чарлс дикенс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charls-dikens/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 09:06:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чарлс дикенс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charls-dikens/ 32 32 Досега невидени писма на Чарлс Дикенс ќе бидат покажани на јавноста во неговиот музеј https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dosega-nevideni-pisma-na-charls-dikens-kje-bidat-pokazani-na-javnosta-vo-negoviot-muzej/ Tue, 30 Aug 2022 09:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=545523

Повеќе досега невидени писма на англискиот писател од 19. век, Чарлс Дикенс, за првпат ќе бидат изложени во Музејот на Чарлс Дикенс, како и на интернет.

Станува збор за 11 писма што вклучуваат разни белешки и увид во навиките на авторот за читање и пишување, како и податоци за едно патување во Швајцарија, пишувани до пријател…

Имено, на пример, во писмо од 10 февруари 1866 година, Дикенс се жали на одлуката за неработење на поштенската услуга и сообраќај во недела и се заканува дека ќе си замине од неговото соседство.

Би замолил да посочам дека најодлучно и најжестоко се противам на нанесувањето каква било непријатност врз себеси… Во најдобри односи сум со моите соседи – сиромашни и богати и верувам дека би им било жал да ме загубат. Но, ќе бидам дотолку попречен од предложеното ограничување што мислам дека тоа ќе ме принуди да го продадам мојот имот овде и да го напуштам овој дел од земјата - пишува Дикенс.

Писмата се меѓу повеќе од 300 предмети што Музејот на Чарлс Дикенс ги набави од колекционер од САД во 2020 година. Збирката вклучува и лични предмети, портрети, скици, белешки и книги.

Целата колекција, вредна 1,8 милиони фунти (2,1 милиони долари), Музејот ја купи со помош на Меморијалниот фонд на националното наследство, националните библиотеки и стипендијата „Дикенс“.

Емили Данбар, кустос во Музејот, изјави дека една од најдобрите работи за овие писма е тоа што го прикажува како пишувал во неговите 30-ти, 40-ти и 50-ти години од животот и разновидноста на темите што го окупирале неговиот ум.

Чарлс Дикенс е писател на многу познати класици, како што се романите „Оливер Твист“, „Приказна за двата града“, „Големите исчекувања“ и „Дејвид Коперфилд“.

The post Досега невидени писма на Чарлс Дикенс ќе бидат покажани на јавноста во неговиот музеј appeared first on Република.

]]>

Повеќе досега невидени писма на англискиот писател од 19. век, Чарлс Дикенс, за првпат ќе бидат изложени во Музејот на Чарлс Дикенс, како и на интернет. Станува збор за 11 писма што вклучуваат разни белешки и увид во навиките на авторот за читање и пишување, како и податоци за едно патување во Швајцарија, пишувани до пријател… Имено, на пример, во писмо од 10 февруари 1866 година, Дикенс се жали на одлуката за неработење на поштенската услуга и сообраќај во недела и се заканува дека ќе си замине од неговото соседство.
Би замолил да посочам дека најодлучно и најжестоко се противам на нанесувањето каква било непријатност врз себеси… Во најдобри односи сум со моите соседи – сиромашни и богати и верувам дека би им било жал да ме загубат. Но, ќе бидам дотолку попречен од предложеното ограничување што мислам дека тоа ќе ме принуди да го продадам мојот имот овде и да го напуштам овој дел од земјата - пишува Дикенс.
Писмата се меѓу повеќе од 300 предмети што Музејот на Чарлс Дикенс ги набави од колекционер од САД во 2020 година. Збирката вклучува и лични предмети, портрети, скици, белешки и книги. Целата колекција, вредна 1,8 милиони фунти (2,1 милиони долари), Музејот ја купи со помош на Меморијалниот фонд на националното наследство, националните библиотеки и стипендијата „Дикенс“. Емили Данбар, кустос во Музејот, изјави дека една од најдобрите работи за овие писма е тоа што го прикажува како пишувал во неговите 30-ти, 40-ти и 50-ти години од животот и разновидноста на темите што го окупирале неговиот ум. Чарлс Дикенс е писател на многу познати класици, како што се романите „Оливер Твист“, „Приказна за двата града“, „Големите исчекувања“ и „Дејвид Коперфилд“.

The post Досега невидени писма на Чарлс Дикенс ќе бидат покажани на јавноста во неговиот музеј appeared first on Република.

]]>