Чадловска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chadlovska/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 09:09:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чадловска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/chadlovska/ 32 32 Бисера Чадловска, првата жена диригент во Македонија, со вечерашната изведба на „Боеми“ ќе одбележи 20 години уметничка дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-chadlovska-prvata-zhena-dirigent-vo-makedonija-so-vecherashnata-izvedba-na-boemi-ke-odbelezhi-20-godini-umetnichka-dejnost/ Fri, 24 Feb 2023 09:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=610223

Професионалниот ангажман на диригентката Бисера Чадловска започнува во декември 2002 година, кога за првпат е ангажирана во премиерната поставка на операта „Кармен“ во Националната опера и балет, како хор-мајстор на детскиот хор при МКЦ. Веќе во јануари следната година е ангажирана како хор-мајстор во операта, каде многу брзо напредува и започнува да диригира оперски и балетски претстави. Под нејзината диригентска палка се изведени голем број на премиерни изведби и наслови од тековниот репертоар на Националната опера и балет. Таа е првата жена диригент во Македонија, но важи и како еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти, со завидна бројка на над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20 годишно работење како прв диригент во Националната опера и балет.

Диригентката Бисера Чадловска, на 24 февруари, со изведба на оперската претстава „Боеми“ од Џакомо Пучини, ќе го одбележи јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на Националната опера и балет.

Додека студирав на одделот по оркестарско диригирање на Факултетот за музичка уметност, предметот Оперско студио го слушав кај познатиот оперски диригент Александар Лековски. Една негова реченица ми остана во сеќавање: „првите 20 години во професијата се најтешки, понатаму се е лесно“. Никогаш не се замислував себеси како оперски диригент, се додека за првпат не стапнав на оперската сцена. Мојата работа стана огромен дел од мојот живот и неизмерно ја засакав. Во овие 20 години, успеав да издиригирам многу од делата кои од секогаш сакав да ги диригирам, но и многу дела за кои не знаев ни дека постојат.

Музиката е неисцрпен извор на убавина, а една од моите желби секогаш беше да ја диригирам операта „Боеми“. Во изминатите 20 години, ја немав таа можност и затоа одлучив за овој мој прв поголем јубилеј да ја диригирам токму оваа опера. Таа е голем диригентски предизвик, прекрасна и емотивна музика. Задоволството е уште поголемо бидејќи сцената ќе ја делам со моите колеги од оркестарот, хорот и солистичкиот ансамбл на Националната опера и балет, со кои соработувам сиве овие години, вели Чадловска.

The post Бисера Чадловска, првата жена диригент во Македонија, со вечерашната изведба на „Боеми“ ќе одбележи 20 години уметничка дејност appeared first on Република.

]]>