чаршија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charshija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:15:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чаршија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charshija/ 32 32 Унифицирани информативни табли на сите објекти во чаршијата во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/unifitsirani-informativni-tabli-na-site-objekti-vo-charshijata-vo-ohrid/ Wed, 27 Nov 2024 13:15:16 +0000 https://republika.mk/?p=842332

Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот Правилник и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија.

Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (фирми) на потегот од плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.

За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се заокружи овој дел од старото градско јадро. Понатаму ќе следува старата чаршија за која што исто така ќе биде избрано визуелно решение согласно Правилникот и Каталогот, информираат од Општина Охрид.

Каталогот за стандардизирана урбана опрема содржи типизирани и стандардизирани модели на урбана опрема во повеќе варијанти (иако тие се во суштина од исти или слични материјали и исти нијанси, бои, конзоли, украси и сл).

Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.

Сите чекори на локалната власт во овој проект претходно беа дискутирани и усогласени со широката заедница на корисници на јавни трибини и меѓусебни консултации. Претставниците, сопствениците и корисниците на деловните простори, дуќанџии, занаетчии, угостители, заеднички ги креираат идните чекори во заедничка координација со општинскиот проектен тим, па дури потоа се спроведуваа процедурите на набавка и поставување на опремата, посочуваат од Општина Охрид.

Проектот се спроведува со одобрение на Управата за заштита на културното наследство. Проектот е во согласност со Стратегискиот план за рехабилитација на светското културно наследство на охридскиот регион и препораките на мониторинг и мисиите на центарот за светско културно наследство на УНЕСКО.

The post Унифицирани информативни табли на сите објекти во чаршијата во Охрид appeared first on Република.

]]>

Согласно програмата за развој на туризмот, донесениот Правилник и Kаталог за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема, Општина Охрид годинава постави 40 унифицирани табли на плоштадот Св. Климент Охридски и низ охридската чаршија. Проектот започна минатата година со поставување на 74 информативни табли (фирми) на потегот од плоштадот по улицата „Цар Самоил“, црквата Св. Софија и улицата „Коста Абраш“.
За следната година е предвидено со проектот да се опфатат сите објекти во чаршијата на потегот до плоштадот Крушевска Република и кракот до пресекот на улицата „Туристичка“. Станува збор за околу 120 објекти ресторани и кафетерии, трговски и занаетчиски дуќани, со што ќе се заокружи овој дел од старото градско јадро. Понатаму ќе следува старата чаршија за која што исто така ќе биде избрано визуелно решение согласно Правилникот и Каталогот, информираат од Општина Охрид.
Каталогот за стандардизирана урбана опрема содржи типизирани и стандардизирани модели на урбана опрема во повеќе варијанти (иако тие се во суштина од исти или слични материјали и исти нијанси, бои, конзоли, украси и сл). Огласните табли (фирмите) за прв пат го содржат називот на македонско кирилско писмо, а до него и англиска транскрипција на називот на латинско писмо.
Сите чекори на локалната власт во овој проект претходно беа дискутирани и усогласени со широката заедница на корисници на јавни трибини и меѓусебни консултации. Претставниците, сопствениците и корисниците на деловните простори, дуќанџии, занаетчии, угостители, заеднички ги креираат идните чекори во заедничка координација со општинскиот проектен тим, па дури потоа се спроведуваа процедурите на набавка и поставување на опремата, посочуваат од Општина Охрид.
Проектот се спроведува со одобрение на Управата за заштита на културното наследство. Проектот е во согласност со Стратегискиот план за рехабилитација на светското културно наследство на охридскиот регион и препораките на мониторинг и мисиите на центарот за светско културно наследство на УНЕСКО.

The post Унифицирани информативни табли на сите објекти во чаршијата во Охрид appeared first on Република.

]]>
АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-vo-nekoi-objekti-za-hrana-vo-ohrid-na-plasticharska-i-vo-charshija-se-prodava-nebezbedna-hrana/ Mon, 26 Aug 2024 10:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=810226

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава.

Во моментов, како што информираат од АХВ, во тек е спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја.

Минатата недела спроведени беа засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје.

Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други.

Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната.

Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.

Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност.

Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло.

Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период, најави АХВ.

Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност.

Според агенцијата, покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со
спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план.

Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени биле вкупно 2 433 инспекциски мерки а уништени се 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.

The post АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна appeared first on Република.

]]>

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов, како што информираат од АХВ, во тек е спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја. Минатата недела спроведени беа засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други. Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација. Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност. Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло. Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период, најави АХВ. Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност. Според агенцијата, покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план. Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени биле вкупно 2 433 инспекциски мерки а уништени се 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.  

The post АХВ: Во некои објекти за храна во Охрид, на Пластичарска и во Чаршија се продава небезбедна храна appeared first on Република.

]]>
Изет Меџити: Во Чаршија некогаш носевме студенти, денес Артан Груби ни донесе Казина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izet-medhiti-vo-charshija-nekogash-nosevme-studenti-denes-artan-grubi-ni-donese-kazina/ Mon, 29 Apr 2024 15:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=772282

Носителот на Листата во првата зона на Коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, воедно и претседател на Демократско Движење, се сретна со граѓаните на Чаир, но и ја посети Старата чаршија, разговарајќи со разни трговци и гастрономи.

„Продолжуваме со нашите средби со граѓаните, денес сме во Старата чаршија, односно во близина на зградата која порано беше дел од Тетовски универзотет, додека денес Артан Груби ни ги донесе казината во најфреквентниот простор како што е Скопската чаршија, изјави Меџити.

Меџити ја обвини власта дека прави девијација на општеството со деструктивни инвестиции и казина кои го одземаат здивот на новата генерација.

Меџити ја презентираше и политичката програма велејќи дека програмата на ВЛЕН е прагматична, достапна и многу достојна за граѓаните и општеството на земјата.

The post Изет Меџити: Во Чаршија некогаш носевме студенти, денес Артан Груби ни донесе Казина appeared first on Република.

]]>

Носителот на Листата во првата зона на Коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, воедно и претседател на Демократско Движење, се сретна со граѓаните на Чаир, но и ја посети Старата чаршија, разговарајќи со разни трговци и гастрономи. „Продолжуваме со нашите средби со граѓаните, денес сме во Старата чаршија, односно во близина на зградата која порано беше дел од Тетовски универзотет, додека денес Артан Груби ни ги донесе казината во најфреквентниот простор како што е Скопската чаршија, изјави Меџити. Меџити ја обвини власта дека прави девијација на општеството со деструктивни инвестиции и казина кои го одземаат здивот на новата генерација. Меџити ја презентираше и политичката програма велејќи дека програмата на ВЛЕН е прагматична, достапна и многу достојна за граѓаните и општеството на земјата.  

The post Изет Меџити: Во Чаршија некогаш носевме студенти, денес Артан Груби ни донесе Казина appeared first on Република.

]]>
Ивор Мицковски: Два милиони евра за драперии и светилките од чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-dva-milioni-evra-za-draperii-i-svetilkite-od-charshija/ Tue, 28 Nov 2023 08:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=717016

Ивор Мицковски на фејсбук ја коментира фотографијата која ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ.

2 милиони еврра за драпери и светилкине од чаршија, пишува Мицковски.

The post Ивор Мицковски: Два милиони евра за драперии и светилките од чаршија appeared first on Република.

Одбележување на Светскиот ден на уметноста: Чаршијата галерија на занает и уметност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odbelezhuvane-na-svetskiot-den-na-umetnosta-charshijata-galerija-na-zanaet-i-umetnost/ Thu, 06 Apr 2023 11:43:37 +0000 https://republika.mk/?p=627950

Europe House Skopje и Факултетот за ликовни уметности – Скопје, по повод Светскиот ден на уметноста, ве носат низ сокаците на Старата скопска чаршија, како низ галерија на уметности и занаети. Светскиот ден на уметноста го одбележуваме славејќи ја креативноста и генијалноста на локалните уметници и занаетчии.

Придружете ни се на прошетка низ дуќаните со стари традиции на изработување на шарен текстил, керамика, шапки и накит, а овој пат и придружени од уметничките дела на студентите од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Чаршијата како галерија е концепт на кој сакаме да му го вратиме стариот сјај на нераскинливото проткајување на занаетчиството и уметноста. Контрастот е препознатлив белег за Скопје, па во таквиот дух ќе ја извеземе прошетката низ занаетчиските дуќани со стари традиционални занаети и уметнички поставки на младата современа критичка мисла.

На 06.04.2023 година (Сули-ан), со почеток од 13 часот, чаршијата ги отвора вратите, поканувајќи ги посетителите да ја споделат нејзината магија и да го истражат чудото на традиционалните занаети и современиот уметнички израз од прва рака.

Изложбата ќе биде отворена до 12.04.2023 година.

По повод Светскиот ден на уметноста „Чаршијата галерија на занает и уметност“, денеска, 6 април 2023 (четврток) од 13 до 16 часот, Сули ан и занаетчиски дуќани.

Учесници студенти на ФЛУ: Стефан Јакимовски, Милена Петковска, Ивона Петрова, Евгенија Трајковска, Михаил Паскоски, Дамјан Јанкоски, Славчо Павлоски, Сергеј Калеников, Павел Николов, Габриела Живковска и Марија Јаќовска

The post Одбележување на Светскиот ден на уметноста: Чаршијата галерија на занает и уметност appeared first on Република.