Чарли Чаплин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charli-chaplin/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Jul 2023 06:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чарли Чаплин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/charli-chaplin/ 32 32 Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochina-kerkata-na-charli-chaplin-zhozefina/ Sat, 22 Jul 2023 06:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=664115

На 74-годишна возраст во Париз почина Жозефина Чаплин, ќерката на легендарниот комичар Чарли Чаплин, јави ДПА .

Актерката починала на 13 јули, објавија вчера американските весници, повикувајќи се на нејзиното семејство. Роднините претходно ја објавија нејзината смрт во известување за погреб во францускиот дневен весник „Фигаро“.

Жозефина Чаплин е родена во Санта Моника, Калифорнија, во 1949 година. Таа беше едно од 11-те деца на Чарли Чаплин (1889-1977) од четвртиот брак на комичарот со актерката Она Чаплин , ќерка на американскиот драматург Јуџин О'Нил.

Џозефина беше позната по нејзината улога на Меј во филмската адаптација на Пазолини од 1972 година од осум приказни од „Кентербериските приказни“ на англискиот поет Џефри Чосер.

Чаплин долги години живеела во Париз.

The post Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина appeared first on Република.

]]>

На 74-годишна возраст во Париз почина Жозефина Чаплин, ќерката на легендарниот комичар Чарли Чаплин, јави ДПА . Актерката починала на 13 јули, објавија вчера американските весници, повикувајќи се на нејзиното семејство. Роднините претходно ја објавија нејзината смрт во известување за погреб во францускиот дневен весник „Фигаро“. Жозефина Чаплин е родена во Санта Моника, Калифорнија, во 1949 година. Таа беше едно од 11-те деца на Чарли Чаплин (1889-1977) од четвртиот брак на комичарот со актерката Она Чаплин , ќерка на американскиот драматург Јуџин О'Нил. Џозефина беше позната по нејзината улога на Меј во филмската адаптација на Пазолини од 1972 година од осум приказни од „Кентербериските приказни“ на англискиот поет Џефри Чосер. Чаплин долги години живеела во Париз.

The post Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина appeared first on Република.

]]>
Традиционалниот концерт на Филхармонија во Градскиот парк посветен на Чарли Чаплин  https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tradicionalniot-koncert-na-filharmonija-vo-gradskiot-park-posveten-na-charli-chaplin/ Tue, 14 Jun 2022 10:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=514942

Оваа година, традиционалниот концерт на отворено во Градскиот парк му го посветивме на генијалниот Чарли Чаплин, велат од Филхармонија.

На 24 јуни, со почеток во 21 часот,  во Градскиот парк, оркестарот на Филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин ќе го изведе концертот насловен „Лудориите на Чаплин“.

Оркестарот ќе ја свири музиката од филмот „Детето“ од 1921 година, а паралено ќе оди и проекција на истоимениот филм.

Со својата неверојатната умешност преку превезот на комичното да детектира и презентира различни човечки состојби и емоции, Чарли Чаплин целосно ја трансформираше светската кинематографија. Посебно во жанрот на комедијата на која и даде сосема нова естетска и социјална димензија.

Неговите комедии се сплет од комедија и длабоки емоции, и се фокусираат на важни аспекти од секојдневниот живот. Со други зборови, можеби неговите филмови се смешни бидејќи носи големи чевли и тесно палто, но зад ликот на Скитникот и неговите авантури се крие трагичноста на социјалниот живот на времето во кое биле создадени.

Со таа трагичност, скриена зад превезот на комичното, публиката можела целосно да се идентификува за време на исклучително тешкиот период на Големата депресија во САД.

Таков е и неговиот филм "Детето". Спој на трагично и комично, на длабоки емоции вешто проткаени во наративот на приказната.

The post Традиционалниот концерт на Филхармонија во Градскиот парк посветен на Чарли Чаплин  appeared first on Република.