чаша пиво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chasha-pivo/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 19:34:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чаша пиво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chasha-pivo/ 32 32 Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-e-zdravo-da-ispiete-edna-chasha-pivo-ili-vino-pred-spiene/ Thu, 07 Mar 2024 19:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=752413

Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди.

Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето „патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.

Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа „тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.

Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие.

Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.

The post Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење appeared first on Република.

]]>

Во првата половина од ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди. Додека едни тврдат дека чаша пиво или вино пред спиење е пожелно, со цел да ве опушти и да го забрза вашето „патување” во царството на соништата, австрискиот доктор Хадемар Банкхофер вели дека алкохолот постигнува целосно спротивен ефект.
Тој го нарушува сонот, бидејќи по еден час, час и половина носи пријатен одмор, но за здрав сон е потребен постепен тек од неколку фази – прво доаѓа „тонење”, потоа лесен, па длабок сон и на крајот РЕМ фаза – објаснува професорот Банкхофер.
Под дејство на алкохол овие фази се значително нарушени. Во првата половина на ноќта, под дејство на алкохол, лицето спие како да е во кома, во утринските часови сонот е немирен, поради што се случува човек рано да се разбуди и повеќе не може да заспие. Затоа мозокот не е во состојба да собере нова енергија, па наутро се чувствувате ”исцрпено”. Затоа овој експерт советува дека по 19 часот да не се консумира алкохол, ниту било кој пијалок кој содржи кофеин.

The post Дали е здраво да испиете една чаша пиво или вино пред спиење appeared first on Република.

]]>