласачките ливчиња, ќе си ја вратиме Македонија назад кај граѓаните. „Со избор на професорката Гордана Силјановска Давкова и со заокружување на број 2 ќе си ја вратиме Македонија назад кон граѓаните. И ќе работиме напорно и чесно, на реформи и проекти кои ќе ја трансформираат Македонија напред. Ќе се избориме заедно, храбро, достоинствено, затоа што овој народ ако нешто знае тоа е да биде вреден, силен и достоинствен“, истакна Ковачки. На крај, Ковачки ги повика присутните и сите граѓани да разговараат со секој еден познаник, да ја побараат нивната поддршка да гласа за број 2, затоа што овие избори се историска одлука и шанса за сите нас.

The post Ковачки: Со изборот на Силјановска Давкова ќе им ја вратиме Македонија на граѓаните и ќе работиме напорно и чесно appeared first on Република.

]]>
Победа на родителите во Чашка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pobeda-na-roditelite-vo-chashka/ Wed, 14 Feb 2024 07:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=743856

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба.

Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период.

Одлуката е донесена под покровителство на премиерот во техничката Влада, Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни.

Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина, се вели во владиното соопштение.

Како што информираат, изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година.

Дека проблемот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка е решен и официјално, потврди и пратеникот Игор Здравковски, кој објави дека блокадите запираат, учениците продолжуваат со наставата, тензиите стивнуваат...

После три месеци борба за правда, таа е издејствувана.

Најпрвин сакам да им упатам честитки на издржливоста и решителноста на родителите и Советот на родители од ООУ „Тодор Јанев“ кои бескомпромисно застанаа на страната на вистината, на страната на заштитата на интересот на образовниот процес и интересот на своите деца и сите овие месеци покрај безброј притисоци останаа на ставот свесно ризикувајќи и губење на учебната година на своите најмили.
Благодарност и до сите вклучени во процесот на преговори, во кој и јас бев вклучен, и пред се сакам да изразам задоволство од разбирањето и давањето шанса на дијалогот.
Статутот на училиштето ќе остане непроменет!
Ингеренциите ќе бидат вратени на општината и ќе биде назначен нов директор на училиштето.
Учениците Албанци ќе продолжат со настава на албански јазик до завршувањето на учебната година во просториите на Тодор Јанев, но административно ќе бидат под Лирија затоа што таму согласно статутот се учи на албански наставен јазик.
Она што го бараме долги години, а последно ми беше одбиено во расправата за буџетот за 2024, во с.Бањица ќе се изгради ново училиште и тоа е превземена обврска од МОН, за од септември да се одвива таму наставата наместо во Чашка со што учениците нема да губат време во патување
Се формира нов правен субјект, ново училиште и веднаш кога ќе се исполнат условите овие ученици ќе продолжат со настава под новото училиште наместо под Лирија.
За крај уште еднаш, капа долу до сите родители кои беа крајно трпеливи и решителни. Покажавме дека некогаш блокадите се единствен начин да се крене гласот и да се најде решение на проблемот.
Да живее Чашка!
Чашка е срцето на Македонија!, порача тој.

The post Победа на родителите во Чашка! appeared first on Република.

]]>

Во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка е изнајдено решение за продолжување на воспитно образовниот процес за сите ученици, на нивниот мајчин јазик. Учениците од утре се враќаат на настава, информираат од владината прес-служба. Наставата за сите ученици од ова училиште времено ќе се реализира во постојниот објект, односно до крајот на учебната година и по адаптирани наставни програми, со цел совладување на материјалот кој е пропуштен поради неодржувањето на часовите во изминатиот период. Одлуката е донесена под покровителство на премиерот во техничката Влада, Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратениците од сите политички партии, претставниците на локалната самоуправа и засегнатите страни.
Решението на горливиот проблем, кое во форма на спогодба е потпишано од министерот за образование и наука, градоначалникот на Чашка и директорката на училиштето, предвидува враќање на одземените ингеренции на градоначалникот во делот на управување со училиштето од страна на Министерството за образование и наука, како и изградба на нов училишен објект, како трајно решение на предизвикот кој го доведе во прашање образованието на мајчин јазик на учениците од оваа општина, се вели во владиното соопштение.
Како што информираат, изградбата на објектот ќе биде заедничка обврска на министерството и општината. Чашка ќе отпочне иницијатива за основање на нов правен субјект, ќе обезбеди локација и комплетна урбанистичко – планска документација, додека МОН ќе обезбеди финансиски средства и ќе го реализира инфраструктурниот проект. Новото училиште треба да биде изградено до крајот на тековната календарска година. Дека проблемот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка е решен и официјално, потврди и пратеникот Игор Здравковски, кој објави дека блокадите запираат, учениците продолжуваат со наставата, тензиите стивнуваат... После три месеци борба за правда, таа е издејствувана.
Најпрвин сакам да им упатам честитки на издржливоста и решителноста на родителите и Советот на родители од ООУ „Тодор Јанев“ кои бескомпромисно застанаа на страната на вистината, на страната на заштитата на интересот на образовниот процес и интересот на своите деца и сите овие месеци покрај безброј притисоци останаа на ставот свесно ризикувајќи и губење на учебната година на своите најмили. Благодарност и до сите вклучени во процесот на преговори, во кој и јас бев вклучен, и пред се сакам да изразам задоволство од разбирањето и давањето шанса на дијалогот. Статутот на училиштето ќе остане непроменет! Ингеренциите ќе бидат вратени на општината и ќе биде назначен нов директор на училиштето. Учениците Албанци ќе продолжат со настава на албански јазик до завршувањето на учебната година во просториите на Тодор Јанев, но административно ќе бидат под Лирија затоа што таму согласно статутот се учи на албански наставен јазик. Она што го бараме долги години, а последно ми беше одбиено во расправата за буџетот за 2024, во с.Бањица ќе се изгради ново училиште и тоа е превземена обврска од МОН, за од септември да се одвива таму наставата наместо во Чашка со што учениците нема да губат време во патување Се формира нов правен субјект, ново училиште и веднаш кога ќе се исполнат условите овие ученици ќе продолжат со настава под новото училиште наместо под Лирија. За крај уште еднаш, капа долу до сите родители кои беа крајно трпеливи и решителни. Покажавме дека некогаш блокадите се единствен начин да се крене гласот и да се најде решение на проблемот. Да живее Чашка! Чашка е срцето на Македонија!, порача тој.

The post Победа на родителите во Чашка! appeared first on Република.

]]>
Наместо во шест, Светиот крст ќе се фрла во осум населени места: Општина Чашка најавува помасовни активности за Водици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/namesto-vo-shest-svetiot-krst-ke-se-frla-vo-osum-naseleni-mesta-opshtina-chashka-najavuva-pomasovni-aktivnosti-za-voditsi/ Fri, 12 Jan 2024 17:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=732382

Општина Чашка традиционалното фрлање на Светиот крст во водите за Богојавление - Водици на 19 јануари, освен во досегашните шест населени ни места: населба Чашка, Извор, Богомила, Согле, Теово и Војница ќе го спроведе уште во две населени места Ореше и Мартолци или во вкупно осум населени места, информира градоначалникот Горан Стојановски.

Светиот чин ќе го извршат свештеници од Епархијата Повардарска, а Општината за најбрзите и најсреќните кои ќе го фатат крстот во осветените води во сите осум населени места веќе обезбеди вредни подароци.

Стојановски појаснува дека традиционалното фрлање на Светиот крст во Општина Чашка за големиот христијански празник Богојавление – Водици на 19 јануари идниот петок оваа година ќе биде извршено во осум населени места,заедно со свештени лица од Повардарската Епархија според следниот редослед, Ореше во 08.30 часот, Богомила во 10.00 часот, Мартолци во 10.00 часот, Согле во 10.30 часот, Теово 11.00 часот, Извор 11.00 часот, населба Чашка 12.00 часот и Војница во 13.30 часот.

Воедно ги информира сите православни верници кои сакаат да влезат во водите по Светиот крст дека треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари да се пријават кај црковните одбори во населените места.

The post Наместо во шест, Светиот крст ќе се фрла во осум населени места: Општина Чашка најавува помасовни активности за Водици appeared first on Република.

]]>

Општина Чашка традиционалното фрлање на Светиот крст во водите за Богојавление - Водици на 19 јануари, освен во досегашните шест населени ни места: населба Чашка, Извор, Богомила, Согле, Теово и Војница ќе го спроведе уште во две населени места Ореше и Мартолци или во вкупно осум населени места, информира градоначалникот Горан Стојановски. Светиот чин ќе го извршат свештеници од Епархијата Повардарска, а Општината за најбрзите и најсреќните кои ќе го фатат крстот во осветените води во сите осум населени места веќе обезбеди вредни подароци. Стојановски појаснува дека традиционалното фрлање на Светиот крст во Општина Чашка за големиот христијански празник Богојавление – Водици на 19 јануари идниот петок оваа година ќе биде извршено во осум населени места,заедно со свештени лица од Повардарската Епархија според следниот редослед, Ореше во 08.30 часот, Богомила во 10.00 часот, Мартолци во 10.00 часот, Согле во 10.30 часот, Теово 11.00 часот, Извор 11.00 часот, населба Чашка 12.00 часот и Војница во 13.30 часот. Воедно ги информира сите православни верници кои сакаат да влезат во водите по Светиот крст дека треба да имаат потврда од матичен лекар дека се физички здрави и најдоцна до 18 јануари да се пријават кај црковните одбори во населените места.

The post Наместо во шест, Светиот крст ќе се фрла во осум населени места: Општина Чашка најавува помасовни активности за Водици appeared first on Република.

]]>
Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка е вработена во Просветниот инспекторат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kerkata-na-direktorkata-shto-sosila-otvori-albanska-paralelka-vo-chashka-e-vrabotena-vo-prosvetniot-inspektorat/ Fri, 22 Dec 2023 15:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=725759

Додека повеќе од еден месец, учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка ја бојкотираат наставата поради незаконско воведувањето на паралелка на албански јазик во населено место само со Македонци, излегува на површина причината за сервилноста на ВД директорката, Елена Николова, кон надлежните образовни институции, со кои раководат кадри на ДУИ и на Алијанса на Албанците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/

Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост.

За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.

По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.

Повеќе тука

The post Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка е вработена во Просветниот инспекторат appeared first on Република.

]]>

Додека повеќе од еден месец, учениците од основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка ја бојкотираат наставата поради незаконско воведувањето на паралелка на албански јазик во населено место само со Македонци, излегува на површина причината за сервилноста на ВД директорката, Елена Николова, кон надлежните образовни институции, со кои раководат кадри на ДУИ и на Алијанса на Албанците. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-veshtachki-i-nezakonski-sozdava-albanski-paralelki-vo-veles/ Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост. За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.
По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.
Повеќе тука

The post Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка е вработена во Просветниот инспекторат appeared first on Република.

]]>
Тензично во Чашка: Шаќири не попушта за паралелка на албански, учениците бојкотираат, полицијата едвај ја спаси директорката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tenzichno-vo-chashka-shakiri-ne-popushta-za-paralelka-na-albanski-uchenitsite-bojkotiraat-politsijata-edvaj-ja-spasi-direktorkata/ Wed, 13 Dec 2023 19:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=722684

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат.

Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која денеска морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да биде сменета. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се најде решение, изјави за ТВ Алфа, Цвета Пешовска, родител.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.

The post Тензично во Чашка: Шаќири не попушта за паралелка на албански, учениците бојкотираат, полицијата едвај ја спаси директорката appeared first on Република.

]]>

Нема договор за албанската паралелка во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка. Министерот за образование Јетон Шаќири не попушта, учениците ја бојкотираат наставата, а родителите протестираат. Секојдневните протести на родителите станаа тензични.Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која денеска морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.
-Ние ги пренесовме заклучоците од состанокот и револтот е токму поради тоа зголемен. Единствено што во моментов е официјално барање од нас е директорката да биде сменета. Во тој случај наставата ќе тече нормално и ќе продолжиме да комуницираме со министерот и со остатите за да се најде решение, изјави за ТВ Алфа, Цвета Пешовска, родител.
Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.

The post Тензично во Чашка: Шаќири не попушта за паралелка на албански, учениците бојкотираат, полицијата едвај ја спаси директорката appeared first on Република.

]]>
Шаќири на средба со родителите од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-na-sredba-so-roditelite-od-oou-todor-janev-od-chashka/ Thu, 30 Nov 2023 19:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=718134

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири попладнево се сретна со Советот на родители на ООУ „Тодор Јанев“, жителите на Чашка и градоначалникот Горан Стојановски со кои разговараше за изнаоѓање на решение за новоформираната паралелка на албански јазик.

Жителите на Чашка втора недела протестираат барајќи овие ученици да се вратат во паралелката со македонски јазик. Паралелката со шест првачиња на албански наставен јазик профункционира од минатиот четврток. Останатите 59 ученици од второ до деветто одделение од албанска националност понатаму учат во одделенијата заедно со своите другари Македонци.

По средбата, министерот Шаќири не даде изјава, но од Советот на родителите изјавија дека добиле ветување дека Министерството за образование и наука ќе и ги врати ингеренциите на општината, одземени пред неколку месеци.

Додека траеше средбата, пред општинската зграда протестираа родители и жители на Чашка.

Добивме ветување од министерот дека тоа ќе биде правно разгледано и во најбрз можен рок ингеренциите ќе му бидат вратени на градоначалникот. Временски не знаеме кога тоа ќе се случи. Понеделник ќе имаат состанок по тоа прашање. Бојкотот на наставата продолжува и понатаму со тоа што родителите секое утро ќе протестираат пред училиштето, а децата ќе бидат дома, изјави Цвета Пешовска од Одборот на родители.

Во врска со, како што велат, незаконското работење на в.д директорката на училиштето Елена Николова, од министерот Шаќири добиле ветување дека и тоа прашање ќе биде разгледано.

Од петокот кон протестот се приклучија и наставниците.

Во ООУ „Тодор Јанев“ во учебната 2023/24 година учат 210 ученици, а со 104-те ученици од подрачното училиште во село Мелница, вкупниот број на ученици изнесува 314. Во населба Чашка настава следат 65 ученици од албанската етничка заедница. Тие со организиран превоз доаѓаат од населени места Бањица, Отиштино, Горна Чашка, Еловец, Голозинци, Бусилци, Крива Круша и Ново Село.

The post Шаќири на средба со родителите од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири попладнево се сретна со Советот на родители на ООУ „Тодор Јанев“, жителите на Чашка и градоначалникот Горан Стојановски со кои разговараше за изнаоѓање на решение за новоформираната паралелка на албански јазик. Жителите на Чашка втора недела протестираат барајќи овие ученици да се вратат во паралелката со македонски јазик. Паралелката со шест првачиња на албански наставен јазик профункционира од минатиот четврток. Останатите 59 ученици од второ до деветто одделение од албанска националност понатаму учат во одделенијата заедно со своите другари Македонци. По средбата, министерот Шаќири не даде изјава, но од Советот на родителите изјавија дека добиле ветување дека Министерството за образование и наука ќе и ги врати ингеренциите на општината, одземени пред неколку месеци. Додека траеше средбата, пред општинската зграда протестираа родители и жители на Чашка.
Добивме ветување од министерот дека тоа ќе биде правно разгледано и во најбрз можен рок ингеренциите ќе му бидат вратени на градоначалникот. Временски не знаеме кога тоа ќе се случи. Понеделник ќе имаат состанок по тоа прашање. Бојкотот на наставата продолжува и понатаму со тоа што родителите секое утро ќе протестираат пред училиштето, а децата ќе бидат дома, изјави Цвета Пешовска од Одборот на родители.
Во врска со, како што велат, незаконското работење на в.д директорката на училиштето Елена Николова, од министерот Шаќири добиле ветување дека и тоа прашање ќе биде разгледано. Од петокот кон протестот се приклучија и наставниците. Во ООУ „Тодор Јанев“ во учебната 2023/24 година учат 210 ученици, а со 104-те ученици од подрачното училиште во село Мелница, вкупниот број на ученици изнесува 314. Во населба Чашка настава следат 65 ученици од албанската етничка заедница. Тие со организиран превоз доаѓаат од населени места Бањица, Отиштино, Горна Чашка, Еловец, Голозинци, Бусилци, Крива Круша и Ново Село.

The post Шаќири на средба со родителите од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка appeared first on Република.

]]>
Избрусени зборовите „бугарски фашистички“ окупатор од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbruseni-zborovite-bugarski-fashistichki-okupator-od-spomen-plochata-vo-chest-na-bogomilskiot-marsh/ Mon, 19 Sep 2022 16:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=552380

Градоначалникот на Чашка пријавил во полиција дека на спомен обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот. Полициски екипи упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави Телма.

Според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или уништи меморијален споменик.

Целиот текст овде.

The post Избрусени зборовите „бугарски фашистички“ окупатор од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Чашка пријавил во полиција дека на спомен обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот. Полициски екипи упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави Телма. Според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или уништи меморијален споменик. Целиот текст овде.

The post Избрусени зборовите „бугарски фашистички“ окупатор од спомен плочата во чест на Богомилскиот марш appeared first on Република.

]]>
Објавен јавен повик за реконструкција на улици во Велес, Виница и Чашка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javen-povik-za-rekonstrukcija-na-ulici-vo-veles-vinica-i-chashka/ Fri, 29 Jul 2022 19:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=534844

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 10 улици во три општини, во рамки на проектот за “Поврзување на локaлни патишта во општините”.
За општина Велес, јавниот повик се однесува за реконструкција на 6 улици и тоа:
-дел од ул.Живко Фирфов
-дел од ул.Благој Ѓорев
-дел од ул.АСНОМ
-дел од ул.Андон Шурков
-дел од ул.Лазо Осмаков
-дел од ул.Орце Мартинов,
За општина Чашка, јавниот повик се однесува за реконструкција на :
-ул. Ацо Шопов,
-ул. Коста Кирков,
-улица во н.м. Мелница
За општина Виница, објавен е повик за реконструкција на локален пат с.Блатец – с.Делтово.

Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните.

Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 46 општини или 94 улици со вкупна инвестиција од преку 17 милиони евра. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект.

The post Објавен јавен повик за реконструкција на улици во Велес, Виница и Чашка appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за реконструкција на 10 улици во три општини, во рамки на проектот за “Поврзување на локaлни патишта во општините”. За општина Велес, јавниот повик се однесува за реконструкција на 6 улици и тоа: -дел од ул.Живко Фирфов -дел од ул.Благој Ѓорев -дел од ул.АСНОМ -дел од ул.Андон Шурков -дел од ул.Лазо Осмаков -дел од ул.Орце Мартинов, За општина Чашка, јавниот повик се однесува за реконструкција на : -ул. Ацо Шопов, -ул. Коста Кирков, -улица во н.м. Мелница За општина Виница, објавен е повик за реконструкција на локален пат с.Блатец – с.Делтово. Средствата за реконструкција на конкретните улици се обезбедени од Владата на Република Македонија, преку проектот за подобрување на локалните улици и патишта кој е со вкупна вредност од 70 милиони евра. Целта е подобрување на урбаното живење во рамки на општините заради локален економски развој и подобрување на животот на граѓаните. Во рамките на овој проект, до сега опфатени се 46 општини или 94 улици со вкупна инвестиција од преку 17 милиони евра. Министерството за транспорт и врски континуирано работи на реализација на овој проект во сите општини во Република Македонија. Воедно упатуваме и апел до сите општинте кои до сега не аплицирале, да достават готови проекти заради навремено искористување на средствата предвидени со овој проект.

The post Објавен јавен повик за реконструкција на улици во Велес, Виница и Чашка appeared first on Република.

]]>