чарлс трети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charls-treti/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 17:46:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чарлс трети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charls-treti/ 32 32 Вратоврската на кралот Чарлс со бои на грчкото знаме не е поддршка за Грција, тврди Бакингемската палата https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vratovrskata-na-kralot-charls-so-boi-na-grchkoto-zname-ne-e-poddrshka-za-grtsija-tvrdi-bakingemskata-palata/ Sat, 02 Dec 2023 17:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=718765

Бакингемската палата денеска соопшти дека вратоврската што ја носеше британскиот крал Чарлс Трети за време на неговото учество на климатскиот самит КОП28 во Дубаи, а за која медиумите објавија дека е поддршка за Грција поради нејзината боја и мотив, дел од неговата актуелна колекција.

Палатата соопшти дека кралот ја носел истата вратоврска минатата недела кога го пречекал претседателот на Јужна Кореја, што беше пред несогласувањата меѓу британскиот премиер Риши Сунак и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Британската и грчката влада неодамна влегоа во спор околу враќањето на античките грчки скулптури од Британскиот музеј. Сунак потоа ја откажа средбата со Мицотакис, обвинувајќи го дека го прекршил ветувањето дека нема да го спомнува решавањето на „вечниот“ билатерален културно-дипломатски проблем.

Британскиот крал поттикна интензивни шпекулации по климатскиот самит со изборот на сино-бела вратоврска која потсетува на грчкото знаме.

Медиумите пишуваа дека кралот, иако е должен да остане политички неутрален, застанал на страната на Атина со изборот на облека.

Сликата на кралот беше објавена на повеќето грчки информативни сајтови под наслови како: „Сликата вреди илјада зборови“.

Во напис на веб-страницата на грчкиот дневен весник „Катимерини“ пишува: „Иако кралот Чарлс не зазеде став по ова прашање, овој потег многу аналитичари го гледаат како индиректна форма на поддршка“.

Сепак, Чарлс е познат како вљубеник во грчката култура и е чест посетител на земјата во која е роден неговиот татко, принцот Филип.

Кралот сака да ги минува своите празници таму и е страстен љубител на се што е хеленско.

Ова не е прв пат кралската облека да поттикне гласини.

Во 2017 година, кралицата Елизабета Втора поттикна шпекулации дека зазема став за спорот за Брегзит, носејќи сина капа со жолти цветови што потсетува на знамето на ЕУ.

 

The post Вратоврската на кралот Чарлс со бои на грчкото знаме не е поддршка за Грција, тврди Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>

Бакингемската палата денеска соопшти дека вратоврската што ја носеше британскиот крал Чарлс Трети за време на неговото учество на климатскиот самит КОП28 во Дубаи, а за која медиумите објавија дека е поддршка за Грција поради нејзината боја и мотив, дел од неговата актуелна колекција. Палатата соопшти дека кралот ја носел истата вратоврска минатата недела кога го пречекал претседателот на Јужна Кореја, што беше пред несогласувањата меѓу британскиот премиер Риши Сунак и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Британската и грчката влада неодамна влегоа во спор околу враќањето на античките грчки скулптури од Британскиот музеј. Сунак потоа ја откажа средбата со Мицотакис, обвинувајќи го дека го прекршил ветувањето дека нема да го спомнува решавањето на „вечниот“ билатерален културно-дипломатски проблем. Британскиот крал поттикна интензивни шпекулации по климатскиот самит со изборот на сино-бела вратоврска која потсетува на грчкото знаме. Медиумите пишуваа дека кралот, иако е должен да остане политички неутрален, застанал на страната на Атина со изборот на облека. Сликата на кралот беше објавена на повеќето грчки информативни сајтови под наслови како: „Сликата вреди илјада зборови“. Во напис на веб-страницата на грчкиот дневен весник „Катимерини“ пишува: „Иако кралот Чарлс не зазеде став по ова прашање, овој потег многу аналитичари го гледаат како индиректна форма на поддршка“. Сепак, Чарлс е познат како вљубеник во грчката култура и е чест посетител на земјата во која е роден неговиот татко, принцот Филип. Кралот сака да ги минува своите празници таму и е страстен љубител на се што е хеленско. Ова не е прв пат кралската облека да поттикне гласини. Во 2017 година, кралицата Елизабета Втора поттикна шпекулации дека зазема став за спорот за Брегзит, носејќи сина капа со жолти цветови што потсетува на знамето на ЕУ.  

The post Вратоврската на кралот Чарлс со бои на грчкото знаме не е поддршка за Грција, тврди Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>
Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstraliski-dolari-so-likot-na-charls-treti-naskoro-vo-optek/ Thu, 05 Oct 2023 10:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=688129

Повеќе од една година по смртта на британската кралица Елизабета Втора, ликoт на сегашниот британски крал Чарлс Трети наскоро ќе се појави на австралиските долари, соопштија денеска властите.

Златниот австралиски долар ќе биде прв со ликот на новиот британски монарх, кој официјално е и шеф на државата Австралија. Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица за Австралија, Ли Гордон најави дека до Божиќ околу 10 милиони златни монети - австралиски долари ќе биде во оптек.

Според австралискиот помошник министер за финансии, Ендрју Ли, Владата не сакала да брза со паричните промени по смртта на кралицата.

The post Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек appeared first on Република.

]]>

Повеќе од една година по смртта на британската кралица Елизабета Втора, ликoт на сегашниот британски крал Чарлс Трети наскоро ќе се појави на австралиските долари, соопштија денеска властите. Златниот австралиски долар ќе биде прв со ликот на новиот британски монарх, кој официјално е и шеф на државата Австралија. Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица за Австралија, Ли Гордон најави дека до Божиќ околу 10 милиони златни монети - австралиски долари ќе биде во оптек. Според австралискиот помошник министер за финансии, Ендрју Ли, Владата не сакала да брза со паричните промени по смртта на кралицата.

The post Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек appeared first on Република.

]]>
Протест и десетици апсења за време на крунисувањето на Чарлс трети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/protest-i-desetitsi-apsena-za-vreme-na-krunisuvaneto-na-charls-treti/ Sat, 06 May 2023 21:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=637815

Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор.

Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност.

Апсењата доаѓаат откако  во Лондон се одржа протестен митинг против крунисувањето на Чарлс. Демонстрантите се собраа на централниот плоштад и вееја британски знамиња и транспаренти со натписи: „Не е мојот крал“ и „Укинете ја монархијата“.

[caption id="attachment_637818" align="aligncenter" width="640"] Фото: АФП[/caption]

Еден од организаторите на митингот беше лидерот на антимонархистичката републичка група Греам Смит, кој побара да се замени уставната монархија со парламентарна република, а исто така ги критикуваше огромните трошоци за крунисувањето.

На почетокот на протестот, Греам Смит и петмина негови поддржувачи беа приведени. Органите на редот ги одзедоа и транспарентите и транспарентите на демонстрантите.

Пред да почне церемонијата, беа испратени писма до противниците на монархискиот режим со предупредување за заострување на правилата за одржување на митинзи со цел да се спречи нарушување на предвидените настани, вклучително и крунисувањето на Чарлс трети.

The post Протест и десетици апсења за време на крунисувањето на Чарлс трети appeared first on Република.

]]>

Лондонската полиција уапсила десетици демонстранти за време на церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила. Како што пренесе Би-би-си, станува збор за 52 апсења кои биле извршени поради низа причини и сите остануваат во притвор. Според објаснувањето од полицијата, лицата биле приведени поради неколку прекршоци, вклучително и тепачка, прекршување на јавниот ред, нарушување на мирот и заговор за предизвикување јавна непријатност. Апсењата доаѓаат откако  во Лондон се одржа протестен митинг против крунисувањето на Чарлс. Демонстрантите се собраа на централниот плоштад и вееја британски знамиња и транспаренти со натписи: „Не е мојот крал“ и „Укинете ја монархијата“. [caption id="attachment_637818" align="aligncenter" width="640"] Фото: АФП[/caption] Еден од организаторите на митингот беше лидерот на антимонархистичката републичка група Греам Смит, кој побара да се замени уставната монархија со парламентарна република, а исто така ги критикуваше огромните трошоци за крунисувањето. На почетокот на протестот, Греам Смит и петмина негови поддржувачи беа приведени. Органите на редот ги одзедоа и транспарентите и транспарентите на демонстрантите. Пред да почне церемонијата, беа испратени писма до противниците на монархискиот режим со предупредување за заострување на правилата за одржување на митинзи со цел да се спречи нарушување на предвидените настани, вклучително и крунисувањето на Чарлс трети.

The post Протест и десетици апсења за време на крунисувањето на Чарлс трети appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс Трети и Камила ги поздравија граѓаните од балконот на Бакингемската палата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-treti-i-kamila-gi-pozdravija-graganite-od-balkonot-na-bakingemskata-palata/ Sat, 06 May 2023 15:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=637714

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување.

Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца, и братот и сестрата на кралот, Ана и Едвард.

Од балконот го следеа свечениот прелет на воздухопловните сили, со помалку авиони поради дождот.

Потоа влегоа во палатата, но набрзо се вратија на балконот за повторно да ги поздрават граѓаните.

Најмладиот син на Чарлс, Хари и неговиот брат Ендрју не беа на балконот. Хари – војводата од Сасекс и Ендрју – војводата од Јорк, повеќе не се активни членови на кралското семејство.

Хари и Ендрју присуствуваа на денешното крунисување во Вестминстерската опатија, но беа во третиот ред меѓу гостите.

The post Кралот Чарлс Трети и Камила ги поздравија граѓаните од балконот на Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила, придружувани од кралското семејство, денеска излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават десетиците илјади луѓе собрани по повод нивното крунисување. Заедно со кралот и кралицата со круни и во церемонијална облека беа и престолонаследникот Вилијам со сопругата Кејт и нивните деца, и братот и сестрата на кралот, Ана и Едвард. Од балконот го следеа свечениот прелет на воздухопловните сили, со помалку авиони поради дождот. Потоа влегоа во палатата, но набрзо се вратија на балконот за повторно да ги поздрават граѓаните. Најмладиот син на Чарлс, Хари и неговиот брат Ендрју не беа на балконот. Хари – војводата од Сасекс и Ендрју – војводата од Јорк, повеќе не се активни членови на кралското семејство. Хари и Ендрју присуствуваа на денешното крунисување во Вестминстерската опатија, но беа во третиот ред меѓу гостите.

The post Кралот Чарлс Трети и Камила ги поздравија граѓаните од балконот на Бакингемската палата appeared first on Република.

]]>
Во живо: Крунисувањетo на кралот Чарлс Трети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-zhivo-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/ Sat, 06 May 2023 09:40:04 +0000 https://republika.mk/?p=637592

Британскиот крал Чарлс денеска ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија, на симболична церемонија која е комбинација од верска служба и славење.

Тој ќе биде крунисан заедно со Камила и ќе стане 40-тиот владејачки монарх крунисан во таа опатија од 1066 година. Чарлс ќе остане запаметен како наследник со најдолг стаж во британската историја, откако помина седум децении како прв во редот за тронот.

 

https://youtu.be/Fk32YcX6VOA

The post Во живо: Крунисувањетo на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс денеска ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија, на симболична церемонија која е комбинација од верска служба и славење. Тој ќе биде крунисан заедно со Камила и ќе стане 40-тиот владејачки монарх крунисан во таа опатија од 1066 година. Чарлс ќе остане запаметен како наследник со најдолг стаж во британската историја, откако помина седум децении како прв во редот за тронот.   https://youtu.be/Fk32YcX6VOA

The post Во живо: Крунисувањетo на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>
Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ceremonijata-za-proglasuvanje-na-kralot-charls-treti-za-shef-na-drzavata-kanada-kje-se-odrzi-deneska/ Sat, 10 Sep 2022 08:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=549340

Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска во Отава, соопштија од кабинетот на канадската генерална гувернерка Мери Сајмон, која е официјален претставник на британскиот монарх во земјата.

Церемонијата ќе започне во 10:00 часот по локално време (14:00 часот по Гринич) во салата Ридо, официјалната резиденција на генералниот гувернер. Седумдесет и тригодишниот Чарлс Трети автоматски стана крал на Велика Британија и шеф на држава на 14 други земји и територии, вклучувајќи ја и Канада, кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина на 96-годишна возраст.

Иако Канада престана да биде колонија на Велика Британија во 1867 година, таа остана дел од Британската империја до 1982 година и сè уште е членка на Комонвелтот на народите, чии земји го имаат британскиот монарх за шеф на државата. Чарлс Трети денеска, исто така, ќе биде прогласен за крал на Велика Британија. Како што претходно соопшти Бакингемската палата, во Лондон во 10 часот по локално време ќе започне состанокот на Советот за наследство на тронот, на кој ќе биде прогласен синот на Елизабета Втора за нов монарх

The post Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска appeared first on Република.

]]>

Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска во Отава, соопштија од кабинетот на канадската генерална гувернерка Мери Сајмон, која е официјален претставник на британскиот монарх во земјата. Церемонијата ќе започне во 10:00 часот по локално време (14:00 часот по Гринич) во салата Ридо, официјалната резиденција на генералниот гувернер. Седумдесет и тригодишниот Чарлс Трети автоматски стана крал на Велика Британија и шеф на држава на 14 други земји и територии, вклучувајќи ја и Канада, кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина на 96-годишна возраст. Иако Канада престана да биде колонија на Велика Британија во 1867 година, таа остана дел од Британската империја до 1982 година и сè уште е членка на Комонвелтот на народите, чии земји го имаат британскиот монарх за шеф на државата. Чарлс Трети денеска, исто така, ќе биде прогласен за крал на Велика Британија. Како што претходно соопшти Бакингемската палата, во Лондон во 10 часот по локално време ќе започне состанокот на Советот за наследство на тронот, на кој ќе биде прогласен синот на Елизабета Втора за нов монарх

The post Церемонијата за прогласување на кралот Чарлс Трети за шеф на државата Канада ќе се одржи денеска appeared first on Република.

]]>